1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот во родителскиот дом

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Annath, 31 јануари 2011.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.654
    Пол:
    Женски
    За да ја отворам оваа тема, бев инспирирана од темата „Снаи и золви“.
    Кај нас како да има некое непишано правило децата да живеат со родителите додека не оформат свое семејство, а некои продолжуваат со нив да живеат и после тоа. Свесна сум дека не цути економската ситуација во државава, едноставно некои се приморани да живеат во заедница цел живот, а други со сите сили и ограничени средства ќе се потрудат и ќе си обезбедат нешто свое колку да се одвојат од родителите. Но да го оставиме настрана љубовниот живот и брачниот статус.
    Дали го оправдувате животот со родителите дури и кога сте самостојни личности (завршено образование, пристојна работа и редовна плата), или пак би сакале да се одвоите од нив? Дали повеќе ви одговара девизата „мама меси, тато носи“ дури и кога имате услови за свое сопствено живеалиште или пак веднаш ќе се одвоите од родителите?

    Студентите што доаѓаат на студии во друг град не ги сметам во оваа група, сепак, тие се' уште зависат од своите родители, финансиски. Без разлика што животот во друг град, далеку од дома може да ти донесе многу нови искуства, сепак не е исто како кога заработуваш сам.

    Јас лично сум за осамостојување. Тоа не значи дека помалку ќе ги сакам или почитувам своите родители и дека целосно ќе се изолирам и одвојам од нив, туку, пред се' тоа го сметам како нормален процес во животот на секоја индивидуа. Сметам дека така се изградува цврста личност која ќе знае да се носи понатаму со проблемите во животот, затоа што родителите нема секогаш да бидат тука да не' вадат од проблеми.

    Мислам дека во други, поразвиени земји младите многу брзо се одвојуваат од родителите, за разлика од нашава земја. Дали е до менталитетот, дали едноставно таков им е начинот на живот, не знам. Што мислите вие? Како вие би постапиле?
    (Како што претходно спомнав, оставете ги настрана љубовниот и брачниот статус и економската ситуација во државава).
     
    На okcenzi, galapce, barbie-hilton и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    :clap: Баш убава тема си отворила Анатче :)

    Јас веќе до некоја граница го спомнав моето размислување во темите со золвите и свекрвите.
    Во Македонија економската ситуација е тешка, тоа не го негирам како факт. Ниту пак мислам дека сме Њу Јорк или Холивуд. Знам дека немаат сите услови за самостоен живот и дека е тешко со оглед на тоа какви ни се платите, каков ни е стандардот. Ама секогаш сум за одвојување од родителскиот дом - без разлика на тоа дали сте во врска, брак, секако.
    Без љутиш, во овој поглед Македонија е сеуште како во времето на турско. За разлика од запад - семејните вредности се кај нас поголеми, ни под точка разно не се оставаат родителите сами доколку се болни или пак имаат некакви потешкотии. На запад гледате бездомници и пензионерски домови еден куп.
    Во тој поглед многу ја почитувам таа жичка на нашиот менталитет.
    Но од друга страна малку ми е чуден оној over protective однос на типичниот македонски родител кон своето дете.
    Не можам да замислам на овие мои начукани години мајка ми да ме тинтра како да имам 15. Да, ме сака. Да, ми мисли добро. Да, сеуште сака да ми зготви, да ме најаде убаво, дури и да ми завитка за по дома ако зготви нешто вкусно. Но не живеам повеќе со неа.
    Живеам сама од мои 24 години. Прво живеев со дечкото. Живеевме заедно во стан под кирија. Се случи, што се случи, јас решив да си одам. Со плачење се вратив кај моите. После месец дена татко ми и мајка ми ме седнаа на една маса и ми рекоа, дека нема потажно нешто за родителот отколку да гледа како си заминува неговото дете од станот во кој живееле заедно. Но дека гледаат дека се гушам и дека сакам да сум сама. Ми дадоа поддршка, ме убедија дека ќе успеам со оваа плата да најдам нешто и во текот на наредните месец дена се отселив и до ден денес живеам сама во стан.
    Нема поубаво чуство од тоа да се живее сам. Ме прашале многумина – па не ти е тешко? Па што знам – не ми е. Сама си готвам, сама си чистам, кога сакам, како сакам. Имам гости постојано, со задоволство ја пречекувам и мајка ми на гости во билокое време и на повеќе дена.
    Не е ни битно, битно е дека самата сум си господар на сопствените средства и на сопственото време. Она што би требало да е одлика на секој возрасен човек.
    Е добро, признавам, не ме чека топла вечера кога ќе дојдам дома од мама, и не ми се испрани алиштата се додека јас самата не си ја уклучам машината за перење ама искрено – на овие години мене лично би ми било срам мајка ми да ми готви и да ме тинтра дома.
    Еднаш, кратко после моето селење, дојдоа родителите кај мене на гости.
    Мајка ми само ми шепна – браво, ваква педантерија ни по дома не беше, прекрасно си си го средила станот и беспрекорно ти е чисто.
    Ми се наполни срцето. Не за друго – туку затоа што видов дека благодарение на ова, сум променила голем дел од моите навики, на поарно :)
    Затоа сите оние кои се двоумите а имате сопствени средства и можности - ве охрабрувам да го направите тој чекор, доколку сакате се разбира, и да пробате да живеете сами.
     
