1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот надвор од родителскиот дом

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marama, 1 ноември 2014.

  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.135
    Допаѓања:
    88.480
    Пол:
    Женски
    Оваа тема ми е за оние кои не се во брак, туку едноставно поради одредени причини го напуштиле родителскиот дом.
    Дали се одлучивте на тој чекор поради тоа што веќе имавте свој, празен стан?
    Дали сте се вработиле, па сте одлучиле да се осамостоите? Отидовте под кирија? Со цимери или сами?
    Како се снајдовте со трошоците, дали баравте помош од дома?

    Колку минимални месечни примања се доволни за да се преживее сам? Од што се се лишивте на сметка на вашиот самостоен живот?
     
    На Heidi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. haveasweetdream

    haveasweetdream Активен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2014
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    ^ Не сум сигурна дали темава се однесува општо во која спаѓа и тн. студентски живот(кој целосно или делумно го финансираат родителите) или се мисли самостоен живот во буквална смисла на зборот без поткрепа од родителите....
    Инаку јас студирам во друг град па можам да кажам неколку работи на оваа тема.Во мојот случај моите родители финансираа се, бидејќи обврските на факултет не ми дозволуваа да работам истовремено...Живеев со цимерки, во стан под кирија.
    Што се однесува на месечните примања,потребни би биле 200 евра за скромен живот, за некои и многу повеќе, сепак зависи и во кој град седиш под кирија...
    Инаку има многу предности во живеењето самостоен живот но и мани, пред се бидејќи му дозволува на една личност да се Осамостои. Тука спаѓаат многу повеќе обврски, кои претходно ги правел некој друг за вас, а сепак помагаат во тоа да станите една позрела и посериозна личност која знае како да се грижи за себе и за останатите работи во домот. А, секако има и многу предности кои не би ги набројувала едноставно би ги опишала со еден збор - Слобода(која дома ја немате во таа мера).
    Во секој случај јас лично и после студирањето доколку би имала добро платена работа, би се одделила од моите родители, чисто заради тоа што таквата слобода е незаменлива :)
     
  3. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Марама мн интересна тема супер што си се сетила,и претпоставувам дека не се однесува за студентскиот живот бидејќи логички тогаш си студент и сеуште си зависен од родителите во целост,има исклучоци но тоа се мн ретки кај нас и сигурно барем родителите школарината ќе ја плаќаат,ние за жал не сме родени на тој ден и во тие држави каде што или не се плаќа школарина на факултет или се плаќа минимално па и секој студент може да си работи и да се образова ние нема ни да доживееме такво нешто за жал...
    Кога се мисли на самостоен живот се мисли на тоа сам да заработуваш живејш плаќаш сметки све све, во странство вака младите живеат и како цимери претежно,и ги делат трошоците и имат друштво тоа е вообичаено таму а и имат услови се разбира,кај нас со овај простотилок и уназаден менталитет и да има некој услови за таков живот прво ќе му ја претурат цела биографија на човек дали нормален зошто живеј сам, дали е разведен дали од дома го избркале или има нерушени семејни одности и што друго не да не набројвам,3 дена и 3 ноќи ќе се мислат како тоа некој живеј сам или со уште еден цимер што прават 2јца мажи или 2 жени таму леле леле тоа ти е Македонијата наша од туѓото гајле берење и алапачко оговарање никако да се спасиме...Има уште мн дасе зборува за оваа тема а јас доколку би имала услови да живеам сама ни 5 мин не би се мислела и сигурно тука не би живеела...
     
    На Heidi, 1209, cooll и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Одамна сум самостојна. Кога помислувам дека друга опција ми е да живеам со моите, коса ми се крева. Тоа значи да живеам под туѓи правила. Значи да се лишам од донесување сопствени одлуки.

    За да имам самостоен живот, се лишив од топол дом, беше студ кога си доаѓав од работа, бидејќи сите цимери и цимерки ми биле на работа, а после на факултет, или на дополнителна работа. Затоа почесто останував на работа до касно, за да ми биде топло дома кога ке се вратам :)

    Ама си ништо на светов не би менувала самостојност, да бидам своја, да правам мои грешки, да знам сама да одлучам.

