1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жигот на ѕверот

Дискусија во 'Религија' започната од NATALIJA89, 30 октомври 2011.

  1. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    Добро јас ко реков дека ме плаши видеово и не знм што ќе правиме... не се плашам јас за душата, немам причини, не сум некој грешник да речиш или злобна, туку ако ни ги ставаат овие чипови на сите? :( Ако не ме примат на работа утре без таков чип? За тоа велам што ќе правиме а не дека се плашам ѓаволот да не ми е во компјутерот или во мобилниот некој така да не ме разбра.
     
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Потполно си во право bittersweet, така и ќе биде :sweat: . Ќе си ги земеме овците и ќе живееме во планините. Но тоа нема да биде долго, туку само 42 месеци.
    Дури тогаш ќе се види верата на сите од нас :worried: .

    Навистина жигот е тој, па колку и да негираме и да се противиме на тоа.
    Вистинската суштина на жигот е отцепувањето на слободната волја, која Бог ни ја дарил со раѓањето. Совесното прифаќање на жигот, односно чипот. Тој чип буквално ќе го прави тоа.
    Напоменав и пак ќе повторам, ќе убиваме без никаква грижа на совест, значи воопшто нема да постои љубовта. Затоа во Евангелието се вели: во последните времиња, љубовта ќе олади! Тоа оладување е токму тоа.
    А од другата страна се поставува прашањето:
    Ако е во ред да го примиме чипот (ако технологијата не е таа, што преку неа ќе се постигне тоа), дали е во ред да убиеме човек?
    Дали е тоа Богоугодно дело и во кодексот на моралното и човечкото?
    Додека одговорот е тој, дека само човек кој е под туѓа волја и влијание може да го направи тоа, но не човек кој правилно и трезвено ги согледува сите ситуации. Односно тоа го прави човек, кој нема свое размислување и своја слободна волја.
    Зарем целата технологија не се стреми кон тоа?! Зарем на животните уште од сега не им се става чип, кој утре полека, полека ќе дојде насекаде (мислам веќе е дојдено), посебно во Америка.
    Можеби се ова на прв поглед изгледа многу површно и невистинито, но самите денес сме сведоци на достигнувањата на технологијата. Посебно невистинит и лажен, изгледа примерот во кој кажав дека ќе убиваме и сигурно тука е дилемата.

    Пример денес кој раководи со комјутерот и телефонот и машината за перење, и машината за садови... Се ова се само елементи кои работат, само по наша волја и команда. Сигурно нема буквите да се пишуваат сами од себе, туку ние сме тие кои ќе седнат и ќе пишуваат на тастатурата; сигурно нема машината да се вклучи, ако претходно ние не ги ставиме садовите, алиштата, не ја затвориме вратата и не ја програмираме машината да започне да работи, сигурно нема телефонот да ни ги прочита мислите, да знае каде сакаме да се јавиме, па самиот да се јави на потребното место?!
    Но се ова еден ден ќе биде возможно, односно оној ден кога ќе го ставиме чипот.
    Комјутерот ќе ни ги чита мислите што сакаме да пребараме, исто и телефонот и без разлика за кој апарат да се работи. Се само ќе се вклучува, ќе се исклучува, ќе се програмира, дали машината да пере на 90 степени или на 40 степени, а ние воопшто нема да се мачиме за ништо (Ова неодамна го прочитав дека ВЕЌЕ е воведено и со сигурност пробано во Америка. Затоа и се рекламираше дека ќе дојде набрзо и кај нас. Па сега како тоа ќе дојде, ако ние немаме чипче? ).

    Токму така ќе биде и во овој случај. Ќе постои некој кој ќе биде на сите нас. Тој ќе управува со чиповите и ќе воведува „ред и мир„ во нас. Со тој ред и мир, тој ќе се појави во светот и токму тоа ќе биде она со што ќе ги прелаже сите. Нели се споменува во Светото Писмо дека ќе дојде и ќе ги прелаже сите, а најмногу ќе им ветува подобра иднина и така сите ќе тргант по тој пат.
    Конкретно денес во Америка, според лични кажувања на луѓе кои живеат таму, ги наговараат родителите и им викаат дека со тој чип полесно ќе ги раководат своите деца. Секогаш ќе знаат каде се наѓаат и дури ќе ги контролираат што да прават. Бидејќи е време на секакви пороци и девијантни појави, ќе знаат се, а и најмногу ќе знаат ако детето им исчезне?
    Значи овој последен пример не го кажувам од памет, туку од лично искуство на една личност која живее во Америка.
     
