1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жигот на ѕверот

Дискусија во 'Религија' започната од NATALIJA89, 30 октомври 2011.

  1. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Оваа тема ја отварам за најнеразјаснетото прашање во Библијата„И ТОЈ(ЅВЕРОТ) НАПРАВИ НА СИТЕ ГОЛЕМИ И МАЛИ,СЛОБОДНИ И РОБОВИ,СИРОМАШНИ И БОГАТИ,ДА ИМ СЕ ДАДЕ БЕЛЕГ НА ДЕСНАТА РАКА ИЛИ ЧЕЛОТО,ЗА ДА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА КУПИ ИЛИ ДА ПРОДАДЕ ,ОСВЕН ОНОЈ КОЈ ГО ИМА БРОЈОТ НА ЅВЕРОТ ИЛИ БРОЈОТ НА НЕГОВОТО ИМЕ,А НЕГОВИОТ БРОЈ Е ШЕСТОТИНИ ШЕЕСЕТ И ШЕСТ.
    ТУКА Е МУДРОСТА ,КОЈ ИМА УМ НЕКА ГО ПРЕСМЕТА БРОЈОТ НА ЅВЕРОТ ,ЗАТОА ШТО Е БРОЈ НА ЧОВЕК„.


    После долги истражувања открив дека католичката црква ги сменила законите и седмиот ден наместо да се слави во Сабота,таа го смени седмиот ден во Недела.Што мислите,дали Неделата е жигот на ѕверот?
     
  2. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Јас мислам дека во темава може да се дискутира општо за Книгата на откровението по Јован.

    Сега, конкретно за бројот 666.
    Теории има многу, но еве што е за мене најрелевантно и веродостојно. Пред неколку години гледав еден исцрпен документарец на оваа тематика. Во Стар Рим постоела една игра на броеви и букви, популарна не само кај децата туку и општо кај народот. Секоја буква си има свој број, ти си го шифрираш името така што на секоја буква ќе и го доделиш соодветниот број, си имаше правила која буква за кој број е, потоа не знам на кој начин беше, ги одземаш, собираш или множиш (одамна беше заборавив) се додека не дојдеш до одреден трицифрен број. Тој трицифрен број е нешто како код на твоето име. Честопати вљубените го користеле овој начин за да си ги врежат имињата на дрво, а никој да не знае од прва кои се (ако сакал да дознае ќе морал да си се помачи :lol: ).
    Некои историчари дошле до идеја да го дешифрираат бројот 666 според оваа римска игра. И знаете кое име испаднало? Нерон :wasntme: . Апостолот Јован живеел и творел токму во времето кога лудиот Нерон жарел и палел низ империјата, а особено им бил намерачен на христијаните и целата таа книга на откровението е напишана како резултат на револт кон тие прогони и убиства.
    Ете тоа јас го слушнав за т.н. "ѓаволски број" и ми се чини како доста логична теорија. :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Незнам за темава, но, би сакала да знам :D

    Кога веќе конкретно се работи за познатиот број 666, бидејки е споменато дека е неразјаснето прашање во Библијата, како и тоа дека католичката црква направила промена на законите,трето прибидејки е општопознато дека тој број означува негативна енергија ( ѓавол ), прашањето ми е зошто воопшто би се славел во тој ден недела???

    Најверојатно станува збор за откровението, за нешто што доста темелно би се зборувало на темава.А кога веќе сме кај Нерон, тогаш би требало и останатите императори да се поврзани со значењето на бројов, сега и не само тие, туку и други личности низ историјата кои биле слични на Нерон, а ги има доста :D Сепак значењето на овој број, некако ми делува неосновано, сега и воопшто кога станува збор за броеви и нивните значења :?: :^)
     
  4. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Гордана,велам неразјаснето затоа што Католичката црква си зела за право да го промени Божјиот закон ,односно да ја промени Саботата во Недела,поточно четврата заповед.А веќе сите сме сведоци дека ова се применува насекаде во светот,ден за одмор е Недела.
    Како што читав на гугл,Католичката црква ја смета Неделата како знак за свој авторитет.
    Но,сега се прашувам дали се точни тие верзии дека микрочипот ќе биде наметнат од Ватикан и Америка,или пак веќе дојдовме до оваа точка каде што правослчавните христијани ќе бидат убивани за верата.