    Самостојноста е побитна од тоа какви цигари пушиш, од тоа да имаш манџа дома, од тоа секоја вечер да се тагираш во кафич. Нормално дека се жртвува некое задоволство, ама многу повеќе се добива.

    Кај нас е менталитетот таков, ако отиде сама да живее, одма трачот, ете ја избркале од одма.Ако машкото си отиде - татко му у депресија ќе падне, толкава куќа градел за него, он по кириите.
     
    На Heidi, nena2010, Valerin и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Или домазет отишол во станот што го поседува снаата.:P
    Млади сте фаќајте магла ако имате услови, па макар и леб и сол да јадете. Не трошете нерви ќе ви требаат.
     
    На Cka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Подобро да јадеш леб и сол, отколку сол да ти тријат на главата :))))
     
    На QueenElena, Umbrella22, AziskaStrslenka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.806
    И јас уште од моите 18. години живеев самостојно, работев, се снаоѓав, уживав да ви кажам право.
    Не чекав моите да ми најдат работа, сметав дека доволно сум способна сама да пробувам. Сега кога ги слушнам младите девојки во мојата околина, а верувајте не се една-две, или кога ги слушам нивните родители како се жалат, завршиле факултет, нормално родителите финансирали, ајде тоа во ред, ама седат дома, се фрустрираат на мајка и татко им оти сега не и нашле и некоја работа. Искрено, тоа ми е толку одвратно да слушам, па земи бре сама побарај лево - десно, не си неспособна, како такви паразити и лигуши стануваат не знам.
    Јас имам зборувано со сопругот и сум јасна во мојот став. Мојот син сега и еве друго дете кое е на пат, ќе ги учиме и спремаме да е нормално веќе полнолетен да си гледаш да живееш самостојно. Ние како родителите секогаш ќе бидеме достапни за нашите деца, секогаш кога и да им затреба нешто секако, ама да ги правиме паразити, ограничени, ко да се неспособни од здрави, паметни, умни -тоа никако!
    Кога е човек навреме одвоен од мама и тато, учен да биде снаодлив и да сака да учи, не мислам на школо само, туку да осознава и расте во секоја сфера од животот, тоа не само што е здрав развој на личноста туку е дефинитивно живеење поисполнет и позадоволен живот.
     
    На artemidis и Serafima им се допаѓа ова.
  8. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    @marama претпоставувам собираш искуства за твое одделување од твоите дома. Мој совет од старт, ако ти е битен, е... ИЧ НЕ СЕ МИСЛИ, фаќај одма магла.

    Се иселив од дома веднаш по полнолетството. Немав баш каде да одам, а иако заработував уште тогаш, не беше доволно за да можам да преземам таков чекор како плаќање кирија. Сепак, се снајдов и најдов кров кој не е дома, а да не бидам под кирија. И не, не отидов на студирање во друг град.

    Животот без родители, барем за мене беше рај. Воопшто не ми дојдоа тешко сите обврски околу тањири, алишта, пеглање, освен готвењето, никогаш не готвев и може да се каже дека не се хранев баш здраво.

    Во денешно време, за живеење сам самцат во Скопје, се потребни од 250 до 400 евра, грубо. Киријата е минимум 100 евра за гарсоњера и не ми викајте нема, треба да се бара и ќе се најде. Струја, 1000-1500. Вода, 200-300. Интернет, телевизија, фиксен, 1000. Мобилен, 400-500. Храна е многу релативно, ама би рекол дека нормален човек, освен ако не сака да се расфрла, максимум за храна и продукти за дома троши 100 евра месечно. Е сега, превозот и трошоците надвор се дополнителни и зависат од тоа каде ќе се најде стан. Тоа е основа.

    Ако се одлучиш на самостоен живот, се лишуваш веројатно од... хммм... ништо. Освен ако не се скараш со твоите дома, секогаш можеш да отидеш дома на компир манџа, на кафе со мама, на фудбал со тато, на играње со бато. Карта за автобус у два правци е 60 денари, а за тоа можеш да ги изрекетираш твоите. ;)

    Добиваш, секс коа сакаш, како сакаш, колку сакаш. Добиваш самодоверба и се цениш дека си способна да преживееш. Добиваш место кај што можеш да им организираш surprise party на другарките без некого да молиш. Добиваш мир кога сакаш. Добиваш тишина ако те боли глава и можеш да рокнеш музика ако ти се сака. Добиваш слобода која вреди секој денар. 8)

