Живот во самотија

Дискусија во 'Психологија' започната од King of darkness, 7 август 2025 во 20:52.

  1. King of darkness

    King of darkness Нов член

    Се зачлени на:
    Четврток
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    2
    Во текот на основното и дел од средното училиште бев жртва на врсничко насилство што луѓето често го сведуваат на обична детска игра, но за некои од нас тоа остава доживотни трауми, не станува збор само за некоја шега на моја сметка туку години поминати во чувство на понижување, изолација, срам и страв.
    Бев етикетиран како повлечен, чуден, смешен, будала како и сиромашен. Секојдневно беа тука присутни тивките погледи, потсмев понижување. Како да носам етикета на мене, научив да се повлекувам во себе да бидам невидлив за другите бидејќи видливоста најчесто значеше уште една навреда, уште едно понижување.
    Додека другите градеа, спомени, пријателства, се заљубуваа, патуваа, градеа спомени јас бев сам во моите четири зида.
    Социјалната анксиозност стана мојот живот, се повлекував убеден дека никој не сака навистина да биде околу мене, стравував од разговори од групи од нови луѓе, од се што подразбира блискост, и така поминаа годините.

    Сега во средината на моите дваеесети години ја гледам реалноста и боли.
    Немам пријатели.
    Немам партнерка.
    Немам убави спомени од детството.

    Додека моите врсници веќе основаат семејства, успешни се во својте професии, опкружени се со пријатели, уживаат во животот а јас сеуште сум заглавен во тие четири зида и каде би бил кога сите те гледаат како чуден, повлечен, без пријатели. Без ништо остварено во животот. Се чувствувам како да сум го промашил животот како времето да минало крај мене а јас не сум успеал да живеам. А гледајќи ја ситуацијата иста таква иднина и ме очекува.
     
    На BubamaraM и Лејди Гага им се допаѓа ова.
  2. idktbh

    idktbh Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    292
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Ништо не е касно и држејќи се за минатото ништо нема да се смени, уште помали се шансите дека ќе ти се промени ставот за иднината.
    Имав сличен период пред некоја година, не бев жртва на врсничко насилство меѓутоа бев доста повлечена како дете, немаше некоја посебна причина само мислејќи дека така сакам да живеам, пропуштив многу..Мислев дека и понатаму ќе сум лишена од убави работи и дека ми следува, како што викаш ти-иста иднина.
    Прво заборави на тоа што имаат постигнато пријателите, само штети такво размислување и успешен живот по дефиниција не е за секој истото нешто. Не треба да те интересира кој колку ужива во животот освен ако тоа не е твојот живот, не си ставај било какви очекувања зошто живееме во време кога на сѐ се става тешка маска и сите сме толку оттуѓени што попрво би се наситиле на некој што е разочаран отколку да признаеме дека и нам не ни е сјајно.
    Второ, помири се со анксиозноста, тука е и нема да си оди, жив доказ е за тоа дека постоиш и дека се бориш. На крајот на денот, мозокот е програмиран да не чува сигурни, а не среќни и нормално е да реагираш. Мене ми помогна тој пристап- научив да “седам” со анксиозноста, да ја прифатам и да дозволам да излезе од мене кога сака да излезе, научив да се чувствувам непријатно во некои моменти без да се осудувам сама себе и да се етикетирам како анксиозна итн. На крајот на денот јас не сум сите мои лоши и анксиозни мисли, јас можам дс ги воочам тие мисли без да ги земам при срце и да се индентификувам со нив. Веќе кога ќе ми дојде таква мисла само оставам да ја почувствувам информацијата генерирана од мозокот и потоа ја тргам настрана. Исто, најдов работи што ме смируваат, може да е нешто многу рандом и не мора да е само медитирање или некое хоби.
    Мене лично ми беше серија од детството со 600 епизоди со ликови што ми оставиле огромен впечаток и преубави пораки од серијата.
    Би ти препорачала доколку можеш секако да патуваш некаде сам или ако мислиш дека не можеш тогаш со луѓе што исто патуваат сами( мислам има групи а и апликации), би било огромен чекор и општо и да не е успешно мислам дека многу посамоуверено би се чувствувал после тоа.
    Никогаш не се откажувај од тоа да правиш нови работи макар и да не е како што очекуваш зошто фактот дека работиш на тоа да ја смениш моменталната ситуација и како се осеќаш е доволен сам по себе за да се случи чудо. Колку повеќе се трудиш и ризикуваш, толку повеќе има шанси да тргне нешто на добро.
    Ич ама баш ич не се замарај со годините зошто ем си млад ем нема правило за тоа кога ќе ги добиеш работите што ги сакаш, нема вистински тајминг има само наметнат тајминг поради средината.
    Мајка ми исто била late bloomer- во 30ти години почнала да патува и да стекнува друшта што уште и траат и на 36 ме добила мене.
    Со среќа понатаму и ти посакувам само убави работи
     
