1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот на висока нога

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ModernMuse, 20 јануари 2016.

  1. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Ме интересира што за вас значи живот на висока нога во границите на нашата држава? Во дискусија со неколку мои блиски пријателки наидов на многу интересни и сосема различни мислења па би сакала да ги слушнам и вашите:) Се надевам нема слична тема на оваа:)
     
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.081
    Допаѓања:
    11.225
    Еве јас имам пријателка на фб која нон стоп патува, шета, нон стоп е средена, облека различна секој ден. Ќе ја видиш во Охрид, во Берово, па оттука во Австрија, во Црна Гора, два пати летоска оди на море на одмор во две различни земји. зимува во два различни држави. Тоа за мене е живот на висока нога, луксуз кој многумина не можат да си го дозволат. Носи брендирана облека и не знам дали едно парче го носи повеќе од 2-3 пати на себе.
     
    На senza.parole, Valentina.Vaki, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.547
    Пол:
    Женски
    Живот на висока нога за мене значи да си толку богат за да можеш да си дозволиш да носиш скапа облека, накит, да патуваш некаде каде не може секој обичен смртник, дури и домот ти е перфектно среден, имаш најразлични фустани и обувки чиниш дома се има цела една соба гардеробер а не еден плакар. Секогаш модерни, дотерани. Секогаш се убави, нормално, нели нема грди луѓе има само сиромашни.
     
    На senza.parole, Valentina.Vaki, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Со оглед на тоа каде живееме и колку ни се можностите ретко некој тука живее на висока нога. Ама има и такви. Под живот на висока нога подразбирам да имаш многу пари, да летуваш и зимуваш секоја сезона, да носиш брендирана облека и акцесоари. Дома зошто би јаделе кога би можеле да одат во ресторан?
    Да има убаво средена куќа и неколку стана во дел од градот.
    Познавам вакви луѓе како што спомна @Tanjamm . Нив сè им е средено во животот и не се замараат многу. Сè им е дозволено и приуштено, некои и се коцкаат и висат по дискотеки и кафичи по цел ден и цела ноќ. Во какви личности ќе се развиат тие еден ден времето ќе си покаже.
    Меѓутоа познавам и луѓе кои скромно живеат. Да, имаат убави и скапи станови, а да бидеме реални и ние да имаме и ние ќе си купиме скап стан. Како што реков живеат скромно и воопшто не се дигнати, ниту се ценат. Не патат од брендирани облеки и акцесоари, ниту пак скапи одмори. И многу се фини, тоа морам да го напоменам.

    Сите луѓе се различни. Јас би рекол дека онаа фамозната „Парите се отепувачка“ важи за оние луѓе кои не ги ценат парите и се расфрлуваат на сите страни.
     
    На senza.parole, tamche995, Abrakadabra и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Тие што имаат многу пари немаат потреба да се фалат колку имаат. Најчесто тие што добиле лесни пари или не ги заработиле сами туку ги наследиле од родителите или нешто слично се фалат биле на летување, зимување, имале ташна ваква или онаква. Ајде ве молам па тие што си заработуваат сами знаат да ги ценат парите и немаат потреба да се фалат.
     
    На senza.parole, crazylady, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  6. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Не ми беше поентата тоа кој се фали со парите, кој не. Туку едноставно сакав да позборуваме за лајфстајлот, како вие тоа го замислувате во Македонија @Среќа :)
     
  7. Црвче

    Црвче Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    563
    Пол:
    Женски
    Живот на висока нога имаат луѓе што трошат пари денес не грижејќи се дали ќе имаат за утре. :cash:
     
    На Lolo5, Lotus-14, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    На висока нога се тие што се луксузираат, секој викенд шетаат насекаде, се носат со скапа облека, имаат голем број на пријатели, возат скапи коли. Тие живеат на висока нога. А ако ги прашаш, другите луѓе за нив скоро и да не постојат. А каму ли пак некој посиромашен. Тој за него е дух.
    Јас така ги знам тие што живеат на висока нога.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Среќа

    Среќа Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    2.568
    Пол:
    Женски
    Кај нас во Македонија за тие што стварно живеат на висока нога како што и гласи темава најчесто малку знаеме што и како прават баш поради таа причина што си работат и си живеат како сакаат без некому да му даваат сметка за тоа. А тие што си замислуваат дека живеат живот на висока нога тие се за жалење. Како што прочитав некаде има телефон од 30000 а најчесто проверува рапоред на ЈСП. Мислам дека тоа е трагично. Каде на интернетов сте прочитале за најбогатите луѓе во Македонија да се фалат имам 5 куќи, 3 стана, јахта или ова ми е новата ташна од толку и толку евра. И за се тоа што имаат на fb или било каде да ставаат слики.
     