    На eliesaab, Mama25, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  3. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
     
  4. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Неделата се слави затоа што во недела Исус воскреснал, од тогаш тоа е свет ден за христијаните, а е прифатено и од православната црква која нема никаква поврзаност со Ватикан, нити подлежи по неговите закони и правила.


    Во ред ако папата е Антихристот, има Бог кој ќе му суди доколку е лажго, но католицизмот и католичката црква не се ѕвер и немојте толку да ги гнерализирате работите, католицизмот ја следи Библијата, ги предводи Ватикан на чие чело стои Папа кој може да биде прав верник и одан на Бога, а може и да биде и ѕвер, како што беше семејството Абориџи кои убивале се што ќе им застане на патот, но тоа незначи дека католицизмот е сатана. :o

    Но во историјата на Ватикан има папи кои биле пример за народот како што е Папата Јован 23 кој бил Папа 33 дена и бил ангел од човек. А и неможе Библијата да зборува за православие нити католицизам кога тие многу покасно се јавуваат, во неа се зборува само за Христијанство.

    Еден куп видеа имам изгледано за откровението ако на тоа алудираш и сите упатуваат на Америка и претседателите, ЕУ, ООН и др. но не и на Ватикан.

    Едно видео најдов кое како Антихрист го посочува Бенедикт, но не и католицизмот како религија.


    Еве за недеата извадок од Македонска библија, за да некој не се сомнева :lol: , така да оној кој ја читал винимателно нема шанси ова да го промашил, сепак е најважен дел од Новиот завет сепак се работи за воскресението Исусово.

    Неубаво е да се повикуваме на прочитана Библија а основни работи да не се знаат.

    Еве поопширно, за неделата,
    а не Ватикан ја измислил.
     
  5. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259

    Во ред ако папата е Антихристот, има Бог кој ќе му суди доколку е лажго, но католицизмот и католичката црква не се ѕвер и немојте толку да ги гнерализирате работите, католицизмот ја следи Библијата, ги предводи Ватикан на чие чело стои Папа кој може да биде прав верник и одан на Бога, а може и да биде и ѕвер, како што беше семејството Абориџи кои убивале се што ќе им застане на патот, но тоа незначи дека католицизмот е сатана. :o

    Но во историјата на Ватикан има папи кои биле пример за народот како што е Папата Јован 23 кој бил Папа 33 дена и бил ангел од човек. А и неможе Библијата да зборува за православие нити католицизам кога тие многу покасно се јавуваат, во неа се зборува само за Христијанство.

    Еден куп видеа имам изгледано за откровението ако на тоа алудираш и сите упатуваат на Америка и претседателите, ЕУ, ООН и др. но не и на Ватикан.

    Едно видео најдов кое како Антихрист го посочува Бенедикт, но не и католицизмот како религија.


    Еве за недеата извадок од Македонска библија, за да некој не се сомнева :lol: , така да оној кој ја читал винимателно нема шанси ова да го промашил, сепак е најважен дел од Новиот завет сепак се работи за воскресението Исусово.

    Неубаво е да се повикуваме на прочитана Библија а основни работи да не се знаат.

    Еве поопширно, за неделата,
    а не Ватикан ја измислил.[/quote]
    Не постоји Македонска библија................постоји превод на ватиканската а првијот превод го направи ............ ГГ Гаврил
     
  6. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    PParaskeva Мислев на сајт Македонска Библија, инаку за преводите ми е јасно а и не е секој запознаен со тоа, ако му постирам на хрватски или англиски може да ме набеди за наметнување католицизам, сваќаш, инаку друго беше муабетот.
     
  7. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Во претходните постови се осврнав на бројот 666 па заборавив да напишам и за неделата.
    Јас не знам што е толку проблемот околу неделата :^) Од каде тие приказни дека тоа има некаква врска со ѕверот или со антихристите? Измислици...