    На Wideperpetual, _Vera_, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.742
    Допаѓања:
    14.198
    Многу си млад. Тебе ти се чини дека другите којзнае што имаат направено, а што и колку направиле треба да се цени според стартната позиција од каде тргнале. И што сакаат нека прават, не мисли на тоа, постави си задачи што сакаш да постигнеш и уште од утре почни со работа на тоа што ти значи. Не очајувај.
     
    На Трагедијаупмм, Gosh, daylight и 2 други им се допаѓа ова.
  4. troublemaker94

    troublemaker94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2018
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    659
    Пол:
    Женски
    Најпрво почни да работиш на себеси, млад си стекни самодоверба
    Почни да вежбаш дома, осеќај се задоволен во своето тело. Гледај истражувај,читај, купи си нешто ново, дотерај се.
    Запиши академија, јазик, . И почни од нула.
    Имаш преубави програми за работа преку лето во странство, социјализирај се, тешко е , но биди си сам свој проект на кој ќе вложуваш. Колку повеќе социјализација, толку повеќе нови пријателства.
    Па дури и преселба во друга држава е супер опција да се изградиш одново.
    Не си единствен, не си сам, таму некаде има многу како тебе, што чекаат некој да им пријде.
     
    На mKdevojce и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.742
    Допаѓања:
    14.198
    Годините ти се добри и за работа во странство, а потоа можеш таму да си останеш откако ќе се снајдеш. Повоспитан народ добро ќе ти дојде. Ќе се спасиш од сеирџии, злорадосници, фалбаџии, некултурни. Пробај со Хрватска, многу агенции нудат работа таму, ем убава земја, ем јазикот го разбираш, ем не е далеку.
     
    На simoncelicius, VDT2906, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.411
    Допаѓања:
    190.586
    Мислам дека ти треба многу работа со психолог.
    Имаш ли некоја професија, приходи, веројатно тоа потрагата по психолог кошта. И веројатно од прва нема да го најдеш вистинскиот.
    Бесплатен совет-не се споредувај со другите, тоа може да те влече само долу. Постави си цел, почни да работиш на остварување на истата и споредувај се со тоа што и каде си бил пред х време.
     
    На _Vera_ и daylight им се допаѓа ова.
  7. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Те молам немој да дозволиш минатото и туѓото мислење да те дефинира.
    Ти си тој што ја има моќта да донесе одлука дека од овој момент ќе почнеш да работиш на себе, ќе прифатиш дека нема да е лесно но е неопходно да направиш некаква промена за да можеш да излезеш од лавиринтот.
    Не си поставувај граници, се додека си викаш сам на себе дека иста таква иднина те очекува, така ќе биде.
    Почни поинаку да разговараш самиот со себе, со повеќе љубов и самопочит, со верба во себе.
    Не ти било лесно знам, те истрауматизирале. ТИЕ ти ставале етикети, а ти со текот на времето си ги прифатил како своја реалност.
    Но ти си доволно силен и можеш тоа да го искористиш за да си го трансформираш животот, да почнеш да се грижиш за себе, да се отвориш кон светот.

    И јас би те советувала да побараш добар психолог кој ќе те води низ процесот, мора од некаде да се почне.
    Не се откажувај од себе, сигурна сум дека имаш прекрасни квалитети за кои можеби ни самиот не си свесен во моментот. Промената нема да се случи доколку останеш затворен во тие 4 ѕида.

    Ти посакувам да бидеш упорен и истраен. :l:

    Има една изрека од Tony Robbins - Identify your problems, but give your power and energy to solutions.
     
  8. BubamaraM

    BubamaraM Активен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    296
    Ова што го опишуваш во само неколку реда е многу болно да се доживее. Верувам дека си се соочувал со којзнае какви емоции кои се' уште тежат и покрај тоа што поминало време од актуелното злоставување.