    На do-re-mi, mia9184, Trendafilka и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.744
    Допаѓања:
    130.756
    И менталитетот игра голема улога. Многу е полесно да се решиш на нешто ако сите го прават тоа. Ама ако не го прават, па уште ако не се очекува тоа од тебе, етогаш станува тешко.

    Се сеќавам дека брат ми сакаше да се отсели еден период. Не се сеќавам точно на која возраст беше, 20 и нешто, со завршен факултет и најдена работа. Мајка ми се изнервира како тоа сакал да се отсели да живее со цимер, требало да се жени, а не такви глупости да прави, а до тогаш можел дома да си живее. Ме изненади ставот на мајка ми, обично попрогресивно размислува :)

    Јас посакав да се отселам во истата секунда кога дипломирав. Почнав да живеам со тогашниот дечко, а сега веќе сопруг, во викендицата на неговите, на периферија (малку подалеку од периферијата всушност :D ) на Скопје. И да не бев со него - ќе се отселев, ама 100% сум сигурна во тоа.

    Познавам многу луѓе кои на моја возраст живеат со нивните родители. Веројатно варијантата мама меси, тато носи им изгелда многу примамлива. Ја имаат целата плата само за себе, а никакви обврски. јас лично, на 30 да живеам со моите - би полудела!
     
    На Annath и Phyramide им се допаѓа ова.
  4. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Најискрено јас им се восхитувам на личностите кои сакаат да бидат самостојни и сами да се грижат за себе. Еве како пр. ќе го наведам татко ми кој на 14 год. го напуштил домот и дошол во Ск. сам да живее, живеел под кирија и учел средно а потоа и факс. Тогаш земал некоја стипендија и секакио имал и финансиска помош од неговите. Но откако се вработил целосно се осамостоил, не се вратил во родниот град туку полека полека почнал да штеди а кога се земале со мајка ми само од плата и кредити изградиле куќа итн. Добро времињата тогаш биле поинакви. Еве и јас со сопругот живеевме од кирија и навистина беше многу тешко, едноставно тогаш немавме доволно средства да си купиме нешто наше, а во станот каде што живеевме не сакавме да вложуваме во смисла мебел и покуќнина затоа што знаевме дека ќе се вратиме во семејната куќа на маж ми. Кога живеев со моите со оглед на тоа дека навистина беше мама меси, тато носи, не ни помислував дека ќе ми биде тешко да бидам домаќинка. ОК се се учи, се можеш да научиш, ама доколку живееш сам мислам дека побрзо пораснуваш и созреваш, се додека си со твоите родители тие ќе те тинтраат и ќе ти угодуваат во секој поглед, но на тој начин и неможеш да пораснеш во вистинска смисла на зборот. Значи се зависи од човекот, ако е способен некој да живее сам и да се соочи со предизвиците на животот, само храбро и напред.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Дај Боже, откако ќе завршам факултет, да најдам солидна работа и да можам да се осамостојам.И сега кога би работела би го направила истото.
    Многу ќе созреам, ќе си имам приватност, плус оддалеченоста ќе не направи поблиски.
    Познавам неколку родители што купија стан на децата за да се одвојат, што е за пофалба, а има и такви што по никоја цена не сакаат да ги напуштат децата.И тоа е себично.
     
