А зошто мислиш дека се збори за тебе побогу? Со цимери имам живеено 6 месеци, пошо бев у друга земја, еве мене не ми беше лично толку трагично, ниту па се каравме. Секој си знаеше што му е обврска. И со моите можам да живеам и ќе се скараме и ќе се смириме, ама кога не живеам со нив немаме повод за карање за да се смируваме. Еве ти пример од денес. Речиси секој петок заедно ручаме, така ни е традиција откако се отселив. Доаѓам од работа и викам леле жешко ми е, на татко ми не, не, не е жешко. Него никад не му е жешко, мене у зима ми е жешко. Да треба секој ден вака, ќе се нервира едниот или двајцата, и тоа е само ситен пример од секојдневие. Вака си викам батали, пола саат седам и онака и си одам. Не викам дека се луѓето криви, јас сакам свој ред да терам, како што пишале наназад, да спијам кога сакам и каде сакам (дневна или спална), да ми е 18 или 35 степени дома, да ручам што сакам и кога сакам, во 3 сабајле ако ми се пие кафе да правам, ни кога искачам ни кога се враќам знае некој. Ни кога машина сум пуштила, ни зошто у сушара сушам а не на сушарка. И ова се' се ситници, ама значат слобода. За мене. За некој може апсолутно ништо не значат. Исто како ти сметки плаќам и храна купувам, впрочем како и сите останати. И јас мислев дека сум способна за се' дур не останав сама, и не дека не бев, ама сега ништо не ме плаши, пошто секакви ситници и покрупни работи морав сама да ги решавам, и мислам сама без ничија финансиска помош. И не може тоа да се објасни ако не си го живеела, и мене до пред некои 4 години ми беше доста апстрактно. Многу си ги сакам родителите, ама да се вратам не сакам, освен не дај боже болна да легнам и да немам избор. Здрава дур сум, фала ќе се гледаме на ручек и кафе со најава од двете страни.
Тоа е точно, ние со мм неможеме да се погодиме, не со некој друг, на мм сред зима му е топло, мене сред лето ладно хаха, и еве пример од денес, дојдов порано од работа, мм после 1 саат, велам ај на тераса да мезиме, мм не топло е и внатре пушти клима, кога сме со повеќе души тешко да се погодиме, а за цимери го кажав во контекст дека се удираше во гради самостојна била, епа не е тоа самостојност кога делиш сметки со некого, а на други членки им пишува свекрвите им плаќале сметки. Пример да живееш со родители можеш да им кажеш што ти смета, еве мене ми смета пушење внатре и моите не поради мене, туку иако беа пушачи не пушеа внатре, а цимери и да ти смета нешто не би направиле такво нешто. Така да има разлика од цимери и од родители.
Ете тоа си е твое искуство, ама пример мене и да ми речат да не пушам дома, нема да пушам може во дневна, ама во собата која е моја ќе пушам, нема да искачам на +40 и -20 надвор, пример. Ај моите се пушачи па таков проблем не би имала, ама и да не се, сигурно тука ќе има држ-не дај. Затоа маж строго пушач сакам Со цимери е исто, со тоа што не те боли ако се скараш со цимерот оти не ти е ништо, ама ако се скараш со мајка, татко, свекрва, брат боли, пошто постои емотивна врска која кон цимери ја немаш. Инаку со маж ти делиш сметки, па така ти е "цимер". Јас со бившиот вереник делев. Затоа и кризирав на почетокот сама, ама сега сум ок. И јас кога живеев кај моите се нудев, не прифаќаа пари од мене, па своите сметки реално ги плаќав. Инаку да, одев да испазарувам оти сами не ми кажуваа, па со мој ум, ајде да не бидам толку терет, бар од маркет ќе испазарувам за сите.
Признај вечно држ - не дај. Не знам како би живеела со непушач, т.е. тој со мене. Ај ќе попушти, Ајкос влечам
Другарка ми така има направено Пошо маж и' и нормално детето не пушат, тераса климатизирана има за пушење и кафе специјална