    Направи го тоа. Држам „фиге“. (fingers)
     
    На eloves, cheetah.girl, QueenElena и 17 други им се допаѓа ова.
  9. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.454
    Допаѓања:
    22.758
    Пол:
    Женски
    @marama Една работа заборавив да ти кажам прееска. Слободата има цена! Цената (отприлика) која ја дискутиравме пред малку. Еве, мајка ми да беше тука шлог ќе ја мавнеше кога ќе ме видеше како типкам по мобилниот во долен веш (мрзнам), а околу мене хаос кој се средува за 10 мин. :rofl:
     
    На Umbrella22, imelda, duffi и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Ау, јас не сфатив дека @marama се двоуми :) Немој девојче! Ако си вработена и имаш плата од барем 15000, бегај од дома! :) Оди под кирија ако немаш твој стан одвоено, со цимерки или сама, има во близина на центар евтинки станчиња, кои можеш да ги средиш по твој вкус.
    Нема ништо подобро од тоа да си дојдеш кога сакаш, да спиеш до кога сакаш, да се шеташ гола кога сакаш, да се журкаш до кога сакаш и да имаш секс кога сакаш. Возрасни сме сите, срамота е сексот да ни е загрозен од мама и тато!
    Слобода!
    Кај мама и тато само во недела на ручек :)
     
    На cheetah.girl, Umbrella22, imelda и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Ах, само да знаете колку пати сум размислувала на оваа тема.
    Едноставно има моменти кога се` ти смета и кога сакаш да бидеш потполно сам, а условите не ти го дозволуваат тоа.
    Кога би имала работа и добра плата, сигурно би живела самостојно.
    Ем си имаш сопствена слобода и си правиш што сакаш и кога сакаш, туку и се доградуваш како личност, бидејќи животот и самиот опстанок ти зависат само од самиот себе и никој друг и знаеш дека мораш сам да се бориш за се`, а не да знаеш дека мама и тато ќе ти го овозможат она што го сакаш и не мрдаш ни со малиот прст да превземеш нешто и промениш некои работи.
    Живеев надвор од домот за време на студентскиот живот, со цимерки и можам да кажам дека тоа ми беа најубавите години од животот. И иако трошоците беа на сметка на моите, сепак научив многу други работи кои се потребни за преживување.
    А и на одењето дома му се радував како мало детенце.
    Дефинитивно сметам дека секој човек во својот живот мора да го искуси самостојниот живот, било да се работи за студентски живот или живот надвор од домот поради работа.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Моментално студирам, а ако се одлучам да работам не би можела со просечна плата сама да плаќам кирија, сметки и да се хранам како што сакам. Тешко е да живееш сам. Ако веќе толку не се сложуваш со твоите дома, испланирај си го времето, кога тие се дома ти оди на курс или на вежбање, излези на кафе итн.
    После толку дадени кирии тука во Скопје, нема шанси во Битола да живеам сама. На готово си сакам :$:$:$
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.648
    Допаѓања:
    95.733
    Пол:
    Женски
    @marama ич да не му ја мислиш. Самостојна бев цели 10 години од кои 7 години ме издржуваа моите, 3 години сама за себе се грижев. Сега веќе, не можам ни да замислам поинаку. Да ја имав таа среќа да сакаше мм, тогаш дечко да живее со мене ќе беше многу подобро. На 27 години имам многу поголема претстава за животот од многу мои врсници, знам да се грижам за себе, знам да се грижам за останатите и за домот. Здравје ќе видите сите, од живот сам со саканиот нема поубаво. Во самостојноста е убавината на животот, а не во тоа да ти биде се наредено и подредено, да ти биде се стокмено и натокмено, да знаеш да пресечеш еднаш сам, да видиш колку е убаво кога ќе си го наредиш скромното станче по твое, кога ќе замириса за прв пат на испечени колачиња. Од тоа нема поубаво. Кој и да се двоуми го охрабрувам да се обиде, јас успеав сама, двајца уште повеќе ќе уживаат ;)
     