    На Glasna, Cheryll, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  10. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    Живот на висока нога според мене е оние луѓе кои одат секој викенд на одмор одат три пати во текот на летото одат на одмор и тоа во различни земји,купуваат брендирана облека,возат скапи автомобили,на излегување трошат огромна сума на пари и ред други работи.
     
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Јас одам 2-3 пати во текот на летото на одмор. Возам просечна кола, имам просечна плата, не се облекувам со костими, брендирана гардероба, неделно трошам до 500 денари. Дали јас живеам живот на висока нога? (facepalm)|(:^)
    Ова со одморов....(facepalm)
    За два одмори лани потрошив вкупно 500 евра. Додека па некој оди на 3 одмори и троши од еден одмор 500 евра.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    6.428
    Пол:
    Женски
    Живот на висока нога.
    Наместо да јадам дома - ќе одам во ресторант.
    1. кога ќе одам во ресторант нема да јадам било што, туку ќе нарачам повеќе отколку што ќе изедам (без разлика на цената) и од се ќе апнам по малко, и ќе направам повеќе зијан и ништо нема да си завијам за дома :D
    2. на кафе, место макијато или нормално капучино ќе ги пробувам сите коктели и сите новитети.
    за да се живее на висока нога или се има многу пари, или сите тие кои се имаат и се немаат се трошат до крај и се влегува во дупката.
    3/ кога купуваат намаз за јадење, земаат само А-Бе-Це :)
    (моментално сум инспирирана од храната)

    некои луѓе можат да си дозволат, и си го прават тоа
    некои не можат да си го дозволат, ама изнao;аат секакви начини за да покажат дека имаат многу повеќе отколку што имаат. За жал страдат од комплекси.
    ама и двете категории на луѓе живеат на висока нога.
     
    На Victorian, SnowWhite8 и PogbaPol им се допаѓа ова.
  13. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.339
    Пол:
    Женски
    @Marick14
    Не станува збор за два одмори кои чинат 500 евра или еден одмор кој чини 500 евра.Има луге кои трошат многу повеќе пари за еден одмор а тоа не чини 500 евра туку многу повеќе.
     
    На ModernMuse и Mr. Right им се допаѓа ова.
  14. PiaMia

    PiaMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2015
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    626
    Пол:
    Женски
    За мене, кај нас живот на висока нога живеат тие што имаат одвишок пари и не знаат што да прават со нив, па ги трошат на се и свашта.
     
  15. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со сите вас до некаде. Уште нешто сакам да прашам:D Дали сметате дека луѓето што имаат пари да вложуваат во себе, вложуваат месечно во животно осигурување, имаат штедни книшки за своите деца спаѓаат во оваа група?
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ne.
     
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Под живот на висока нога подразбирам размазени личности, имаат пари, фураат стил не се замараат, ама, ама памет немаат.
    Има такви што имаат пари, ама сепак им фали нeшто. Секако дека ќе им фали зашто се им е купено со пари, па најважните нешта не се купуваат.
     
    Последна измена: 21 јануари 2016
    На elisabeta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.259
    Пол:
    Машки
    Нормално дека не спаѓат. Не значи дека само богатите имаат штедни книшки во банка за себе или за своите деца и дека вложуваат за себе и својот имот.
    Денес скоро сите родители имаат штедни книшки во банки за своите деца, ги собираат парите што им ги даваат за утре да си го обезбедат детето дали за образование, облека или патување е сосема небитно. Еве, на пример јас од летото си имам отворено штедна книшка во банка и собирам пари за да имам во иднина. Секој месец двојам пари и си ставам на книшката. Штедната ми е урочена на 5 години, така да ќе соберам убава сума на пари што првично на ум ми падна да ги искористам за убаво патување. Дотогаш нека се множат само. :D
     
  19. ModernMuse

    ModernMuse Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    504
    Пол:
    Женски
    :D:D
    Не дај боже да ти е урочена:D:D:DПрашав затоа што наидов на мислења дека кај нас ретко кој има да одвојува секој месец за вакви издатоци па ме интересираше туѓо мислење. Луксузирање ли станува нешто што би требало секој да може да си го дозволи?
     
  20. Askopje

    Askopje Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    547
    А јас пак знам луге што живеат на висока нога,патуваат,шетаат и се секогаш средени и дотерани,а се во минус на кредитни по 10 000 евра.Познаваат многу луге мегутоа со сите се лигави и тоа им се пријателите од кои имаат потреба за да им завршат некоја работа,само за тоа се дружбите.
    По светов ги има секакви.
    Знам и такви што надвор се стално средени наместени све им е топ и рамно,се шетаат и често патуваат, а дома што се викаат немаат пари за леб.Многу од лугето се поставуваат вака денес,надвор се стално насмеани и се им е комплетно,дури да им позавидиш а дома никој не ги знае како им е.И јас стварно неможам ваквите да ги сватам. :^)
     
    На crazylady, LaraSolare, Nausicaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.