Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот на висока нога

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ModernMuse, 20 јануари 2016.

  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Мене сè ова ми личи на натпревар искрено. А и ти што рече таквите повеќе се ценат, за жал. Само жално е што родителите од уста вадат за тие да имаат од убаво поубаво и пак се незадоволни и исфрустрирани.
     
    На buba4e89, Quuen, makgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. nadja.d

    nadja.d Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    220
    Темата овде е “Живот на висока нога“ ,а не дали се подобри богатите или сиромашните.
    Како и да е,живот на висока нога не значи само да имаш пари.
    Значи образование,култура,стил ,со еден збор начин на живот.
    Значи да имаш елементарна култура.
    Значи да отидеш на опера во Виена, на ракомет во Краков,на одмор на некој остров за кој никој и не чул тука и тоа без да се пофалиш на Фејсбук.
    Значи да пиеш шампањ затоа што ти е тебе убав,а не зашто така требало.
    Или го носиш во себе или не.
    Се друго е само комотен живот или филмови правење.

    И да, не ги навредувајте сепак побогатите,сепак во голем дел тие се потрудиле и измачиле за да добијат покомотен живот.Малку се тие што им паднало се од небо.
     
    На Feminka192, ForeverYoung, Doozy и 25 други им се допаѓа ова.
  3. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Е ова што го имаш напишано навистина ти вреди.Неможам да ѓи разберам тие луѓе што мислат дека ако е богат значи или крадел,или наследил од родители,или пак евентуално му паднало од небо (facepalm)
     
    На Avery, lovemme, LaraSolare и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.844
    Пол:
    Женски
    Секој родител сака своето дете да има се во животот да не му крати ништо ама како што кажа ти има и такви што дури и животот да го дадеш за нив и тоа ке им биде малце.Епа ако тие малце заработувај си сам па имај си што сакаш после.Толку
     
    На buba4e89, Quuen, makgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.711
    Пол:
    Женски
    АМИН!!!
    Конечно некој да ја свати темата
     
    На jovanovska94 и nadja.d им се допаѓа ова.
  6. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    За жал такви постојат.Но еден ден можеби би разбрале што се правеле нивните родители за они да имаат ајфон,да одат на одмор,да им обезбедат еден скромен живот..

    Некој од денешниве деца само за богатство сметаат ајфон,пари,компјутер а всушност незнаат дека некој деца би ѓи дале сите свои ајфони,компјутери и се само за да имаат родителска љубов и грижа
     
    На SimonaTino, buba4e89, Quuen и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Добро, мaлце зaбегaвме oд темaтa aмa зaрaди сјдгo oтиде вo другa кoнoтaцијa.
     
    На buba4e89, Crna Dama, makgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    67.198
    Која ви е логиката мајке ми, се жалите дека сите ви се мешаат во животот ваш, а самите пишувате како да си ги трошат парите луѓето. Па што ви боде очи вас што некој трет се фали дека има, а всушност живее на кредит? Не е мешање тоа?
     
    На Lolo5, Doozy, Jordanovska-K и 9 други им се допаѓа ова.
  9. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Jas ne bi rekla deka zhivot na visoka noga e nekoe patuvanje nadvor od drzhavata ili poseta na rakometen natprevar vo Krakov, bidejkji toa e sekojdnevie za sosema prosechen gragjanin na porazviena zemja. Zhivot na visoka noga e koga mozhesh da si dozvolish prestoj vo skapi i luksuzni hoteli, posed na nedvizhnini vo drugi drzhavi, privaten avion, bilet vo svechena lozha na sportska ili nekoja druga manifestacija i t.n. I pred nekoj da reche "ama ova e Makedonija", vakvi lugje kakvi shto opishav ima i vo Makedonija. I tochno e deka ne se falat mnogu, karakteristika na bogatite lugje e da si gi krijat navikite i mozhnostite poradi sopstvenata sigurnost.
     
    Последна измена: 23 јануари 2016
  10. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Да точно е дека има вакви луѓе во Македонија но знаеш ли секогаш според луѓето што направиле тие за да станат богати?
     
  11. makgirl

    makgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2015
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    2.104
    Пол:
    Женски
    Ние сме сите луѓе (без разлика на класата) но ретко кој е човек.Човекот ако има срце и карактер нема да има врска дали е богат или сиромашен.Ама оваа баш и кај нас не е практикувано е јас ова сакав да кажам
     
    На Crna Dama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.002
    Допаѓања:
    51.830
    Пол:
    Женски
    Вашето лично искуство и субјективно мислење ги сметате за апсолутна вистина и тоа е проблемот што во темава не може да се развие нормална дискусија.