    На Viktorijaaa5, Umbrella22 и danichap им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Јас па поголема слобода си имам дома да правам што ми текне, неголи во стан со цимерки. Моиве последниве две-три години, шта речи, дали го добивам за возврат тоа што го давам, не знам, ама да им донесам и некој од којзнае каде дома, ќе го пречекаат ко човек. Не можеш во стан со цимерки да правиш што сакаш, не живееш сам. Не можеш да си легнеш кога сакаш или да станеш кога сакаш, затоа што секогаш има некој што на друг начин си го планирал времето. Гости по договор, ако денеска дојде дечко ми на е-парти, цимерката со која делам соба мора да покаже разбирање и или да отиде кај нејзиниот дечко на е-парти (се разбираме какво парти:D), или да почека до утре. Како човек четврта година по кирии, и јас, а и кокониве по дома, заклучивме - печени сме да живееме сами. Ништо лично ни до нив, ни до мене, тоа е факт, живееме заедно од финансиски причини.:D

    Мада што, како за разлика од тие што ниеднаш не живееле сами и одвоени од сукњата на мама, се сметам мнооогу поисчеличена. Некако кога тргнав на факултет реков нема веќе што друг да ми врши работи, основни работи од типот уплатници во банки, плаќање сметки, средување со разно-разни газди и чуда, сама ќе си го правам. За жал, тој што не живеел сам не знае како е да си дојдеш и да треба да мислиш оти немаш тоалетна и немаш влошки или немаш леб, оти ако сам не си купиш, нема кој друг. Или ако сам не си ја платиш сметката за интернет, идат и бап, го гасат, па кмиши ти до наредниот ден така.:D

    Вистинска независност која ја осетив е онаа летно време, последниве две лета, кога си зимам платиче во странска валута. Ама тоа е тоа право осамостојување. Годинава се навикнав дека четврток ќе дојде чекот, односно чековите, ќе се собере бакшишот, петок царица на амазон:rofl:, секој петок да ти се зголемува сметката за не така мала сума е господска работа. Кој вика дека среќата не е во парите, лаже, како китка сјаев кога немав проблем дали ќе имам пари за до 15ти. Проблем е кога ќе се навикнеш на тој ама баш независен живот, затоа и мислам дека така бурно го доживеав обратниот културолошки шок. Јас се навикнав на редовни, добри примања, со кои си приуштував многу работи и сега ми е тешко кога сите тие пари се собраа на едно купче кое така лесно може да отиде,а си треба пустото.:D Скоро пола од моето образование си го имам платено сама, една година со стипендија, и зимските семестри сама си ги плаќам двапати, а пријавувањето испити двапати годишно (исклучително скап бизнис) веќе две години тотално сама си го плаќам.

    Ааа и уште нешто - колку сте подалеку со домашните, толку повеќе се сакате. Ма само кај нас бре се врзуваат со папочни врвци, не знам оти, не ми е јасно. Не знам дали ќе ни беа вака добри односите да бевме во последниве три-четири години секој ден заедно. Вака малце и они раат од мене, и јас од нив, после сме бомбона.:D Во петок се сакаме, мва мва, тензијата расте за време на викендот, понеделник сабајле паѓа една кавга, си идам за Скопје, неделата е топ после.:rofl:(се шалам за последново, да не ме сфати некој буквално, ама мислам поентата ми ја сфаќате)
     
    На Annath, L.i.n.a.a, Mishela и 12 други им се допаѓа ова.
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.683
    Допаѓања:
    97.953
    Пол:
    Женски
    Живеев еден период сама,и еден период на прекини.Мене лично најтешко ми беше зашто беше период на инфлација,газдата на 2 месеца ми ја зголемуваше киријата.И тешко ми беше дека се греев на дрва и морав јас да ги цепам дрвата,нели гледаш на се да заштедиш.Потоа се случуваа проблеми со струјата за која јас не бев вична,а немав кој да ми помогне.Па моли овој или оној за таква услуга.Инаку во се друго брзо се вклопував.Во рок еден месец ке си ги видиш грешките и нормално ќе ги отстраниш.
    Она што е апсолутно добро е слободата.Ти си свој креатор на денот и на финансиите.Па дали ќе ги потрошиш на чизми и остатокот од месецот ќе јадеш компир и макарони,твој проблем.:)
    Стануваш едноставно свесна за животот.
    Е сега дали да те охрабрам?Хм,...не знам која е целта да се излезе од дома.Ако е само слободата и да пробаш може,ама верувај ми парите фрлени за кирии се попусто фрлени пари.Можеби би требало да се стрпиш малку и да инвестираш во стан,зашто луѓе се е минливо.Еден ден ќе ти биде џабе слободата која си ја имала ако останеш без покрив над главата.
    Едит-заборавив да напоменам дека живеев со цимерка,која беше претерано мрзлива.Цимерот ви е исто како и брачен другар да знаете.
     