    На Annath и girl1985 им се допаѓа ова.
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Јас сепак су за осамосталување и издвојување од родителите после завршување на факултет. Нашите родители неќат да живеат повеќе од нас и поголемиот дел од животот, ќе треба сами да се справуваме со проблемите, што свесна сум дека лесно не се решаваат. Тогаш ќе нема мама меси, тато носи. Сепак треба и родителите да им помогнат на своите деца да се осамосталат и да ги пуштат децата да искусат секакви работи, а не да ги затвораат дома и да не им дозволуваат ни на прозор да ја подадат главата. Ги има и такви родители, па после кога врзаното куче ќе го пуштат не знае што попрво да направи. Сепак така треба да постапуваат родителите ако своите деца си ги знаат границите, и слободата и довербата од родителите да ја искористат максимум. Делумно за оваа работа си е потребно воспитување, што пак е задача на родителите. Родителот ако си го воспитал своето дете како што треба тоа и ќе знае сето тоа да го искористи, а ако родителот си го распуштил детето уште од рана возраст и после ќе чека тоа само да се осамостали охооо далеку ќе стигне. И да завршам, секој жив човек треба да се осамостали и да заснова свое семејство. Па која друга задача ја има во животот. И оние луѓе што си градат кариера, не верувам дека некој не посакал да донесе живот на овој свет.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    За осамостојување од родителите сум. Дефинитивно.
    Убаво е чувството кога правиш што сакаш, каде сакаш, со кого сакаш, кога сакаш. Не мислам лудување и да не бидам под надзор на родители, туку на тоа да сум слободна и самостојна.

    Со душа го чекам моментот кога ќе знам дека имам нешто мое, стан кој го поседувам, кој е постојано чист и нареден онака како што сакам јас, без некој да ми растура.
    Да оди се како што оди до сега, по дипломирање ќе се преселам во станот до тој во кој живеам сега. Не разбирам зошто сестра ми и се уште не го направила тој чекор. :^)
    Ете, не е во тоа да се прчам и пијанчам, тогаш ни на крај памет нема тоа да ми паѓа, туку со веќе завршен факултет, среден живот, зрелост во години и памет убаво е да се знае дека си самостоен, дека си напреднал и не мора веќе мама да те пере. Тато носи, мама меси што би рекле старите. :)
     
    На Annath, barbie-hilton и J.Ivanoska им се допаѓа ова.
  8. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со тебе! ;)
     
  9. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Доколку се има услови за одвоеност јас би гласала со ДА. Најпрвин ако одвоено живееш од твоите родители стануваш самостојна личност. А кога е се на купче често се случува и судирот на генерации, па од тука сакаш не сакаш доаѓаат расправии и недоразбирања. Во спротивно кога си одделен ти созреваш и кога не си со твоите родители ти тогаш се градиш во цврста личност.
    За жал ако немаш работа ако не егзистираш принуден си да бидеш дома колку и да сакаш да се одвоиш
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
    Земав да пишувам на темава како сум за осамостојување, отселување од куќата на родителите итн, итн, ама па си размислив конкретно за брат ми. Он е постар од мене и живее со моите. Работи, си има своја плата. Ама зошто да оди да плаќа кирија при куќа? Парите фрлени на кирија се пари фрлени во ветер. Вака им помага по дома, им дава пари кога нема да им стигнат и сл. Си заштедува за кога ќе се жени(здравје)да си направи нешто свое. Тие пари што би ги давал за кирија си ги трга настрана. И мене да не ми испаднеше вака работата веројатно ќе живеев се уште со моите. Да земам да ги премерам работите, најпрво од финансиска гледан точка е подобар животот со родителите. Друга работа е што и да живееш со твоите, не мора за се на нив да се потпираш, да чекаш да биде се од нивна страна средено, можеш да си превземеш одговорности, да допринесуваш за семејството и тоа е сепак самосталност.
     
