1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот надвор од родителскиот дом

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од marama, 1 ноември 2014.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    Секој има различно сфаќање и различни желби во врска со темава и никому не можам да кажам дека не е во право за изборот кој ќе го направи, но...

    Те разбирам зошто имаш револт од реченицата на Чка „тато носи, мама меси“. На многу теми сум приметил дека знае (Чка не се љути сеа) да напише нешто кое ќе испровоцира или е благо навредливо или провокативно, ама... за друго правам reply.

    Не мора да биде кај сите од тато донесено, од мама принесено, ама живеењето надвор од домот на родителите дава една сосема нова димензија на живеење. Западњаците ги земаат за потсмев, ги користат во вицови луѓето кои се +25 и сè уште живеат со родителите. Да, знам, ние не сме западњаците, кај нас и менталитетот е поинаков, многу семејства никогаш не се одделуваат од родителите, секогаш живеат куќа до куќа, ама истите тие и никогаш нема да дознаат кои се предностите и негативностите на живеење сам на млади години.

    [​IMG]
    Реков и ќе повторам, секој има сопствено сфаќање за напуштање на домот и нема погрешно и исправно, но ако мене ме праша човек, јас секогаш ќе бидам ЗА напуштање. на крајот на краиштата, најубавата работа е тоа, да знаеш дека секогаш имаш каде да се вратиш, ама речиси и да нема човек кој си заминал од дома и потоа се вратил, зашто кога еднаш ќе се напушти домот for good, никој не сака да се врати назад.

    Таа слобода, никој да не те буди сабајле, никој да не ти тропа, никој да не ти преместува алишта, да не мораш да бришеш history на компјутер, да гледаш порно со звукот до даска, да имаш секс со звукот до даска, да готвиш во 3 по полноќ, да не им ставиш вода на цвеќињата две недели и да не ја трпиш мајка ти да ти се развика како си неспособна, како ќе чуваш деца утре и кога ќе се мажиш... тоа е бесценето. :wasntme:
    Dont get me wrong, ама мнооогу луѓе има кои тешко се разбираат со родителите и кога ќе ги доживеат оние моменти во кои тебе ти е ладно и штуро, за нив е празник.

    Но, дури и да не е така, пак сметам дека секој треба да се оддели од родителите на некоја релативно млада возраст, токму за да ги почувствува тешкотиите на животот и навремено да знае што го очекува во иднина, а тоа е тешка работа за преживување, плус грижа за сопствените родители во подоцнежните години на истиот начин на кој тие се грижеле за нас кога сме биле деца. :!:
     
    На Annath и imelda им се допаѓа ова.
  2. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.499
    Пол:
    Женски
    Ова е гледиште од машка страна, секс и порно најбитно нешто, слобода и тоа све, ама еве јас наведов реалност. Тебе може не ти е битно и 10 дена прашина да не избришеш, и дома да ти е како бомба да паднала, можеш во 3 сабајле да готвиш, ама не е се така розево. Има и лоши страни. Затоа велам дека има цена!
     
    На Annath, Doozy, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Откако почнав сама да живеам, почнав да ги разбирам свекрвите и затоа сум често на нивна страна:D
    Сега да ми дојде гостин повеќе од недела дена ќе полудам ми се чини затоа што ми го поместува животецов кој си го уредувам како си сакам и како можам. Претпоставувам во темата не мислете на живеење со цимери затоа што според мене е бетер од живеење со родители. Имаш ли доволно финансии да земеш макар мала гарсониера со партнерот, не се мисли. Тие пари што мислиш дека ќе ги заштедиш седејќи дома, скоро никој не ги заштедил за да му се најдат подоцна за стан, туку се само теоретски пресметки.
    Во Мк порано кога ќе се кажеше дека некој живее под ќирија беше како да кажал дека бездомник е, оти сите нели големи домаќини сме, свои куќи имаме (од прадедо) па срамота беше под ќирии да седиш.
    Така ако размислуваш, во иднина и со свекрвата ќе си седиш цело време иако сте со добра плата, ама зошто да се фрлаат тие неколку илјади за џабе? Не се за џабе, ги даваш за да пораснеш, да созрееш. Додека си дома секогаш ќе бидеш убав/а на мајка и иако учествуваш во сите домашни обврски, сеуште си разгален/а на начин за кој не си свесен додека не си заминеш.
     