    На Annath, imelda, Daleron и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.227
    Допаѓања:
    124.339
    Целта да се излезе од дома... Секако не e само слободата. Повеќе се ограничувањата. ограничувањата кои сами си ги ставаме или општеството ни ги наметнало. Повеќе е да планирањето. До снаоѓањето. До самостојноста.

    Дома, мама меси, тато носи. Дома, мама те паре, ти чисти, а ти понекогаш. Дома друг полни фрижидер, а ти се муртиш што има за јадење. Дома не планираш да го запалиш кумбето, да платиш на време сметки, да видиш што е осигурувач. Дома не мислиш да ставиш вода на цвеќето. Платата е за тебе, евенутално ако купиш нешто за јадење. Дома ке се скараш со мама и она ке ти прости оти те сака. Дoма ке ти попуштат оти си помал.

    Ама кога си сам или со цимери... Е тогаш сам планираш колку ке ти останат пари за до крај на месец. Трчаш да платиш сметки за да немаш камата. Мислиш што да купиш додка си идеш од работа. Трпиш карактери. Различни цимери, различни потреби. Стануваш свесен дека имаш став, дека го кажуваш кога треба. Дека ти смета нечисто и чистиш и и кажуваш на цимерката да си ги крене гаќите од земја. Сам одлучуваш што ке правиш денеска. Сам правиш планови.

    И утре, кога треба да создадеш семесјтво, си веќе свој човек.Знаеш да се избориш за она што го сакаш. Не си поминуваат лесно девојките на кои мама им дала се, и наеднаш, во ситуација се да се домаќинки, љубовници, другарки, сестри, чистачки, работнички, сопруги. Милион улоги, кои делумно мама ги правеше за нив. Нема веќе трчање во прегратка кога ти е тешко. Сам се бориш. Помина времето на патријархални семејства каде таткото прави куќа на 2 ката за двата сина, а он е главен во куќата. Сега секој е главен на својот живот.
     
    На mamma-mia, senza.parole, Viktorijaaa5 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Cka што нaправи ти, сите што сé уште живееме со родителите сме белосветски џаболебари :lol:

    Ако ти кажам дека дома работам повеќе од мајка ми, ќе ми веруваш ли? Со татко ми често се смееме за она ти си ќерко татин син – и лули од шпорет дома сум чистела, и каменец од болјер сум вадела, и дрва сум цепела, и фасонки сум менувала (откако ми пукна сијалицата два пати врз глава и ми го изгоре стариот лап топ). Мајка ми кога има многу работа јас не ја ни гледам, не па да ме чека ручек на маса. Во секое време знам што има фрижидер, затоа што и јас пазарам. И во секој момент знам што фали во куќава и што треба да се докупи.

    Одржувањето на домот во кој живее четири члено семејство бара далеку поголема работа. Затоа што кај нас скоро секој ден се пушта машината за перење, секој ден пружувам, собирам, диплам алишта. Два пати неделно со сестра ми смукаме, садови секој ден мијам. Нормално, четворица валкаат многу повеќе. А кога си сам, или евентуално со партнер, тие обврски се драстично помали.

    Мене работата не ме плаши. Јас и сега дома најмногу работам (прво затоа што сум најголема педантерија и мразам несреденост, второ затоа што имам пофлексибилно време). Она што ме плаши се финансиите. Затоа што и јас пазарам, плаќам сметки и иако сé уште живеам со родителите, многу добро го знам есапот. Засега не сум во можност да живеам сама и искрено мислам дека би ми било тешко да се навикнам. Со партнер е едно, ама да се враќаш во празен стан е друго. Не знам, можеби затоа што јас сум израсната во такво семејство, па навикната сум да ме пречекува топла, семејна атмосфера. Кога моите се некаде отидени и сум скроз сама дома, толку ми е штуро и ладно. Здравје Боже ќе дојде и ден кога ќе живеам со парнерот, ама тоа е веќе друго.