    На Tenna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па и не е баш. Колку и да ти даваат слобода живееш во куќа каде што важат туѓи правила а не твоите.

    И малку е тажно кога возрасен човек живее сеуште со родителите, за мене лично. А уште потажно е тоа кога го прави од чиста калкулација да уштеди некоја пара. Јас не сум таква. Самостојност е кога треба сам да се прерачунаш на крајот од месецот и да увидиш колку ти е долга чергата за да знаеш колку да си ги испружиш нозете. Да научиш да си ја цениш парата која ја заработуваш и да знаеш кога треба да се рече доста. Не е самостојност да знаеш дека имаш на кого да се потпреш кога и да посакаш затоа што - ете така ми е полесно на душичкава.

    Башка што на некоја си зрела возраст веќе секој од нас сфаќа дека сака да си го среди животот на свој начин, не е дека ти пречат родителите, но сакаш да имаш приватност и да си сам, да им оставиш простор на своите желби и на своите навики. Да почнеме од основното - немање место за секс со дечкото и се криеш по грмушки и по планини ко у пубертетски дани, ма не иде бре :D

    Јас всушност најмалку ги разбирам оние кои заработуваат свои пари а ете не прават ништо за да отпочнат свој живот на друго место. Плус ако имаш партнер со кој имаш сериозна врска, причина повеќе.

    Едноставно мислам дека кога би сакале, сите кои имаат минимални финансиски можности за осамостојување, би требале да го направат тој чекор. Само разбирам дека е многу пофино дома мама да ти готви, а тато да ти даде по некој денар за Скопско. Барем тоа ми го кажа еден другар кој е колку мене стар. Го прашав зошто не се пресели во празниот стан кој така празен им седи во центарот на Скопје а наместо тоа се бута со неговите во едно двособно станче. Ми вели - па шоооо знам, абе фино ми е кога ќе дојдам дома да си најдам тазе јадење. Епа фино. Срце на мама тој! И така и му реков и почна да се смее, само што - не е смешно.

    Многу е на место муабетот на Ариел, сосема се согласувам особено со последниот дел.
     
    На Annath и femina90 им се допаѓа ова.
  12. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Јас сум за осамостојување . Кога ќе завршам факултет секако дека ке сакам да живеам сама и да се снаоѓам сама. А и секако дека си го сакам својот мир , а и моите родители исто. Како минуваат годините сум приметила дека голем број од родителите кога разговараат на оваа тема велат дека само да се осамостојат децата, нека си живеат сами , па сакаме и ние малку одмор и мир.
    Така да, би одговарало за сите . :)
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ок, поштујем осамосталување од родителите (некој порано а некој подоцна :) ). Би сакала да прашам колку во просек ти треба плата за да излезеш под кирија? Еве на пр. немаш стан или куќа од мама и тато и одиш под кирија и сам се издржуваш. Од др. страна мислам дека не станува збор за тазе ручек и така мажите повеќе ги рани кафана и девојката отколку мајка му :)
    Жените се тие кои се борат за рамноправност, осамостојување а додека пак мажите го прават тоа само кога мораат.
     
