imam 19 godini i dosega sum nemala nekoi golemi uspesi na koi osobeno treba da se raduvam. zosto? nekoi zivotot go vodat vo normalna sostojba ..uspevaat vo se kade sto ke stavat raka ..a jas? jas ne. pocnuvajki od moeto `semejstvo kade sto ni obicen den a ni praznik ne pominuva bez kavgi..seto toa poradi mojot tatko koj navodno ima dr zena,koja umot mu go zavrte na 360 stepeni i veke ni samiot ne znae so praj doma za da izbega samo da e so nea. nam znaj samo da ni daj polovina od platata a ostatokot da go trosi na nea. se pocnuva nautro koga budejki se so slusajnata od negovite vikotnici po mojata majka da ja napusti kujkata bidejki navodno poveke ne ja saka nea .. a nam ke ni dava pari kolku so treba.. ne deka majkami ima drug ne deka nesto loso napravila seto toa ima edno ime..: vrzana mu e ustata t.e. so magija i veke covekon neznaj so da praj. sekoj den se trudam da nezabelezi majkami kako se cuvstvuva a bidejki imam pomala sestricka mi e poveke i za nea. neznam sto da pravam poveke so ova.majkami e samo so sredno i nemozi nikade da najde rabota...jas go zavrsuvam srednoto so straf sto ke bide ponatamu dokolku zaminam vo dr grad na studii?....iako ucenjeto slabo mi odi ...kako i se drugo....duri i ponekogas koga mislam za ova mi idi da napravam nesto neocekuvano ....sto mislite za ova? kako da dojdam do pravilniot pat kade sto mozam da cekoram niz zivotot bez vakvi prepreki pa i da im pomognam na mama i sestrickata? posto od tatko mi veke se videlo zaslepen e od taa zena na koja nisto ne moze da i skrati...(se dodeka ne go vrzi da i prepisi se sto treba nie da nasledime ) ....sovet pls???? kaj da baram pomos od bilo sto samo da mi trgni vo zivotov...fala odnapred
кога го прочитав постов навистина се изнервирав, и јас познавам едно семејство кое е во слична ситуација, ги има многу вакви и страшно ме нервираат неможам да сватам како може да постојат родители кои пред грижата за сопствените деца ќе го стават своето задоволство, или пак жени кои сакаат да растурат нечиј брак....тоа се безсовесни луѓе :twisted: незнам колку би можела да те посоветувам ама мислам дека најпрво треба да почнеш да се цениш самата себе и да веруваш во себе и во оа дека можеш да направиш многу нешта и дека ќе успееш во она што го правиш, знам дека е тоа тешко штом си израснала во семејство со жестоки кавги и проблеми....но мораш да почнеш да се цениш самата себе, што се однесува до образованието не се двоуми дали да одиш на факултет доколку имач можност, ќе се потрудиш повеќе и ќе имаш добри резултати, мораш да размислуваш за иднината и самата кажа дека мајка ти со средно образование неможе да најде работа, денес е тешко со факултет а не па со средно затоа мора да инвестираш во себе, а со тоа ќе имаш повеќе шанса да им помогнеш на мајка ти и сестра ти. во однос на проблемот што го имаат твоите родители незнам како би можела да помогнеш да се реши, само би те советувала максимално да ја поддржуваш мајка ти и да и помогнеш во се што можеш верувај тоа многу ќе и значи твојата поддршка и уште нешто оваа ситуација која ја имаш во домот е еден вид семејно насилство (без разлика дали е физичко или психичко) па можеш ти или мајка ти да се обратите во некои од центрите за семејно насилство каде ќе ве посоветуваат и ќе ви помогнат.
Навистина животот не е фер, но не треба да се предаваш. Твојот тежок живот ќе те изгради како силна личност и верувај дека ќе дојдат твоите пет минути кога ќе можеш слободно да кажеш дека си среќна. Го поддржувам мислењето на Go-Girl дека треба да се посветиш на твоето образование. Не занемарувај го учењето. Тоа ќе ти помогне да најдеш убава работа и со тоа финансиски да им помогнеш на твојата мајка и сестра. И на мајка ти сигурно ќе и биде полесно ако знае дека нејзините деца одат на правилен пат и се надоградуваат како личности. Таа ќе биде пресреќна ако тебе ти тргне учењето и продолжиш на факултет. Затоа не се откажувај од образованието. Ти посакувам се најдобро
Tebe sega ti e tesko ama edno ke ti kazam skoncentriraj se na ucenje zosto samo taka ke izlezes od doma. Ke smenis luge sredina i imas nov predizvik vo zivotot, tebe samo sega ti se gleda crno, veruvaj ne e taka. Pa ne ti odelo uceneto, ti sto mislis site luge sto zavrsile fakultet bile mnogu pametni ili vredni? Nekogas e sreka nekogas ke se snajdes... Ke si zapoznaes novi drugarki ke si najdes decko i super ke ti bide. Imam vpecatok deka si od malo mesto, izvini ako gresam ama koga ke dojdes vo Skopje ke ti se smeni zivotot. Toa sto mozes da postignes treba da ti bide svetla tocka vo zivotot i nesto sto ke te tera da stanes sabajle od krevet. Se nadevam deka ke pises pak da kazes kako si! Bidi hrabra!
