Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Живот на висока нога

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од ModernMuse, 20 јануари 2016.

  1. eli-beti

    eli-beti Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2016
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    luge ve citam za nekoi zivot na visoka noga e da si imaat lepce doma sekoj den,greenje i zdravje
     
    На sofijanoka, stilas7, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.468
    Пол:
    Женски
    Познавам неколку млади луѓе во 30тите години кои живеат на висока нога за наши стандарди а да ги гледаш од страна не би приметил дека се парајлии. Не сум ги чула да се фалат со кешот во паричник,не сум чула да зборат дека кошулите им се од некој познат бренд ниту сум ги видела секој ден да јадат по ресторани и да нарачуваат се живо и диво од пусти стрв. Работат секој ден од 8-4 некои од нив во сопствени фирми кои сами ги створиле некој од нив за туѓ газда.

    Од друга страна ги гледам останативе смртници како се понашаат у занес кога ке дојдат до малце париче. Одма филозофија и морал на сите страни ,занес дека у дворец се родени а не дека до вчера јогурт и геврек јаделе за доручек. Па тоа нарачување по ресторани морски плодови,ручање само на елитни места во градов пошо 10ка со кромид за нив е аут,па тоа купувања Масимо Дути и Ла Коста а до вчера не знаеле подалеку од Певекс да отидат и така... Не за џабе рекле нема полошо од покондурен опинок. Господин не те прави парата ,господин те прават манирите.

    За мене живот на висока нога би бил
    1.Патувања каде сакам и кога сакам без да се мислам во авион багажот колку ми тежи и дали ке треба да доплаќам за него пошо на таа пара нема да ми биде битно
    2. Посетување спортски натпревари (тенис на пример) ,уметнички изложби, културни настани на кои не може секој да присуствува и да си ги дозволи
    3. Искусување храна во познати ресторани ширум светот и пиење квалитетно вино од лимитед едишн
    4. Можност секој викенд наместо да се гушам во магливе тука да можам да си идам негде на планина на скијање или и да не скијам барем да уживам на чист воздух
    5.Можност да ги истрсажам најскриените места на планетава Земја а не само да се квакнам у хотел со 5 звезди и да не видам подалеку од хотелскиот базен
    6. Да си ја приуштам облеката која ја сакам без да се мислам дали ако ги купам тие штикли после до крај на месец ќе треба да се стискам
    7. Да сум доволно паметна да си вложувам во недвижности што тука што низ светот
    8.Да го живеам секој ден без да се мислам дали сметките ми се подмирени,дали кредитот е подмирен,дали фрижидерот е полн,дали ке стигне платата од први до први
     
    На VDT2906, rustiko, Chanell* и 33 други им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Кога го пишував постот претходно баш на водителката помислив. Нон стоп шета, се фотографира, средена е нон стоп.
     
    На rustiko му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Нaјбеднo е штo нa сред емисијa ќе кaже: Тaкa е, не ви требaaт пaри зa дa живеете живoт сo стил. :drunk:
     
    На stilas7, mila1111, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Не ги гледам емисиите туку на фб ми е пријателка. Таа е од просечно семејство ама благодарение на работата доста прошета. Сигурно и добро заработува, но сепак фалбаџиски делува секој ден да се чекира каде е, каде пие кафе и со кого, се слика постојано, нашминкана, средена.
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.902
    Допаѓања:
    132.728
    За мене жена која живее живот на висока нога, е една моја школска, со која не сум блиска после средно, различни патишта. А не бевме ни во средно особено блсики, освен на часови, ништо друго немавме заедничко. Девојата потекнува од богато семејство, кое има своја фирма, во која и таа работи, па имаат пари на претек. Информациите за неа ми се од нејзини блиски и Инстаграм. А богами и многу се зборува за неа, оти ретки се таквите ко неа во градот.