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Уф, јас живеам за тоа да се отселам веќе еднаш од дома.
    Не само што мене ми е смачено, туку и на моите им е смачено од мене.
    Ама сериозно.
    Далеку од тоа дека станот ни е мал, и немаме доволно услови, сепак сме само тројца, но веќе се чувствува јаз и некоја блага нетрпеливост, сакам да се шетам гола по дома бре (пример давам де, наполу банален, наполу реален :lol: ), да си средам јас како што сакам (а не да го слушам она - кога ќе си имаш твое, среди го како сакаш |( ), да си пречекувам гости во ниедно време, итн... со еден збор да се одомаќинам.

    Многу имам размислувано на оваа тема, и чекам само погоден момент, да си најдам пристојна работа, приход кој ќе биде редовен и загарантиран.
    И не, не одам под кирија.
    Одам и уплаќам стан!

    Му реков и на дечко ми, ако планираш да живееме заедно и ако си за, сакам да си уплатиме стан.
    Ако не сакаш - сама ќе си уплатам.
    Не сакам да фрлам пари на кирија, фрлени во ветер и да се тресам секој месец дали на господинот газда ќе му текне да ме исфрли за некоја недела.

    Ратата за едно помало станче денеска е еднаква на месечна кирија во посалам населбите и тоа е мојот план.
    Би скратила и од облекување и излегување ако треба, зашто за мене - покривот над глава е најважен.

    Знам што ме очекува во самечкиот живот и сум потполно спремна - за сметки, за штедење, за суредување и готвење, ама ништо не ме плаши, дури едвај чекам.

    Веќе смачено ми е да бидам 26 годишно паразитче со мама и тато.
    Потребата да живеам сама или со дечко ми и потребата за осамостојување ми е толку голема, мислам дека срцето ми плаче некогаш, од мака што еве се' уште немам услови и не можам да си го овозможам тоа.

    Не ги сфаќам оние девојки, ќе се вработат, имаат солидна плата и земаат да трошат на некои безвезни глупости, екстравагантни патувања, подароци, алишта, и уште се стиснале по дома со родителите, уште им го јадат лебот, со девизата "епа сега ако не проживеам, кога"?

    Чист егоизам и недомаќинлук.
     
    На Annath, marama, tinkerbelll и 3 други им се допаѓа ова.
  15. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Како и се друго овде така и за ова, она што ги кочи сите се финансиите...Будала е некој да седи со мама и тато, на некои 25-26 год. да носи девојка дома во неговата 'детска' соба, па да чека да си легнат неговите за да може малку да си поиграат? Според мене само финансиите се проблем ништо друго...
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Морав да те цитирам али блондираното е единствениот разлог поради кој младите не се осмелуваат на таков чекор.
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    ^ Поголемиот дел ДА, точно поради финансиите, ама некои навистина не сакаат бре.
    Не лажам, имам многу примери околу себе.
    Двајца мои другари, по 27 години, со многу солидни примања, зборувам за плати над 40.000 ден. се уште живеат со родителите.
    Едноставно им одговара бре, наместен ручек, испрани алишта, испеглано, суредено, мајка му му се тресе ко да има сипаници... и ајде сега НЗС?

    А веќе ги споменав оние кои ќе дојдат исто до солидна паричка, ама нееее, не им се дава пари за рата за стан или за кирија, кога со истите може да оди во Солун на викенд и да направи еден екстремно добар расипнички шопинг, па да се кити после со новите пердуви...

    И што со тие?
    А ги има многу, верувај ми.
     
    На Annath, tinkerbelll и Phyramide им се допаѓа ова.
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Е тоа се уалени лигавеши и пак ќе повторам тоа се мажите. Ќе се осамосталат само кога ќе мораат за разлика од жените кои со таква плата над 40 000ден одамна ќе имаше стан на свој имотен лист или пак ќе лечат комплекси и ќе живеат американ веј.
    Ваљда толку им е нивото на разумот и пошироко размислување.
     