и јас како и другите мнооогу се изнервирав јас не сакам гаталци ама зш не отидеш некаде можно е да ви има некој направено магија за да ви го растури семејството ама ледај некој гаталец што не зема пари обично тие помагаат позз и се надевам дека се ке се среди
Имам сличен проблем...нема да го објаснувам....се прашувам ШТО ПОНАТАМУ???Како ќе живееме вака?? УФФФФФФ вЕќе УФ...
па ете моите се разведуваат, а имаат многу долгови, сега треба на факултет...ауф..најтрагично е тоа што двајцата веќе не се оние што беа...пропаднати ми се некако
Ниеден живот не е лесен, ако имаш пари немаш љубов, ако имаш љубов немаш здравје, ако имаш здравје немаш пријатели. Човекот секогаш за нешто е незадоволен но не треба да се разочаруваме од самите себе. henry david thoreau рекол ,, Не дозволувајте да ви се распрснат соништата и надешта. Ако тоа се случи може и понатаму ќе постоите, но ќе престанете да живеете,, Секогаш тргнете од себе што можам да направам, како можам да помогнам. Вo ситуација која веќе е чиста и јасна мора полека да се решат проблемите. Како прво татко ти и мајка ти мора да се разведат и тука настанува чиста ситуација(помалку нервози и напнатост), поголема ваша смиреност. ти си доволно возрасна особа да знаеш да расудуваш. Треба да бидеш малку по самоуверена и истрајна во тоа што го сакаш, колку и да не ти се учи како растеш така сознаваш и гледиштата и гладта за знаење ти расттат. Во сите животни ситуации човек треба да е сталожен и смирен, треба да одлучиш дали ќе учиш или работиш, дали ќе тргнеш лево или десно. смири се изброј до 10 и колку и да е тешко донеси си одлука која сакала или не што и да избереш на ваков или онаков начин скапо ке те чини. Животот е игра која скакала ти или не мора да ја играме.
Јас го поминав истото пред три години. Татко ми не` остави за друга жена, животот ми се смени целосно. Не смеев да заплачам, зошто знам дека ќе ја уништев мајка ми, а толку беше на работ на нервен слом, што повеќе се плашев за неа отколку за мене. Ми беше премногу тешко, мислев дека нема излез, дека целиот живот ми пропаднал. Но. Секогаш има но. Откако помина некое време, сфатив дека и такви работи се случуваат и не може секогаш да ни биде мед и млеко во животот. Точно дека изгубив важна личност, но почнав да размислувам позитивно, дека подобро што сме дознале за неговиот двоен живот порано, отколку да не заглавеше во долгови и нас. Почнав на тоа да гледам како отфрлање на лошата карма од мојот живот, нешто што ќе ме направи посилна и поснаодлива понатаму. Ете после три години можам да кажам дека се` е повторно во нормала. Љубовта која ја добивам од мајка ми ми е доволна, ми дава сила и ме тера да бидам амбициозна и да успеам. Исплачете се, истурете си го бесот, не чувајте ништо во себе. Но немојте никако да мислите дека тоа е крај, зошто не е! Само силно, и нема што не може да се преброди.
Паа ... ок си во тешка ситуација ама најлесно е да се откажеш . А тоа е најлоша опција во моментов ... Фактот што се разведуваат не велам дека нема да влијае ќе влијае и те како .. НО сепак и ти имаш еден живот пробај побрзо да го прифатиш тоа да се привикнеш . Долговите , се нивни проблем немој да си земаш при срце туѓи проблеми . Не не ме сваќај погрешно тоа не значи дека утре ти треба да се дереш на цел глас и да бараш Факултет НО пробај да се штедиш колку што можеш повеќе. Најди некоја работа колку толку мора нешто да се најде нели ? Проблемите тие ќе си ги решат твое е да не им одмагаш , не можеш секогаш да се водиш спрема нив . Знам може изгледа себично ама во вакви ситуации треба да бидеш Себична . Не допирај , најди работа се ќе си биде Тежок период , но не и крај на светот .
Навистина ме потресе ова што го напиша но знај дека и покрај се и покрај тешкиот живот кој го имаш мораш да гледаш напред и да се избориш со проблемите.Ќе дојде ден кога животот ке ти тргне на подобро верувај ми.Ова што ти се случува е навистина тажно но наместо да потклекнеш и да се предадеш треба да се бориш иако звучи како клише сепак така е.И јас се согласувам дека треба да се посветиш на своето образование затоа што секако тоа ќе ти помогне да најдеш работа,да станеш самостојна и да не зависиш од никого во животот а другото ќе се среди.А точно е дека на некој судбината им ги дели најтешките карти но затоа пак оние кои успеваат да се изборат со проблемите се личности кои се вредни за почит.Познавам таков случај за една жена која имала ужасно детство,семејни проблеми но сега има среќен брак а и во работата е успешна значи на секој му се насмевнува среќата порано или подоцна.
Животот не е лесен.Но не е ни тежок.Животот е нешто што ние луѓето не можеме да го сфатиме. Во животот има многу радости,многу тага,многу победи,многу порази.Во животот има се. Ама најсреќни се тие луѓе кои што го прифакааат животот таков каков што е и едноставно живеат со помалку тага,а повеќе радост. Не постои човек што нема проблеми,не постои човек кој што не доживеал лоши работи во животот. Најлошо е што ние,луѓето го гледаме само лошото,но не и доброто.