Ја па не знам што се фативте за тие кредити што зимаат ко небаре вие им ги отплаќате. Зошто да не купи кола на кредит ако нема доволно голема плата за да ја плати во готово? Кола е потреба луѓе особено ако живееш подалеку негде. Пре би кредит за кола да плаќам отколку секој ден да се маткам со автобуси или навечер да се мислам дали ќе најдам такси. Па боље вложи во нова кола отколку некоја на старо купена што не знаеш ни колку е сочувана или колку е возена. Или зошто да не се зеде кредит за на одмор? До наредно лето ќе ги исплатиш тие 500-1000 евра. И ја би зела кредит за да прошетам негде. Може не за 7 дена во Грчка на прв крак,ама па за да идам негде во Европа да видам нешто повеќе од Грчишта зошто да не. За што живееме и работиме ако не за тоа да си праиме ќејф на душата. Веќе сите живееме од кредити што просто тоа ми е толку нормална работа и ништо чудно. Секој своите пари ќе ги троши како што мисли дека треба. Ако не му смета да има ајфон а да живее во шупа, пеки негова работа. Толку сме сиромав народ , што престижот си го мериме со Абц намаз и клучеви и телефон на маса стаени .
Има и во Македонија живот на висока нога, ама колку има вистински таков толку има и лажен. Знаеме сите стандардот каков е, така да со македонски плати А да: - ручаш секој ден надвор од дома - да одиш на мини одмор на подалечни дестинации преку годината (зимата во Северна Африка или Доминикана а лето на скијање) - да имаш дома жена која ти чисти, пере и пегла - сите членови од фамилијата да имаат луксузни коли -децата да ти одат во приватна градинка или приватно средно/факултет .. е тоа е живот на висока нога.
Леле паднало муабет за Елена, водителката од живот со стил. Кичерај невиден, за водителката зборам. Таа нема појма што е стил, а не пак да води емисија за таков живот.
живот на висока нога од оние кои во МК поблиску ги познавам е една познаничка.Потекнува од семејство со познати приватни бизнисмени,а таа работи државно . Си има (колку што знам) станчиња нејзини низ МК за живеење,издавање и рекреација. Си вози бесни колички (со невиден кожен ентериер) Летно време е рашетана шо бел свет на одмори (Франција,Сардинија,Шпанија ,Тенерифе итн итн) Зимно време Швајцарија и Австрија на скијање Гардероба по 1000 евра на неа. Многу е фина,едноставна и ако не ја знаеш не би ни помислил дека е од "големото добро утро". Ама тоа е така зошто парите им се тешко печалени,тоа не се транзициски богаташи или апашишта со искреадени државни пари и затоа женава ја цени парата и е многу ок.
Во МК ретки се оние што се вбројуваат во оваа категорија. Конкретна дефиниција не би дала, не верувам дека може да се дефинира.. Но би рекла дека не се двојат поради тоа што го прават, туку поради начинот на кој го прават.. Затвори очи, посакај нешто, исполни си го нештото... и пак одново. Познавам неколку лица од оваа категорија, но не се многу пријатни..
Kaj nas ima luge sto ziveat na visoka noga. Na primer poznavam edna sto sekoja godina si ja menuva garderobata, ke kupi fustan ama podocna ke sfati deka ne i se dopaga i go dava na donacija. Imaat sto para cevli i tasni, odi so taksi vo grad. Doma imaat 10 vida kompleti nasevisi za jadenje, i koga doagaat gosti razlicni servisi vadat za posluzuvanje, edeen mora da imaat zlaten servis za specijalni gosti. Odat vo prefineti restorani. Letoto go pominuvaat vo Grckite ostrovi, Egipet, Tunis. Zima vo Avstrija, Italija, Svajcarija. Odat vo teatar ssekoja nedela, vo makedonska filharmonija. Ziveat sami i nikoj ne ostavaat da im se mesa vo zivotot.Tie sto ziveat na visoka noga kako se odnesuvaat i kako zboruvaat, ah da znaete, pa kako izveduvaaat za da bidat dobri so drugite ama ne im odi oti se drski i bezobrazni. Za se naogaat mani i nedostatoci, gledaat se detalno i moraat na sega da ti gi tresnat site raboti. Ne izleguvaat i ne se druzat so bilo koj. Imaat odredeni prijateli rezervirani se vo moabetot koga treba za niv da zborat obicno cutat. Dosta e tolku.
Живот на висока нога имаат само тие со сопствен бизнис или тие што живеат од кредити. Кај нас само вториве ги има, а првите (тие што вистина се измачиле) не ги расфрлаат така лесно парите за туѓа сатисфакција. Трошат и живеат, ама за себе. Инаку, многу љубомора во темава. Мнозинството што се опишани гарант немаат заработено свои, туку трошат туѓи пари. И уште потажно е што ваквите се земени за некој "веродостоен" пример.
Верујте ми, вие ни ист воздух не сте вдишале со овие од големото добро утро, па камо ли да сте ги виделе...
Не знам јас каков е тој живот на висока нога, од сите што ги знам, посебно како фати короната се е во некој зачаран круг на кредити. Дури и оние што ги мислиме за,, висока нога", вртат некако за да се прегура овој период кој трае веќе со години. Мм барем се дружи многу со луге со фирми, и луге тешко е, никој од овие не се луксузира, едвај ако одат до Грција на скромен одмор. Има некои не велам не, ама еве кај нас не познавам такви. По големите градови може и некои ептен големи фаци. Со ова поскапувањето се отиде во бестрага, фирмите се мачат да исплатат вработени, наоколу се изгор, што и да погледнеш некако како надолу да оди, лугето си бегаат од дома...
Живот на висока нога според мене е луксузен живот, квалитетен живот, и нема ништо лошо во тоа доколку тој што го живее животот на таков начин тоа може да си го дозволи. И не мислам на животот што во нашава Македонија го промовираат искомплексирани кои како таков го претставуваат својот живот, а заглавени со брзи кредити до гуша. Не мислам на таквите. Сметам дека во Мк постојат луѓе кои живеат реално на висока нога, но ретки се.
Zosto mislis deka ova e zivot na visoka noga? Jas sekoja godina ja menuvam garderobata, imam tri kompleta zepter servisi za jadenje, imam eden kup cevli i canti,mozam da si dozvolam nov fustan za sekoja prilika. Odime na odmor grcija, turcija, egipet i mislam deka toa ne e wow destinacija za da sme na visoka noga. Na zimovanje ne odime bidejki ne sakaat ostanatite, odam samo jas sama na nekoja tura koga mi se odi da smenam. Po moe mislam deka ziveeme normalen zivot i ne sme od golemoto dobro utro. Mislam deka ima lugje sto mnogu poveke imaat od ova se sto navede…