    Еве еден податок, се надевам ќе се разјаснат работите сега...
    Саботата (сабат) како свет ден е заменета со неделата во 364 год. кога Црковниот совет во Лаодикеја наложил верските празници и обреди наместо во сабота да се одржуваат во недела.
    Саботата е библискиот свет ден според Стариот завет кај следбениците на Јудеизмот, но :!: , во предхристијанското западно општество (во кое сме спаѓале и ние нормално) неделата била чествувана и празнувана како "божји ден" (според старите религии). Бидејќи државните и црковните челници биле свесни за тоа, со цел да ја доближат верата до обичниот граѓанин, за свет ден кај сите христијани ја прогласиле неделата.
    Освен тоа тука е и тврдењето дека Исус воскреснал во недела. А го знаеме од Новиот завет и ставот на Исус за сабат, така што не гледам тука никакво богохулие од христијанска гледна точка
    Значи се работи за еден спој на новата религија која потекнувала од друго поднебје со традициите на тогашната западна цивилизација. Што го мешате тука сатаната сега? Или да не мисли некој дека античките народи биле сатанисти затоа што тие ја прославувале неделата :^) ? Александар Македонски, Сократ, Платон, Сенека, Цезар сатанисти биле? |( Аман, тие не ни знаеле што е сатана, други верувања си имале.
    Или пак антихристот Бенедикт заедно со Обама да не ја има способноста да патува низ времето, па заминал во 364 година и им рекол на свештениците во Лаодикија да ја прогласат неделата за свет ден наместо саботата за сите ние сега да го носиме жигот на ѕверот? |(
    Нема врска, ова со неделата се глупости.
    И Наталија ако е така, што ќе ти биде ако одиш во недела во црква? Ти Велигден во сабота го славиш? :^) Луѓево со милениуми ја празнуваат неделата и што сега?
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Како го кажа тоа дека Библијата е откодирана како да станува збор за пророштвата на Ностердамус, Библијата е таа, само секој наоѓа за потреба да ја толкува онака како нему му се допаѓа.
    Велиш дека само дискутираш и не напаѓаш никого а веќе наредната реченица ти е сигурно знаеш дека е папата Бенедикт антихрист малку контрадикторни се двете реченици.
    А јас сигурно незнам дека папата Бенедикт е антихрист за жал никој не дошол на сон да ми го шепне тој факт,а во Библијата пишува ќе се појави тој и ќе биде со прекрасно лице и тело и ќе се претстави како Господ и сите ќе клекнат пред него.....
    Не гледам каде папата може да се вметне во тој опис, ниту е убав ниту се преставува како Господ.

    Никој не ми одговори на прашањето, ако според Библијата сите ќе треба да го прифатиме жигот на ѕверот, а пак од друга страна сите што ќе го прифатат ќе бидат осудени засекогаш од Бог, тогаш која е поентата да веруваме во Бог кога и вака и така ќе бидеме осудени.
    Јас мислев дека со самата верба во Бог и крстењето односно примањето на жигот на Божјо чедо сум заштитена од црни сили, или крстењето е само симболично воведување во верата, еден православен повеќе :^)
     
  9. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Како го кажа тоа дека Библијата е откодирана како да станува збор за пророштвата на Ностердамус, Библијата е таа, само секој наоѓа за потреба да ја толкува онака како нему му се допаѓа.
    Велиш дека само дискутираш и не напаѓаш никого а веќе наредната реченица ти е сигурно знаеш дека е папата Бенедикт антихрист малку контрадикторни се двете реченици.
    А јас сигурно незнам дека папата Бенедикт е антихрист за жал никој не дошол на сон да ми го шепне тој факт,а во Библијата пишува ќе се појави тој и ќе биде со прекрасно лице и тело и ќе се претстави како Господ и сите ќе клекнат пред него.....
    Не гледам каде папата може да се вметне во тој опис, ниту е убав ниту се преставува како Господ.

    Никој не ми одговори на прашањето, ако според Библијата сите ќе треба да го прифатиме жигот на ѕверот, а пак од друга страна сите што ќе го прифатат ќе бидат осудени засекогаш од Бог, тогаш која е поентата да веруваме во Бог кога и вака и така ќе бидеме осудени.
    Јас мислев дека со самата верба во Бог и крстењето односно примањето на жигот на Божјо чедо сум заштитена од црни сили, или крстењето е само симболично воведување во верата, еден православен повеќе :^)[/quote]
    Не ми е намерата да веруваш дали постои жиг или не,факт е дека Евангелието се остварува,и никој не верувам да е глупав да ја откодира Библијата за да си измислува.Доколку не си запознаена со тоа дека папата е антихрист,на круната му пишува Vicarus Filli Dei што во превод значи Замесник на Бојжиот Син,бројот на тоа име пресметано и изнесува 666.Како може во папата да тврди дека го пратил Исус .Погледни исто така дека тој има земна власт и моќ и бара сите да му се поклонуваат.Јас колку што знам,поентата на жигот на ѕверот е да бидат осудени сите оние кои не веруваа на вистината,та да бидат измамени од Сатаната и да го примат тој жиг како знак дека се одрекуваат од Бог.Крштевањето е знак дека сме Божји чеда,но оној кој ќе го прими жигот ќе се одрече од Бога,од Исус и од Светиот дух.А бројот 666 значи одрекнување од кршетавњето и од Бог.Исто важи и за нас православните,кој ќе го прими тој жиг,ќе биде осуден засекогаш и ќе биде фрлен во Огненото Езеро.
     