    Сите сакаат пари.
    И јас сакам пари, и вие сакате пари, и тој сиромашниот што не може да си ја прехрани фамилијата сака пари, и тој со ајфонот исто.
    Нормално дека има и други важни работи во животот, ама светот едноставно така функционира и за удобен живот требаат финансии.

    Се гледа од километар кој колку може, и кој колку работи. Дали некој се родил под среќна ѕвезда во богата фамилија или треба да почне од нула, понатаму во животот неговите способности излегуваат на површина.
     
    На Hipster, Doozy, Jordanovska-K и 13 други им се допаѓа ова.
  13. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Живо ме интересира како успевате да дојдете до вакви, aj да не кажам "ограничени" заклучоци.
    Заклучок бр. 1 - Богатите мамини и татини дечиња само ги трошат парите и го шетаат светот. Види ги ти нив, растурокуќници!

    Не е до ѕвездата под која се родил, до паметот е. Има млади луѓе кои просат наместо да најдат пристојна работа ама затоа има и личности кои потекнуваат од богато семејство, ама аплицираат на најпрестижните универзитети низ светот кои имаат повисока цел од шетање на светот.



    Живот на висока нога е имање доволно пари да си ги исполниш желбите. Да не размислуваш, сметаш и планираш колку да потрошиш денес, за да имаш и утре или до крајот на месецот.
    Не зборувам за алчност, туку за лагоден живот.
     
    На Doozy, Jordanovska-K, Sanjichka007 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Темата е живот на висока нога меѓутоа отиде во сосема друг правец, те читам @buba4e89 и се прашувам од каде толку многу омраза во една млада личност како тебе, не верувам дека си имала многу лоши искуства со богатите луѓе зашто си премногу млада, претпоставувам дека некои си луѓе што исто така немаат некое си искуство со малиот процент на ваквите луѓе ти ја напуниле главата и ти ја отруле душата или пак си искомплексирана особа, завидува и неможе да ги поднесе богатите луѓе, гневна си, полна со омраза, се додека ги имаш овие работи во тебе, во твојата душа, ти нема да бидеш целосно среќна и исполнета. Се прашувам како ти утре ќе работиш во фирма на богат човек ? Зарем секој ден ќе одиш нерасположена на работа, полна со омраза ? Од каде тебе ти е тоа дека богатите луѓе се глупи, лоши, размазени и се им е на тацна дадено ? (facepalm) Тука многу грешиш, за да имаш пари и да бидеш богат треба да имаш многу памет и кликер, мозочето треба да ти работи триста на саат, зашто ако неработи мозочето може преку ноќ се да отиде, тие и кога спијат размислуваат, зашто тој глуп богаташ треба на 1 ви да обезбеди плати за 100 луѓе, 100 фамилии храни, и ти ќе кажуваш дека е глуп, прост...??? Млада си, потрудисе, па дај боже и ти да станеш еден ден ваква глупа богаташка што тебе 100 души на 1 ви ќе те гледаат во очите. Гледам не си упатена кон некои работи па морам да ти кажам дека богатиот веќе го дели лебот со сиромашните, а сиромашните ако не се задоволни нека бараат помош од државата, постојат цели институции, државата им служи на граѓаните а не поединци богати луѓе :)Сега мене ми текна аххх изгледа ти гледаш многу вести :D И неможеш да му дадеш власт на богатиот зашто тој веќе ја има :) можеш да му дадеш власт на сиромашниот за да видиш каков ќе биде:Dна сиромашниот да му дадеш власт е тогаш ќе видиме сите што е иживување, посебно некоја ко тебе, лелее, кузна што ќе ни се случи :tmi:
     
  15. mila1111

    mila1111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Женски
    Така е, и многу од нивните деца работат кај нив во фирмите уште пред да го завршат нивното образование, работат повеќе од било кој друг во фирмата
     
    На makgirl, crimson и joy1 им се допаѓа ова.
  16. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    И за да си криминалец треба петља.Не може секој да прикрива данок, да работи со дрога и ред други нечесности.Ама затоа секој има избор, ако му одговара на некој и ако е во состојба толку да мрази и завидува, ајде да го видам дали го може истото.Сите знаеме како завршуваат таквите криминалци и нивните богатства и на таквите ама ич не завидувам.