    А за бројот 666,Точно е дека Нерон е дешифриран со тој број,па и Буш и многу други политичари и диктатори.Дури и комјутерот е 666...
    Во 2012 Новиот светски поредок ќе спроведе нешто најмонструзно и најстрашно,а тоа е жигот на ѕверот.
    Сепак точниот ден на Исусовото доаѓање не може да го знаеме,зашто тој самиот рекол дека ќе дојде како крадец во ноќта...
    А дали е вистина тоа што го открија дека тие луѓе што ќе го имаат Божјиот печат на нивните чела се тие што ја прочитале Библијата и што живеат според неа и 10-те Божји заповеди и само тие нема да го примат жигот на ѕверот?
    Само да додадам дека е напоменато дека тоа ќе биде број на човек ,а бројот му е 666.На круната на папата му пишува VICARUS FILI DEI што во превод значи Замесник на Божјиот син,а тоа е пресметувано според хебрејската азбука и папата Бенедикт 16 излегува дека го има бројот 666.
    А за Барак Обама ,Исус рекол дека Сатана ќе свети од небото,а LIGHT ROM HEAVEN значи Барак Обама ....
    Има едно видео на јутуб се вика GOD`S FINAL CALL 666.Погледнете го ако сакате,па ќе ви се разјасни...
     
  5. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    А зошто и други императори или историски личности да поврзуваме? Поентата на документарецот беше дека кога апостолот Јован ја пишувал книгата на откровението, всушност пишувал за Нерон, сите тие зла кои ги опишал, од револт му ги припишал на Нерон, а не како што си мислат луѓево, или како што некој ги заплашува, дека "ѕверот" допрва требало да дојде :^) .
    Сега за сега не можам да го најдам документарецот, а го гледав пред едно добри 5-6 години. Многу беше добар, во неколку продолженија, ако го најдам ќе го постирам тука. Се беше детално објаснето и разглобено, почнувајќи од политичката ситуација во империјата (пример Јован морал да го шифрира името на "ѕверот" не само за да внесе доза на мистичност во своето дело, туку и за да не биде многу отворено и да не паѓа толку в очи таквото напаѓање на императорот) се до откривање на значењето на некои моменти во Книгата. Значи се работеше за познати историчари и други експерти кои се посветиле на тоа, се беше поткрепено со факти и аргументи... Не беше некое видео на јутјуб поставено од којзнае кого и базирано на којзнае што.
    Сум сретнала податоци и за гематријата, еврејски метод на шифрирање на зборовите преку броеви, исто и преку тој метод бројот на Нерон е шестотини и нешто, има различни извори кој е всушност и бројот, затоа историчарите го прифаќаат методот на старата игра која и ден денес се сретнува во одредени италијански села
    А за парадоксални теории има многу. :!: Сешто имам слушано и читано |( Но доказите на кои ќе се потпрам ги барам на релевантни места, во историјата и во другите науки.

    Наталија, прво и прво, јас мислам дека оваа тема и таа за антихристот ти се отприлика исти. Второ и второ, овие ама ти го дешифрирале Обама и бројот 666...
    Јас напишав и во другата тема, Обама и компанија и да сакаат да бидат "антихристите од Откровението", не можат :) Кога веќе дојдовме да зборуваме за некаков ѕвер, книгата е детално анализирана од експерти, Јован вели дека Нерон е ѕверот, или антихристот, како сакате, само што има еден мал детаљ, тој е мртов речиси 2000 години и не претставува никаква опасност за никого :rofl:
    Така што нема причини за паника :D
     
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Поради значењето на тој број, незначи дека само Нерон бил тој за кој што е прецизирано од Јован, зошто би се останало на тоа само што го пишувало во откровението? Зарем во историјата само Нерон бил таков?
     
  7. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Ама Јован живеел во времето на Нерон. Покрај убиствата и прогоните на недолжните христијани тој посведочил кога властите го убиле Петар, а потоа и Павле по наредба на Нерон. Тој пишува за тиранинот со кого си имале работа во негово време што е најлогично. Не велам да останеме на апостол Јован и на откровението, но, нели токму Јован е творецот на приказната за ѕверот чие име се крие под 666-ката. И не е само Книгата на откровението, тој има оставено и други дела со слична содржина кои црквата не ги прифатила.

    Jас не верувам во некое друго, натприродно значење на овој број, освен шифра на името на ѕверот.