    Тоа што го гледаш кај твоите врсници, не секогаш е реалната слика, она што се постира по социјални мрежи и се пројавува во јавност не е секогаш вистината. Но, еве и да е, секој со своето.

    Факт е дека покрај сите случувања (дури и оние најлошите) секој од нас има капацитет и потенцијал да создаде живот каков што му е потребен, а да бидеме реални тоа неможе да биде живот во кој одма ќе почнат да „цветаат ружи“. Тоа е еден подолг процес, но, сакам да кажам дека имаме капацитет да се справуваме со тешки работи.

    Веќе ти пишале, се согласувам дека одењето на психолог може да поттикне промена. И овде не мислам дека ти комплетно треба да се промениш како личност. Ти си очигледно осетлив, чувствителен, емпатичен, свесен за своите емоции и свесен дека ти треба помош, што одразува твои квалитети. Мислам на промена во однос на тоа што: ќе си дадеш шанса да се искажеш гласно, ќе си дадеш шанса да зборуваш гласно за се што си го доживувал и така да дозволиш и сам ти да ги валидираш твоите емоции и да добиеш прилика некој навистина активно да ги слушне, да биде присутен, ќе си дадеш шанса да го одболуваш она што си бил сам, да ги „разрешиш“ на некој начин траумите но овде, веќе во безбедна средина, ќе си дадеш шанса да научиш нови социјални вештини кои ќе ти помогнат да се справиш подобро со социјалната анксиозност, а најважно, ќе си дадеш и шанса да усвоиш стратегии за промена на деструктивните мислси како „ме очекува иста таква иднина“.

    Овие вештини ќе ти помогнат да создадеш промена. Исто, можеби добар начин за стекнување на нови познанства е зачленување во групи, не знам, спортска група, теретана, фудбал, сега има многу бранчови кај што се црта со вино и такви некои настани. Кај што многу луѓе си одат сами а целта им е запознавање на нов круг луѓе.
     
    На troublemaker94 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    1.016
    Aх бе дечко...

    Џабе сите совети за странство, курсеви, курци палци, кога тебе во моментот очигледно те има исконзумирано депресијата до степен да не се чувствуваш комфорен и ,,доволен" никаде.
    Да ти пишам - мора да излезеш од тој mindset би било солење памет и затоа мислам дека за почеток, ако имаш толкава изгубеност и стагнација e најдобро да почнеш со психотерапија.
    Стручно лице да ти одреди насока, бидејќи останатите совети колку добронамерни биле, се тапшање по рамо.
    Ти очигледно имаш блок, low self esteem кој не паѓа ради лошите искуства.
    Кој не бил исмеван и тепан од врсници само не знае како е и каков импакт остава тоа во зрелата фаза од животот на човекот.
    Најлесно е да се каже ,,get over it" ама не е секогаш така, нели.
     
    На FriendOfDorothy, eliesaab, daylight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    23.854
    Пред да дадам подолго мислење ќе те прашам неколку работи оти бев во многу слична ситуација.
    @King of darkness
    Дали работиш и ако да, во каква средина?
    Дали си растел во дисфункционално семејство? И општо, каков ти е односот со родителите?
    Некое хоби дали имаш, нешто што обожаваш да го правиш, сам со себе?
     
  11. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Дали си се обидел да направиш нешто во врска до тоа?
     
  12. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    1.051
    Пол:
    Женски
    Ако не направиш ништо и само се самосожалуваш да таква иднина ќе те очекува. Доколку сам не се одлучиш дс си помогнеш себе си никој нема.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    732
    Пол:
    Машки
    Бев ист како тебе и поминав низ слични ситуации во животот можам само да ти кажам дека се додека се споредуваш со другите и размислуваш дека треба да се вклопиш во некаков општествено социјален образец ќе страдаш.

    Животот е непредвидлив и не секогаш работите излегуваат како што ние сме ги замислиле. Најдобро за почеток е да почниш да се сакаш себеси, да престанеш да се споредуваш со другите и да се прифатиш каков што си.

    Следно би ти препорачал да најдиш некаква работа и да почниш некаков духовен живот мене вербата во Бог и верата целосно ми го промена начинот на размислување и ми помогна во прифаќањето на себеси а еднаш кога ќе се засакаш себеси и се прифатиш таков каков што си работите ќе почнат да си доаѓаат на свое место. Никакви теретани курсеви и психолози нема да ти помогнат како што може верата туку само ќе ти проектираат условена реалност и ќе ти продаваат некаква формула за успех а во животот не секогаш 2 и 2 се 4 така да секаква проекција и условена реалност дека мора по секоја цена да успееш и да се вклопиш ќе те доведи до нови разочарувања.