  10. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Вака, тоа дека папата се смета како намесник на Божјиот син, тоа не е нешто ново, а нити од сега, значи старо со векови, значи тоа спаѓа во една долга традиција во католицизмот, а со што самото тоа го негира тврдењето дека папата е антихрист.Би значело дека сите папи до сега кои што биле на престолот на Св.Петар во Рим биле антихристи??? :^) Најсигурно не.Неоснован доказ е тоа што го пишува на круната, ако сите папи во историјата на папството во Рим биле антихристи со оглед на тоа што го пишува на круната, тогаш не верувам дека би се залагале за хуманост и ред други работи.Но, сепак тие биле луѓе и многу нормално дека некогаш згрешиле или ќе згрешат, затоа што секој човек греши.Било кој папа не бил антихрист.Папата не бара да му се поклонуваат, тоа најсигурно, но, самата титула си го прави своето, затоа што се зависи од изборот на човекот во кого и во што ќе верува.Како второ се во Библијата што е напишано е алегорија, метафора.
     
  11. priti

    priti Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    83
    А кој го пропагирал мене не ми е познато??
     
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Колку што знам Америка, што ми е и многу логично ако си ја поврзам целава работа со илуминатите.Ништо веќе не ме чуди од тој аспект.
     
  13. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Ејјј интересна тема.Да,бре тоа Илуминатите се изгледа умешани,мајка ми рече слушнала нешто на Олимпијадата рекле за секој поединец на Земјава имало изработено као некој предмет
    не ме фаќајте за збор,жената не знаеше да ми објасни убаво
    .
    Вие сте слушнале нешто вакво,бидејќи и Обама и сите претседатели биле таму.
    Да не е нешто со жигот на ѕверот поврзано :?:
     
  14. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Има многу голема врска,убаво слушнала мајка ти. Самиот оган што го палат е запален од сонцето, а знаеме кои се обожувачи на сонцето :!: И се е поврзано ,цела масонерија на едно место заедно со кралицата !
    пс. малку off topic сега и ние си имаме факелоносец во жена парк и тоа не е туку -така ставено,рефлектира голема негативна енергија и што уште не. Има и зошто,нажалост :(
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xyz

    xyz Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    http://heptagramxi.wordpress.com/666-2/

    Еве ви линк со целото и правилно толкување на бројот. Без шпекулации. За да нема тропање глупости од сличен вид.
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.308
    Пол:
    Женски
    Дајте ми некои информации,многу ме копка ова со бројот 666,и кој ќе биде тој жиг кој ќе става на челото или на десната рака :sweat: ?
     
  17. flame131

    flame131 Активен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    42
    И јас го најдов само овој линк за 666 што не е врзан со христијанството и нивните сказни (ова оди малку пред нив - евреите)

    P.S. Најдов неколку зборови чија вредност е 666:

    נשיהמיאון NShYMYRVN Qliphoth (во превод „лушпа“-за повеќе малку кабала) of Pisces 666
    עממו סתן OMMV SThN Ommo Satan, the 'Evil Triad' of Satan-Typhon, Apophras, and Besz 666
    שם יהשוה ShM YHShVH The Name Jesus 666
    סורת SVRTh Sorath - Spirit of planet Sol 666
     
  18. Anastasija-Velika

    Anastasija-Velika Нов член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    3
    http://www.varnautre.bg/2013/12/26/2004 ... t_may_2014

    Сите новородени со чипови од мај 2014
    26 декември 2013, 13:07 | varnautre.bg
    facebook twitter