    И мислам дека само во Македонија е она правило, да завршиш средно и оп ајде на факултет мора сите.Јас имам пријатели од многу делови од светот,некои планираат да запишат факултет ама сеуште сметаат дека созреваат и се осознаваат себе, патуваат и работат, а не ја исклучуваат можноста некогаш да се запишат на факултет.Не велам дека нема прости богаташи со купени дипломи или општо богаташи со прости манири, ама простотилукот нема врска со парите.Реално јас да имам небројани пари ќе им дадам на децата да патуваат, купуваат...Кој родител не би?Мене родителите имале да ме пратат на екскурзии,или самостојно на некои колку толку блиски, а сепак светски дестинации со автобус или економска класа, на побогатите од мене имаат да ги пратат на подалечни локации со прва класа.Чинот е исти и тие и тие сакаат децата да ги задоволат.

    Секој треба да се научи да си ја гледа сопствената черга.Во Македонија од не знам која причина многу луѓе очекуваат полагање на сметки.Некој купил ај фон и може леб и сол да јаде цел месец, не е ничија работа.
     
    Последна измена: 23 јануари 2016
    На Hipster, Doozy, Jordanovska-K и 7 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Очигледно по долгиов текст заклучив дека ако кажам што имам сум секаква. Ти благодарам за секоја навреда многу кажувс за тебе како личност, јас би те прашала човек си или? Јас мислам нема човечност во тебе, штета. Зборуваш за мене, а за себе да си гледаше и да си кажеше не ќе да е лошо. Од вакви квази текстови и личности ми се гади.
     
  18. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Па ајде ако не да не дискутираме за ништо пошто се смета полагање на сметки или душкање во нечиј живот.
    На кафе излези, најпрост пример, има луѓе што цел ден влечкаат едно кафе од 50 денари ама битно со најнов телефон на маса. Не е душкање, ова е секојдневна појава кај нас.
    И пак морам да го споменам фактот дека живееме во Македонија нели, каде што како богати се гледаат и тие кои патуваат со економска класа само поради фактот што имаат пари да излезат од земјава. Секаде на друго место ова се смета за просечен живот, да можеш од време на време да си дозволиш викенд некаде или годишен одмор.
    Околу тоа со студирањето се согласувам, мада мислам дека го гледаме од различен агол. Не е дека некој не може да се пронајде во живтот па затоа не запишал факултет, туку не осеќа потреба да се стекне со знаење во некоја област, бидејќи реално нема да му треба. Ќе отвори некој бутик или кафиќ и со загуба ќе работи, колку да работи нели, пошо финансиски е обезбеден и не му се секира. Факторот ризик менува многу работи во животот.
     
  19. Blissful

    Blissful Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Има една емисија, не знам на која телевизија оди и се вика Живот со Стил. Девојчето што ја води си замислува дека го живее и промовира тој живот со стил, или како што вика темава - живот на висока нога. Отсекогаш сум мислела дека не можете да живеете живот на висока нога и со стил ако немате интегритет за тоа. Некако не ми оди кога некој којшто вози бесна кола - нема свест ниту претстава за шофеска култура. Не ми оди кога некој умислен транзициски бизнисмен нарачува француски коњак со лед, без притоа кутриот да има претстава како истиот се служи и конзумира или кога некоја госпожа користи исклучиво Givenchy козметика, а никако да си го исчисти и среди несесерот. Ме нервираат луѓе кои се фоткаат и чекираат додека седат во Националната Опера во Париз, а зеваат додека оди операта. Сите овие навидум живеат живот со стил, ама тешко верувам дека знаат што стилот значи и како се гаи.
     
    На Grungie, Dennings, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Јас мислам дека во МК а и од она што сум го видела во Србија е дека МНОГУ СЕ ГЛУМИ живот на висока нога. Се паѓа у нессвест,се глуми раскош,се пати од комплекси.Знам една или две фамилии кои што навистина живеат на висока нога (скијање во швајцарија/италија,редовни патувања во Америка,шопинг во Лондон,школи и странски интернати за децата,имоти во странство...) тие не се движат меѓу нас "обичните смртници" си имаат свои друштва и др. Сепак БЛАЗЕ СИ ИМ..уживаат во животот
     
    На Doozy, Summerlover, Glasna и 3 други им се допаѓа ова.