    На Phyramide, nena2010 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  19. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.250
    Пол:
    Женски
    Ајде и јас да пишам на темава. Живеам сама веќе 5 та година. Требаше да живеам со дечко ама видов дека со него нема иднина и си решив да си жиевам сама. Поволната страна кај мене беше што станот го добив од моите, ми го имаа купено неколку години пред да се одлучам да живеам во него. И знаете што? Супер ми е. Слобода, мир, кога сакам што сакам правам. Е сега, си признавам си ја имам мајка ми која затоа што е пензионер, ми купува за дома од супер маркет ( а за тоа јас и давам пари не ме финансира она, да не ме разберете погрешно), знае да ми направи нешто додека сум на работа, но пред да дојдам генерално е отидена. Гости имам често па самотијата не ја осеќам. Но тоа што живеам сама ми придонесе да си се запознаам себе си. Од единица, галена на мама и тато, која не знаеше ништо да зготви освен макарони со кечап, сега станав виртуоз во кујна.:) И не ми е тешко, да си суредам да си исчистам, мерак ми е, мое ми е. Во секој случај, после 25 тата гоидна треба да се оди кон осамосталување. Така се гради карактерот на личноста, се осознаваш себе си, па се челичиш.
     
    На Annath, Phyramide и MacenceEna им се допаѓа ова.
  20. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    И јас имам доста размислувано на оваа тема, па да си го споделам мислењето.

    Сметам дека нема ништо поубаво од тоа да живееш во своја куќа или стан и да можеш што сакаш да правиш и да не полагаш сметки никому ниту да си под 24/7 присмотра на родителите. :D Иако сум младо “дете“ живеам за денот кога ќе ги спакувам куферите и ќе излезам од домот на родителите и ќе се вселам во мојата нова куќа/стан (преферирам куќа со двор и да нема многу куќи околу мене во близина да не ме шпионираат љубопитните соседи :)). Јас уште сега ќе живеев во стан под кирија додека студирам, за да осетам самостален живот, ама како кога во 99% од ваквите случаи проблем се финансиите. Не зборам за живот со цимери, туку за живот сам во стан за да имам апсолутна слобода и да се грижам за све (облека, храна, сметки) и да можам секоја вечер да викам гости и да имаме убава дружба. :lol: :P Тој 1% нека отпадне на паразитите кои сакаат хотелскиот сервис “Мама-тато“ да работи за нив иако веќе имаат створено добра финансиска позадина. :lol: Како и да е, и јас по вработување планирам да “паразитирам“ 1-2 год. со родителите, пред да ги “напуштам“. Па нормално мора прво да створам капитал пред да декларирам финансиска независност, не можам со само 2-3 плати да купувам стан или куќа.

    Си имам јас своја проекција и визија за во иднина, еве дел да ја кажам јавно тука. Сега сум 22 years old, до т.е. пред мојата 24 година планирам дипломирање (а има солидни шанси да се случи во текот на мојата 23 година и неколку месеци пред да наполнам 24), во текот на 24-та година да најдам работа, да работам 2 години и веќе од моја 26-та година да се вселам во мојот нов дом. :) Да кажеме средна плата да ми е 500 евра во тие 2 години (да се земе во предвид дека студирам информатика на државен факултет па оттука оптимизмот во добри приходи :)), што значи 2 год. = 24 месеци * 500 евра = 12 000 евра приходи. Од тие пари, сигурно ќе заштедам повеќе од половина пошто уште ќе живеам со родителите, така што да кажеме со некои 8000 евра ќе имам избор во животот и ќе можам да стартувам живот во свој дом.

    Што сметате постари феминки, реално ли е ова или спаѓа во доменот на бујна фантазија на еден млад човек? :rofl: Јас искрено се стремам да го остварам зацртаново, ќе видиме колку ќе ми излезе според планот. Најважно е тоа што знам што сакам и имам визија за натаму во животот! Тоа е најбитно според мене! После ќе си дојдат парите и ќе се реализира планираното... од мои уста во божји уши... :)