    Верата во Бог и прифаќањето на себеси беа клуч во мојот случај па би ти го препорачал истото и тебе. Среќно
     
    Последна измена: 9 август 2025 во 15:17
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    23.854
    Ај вакви мислења ако може да се бришат.
    ФМП.
     
    На Adidas888, Gosh, Stark и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Just_a_kid

    Just_a_kid Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.838
    Пол:
    Женски
    Малку поинаков став имам за верата за разлика од тебе. Тоа само по себе нема да му помогне, да Бог никогаш нема да го напушти, може си е верник, може го исполнува тоа, ама му фали друго не му фали Бог му фали човек покрај него. И Адам во библијата и покрај се што имал и Бог и се бил осамен затоа што немал никој сличен на него..
    И како мислиш нема да му помогне психолог, зарем тој психологијата не е создадена од Бог за да ни помогне со нашето психичко здравје? Ти му велиш ако си болен лекот не го барај кај доктор.
    А и телото зарм не ти го дал Бог, зошто да не оди во теретана и да го чува тоа тело?
    Да можеби Библијата, ќе му го промени начинот на размислување, ама осаменоста нема да му помине. Секоја прочитана книга ти помага поинаку да го видиш светот.
     
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.528
    Допаѓања:
    8.035
    Пол:
    Женски
    Кога ќе размислиш подлабоко, тебе не ти помогнала верата во Бог, туку работата на себе. Тоа истото што психолозите го советуваат.
     
    На Mumoftwo30 и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  17. Wideperpetual

    Wideperpetual Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2021
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    732
    Пол:
    Машки
    Кога би знаела колку помага верата не би зборувала вака секако дека е потребна работа на себе ама делот околу волја, сакање и прифаќање на себеси, менување на начин на перцепција, мајндсет и живеење за некаква повисока цел не се пронаоѓа на ниедно друго место освен во верата.

    Сум одел и на психолог да, учиш како да се справуваш со негативните емоции но сепак психологот не е духовник и на крајот на денот ќе те насочи повторно кон световните вредности и ќе се вратиш со 5 пати поголеми фрустрации и поразочаран доколку работите не тргнат во посакувана насока. Затоа фрлив критика на психологијата, теретаната, курсеви за успех во животот и се останато што во себе содржи условена реалност.

    Најбитно од се е човек да се прифати и сака себеси без оглед на животните околности пошто во животот околностите можат да бидат од добри до многу лоши и од нас зависи како ќе се поставиме и реагираме на тоа ако се поставиме лошо еве ти депресија и ментални болести а сето тоа може да се избегне само доколку се поставиме добро и не живееме за себе туку за некоја повисока цел и кауза :)
     
  18. Creation

    Creation Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2025
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    67
    Пол:
    Машки
    Па и во психијатрии доаѓаат монаси да видат некој случај (лично имам видено) поврзано е тоа не се сите психијатри и психолози атеисти.
     
    На Just_a_kid му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.411
    Допаѓања:
    190.586
    Ниту секој психолог ќе ти помогне, ниту секој духовник, зависи на што ќе налеташ. Јас те разбирам ама ...
    Како што се гради телесен баланс и јадро (што го викаат кор) од моментот кога ќе се родиш, особено со проодувањето, исто е и со внатрешното јадро, духовно, психолошко. За луѓе со ниско самовреднување или со слабо ,,јас,, може да биде ризично забегување и со едните и со другите .

    На муабетот од членот над мене, најмудриот српски психијатар, академик, Владета Јеротиќ, истовремено е и голем верник.Не џабе се викаше на времето -душевна болница- душа ли е, психа ли е, кој ќе го знае.
     
    На sonuvana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.918
    Допаѓања:
    23.854
    Ама тука не е проблемот некој што е верник само по себе него советов да батали психолог и било какво хоби или било што кое ќе му помогне да има визија за себе или издувен вентил и само верба у бок. И само тоа. Не прави друго ништо.
    Добро од утре верува дека бок постои
    И? Пак се осеќа осамен без пријатели, без постигнување, безвреден, и тако даље.
     
    На Just.do.it и Just_a_kid им се допаѓа ова.