    На Captain-Omni, Sky-butterfly и galapce им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Те разбирам Капетане, ама јас во ниту еден дел од мојот пост не ја оспорив слободата што ја нуди животот надвор од родителскиот дом (која ја гледам во многу повеќе од она секс/порничи :lol: ). Само сакав да кажам дека и тие што на 20+ години живеат со родителите, не се толку изгубени во време и простор, па да не знаат сами носот да си го избришат. За утре кога ќе почнат да живеат сами или со партнерот, да не можат да се снајдат. Баш напротив - во мојот случај мислам дека многу работи научив благодарение на животот со родителите, кои можеби немаше да ги научам ако живеев сама. Затоа што татко ми кога и да работи нешто дома, ќе дојде и ќе ме праша: Знаеш чешма да смениш? - Не знам. Е па дојди на научиш.
    И мислам дека од тој аспект би била снаодлива. Јас си кажав дека работата не ме плаши, туку финансиите.

    Јас сфаќам дека не секое семејство функционира како моето, и има многу мои врсници кои ја чекаат првата прилика да се тргнат на страна.
    Нормално дека животот надвор од родителскиот дом е лекција сама за себе, за тоа се сложуваме. Јас единствено истакнав дека многу работи се учат и дома, особено учиш да бидеш флексибилен, па некогаш и да правиш отстапки бидејќи живееш со уште тројца под ист покрив. И следствено на тоа, обврските се многу поголеми.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  5. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Одделувањето од родителскиот дом секако дека носи и позитивни и негативни страни.
    Едната страна вели,уживајте во детството и младоста и не брзајте да созреете а другата вели колку побрзо на раат толку подобро.
    На раат од што?Демек од родителните и животот кој тие ке пробаат да ни го наметнат?
    Живеев сама уште од 18години.
    За некои работи видов голем раат а богами за некои и голем зорт.
    Шала на страна понекогаш и не купениот тоалет на време е голем зорт.:lol:
    Сепак би препорачала на секој кој има можности да проба самостојно да живее да го направи тоа.
    Се што ќе ви биде потешко порано,ќе ви биде полесно во иднина.
     
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Јас па знам луѓе што живеат со родителите за да им помогнат ним. Што имаат примања за да бидат самостојни, ама срце ги боли што не можат да бидат. Посебно па ако се грижиш за родителите, а тие не го ценат твојот труд... Што да се направи во ваква ситуација, кога одиш дома од работа а не те чека топло, мириса на јадење ама на никој не му текнало да остави за тебе иако ти утрово си купил за сите... Се има по светов... Не е секаде тато носи, мака меси. Некаде мама и тато однесуваат повеќе од што донесуваат.
     
    На Captain-Omni му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Пред неколку месеци почнавме да живееме сами со дечко ми во стан под кирија.
    Живеењето надвор од родителскиот дом си има и позитивни и негативни страни.
    Тешко е кога ке се вратиме мртви уморни од работа, а нема ништо спремно за јадење, мора ние да си направиме, без разлика колку сме уморни или колку напорен ден сме имале, ако има алишта за перење, садови за миење и куп работи што некој друг ги правел за нас, сега мораме сами да ги направиме.
    Сметките мораме сами да ги плакаме, да планираме да ни останат пари за храна, за облека, за идење на работа и за сите потреби.
    Ако се расипе нешто по дома, мора да најдеме ние некој кој ке го среди тоа.
    Позитивната страна е слободата, созревањето, носењето свои одлуки, создавање свои правила, свој дом.
    Кај нас во Македонија чудно ги гледаат лугето што донеле таква одлука, по некое "логика" се испокарани со родителите, избркани или не знам што. И ние добивме милион совети од типот-не фрлајте џабе пари, останете си дома кога имате каде да живеете и сл., но одлучивме да си живееме сами.
    И конкретно за нас ова е паметна одлука.
    Сепак е индивидуално, нема правила за ова. Секој треба да го направи тоа што го прави среќен, без разлика дали е живеење со родители, сам, со партнер...
     