    Самиот Јован во едно свое обраќање до верниците и приврзаниците напоменал дека антихрист е човек кој оди во спротивност на христијанското учење, да, во тој случај би имало многу антихристи на планетава, ама тука кога говорам за антихристот, значи the antichrist мислам на ѕверот од кој луѓево се плашат што е спомнат од Јован во Библијата. :^) И се држам до тоа дека Јован мислел на Нерон поради што нема причина за страв од ѕверот и апокалипсата.
    А овие со теорииве и со видеава како што тргнале уште за Дедо Мраз немам сретнато дека е антихристот. |(
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ме изнасмеа за Дедо Мразов :rofl:
    Те разбирам и знам за што збориш, но, поради сега ова што го кажа, така реков, дека кога ете не би останувале само на веќе кажаното во откровението, што излегува како резултат.Кога Нерон е од одамна мртов, веќе мумифициран :rofl: :wasntme: но и кога веќе било утврдено, зошто не би се помислило дека не бил само тој? Дека еве веќе има некакви си тврдења за појава на следен антихрист :D како што и кажа теории.
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Хех, па не ги мумифицирале во стар Рим, овој во море го фрлиле откако се самоубил, или така нешто беше :wasntme: ...
    Мртов е, тоа е факт, нема збор :geek: :)
    Те разбрав и тебе што сакаш да кажеш, отприлика на истото целиме, само што овие работи се комплицирани и конфузни, затоа што примаме информации од секаде а поголемиот дел се извртени факти. Јас само сакав да кажам дека луѓево напразно дигаат паника, а Американците од се успеваат да направат комерцијала, и сега ќе погодуваме кој е змејот, ѕверот, антихристот или како и да беше, ако не сите сме антихристи можеби. |(
    И фамозната 2012 наближува па сега ќе се изнаслушаме сешто, барем до година ова време отприлика. После претпоставувам како по обичај нов датум ќе се чека, и така... :)
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Добро де знам, туку така ми дојде зборот - мумифициран :D дека од одамна мртов заради тоа :D Различни факти има, сега дека американците имаат поголем удел во извртување на нештата, правење комерцијала, а и ако не пак се почнеме да анализираме како што рече, додатни информации ќе излезат, секакви вистини и невистини, а што е правилното не се знае |( Можеби и не треба до толку да се создаваат некакви теории, но, секогаш ќе има нешто кое ќе ја предизвика љубопитноста кај човекот.Дури ете и црквата прави по свое, како што смета дека треба, во однос на таквото поместување на саботи и недели :^)
     
  11. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Само да кажам ако гледаме вака, и Александар Македонски ќе испадне Антихрист итн...Конкретно да се фокусираме на ѕверовите во Откровението на Јован,а секој што ја читал Библијата и истражувал малку на нет,ќе му стане јасно дека Антихристот не е само една личност,туку организација што дејствува според сатанско влијание,Илуминати,масони...
    Но најстрашно е што жигот на ѕверот ќе се спроведе во согласност со признавање на Неделата,т.ест да се обележат сите со бројот на ѕверот,666 и од тоа -враќање назад нема.Сето ова се случува во наше време,и се прашувам како може да го избегнеме влијанието на Новиот светски поредок?
     
  12. Calipso

    Calipso Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    4
    Сето ова што е цитирано од библијата е точно само изоставена е една реченица која милсам и дека е многу важна која би помогнала да се дешифрира овој број а гласи
    Белегот ке биде името на ѕверот или бројот што го претставува неговото име!
    Значи девојки повелете !
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Еве да повелам пак јас :D .Незнам колку пратите вести,но ми се чини дека белегот или жигот на ѕверот веќе ќе биде спроведен и кај нас во 2012г.Се прашувате што е?Електронско здравство, :o после тоа ќе дојде и електронско наплаќање без пари,значи сето тоа ќе се обавува преку комјутер.А комјутерот е со тој белег 666?Дали сега е јасно колку сме блиску до жигот ?А и сведоци сме колку европската унија оди во пропаст,драги мои тоа се последните времиња.Дури православните христијани што ќе го добијат тој жиг ќе бидат осудени да горат во огненото езеро
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Да ви се вклучам во разговорот.