    Сé што сакав да кажам во темава е дека не можете да ги ставате во ист кош сите оние кои сé уште живеат во родителскиот дом. Не е кај секого од тато донесено, од мама принесено.
     
    На Annath, Bozica1980, mims-89 и 23 други им се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    Ве исчитав сите и еве ај јас да си кажам мое искуство. Со солидна плата и со мој стан ( не е по д кирија купен од моите) сум сама веќе 8 години. Дали е се розево не е. Слобода имаш, никој не ти звоца на глава да ама па и да си сам не е баш бајно. Ајде сметки, кирија храна ќе платиш, ќе купиш НО, се случуваат кварови дома треба да ги попрваш да се расправаш со мајстори. Кога ќе се разболиш си сама. Одделувањето од дома не е исто со осамосталувањето. Самостоен можеш да си и ако живееш во заедница со твоите. Кај мене беше така што јас во средно школо имав одреден џепарлак кој ако го спискав на 1ви амин од давање пари. Тоа беше на мене. Распореди си ги парите. Ако сакате да сте самостални, место да чекате од мама и тато да плаќаат сметки, вработете се, најдете некоја работа па макар една сметка ( еве нека е и најмалата) платете ја вие, купете од пазар што треба за дома. Убава е слободата ама си има и цена, ако сметате дека можете да ја платите и да ја поднесете слободно. Знам неколку кои пробале па си се вратиле дома како попчиња.
     
    На Annath, Daleron, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    Сум размислувала многу пати за ова. И знам многу пати да речам, да имав услови ќе се преселев.

    Ама не знам колку навистина би го направила тоа од причина што не сакам младоста да ми помине по кирии, а кога ќе се завртам околу мене после 10 години повторно да немам свој дом каде што ќе можам да живеам со партнерот или пак сама. Реалноста е таа. Колку и да земаш плата, кога ќе платиш кирија, сметки, храна, нешто ситно за себе да си купиш, отишла платата, не можеш ништо да заштедиш. Не сме Шведска ние па да имам за се' пари и на крај дури и да ми остануваат за нешто на страна да оставам. Јас сум 100% сигурна дека одлично би функционирала сама, за тоа воопшто не се сомневам. И јас како @AnaKarenina дома се' чистам, готвам, средувам, пазарам итн. Мајка ми дали еднаш во месецот доколку самата си пројави желба ја оставам да зачисти, остатокот од месецот чистам јас, за се' друго, за се' останато јас сум тука. Ама финансиите се проблем.

    Подобра опција за мене е додека живеам со моите да штедам, па утре кога ќе треба да се официјализираме со дечко ми да имаме некоја наша пара плус, отколку да ги давам сега парите по кирии и на крај пак ништо да немам. А не би добила нешто којзнае колку. Јас и сега немам проблем со моите. Нит некој ми кажува што да правам, нит некој ми соли памет... И сега дома имам целосна приватност, никој не ми се меша во апсолутно ништо, возрасна сум и за таква и ме сметаат. Така што, не ми е така лошо дома па да морам да "бегам" на некој начин.

    Е сега доколку би имала свој стан како @nena2010 е друга приказна. Во тој случај, да би имала посигурна работа и барем редовна плата, можеби би се преселила.
     
    На nena2010, jovanovska94, Elena69221 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.293
    Допаѓања:
    101.377
    Пол:
    Женски
    @Daydream верувај дека и да имаш свој стан не се мали трошоците, еве парно 4000, струја под 2000 не сум платила, интернет, тв, мобилен 2000 вода 1000 денари некад повекје како кога, храна, куќен совет 500, да не ѕборувам поправки мајстори колку чинат. Па рачунај дека дома треба да чистиш, нема све на готово, кога доаѓаш дома нема зготвено, мораш све да правиш сама а ако не си направила од вечерта ти се темни. Си доаѓаш од работа во 5 скпана уморна дома те чекаат милион обврски околу домот. Не е лесно, затоа велам си има цена. Кој мисли дека може, бујрум. Не е се како во америчките серии.
     
    На Heidi, Daydream и Daleron им се допаѓа ова.