    На Captain-Omni и nena2010 им се допаѓа ова.
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.813
    Допаѓања:
    38.290
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 4та година живеам со цимерки, но ме издржуваат моите.Студирам настрана и не сум во можност паралелно да работам и да студирам, така сеуште живеам со парите на моите.Како и да е, животот настрана од родителскиот дом е животно искуство кое ќе те научи на 1001 работа, безразлика дали си го финансираш сам или некој друг се грижи за тоа.Иако тие ми плаќаат кирија и сметки, а и ми даваат џепарлак јас никогаш не сум трошила повеќе од она што ми треба и гледам максимално да си ги организирам парите.Кога си одам дома, гледам да заштедам нешто од предходно за да трошам на излегување, семестрите си ги платив од стипендија претежно, си готвам дома и такви некои работи кои ми олеснуваат.
    Како што кажа Ана безразлика дали ти си настрана или си дома, чистењето и навиката да се грижиш за себе не зависи од тоа дали живееш сам.Јас уште пред да отидам настрана, дома секогаш најголем дел од работата и грижата беше оставена на мене и сеуште е.Мајка ми и татко ми претежно целодневно се на работа, па така се научив да чистам и да готвам за мене и брат ми, буквално летото кога сум дома јас го одржувам домот, мајка ми единствено вклучува перална(која јас ја простирам за сушење) и готви ако јас немам направено нешто.Брат ми цепи и качува дрва, татко ми пазари најчесто и така.
    Како што живеам со цимерки верувајте се сум видела, имав и такви кои не знаат да си спржат едно јајце и дали сјајот за садови се става на сунѓерчето или директно на садот, ваквите никогаш не научија и ете уште се такви, значи тие дома биле се на готово и нормално не им беше убаво настрана, им праќаа храна од дома, се влечеа со нив да бараат станови секоја година и така.Има и такви што способни се во моментот да имаат две деца и да ги израснат без никаква предходна подготовка(ова чисто како споредба)

    Многу е битно да си снаодлив и организиран со пари, јас често знам и да не бидам, па да останам без пари на крај на недела, ама скоро никогаш не барам уште да ми пратат, издржувам јуначки.
    Предност е што се учиш со се сам да се расправиш...се затнал одвод, а немаш пари за водоинсталатор, запрчуваш ракав и вадиш цевки, ти стигнала огромна сума сметка за струја, јадеш секој ден леб и ајвар и штедиш да ја платиш, те изнервирал Рајко, Петко, комшијата од 3ти, не ја праќаш мајка ти да се кара, него собираш сила и распиздуваш се живо и диво:D.
    Ама барем знаш дека имаш викенд кога сите се дома и ти си го викаш дечко ти на забава, знаеш дека секогаш има некој што ќе ти свари чај или ќе ти зготви ручек, секогаш има некој за различен тип на забава.Комоцијата е друга, опуштено е и забавно.

    На сите оние кои се мислат да се одделат од дома им кревам палец, зошто стварно е одлична одлука, со сите маани и предности.
    А и кога се враќаш дома има слави, ручеци, блашко, те гледаат како цар:wasntme:

    И заборавив да кажам дека минимална сума со која можеш да живееш со 3-4 цимерки е околу 12 000, со се кирија, сметки и џепрлк.Има месеци кога оваа сума е поголема, но има и месеци кога и помалку ти се доста.Сепак ако живееш сам, трошоците се многу поголеми каде каде, затоа ако земаш мала плата, препорачливо е да делиш стан со цимер/цимерка, поефтино е, а и позабавно.
     