    Жигот на ѕверот е малку поопширен поим.
    Те поддржувам NATALIJA89 за тоа што си го напоменала и вистински тоа се случува и ќе се случува. Факт е дека и компјутерот и многу други работи го означуваат предвестувањето на доаѓањето на Антихристот, но сепак компјутерот или што било друго не е зло само по себе. Ако човекот не им даде команда за нешто да се направи, тоа нема да се направи. Покрај компјутерот, тука се и како што напомена електронското здравство, електронското наплаќање, плус сега што моментално се случува секаде, буквално секаде, а тоа се, биометриските лични карти, пасоши и многу други работи кои ги примивме и сеуште ги примаме како нешто најнормално.
    Сега баш пред неколку денови (во статија на еден познат медиум на интернет), беше напоменето дека сите оние кои користат фб , буквално се следени. Знаат преку камерата и буквално преку самиот монитор, што ние поседуваме дома, па и до таа мера да сме прислушувани, гледани и секој наш чекор и дело во нашиот дом, без да биде вклучен на фб. И не само преку тоа, туку и преку радио и аудио приемниците, кои скоро секој ги има и преку самите мобилни телефони.
    Пак потенцирам, се тоа само од себе, сеуште не е она најглавното, жигот.
    Жигот е буквално жиг.
    Ако зборуваме стрикно за него тоа е точно оној чип кој ќе ни биде вграден во нас било на раката, било на челото. Исто факт е дека тоа е само предмет, материјално нешто, но тој чип е нешто повеќе. Не треба да го примиме во себе од причина што, со него ние не сме ние повеќе, туку сосем друго. Ќе бидеме програмирани и ќе работиме по нечија друга волја. Ако ни дадат задача да го убиеме дури и родителот, па и сопственото дете, ние тоа ќе го направиме, без размислување и без чувства. Буквално човекот тогаш ќе стане робот.
    Со тој жиг ние совесно го отстрануваме Господ од нас и докажуваме преку тоа дело дека не веруваме во Него. Кај и не веруваме, туку го правиме повторно истиот грев што го направила нашата прародителка Ева во рајот. Но сега со една голема разлика, а тоа е што ние се тоа го знаеме, а сепак одлучуваме со својата сопствена слободна волја, тоа да го направиме.
    Тоа ќе биде време кога, пред влезот на секој маркет ќе постои машина која го евидентира секое присусто, кој, како, што поседува, а ако нема и пари, пак нема да биде примен внатре.Исто ќе биде за се и за храна и за струја и за вода и за пензија, буквално за се. Тоа е жигот што ќе дојде и што мнозина ќе го примат.
    Затоа:
    Кој претрпи до крај, ќе биде спасен.

    Секој одлучува за себе и својата душа.

    http://www.youtube.com/watch?v=-sEBtt-N ... re=related
    - најглавното започнува од 2-та минута. Тоа се случува денес, нажалост ;( .
     
    На eliesaab, Mama25, MarchelineAmaru и 3 други им се допаѓа ова.
  15. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    :|
    Мене ме уплаши мал у видеово :worried:
    И што ќе правиме ние? :(
     
  16. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Priti,работава е да се прошири Евангелието и секој што ќе се покае да може да се спаси.Тешко дека може нешто да се направи,само знам дека секој ќе мора да донесе конечна одлука дали ќе биде на страната на Бог или на Сатаната.Поздрав :hai:
     
  17. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Јас во принцип сум скептик кога станува збор за теории на заговор а уште кога ќе се вметне и црквата, верата во целата работа останувам ваква |(
    Ширење на бауци во името на верата е најниско нешто што можам да го замислам, во електрониката е сатаната, спасувајте се кој можете :x
    Тоа што бирам место да дремам по пошти и банки да си ги плаќам сметките онлајн не значи дека го пуштам сатаната во својот дом или го примам жигот на ѕверот.
    А кога ќе размислам што е всушност поентата на моето крштевање, нели тогаш сум бележана како чедо Божјо, како сега плус згора на тоа ќе ме бележи и жигот на ѕверот?



    И само мало појаснување на авторката на темата, католичката црква е формирана 1054 година а ние Христијаните веќе 1000 години пред тоа ја имавме недела како ден за одмор, тоа католиците не го смениле кога не ни биле формирани како црква.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Благодарам на појаснувањето,но факт е дека жигот на ѕверот постои,не го измислив јас,и не правам никаков заговор .Самата Библија ја посочува католичката црква како ѕвер кој ги смени времињата и законите,темата е отворена за дискутирање ,а не да се користи црквата за заговор и некакви лажни теории :emo: .
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам библијата не ја посочува католичката црква, а нити пак би можело да се збори за католицизмот и православието во библијата, можеби може да се збори за Откровението по Јован.Секако дека во целава дискусија, а и општо би се вметнала црквата која веројатно направила промени, но не и тоа дека библијата ја посочува црквата.Реално, не ми е баш релевантен доказ со тој број, затоа што општопознато е кој прв го пропагирал овој број и неговото значење, за да биде не толку доминантен :wasntme:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  20. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Каде во библијата се посочува католичката црква како ѕвер?
    Сум ја прочитала библијата безброј пати и никаде немам наидено на тој факт.
    Како не ја користиш црквата за теории на заговор и лажни теории кога обвинуваш 1.1 милјардa поклоници на католичката црква како поклоници на ѓаволот, како го имаат жигот на ѕверот |(, единствено не ми е јасно која црква ја користиш, зошто сум сосема сигурна дека не е во духот на православието да напаѓаме туѓи вери.
    Изгледа единствената опција да се спасиме од жигот на ѕверот кој ќе дојде по електронски пат е да фатиме сите да отидеме во планина да си земеме 3-4 овци и да си живееме среќни и далеку од допирот на жигот на ѕверот.
     
    На interesna му/ѝ се допаѓа ова.