    Имплантација ќе им стави крај на киднапирања
    Од мај 2014 во цела Европа сите новородени ќе бидат обврзани да им се имплантира субкутана микрочип кој ќе се воведе во државните болници, пријавени ednodete1.blog.bg, повикувајќи се на италијанскиот весник Corrire di Roma . Mикрочипът е микрокомпјутер, која ќе се наоѓа во поткожното ткиво. Микрочипови се со големина на оризово зрно и се базирани на пасивната технологија НВО (NWO), прецизира frognews.bg.
    Овие микрочипови, како што се наведува во статијата, ќе биде особено корисен во случај на исчезнување или киднапирање на дeтето. Деталите се уште поинтересни: "Многу земји веќе имаат воведено микрочип при вакцинација. Таков микрочип содржи информации за едно лице, а шемите од новата генерација GPS внатре во чипот може да открие човекот носител на микрочип со точност до 5 метри. Микрочип ќе биде директно поврзан со сателит, кој ќе управува со вклучените кон него устройства.Taкъв микрочип секој сака може да имплантира за себе или своите деца бесплатно, без оглед на датумот на раѓање, откако пополните формулар. Во одделот за постоењето на кој учиме за првпат - КККН, Советодавниот комитет за контрола над населението, се донесени предвид можноста за имплантација на сите граѓани родени пред тој датум. Воведување на чипот ќе биде целосно безболно, бидејќи ќе се имплантира под кожата на левиот лакт ", објаснува Corriere di Roma.
    Понатаму во написот се вели дека овој пат веста од светот на технологијата навистина е добра. Благодарение на микрочип конечно ќе може да се избегне случаите на киднапирања и рекетирање, кои го потресоа светот во последниве години, вклучувајќи и Бугарија. Покрај тоа, благодарение на оваа технологија во иднина ќе биде лесно да се пронајде сите криминалци, бегалци.
     
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Еднаш, кога ќе го дозволите чипот во своето тело, треба да знаете , тоа тело веќе не е ваше, зашто не можете да бидете сигурни дека некој не управува со вашите движења, со вашите мисли и дела.

    ЧИПОТ е врвот на одземањето на човековата слобода и тоа е најужасното од се`.

    Родени сме од Бога слободни и секој оној кој што ќе се обиде таа слобода да ни ја одземе, да знаеме , не е од Него (од Бога)


    11. И видов друг ѕвер како излегува од земјата. Тој имаше два рога како кај јагне и зборуваше како змев.
    12. И со сета власт на првиот ѕвер тој дејствуваше пред него и ја тераше целата земја и жителите нејзини да му се поклонат на првиот ѕвер, чија смртна рана се беше исцелила;
    13. и правеше големи чуда, па дури и оган да симнува од небото на земјата пред луѓето.
    14. И ги мамеше жителите земни со чудата, што му беа дадени да ги врши пред ѕверот, велејќи им на жителите земни да му направат лик на ѕверот, кој што имаше рана од меч и остана жив.
    15. И му се даде да вложи дух во ликот на ѕверот, та да прозборува тој и да
    направи да бидат убиени оние, кои нема да му се поклонат на ѕверовиот образ.

    16. И ќе направи на сите – мали и големи, богати и сиромаси, слободни и робови – да им се стави белег на десната рака или на челата нивни,

    17. та никој да не може ни да купува, ниту да продава, освен оние, што го имаат тој белег, или името на ѕверот, или бројот на името негово.

    18. Тука е мудроста. Кој има ум, нека го пресмета бројот на ѕверот, бидејќи е број на човек, и бројот му е шестотини шеесет и шест.
    (О ткровение по Јован , (глава 13, 11,- 18).

    Фактички бројот 666 е современата надмена технологија.Еднаш еден член постави текст со програсмки јазик од кој сите програмски јазици беа еднакви на 666 математички броеви.
    Пази 666 е предвиден број пред 20 века.

    За Христијанството ништо не би било загрижувачки тешките времиња се ближат а Христијаните треба да се радуваат дека се ближи Ветеното Царство.

    Према Светите Оци од Православието и толкувањата на настаните од светот и пророштвата живееме на самиот почеток од последните времиња.
    Антихритот секако дека ќе бара начин за заведување, за Верните непознат но секако можеби е само завера но времето ќе покаже.битно знаеме што се треба да се случи и затоа нема простор за грижење.
    да не одиме офтопик можеме да продолжиме Во Христијанство.
     
    На hermosa, Anastasija-Velika и Mama25 им се допаѓа ова.
  20. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073