    Последна измена: 6 ноември 2014
    На Doozy и makedonkamak им се допаѓа ова.
  9. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.721
    Допаѓања:
    4.220
    Пол:
    Женски
    Сестра ми едвај чека да си се одвои настрана, и во ова тотално ја поддржувам, само нема работа па тешко и иде. Вие, што имате работа, макар и со скромна плата, што имате завршено факултет, и имате некој со кого сакате да делите катче, живот, еве не знам што чекате. Да имам пари на сестра ми стан ќе и купам. Не ми пречи ни најмалку, ама гледам дека животов ја прави несреќна. И те како знае да те изнервира мајка ти кога во 8 сабајле ќе и текне да бара нешто во твојата соба. Не иде човек на 20 и кусур години да гледа турски серии со мајка му и татко му.
    Татко ми отсекогаш велел дека треба да се сакаат родителите и домот, да се почитуваат, но никогаш да не се обврзуваме претерано кон нив. Секогаш велел дека кога ќе чувствуваме дека е време за чекор понапред да го направиме тој чекор, знам дека би ме поддржал во се и пак би ме чекал со раширени раце. Да одлучам за некоја година да живеам со дечко ми, верувал дека би гледал максимално да ми помогне, додека мајка ми би била таа која би се секирала што ќе речат комшиите, па како немажени, па ова, па она, па како би се грижеле за себе бидејќи таа секогаш ќе ме третира ко мало дете. Татина галеница сум и секогаш ќе бидам :lol: ама тој размислува на друг начин.
    Сега живеам во друг град бидејќи студирам, си одам едвај на месец дена или повеќе, и дефинитивно е подобро само да се тестираш себеси, да се снајдеш во новата средина, со новите обврски, и на крај кога ќе видиш дека си успеал Mom, I did it:P, се гордееш со самиот себе. Која радост е сам да приготвиш јадење, сам да си ги испланираш парите, па да видиш дека си заштедил за нешто..Една од работите кои ме прават среќна е кога сама ќе си исперам алишта и ќе си се облечам во чисто, наместо да и праќам торби на мајка ми со нечисти алишта. Тука си оставен сам на себе. Ако во средното мајка ми ме будеше кога ќе се успиев сега сама сум свесна дека НЕМА кој, на цимерките не им е гајле, освен јас самата да си помогнам, па станувам пред алармот и може само еднаш се имам успиено.:D Среќа е исто кога на почетокот на месец ќе си купам се што ми е потребно, ми влева некоја сигурност фактот дека имам основни средства за хигиена - најбитно, па останатите пари се распределуваат. Среќа е кога ќе си ја исчистам цела соба и прашина ќе избришам од полици без некој да ме потсетува бидејќи ете, стануваш свесен дека е нечисто и ти смета. Учиш делови, ставови од твојот карактер кои не си знаел дека постојат додека не се најдеш во таква ситуација која си бара да заземеш став, оти ако не заземеш ќе ти се качат на глава. Учиш да размислуваш, да донесуваш одлуки, учиш да кажеш не и да и се спротивставиш на цимерката кога ќе претера. Животот надвор од дома и те како знае да те исчеличи. Учиш да разграничиш - што е правилно, а што не е. Се цивилизираш ако не друго, се прилагодуваш на карактери, добиваш слика за животот. Созреваш.
    За дечковци е поголема слобода дефинитивно, ама па и не е нешто којзнае колкава разлика бидејќи тенки ѕидови во студентскиов, па цимерките не си одат по цел месец и слично....:D :tmi:
    Пред 2-3 години мислев дека не би можела да се тргнам од моите..но сега поинаку размислувам. Кога би било со ТАА личност, во ТОА време, верувам дека не би ми било толку тешко да си посакам мое и негово катче, без да ни е страв дали некој ќе затропа на врата во незгоден момент. Верувам дека главен проблем би биле финансиите. И јас си сакам божиќна атмосфера, си сакам кога сите ќе се собереме, ама тоа е животот, нели, мора и ние да градиме нешто од нашиот живот.
    И дечко ми може сака да си биде сам, да си спијам кај него кога ќе посакаме, ама кога нема работа ќе си чучи дома и ќе чека да му зготват нешто за јадење.
     
    Последна измена: 6 ноември 2014
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    124.553
    Видете... Мора на форум да пишеш нешто што ке провоцира реплика, ако сите се сложиме дека секој има свое мислење и дека нема што да дискутираме, онда ајде монографии да пишуваме, да си одиме од тука.

    И не, не сте џаболебари, Каренина. Не е чистењето дома осамостоојување. Не е готвењето дома осамостојување. Снаоѓањето сам во одредени ситуации во животот е осамостојување.

    И Капетане, и женските гледаат порно и имаат секс гласно. И ние сакаме да си дојдеме во 3 саат наутро со дечкото и да пуштиме музика и да имаме секс. Ако мајка ми е во собата до мене, ке треба да имам секс како глушец - читај, толку брзо што ни воздух нема да земам.

    Како и да е, јас останувам на ставот дека секое дете треба да живее само еден период од животот, независно од родителите. Во спротивно имаме мажиња кои не се одвоиле од мамичка, а кога снаата ќе дојде, треба да живее по правилата на свекрвата и свекорот. Патријархатот одамна заврши. Сакаме да бидеме Европа и Америка, ама под ист кров со мама. Во Америка е срамота на 18 да седиш со родителите. Кај нас е срамота да си отидеш.

    Иначе, деновиве ми текна на една македонска песна, черешна се корен корнеше. Во неа битни делови за македонските моми се - мома се од мајка делеше, а особено пак - досега сум слушала мајка, одсега ќе слушам свекрва.

    Јас не го сфаќам животот како период во кој слушаш мајка, па слушаш свекрва. Кога ќе се слушаш сама себе?
     
    На SexiLy, sanja.burgundy и Captain-Omni им се допаѓа ова.
  11. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Дур ги слушаш двете,ке обрнеш внимание и на себе.
    Сум слушала и мајка,почитувам и свекрва,но секогаш гледам јас што сакам и пробувам тоа да го добијам без никого да навредам.Годините си го прават своето.
    Ми се чини дека ако им дозволиме,цел живот нема да престанат да ,,управуваат,, со нашите животи.
     
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Убава паралела сте направиле.