    Она има свој стан, огромен и нареден лусузно, модерно. Барем по тоа што гледам на инстаграм.
    Средена е топ, преубава, совршена коса и шминка, секогаш во последна мода. Секој викенд е во Солун, секоја зима е на Алпите, секое лето на некое егзотично место. Во последниов период гледам слики од Дубаи, мислам дека беше на пролет и на есен на одмор таму. Во зима е неколку пати на скијање. Децата и се секогаш дотерани, скоцкани.
    Има стан во Скопје и Белград, за журки со другарките надвор од градот. За НГ беше во Париз, а фустан за свадба била да си купи во Њујорк. Исто како и за девериците на свадбата, подарок од неа фустани од таму, некоја марка, заборавив која :)

    Вози џип некој, и една помала спортска кола. Има жена која и чисти и готви по дома, која купува место неа. Друга жена која и ги чува децата, некоја професорка.

    Секој ден е на различно место за разубавување, еден ден на масажа, еден ден на маникир, еден ден на фризер, па на шминкер, па на спа.

    Особено ми е интересно што е културна и фина, и покрај сите работи што ги има, делува многу приземно. Магистрираше во Солун, поим неам на што. Се појавува на сите хуманитарни настани, не дава кузнае колку, ама секогаш ја има. По една книга, по една кеса алишта, по една кутија хигиенски средства. Не нешто масивно, ама никогаш не се случило да не даде нешто.
     
    На honest girl, Скопјетесакам, sofijanoka и 22 други им се допаѓа ова.
  7. Blissful

    Blissful Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Нека шета и нека се средува колку сака, тоа не значи дека има стил или дека може да зборува за него. Искрено, не мислам дека има добар стил за облекување и средување на коса, а уште момалку мислам дека има стил на однесување. Вика фаци како Парни Ваљак да и бидат гости во емисија, а кутрото нема поима која величина ја носат тие луѓе и дека пред емисија треба да седне и школски да се спреми за интервју со нив. Штета.
     
    На anaja1, Tanjamm и do-re-mi им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.627
    Машките се палат на неа и викаат дека е многу згодна. За мене не е згодна, ниту е убава, туку се средува . Неа без шминка не можеш да ја видиш.
     
  9. Blissful

    Blissful Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2015
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    954
    Пол:
    Женски
    Не е тама на муабет дали е згодна или не. Не знае да живее со стил, ниту да го промовира тој живот со стил. Има многу жени кои пленат со харизма, со шарм, а не се совршени убавици. Пример - Слаѓана Тасева која е секогаш перфектно средена, знае да наметне став а да не е агресивна, знае како да го држи и телото и пенкалото. Тоа е.
     
  10. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    Јас живо машко не сум чула да каже дека е убава и згодна:o А имам слушнато луѓе што се чудат зошто е на телевизија :D Мислам нема врска убавината, си треба харизма за на телевизија,држење,однесување,речник...

    Башка насловот на емисијата ми доаѓа како пародија на тоа она како се "средува".Гранд не и е рамен во кичот. Од друга страна пак секоја чест на девојката што сама си овозможила и да заработува и да патува, тоа не и го оспорувам, само мое субјективно мислење е дека нема телевизиска харизма, ниту е појава за таков тип на емисија.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Ако таа пластична восочна фигура е згодна и убава тогаш Македонија навистина има огромен недостаток на женска убавина.
     
    На Tanjamm, anaja1 и Црвче им се допаѓа ова.
  12. pink95

    pink95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2016
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Тој што има покрив над глава и не го дели истиот со многучлено семејство и тој што има со што да се нахрани е тој е богат.

    А кога збориме за висока нога тоа е претеризам од познатите и Холивуд.
    Во таа категорија за мене спаѓа приватни летови, плакар-соба полна со Лоубутин штикли, куќа со внатрешен базент итд...
    Како и да е тешко кој може да си дозволи се ова.
    Луксузот е различен за секого зависно од примањата.
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.711
    Пол:
    Женски
    Незнам што за висока нога стандард ги спомнувате холивуд и тамошните брендови?

