Дома си е дома бре луге,иако не сум против живеањето настрана од родителите но секогаш треба да помислиш најпрвин дали си финансиски спремен за да се оделиш.Купувањето стан не е купување како гума за џвакање.Јас искрено не би поднела да живеам сама поради неколку причини а и знак прашалник е ако бараш цимери дали ке бидат по твоја мерка,дали редовно ке плакаат за кирија и ред други работи поврзани со ова прашање.
Навистина е тешко колку и да ти е голема желбата.Платава ја даваме за кирија,сметки и јадење ! Зошто морам.!Па ете кај нас земете просек 15000 и цела плата ќе ја даде под кирија,а на крај од месец нема да му стигнат,па пак ќе побараш некое иљадарче од дома.Од друга страна,подобро би било кога тие 15000 би ги делел и со твоите дома,и би им помогнал и ним финансиски.Ова го зборувам за тие кои не се финансиски стабилни да прават што сакаат.А оние што се-не би коментирала,зошто тоа за нив не е проблем нели. Еве да сум работела во мојот град,не би се отселила пак,освен ако платата ми е накај 500 евра.Не би се отселила од финансиска причина-од кај крај со крај се сврзува не би сакала да бидам себична и парите да ги трошам за мој ќеф.Желбата ми е голема да,но би било крајно неблагодарно кон мајка ми да не и помогнам,кон жената која се спушти ниско за да мене ми овозможи леб! Јас ова го образложувам од моја ситуација.Мене не ми е до она-доаѓање од работа и на маса топол ручек и тинтарење,зошто и сама можам да го направам тоа,и во Скопје сега ако треба одвечер ќе си зготвам ручек и никој не ми дава на тацна .Едноставно чувствувам и денес дека макар и една сметка да платам дома-а често знам да земам и да платам зошто мајка ми инаку не зема пари од мене,едноставно ценам се што направиле за мене,па и по цена на жртвување. Значи јас не би се отселила од финансиска причина.Во Скопје сега-морам,сакала нејќела цела плата за тоа ја давам Кој знае како се стиска секој денар би сфатил. Инаку убаво ми е да,вака сами со дечко ми навистина е слобода,ама пак и дома не ми било лошо.Моите не се биле од тие да те потсетуваат секој момент дека -нивна куќа,нивни правила,зошто познавам и такви,така да ми било убаво дома и сум имала слобода до некоја граница.Дома си е дома Сепак,секој што навистина може-убаво е да се отсели.Нема ништо поубаво дури и една обична гарсоњера да си ја средиш како за твоја душа,да пуштиш музика најгласно,да се смееш до касно со пријателите и секако да се се*саш кога ќе ти се присака И јас сум против таквите на мама и на тато галеничиња,кои дури и со доволен свој денар,пак сакаат галење и мазење,дома та дома Сепак секој со своите можности.....катастрофа е за нас младината
Доколку навистина имаме сите избор веројатно никој не би живеел во проширени семејни заедници, каде би дошло до генерациски разлики ни како слободни ни па во брак. Точно е дека финансиските ограничувања често се најголемата пречка за осамостојувањето. Мал дел од нас се толку финансиски моќни за да си купат сопствен дом. Понатаму без сигурност во вработувањето потрошувачки кредит да земеш е ризик, а камо ли станбен, а без јака позадина и осуден да си го бараш сопственото парче леб во „закрилата„ на приватниот сектор и немаш баш неограничени можности ни па некаква сигурност за една година камо ли стратегиски да размислуваш за неколку децении однапред. Точно е тоа дека голем дел „деца„ и со бројка на години која почнува со двојче, тројче, море и четворче уште би да ги користат благодетите на „услужливоста„ на родителите, меѓутоа има многу случаеви каде семејствата функционираат со заеднички буџет каде што само мајката и ќерката пример имаат приходи, додека таткото и синот се издржувана категорија. Некаде децата ги покриваат во целост семејните трошоци на родителите-стечајци без никакви приходи има многу различни комбинации низ нашето секојдневие. Мене ми е секогаш на ум примерот на една повозрасна колешка која зборуваше како во нејзината зграда во трособен стан живеат 13 души во невидена хармонија. Некаде имаме толку огорчени самци или брачни парови кои ги имаат сите навидум удобства но им недостасува она најважното - мирот и топлината. Без нив ни најлуксузно уредената непрегледна квадратура не е дом. Сите сме ги гледале американските филмови и сме мечтаеле за сопствен дом откако се вработиме или куќичка со таков и таков изглед и градина откако ќе се омажиме пример. Едно знам каде и да бидам дали во родителскиот дом или во заедница со не знам колку лица ако се омажам ќе се трудам од петни жили прво, емотивно потоа и финансиски да дадам се‘ од себе тоа мое семејство да биде среќно, и куќата или станот да биде топол дом и во лето на плус четириесет и во зима на минус дваесет.
Од родителскиот дом подобро здравје. Ако сакате можете да зачистите, да потфатите нешто што вика баба ми ако не пак и не мора. Сепак деца, ученици или млади луѓе сме си имаме свои обврски. Не би се одделила од моите родители додека не се омажам. Колку и да имам пари не би. Би ми недостигале моите а пред се мајка ми.
Znaci ne e do ekonomskata kriza i do drzavata....Nie lugencata ne sme spremni mnogu na zort. Duri i tie sto sakat da se odvojat od maminiot skut si naogaat izgovori samo za niv opravdani.
На моменти толку многу сакам да живеам сама, во некое мало станче-ништо повеќе. Само да сум сама па кај било нека е. Никој не ми треба. Па понекогаш сум толку емотивна и на една вечер да треба да се разделам од тука кај што живеам ми се полнат очиве со солзи. Незнам и јас што сакам, глупава сум, зошто незнам што сакам? Зошто сум ваква? Е да сум сама можеби ќе најдам одговор на овие прашања. Сакам се да ми е чисто внатре во мене, да се познавам себе си сакам. Затоа и најдобро би било да живеам сама, можам се да правам сама, никој не ми треба.
Сеуште живеам со моите. Немам некоја голема желба да се одвојам, а и потребна им сум бидејќи се стари, ќе заминам кога ќе се омажам. Штом јас ќе заминам, сестра ми со нејзиното семејство ќе се всели тука за да не бидат сами моите родители.
Убаво е да се живее со родителите, но штом децата ќе стапат во брак, се’ се менува. Се зголемуваат и потребите од приватност и интима, така што доколку финансиите дозволуваат најдобро е посебно да си живеат, а да си одат едни кај други и да се почитуваат, отколку да живеат со тензија. Доколку на некој му одговара во заедница, зошто да не, и тоа е ок.
Јас сакам да се осамостојам кога ќе ја добијам првата финансиска прилика. За факултет нема да живеам со моите, но тие ме оддржуваат така да тоа не го сметам за осамостојување. Немам некоја посебна причина за ова, едноставно сметам дека личност во своите дваедесети години треба да сака да се тргне настрана.