    Јас имам живеено надвор од Македонија некое време заедно со вереникот. Повторно се вративме ради причини поврзани со домот и останавме да живееме во нашите домови како засебни индивидуи.
    Она што можам да го потврдам е дека навистина има домови како што спомнаа погоре дека се мрчи за се`:
    Чистење, поливање цвеќиња, гласна музика, досетки за гравот и (не) способноста да се заврши некоја работа која што во моментот не е битна, ама за родителите е пресудна за иднината.

    Во мојот дом кој го делам со мајка ми, таквите работи се одамна избледени. Ние сме всушност цимери.
    По пола плаќаме сметки и храна, поделени се обврските, мојата соба и уште две се моја обврска, перењето е нејзина, готвењето е моја. Јас сум рамноправен член, возрасен каде што родителот е запознаен и доколку заглави на било каков начин има рамо, односно потпора да се обрати, за да му се помогне. Така што муабетите како: дигни тоа чорапите, зошто толкава сметка имаш направено или имам кредити за плаќање, немам пари за штикли да ти дадам, се завршени во 20 - тата година од мојот живот.
    Затоа сметам дека нема потреба од остри реакции кон оние што сеуште живеат со родителите бидејќи другите не се запознаени со нивното домашно уредување или евентуално располагање со финансиите, освен ако станува збор само за блиска личност.

    Инаку, подобро е да се осамосталите, меѓутоа имајте предвид дека подобро е парите за кирија да бидат рата за станбен кредит. Зошто да полните некого со пари, кога ратата за кредит за стан е приближно иста со месечниот износ за кирија?
     
    На Doozy, Daydream и galapce им се допаѓа ова.
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Во право си но само во случај кога имаш да го дадеш во готово учеството за станот,а тоа не е мала работа.
    Не верувајте баш дека ратата е колку киријата доколку претходно не ја дадеш едната половина од сумата како учество.
    За да се осудиме на ваква работа колку толку треба да имаме сигурна работа,а тоа денеска не постои.
    Јас и покрај тоа што наредниот месец здравје боже на ваков начин ќе ја отплатам последната рата,само ке кажам дека не сум спиела мирно одкако се наатив на овој чекор.И немаше да се усудам доколку моите не беа колку толку ситуирани,со стабилни плати и работа,но и дополнителни приходи за кои вредно работат.
    Да бидам пократка,ако немам грб сеуште ќе плаќав кирии.А ги плаќав 12 години.
     
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Се осамостојуваат тие што имаат услови за тоа, а под осамостојување подразбирам самофинансирање; а не финансирање од страна на родителите, додека се живее во друг град заради студии и сл. Тешко е некој да се осмели на таков чекор, посебно млад човек, ако нема стварно добра плата, од која може да ги покрива сите трошоци и пак удобно да живее.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.
  15. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.313
    Допаѓања:
    101.499
    Пол:
    Женски
    А бас мислев пишувам во другана тема кај што ме тагнале :lol::lol:
    Живот сам е раат. Раат. За короната ја земав мајка ми кај мене а бе ќе се шекнев..
     
  16. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    21.521
    Пол:
    Женски
    Самостојна е да не живееш со цимери.
     
  17. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Шо значи сите си имаме дефиниција за самостојност, заедница, приоритети итн :)
     
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    21.521
    Пол:
    Женски
    Самостојност не е само да не жвеете во заедница, туку да не чекате свекрва да даде стан под хипотека поради кредит и мама да полни багажник со зеленчук и месо.
    Тие што живеат во заедница се посамостојни затоа што си плаќаат сметки и полнат фрижидер сами.
     
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.981
    Допаѓања:
    261.042
    Па кој им плаќа бе Анушка на овие што земале кредит? И рати и сметки? :)

    И од кај знаеш кој им плаќа?

    Може и ние под кирија не сме самостојни, оти станов на некој газда е па од љубов ни го дава.
     
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    4.836
    Допаѓања:
    21.521
    Пол:
    Женски
    Тоа не знаеме, ама и тие што се удираат во гради се сами постигнале, од каде знаат дека свекрвата плаќа сметки? Па јас уште пред да се омажам моите никогаш не ми побарале, па ете од мерак ќе купев нешто храна и ќе платев или вода или струја.
    Секој сака сам ама толку ни се можностите, и кај моите при толкава куќа што ретко и се гледавме, секој на работа, зошто да одам под кирија? Ај да бев од помал град па во Скопје да работев ок.
    Ама неможе некој да каже моите ме ранеле кога работев и допринесував, не живеев на нивен терет.
    Подобро со моите што живеев отколку со цимери (рандом личности со различни карактери), со моите и да се скарав, ќе се смиревме, не ми мислеле лошо.
     
    Последна измена: 23 јуни 2023
    На Alexandrite му/ѝ се допаѓа ова.