    Висока нога има и во Мк и те како.Сега во новата колекција на макс мара викенд во Рамсторе има парчиња облека од 60000 ден.Паметам 2 сини будни имаа донесено.Дур појдов јас да пробам да видам се продале и двете.Што значи има луге со длабок џеб и овде.
    -Има прошетани наши луге.Прошетани не мислам на Солун,туку идат на Куба,Малдиви,Тајланд.Имам познаничка која постојано уплаќа одмори на такви места.
    -Имаме жени кои од салон не излегуваат.Посредени се и од холивудските кои ги спомнувате.
    Со скапи парфеми,со ташни колку една просечна мак плата
    -Сити мол денес беше преполн со нови модели на џипови,мерцедеси и тако даље

    Ехее има во Мак живот на висока нога и тоа мн
     
    На honest girl, Annath, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @joy1 Токму така. Холивуд е едно, таму професиите им налагаат таков луксузен живот и тоа е приказна сама за себе. Живот на висока нога во Македонија да се рече дека нема, ќе кажам дека се живее во голема заблуда :D Од најобичен шопинг за храна со направена сметка од 40.000 денари до самиот факт кога ќе се погледне возниот парк и распордадените парчиња во бутиците како Макс Мара, сепак сами за себе говорат дали има или нема живот на висока нога.
    :d::drunk:
     
    На Bozica1980, evangelina.ina и joy1 им се допаѓа ова.
  15. trixy

    trixy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2016
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    Такозваниот живот на висока нога во Скопје е воден најчесто од новопечени богаташи што прв пат пара држат во рака па да се испофатат кај можат и не можат, чест на исклучоци. Повеќето од таквите лечат комплекси од тешко детство проживеано во внатрешноста кога немало за леб со тоа што глумат господа а немаат манири за такво нешто. Тајкун не се станува со продавање нива како трампа за вила на Водно. Жениве друга прича, ако не е забележлива марката од 2 километра, пропала инвестиција. Поштувам богат човек што заработил сам и постигнал нешто, дури и човек што наследил богатство без некој посебен труд. Ама никако пијаница што труе на кромид додека се слика во ленд роверче со пура.
    Битно никој нема пари во државава.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. my heart cry

    my heart cry Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Абе денеспари ќе немаш за леб, најаќи цигари ќе пушиш да видат сите, сметки неплатени, гардероба марки а у..Никогаш не сум сакала да живеам на таков стил и да имам, фала богу и доволно ама секогаш скромно.Како има една стара : до кај ти е чергичето до таму истегни си ги нозете.А баш тие од тој нели висок стил тип на луѓе ми се мизерни
     
  17. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.354
    Пол:
    Женски
    немам висока нога,ниско чоече си сум јас
    [​IMG]
     
  18. Ane-Goki1

    Ane-Goki1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    2.307
    Допаѓања:
    29.033
    Ако сакате живот на висока нога- купете си штикли :lol:(hollest)
    Него како една членка погоре и јас мислам, дома немаат пари за леб,ама битно имаат најубав мобилен,најскапи цигари пушат :doh:
    Ги жалам тие размазени дечишта :puke:
     
    На simonna.a и sofijanoka им се допаѓа ова.
  19. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Јас живеам на висока нога,живеам на 10ти кат и сите ги гледам од високо :D
     
    На simonna.a му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Во Македонија не можеш да познаеш дали некој навистина има финансии и живее живот на висока нога или глуми лудило со кредити. Се' повеќе се оние кои се позајмуваат или земаат кредити за да возат нова кола, одат на одмор или имаат нов Ајфон. Познавам неколку такви кои влегуваат во минус само за да купат патики од 15 000 и да имаат телефон од 1000 евра. Земаат кредит од 10 000 евра за да купат кола, а ќе го отплаќаат кредитот 10 години. Да отплаќам кола 10 години со плата од 250 евра треба да не си добар со паметот. Тие што не ги познаваат, гледано вака од страна ќе речеш луѓево спијат на пари, секој ден по кафиња, секој ден по ресторани, клучеви на маса од аудито, ајфонот во рака, цели во бренд облечени, а не дај Боже дома да им влезеш и да видиш кај живеат. Во еднособен стан сите се туткаат. Нема да ви се верува ако пишам детално колку луѓето се спремни да направат само за да се покажат. Плус сега па и со социјалниве мрежи, сите се најубави, сите се најбогати, сите се најпрошетани, сите најпаметни. Реалноста е сосема друга.
     
    На crimson и Mr. Right им се допаѓа ова.