Според мене имаш погрешно сфаќање. Сиромашниов гад го направи и се би направил за да дојде до пари, а другиов е цвеќе за мирисање.
^Не ми дискутира зашто не разбираш,богатиот пет денари нема да даде на сиромашниот,а сиромашниот и последното лебче ќе го подели со останатите. Немаш потреба да ме носиш на локации ти,многу повеќе имам видено и доживеано од тебе. Знам што е просјачки стап,а што значи висока нога.Се на тацна вие дадено а врз останатите сте полни со себе,се иживуваат.Сакаш да те однесам на места каде богатиот буквално го бутка сиромашниот. Само изрази желба. А за крадење ако гледаш дека сиромашкиот краде,мислиш богатиот не краде?
Да бидеме реални, живееме во земја во која е луксуз и 10 дневен одмор во Грција. Затоа малце ги мешаме поимите. Секако дека има и богати луѓе кои се присебни и паметни, но тоа се оние богаташи кои со сопствен труд и најважно, легално го заработиле богатството и знаат како е да немаш. Си го ценат тоа што го заработиле и не се расфрлаат. За жал во нашава држава на прсти можеме да ги изброиме таквите. Другите се воглавном, ќе си земам за право да ги наречам криминалци. Богатство стекнато преку прикривање данок и слични криминални дејствија. Имам познанички кои на 20 години го свртеа светов, летаат со прва класа секој месец,опремени со станови и куќи во најелитни населби низ Македонијава, бесни коли и скапи телефони кои ги менуваат секоја месечина. За гардероба не ни правиме муабет. И јавна тајна е дека тие пари кои ги трошат се заработени нечесно. И да, простички се. Како да ви кажам, луѓето кои се посиромашни имаат поголема желба да успеат во животот и многу повеќе вложуваат во себе, во нивното образование, затоа што знаат дека само тоа може да ги избави од сиромаштијата. На оние побогатите се им е скоцкано и ретко кој се труди да се замара со учење, студирање... Тие си го шетаат светот и си уживаат во животот. Впрочем не е само кај нас вака, вака е низ целиот свет. Е сега за муабетот со телефонот,пак нели мора да се нагласи фактот дека живееме во Македонија и дека еден таков телефон е 1,5 пати поголем од просечната месечна плата. Откако ќе ја направат таа покрупна инвестиција, како ти што ја кажа ( само кај нас може телефон да биде покрупна инвестиција ), дома немаат пари леб да купат. Битно се опремиле со телефон за сликање пред излегување. Телефонот ги направил среќни ( како тебе шминката ), а тоа шо цел месец треба да гладуваат и да се стискаат не е битно.... Секој треба да се научи да си ги испружи нозете колку што му е долга чергата.
Ama ti navistina nishto ne sfakjash, duri i smeshno mi e shto voopshto se obidov da razgovaram . Prashanje na karakter e dali nekoj kje donira, dali kje bide skrzhav ili dali ako gi ima parite kje gi rasfrla na gluposti. Dovolno e toa da ti vleze vo glava ako slabo ti odat poshiroki filozofii. I ne mora nekoj da se prepoznal nekade za da izrazi mislenje sprotivno od tvoeto. A, okolu navredliviot ton so koj se obrakjash... ne deka ti go sfakjam za ozbilno , samo drug pat ne se pali, smiri tenzija vo sebe, raschisti misli, duri posle pishuvaj na forumot, za da ne gubime vreme na nelogichnosti kako shto chesto biduva koga si involvirana.
^Жалам што погрешно ме протолкува и си сфаќаш како ти одговара. Очигледно болдот те повредува.Добра ноќ.
Оф оф до утре сабајле вака ајде сиромашниот сам си ги заработува парите си работи чесно а додека богатиот што прави?си живее живот едноставно и баш га брига за све бре.Па уште не дај боже да види дете на улица како проси и ке ти рече ја немам за мене не па за тебе а гледаш полн новчаник ие пари што значи неке да помогне така?хах,секој си гледа за негов гз се извинувам на израз ама тоа е реалноста,таква е и сум видела секакви работи и случки од секакви луге така да више ништо не ме чуди денеска .Па ако имаш и можеш да помогнеш помогни,ако не не одмагај.
Ај вака без разлика дали ова што ке го кажам е за тука или не небитно сепак ке кажам еден дедо се бори за парче леб да има ,што значи проси,го гледам со месеци кога имам стално му давам без разлика колку ,поминува си некоја теткица и ми вика на уличари даваш пари молам? хаха само се свртев и и реков срамота ти си жено бесчуствителна жалосно за такви како тебе.Се навреди епа нека ја вистината боли.Зашто да не помогнам на некој човек кога можам искрено ме благослови фала му господ нека му помогне повеке дај боже
Има луѓе што ќе го поделат последното парче пица со некого,а има и луѓе што само ќе го плукнат. Не е прашање на карактер до менталитетот е.
Ние сме сите луѓе некој живее поскромен живот,некој полуксузен сите утре ќе отидеме под два метра земја.Но за жал тука кај нас во Македонија луѓето те гледаат според тоа колку пари имаш не им е битно карактерот битни се само парите.Ама не се свесни колку е тоа само бедно Извинете можда бев малку избац ама морав да се изјаснам за ова
Така е макгрл. Се изјаснив и јас дека за жал имаме и такви кои иако не можат да си дозволат скапи работи пак купуваат. Еве ги спомнав денешните деца. Секој втор-трет го гледам со ајфон, а дома ѕидовите им се рушат.
Македонците се народ кој не гледаат за себе тука гледаат за другите ако јас,Јанко,Петко сме имале ајфон скапа кола мора да има он без разлика дали дома има да јаде леб и дали му се рушат ѕидовите.
Побитни им се телефоните отколку зидовите.Има и такви случаеви кога ке им падне ке ги прашам тогаш дали ке купат ајфон ее моја чудесна македонија
Ние сме народ кој не гледа за себе него гледа што прават другите па и тој,а не свесни до кај им е чергата а до каде ѓи спуштат нозете