1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жирант

Дискусија во 'Дом' започната од lollipop93, 18 март 2014.

  1. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    ЗДраво девојки.Како прво незнаев каде да ја ставам оваа тема,па затоа ја ставив овде се надевам е во ред,како второ ако ја има,канта.А сега да ви кажам,да ве прашам,да се посоветувам.Значи вака пред неколку години татко ми се потпишал на некој човек да му биди жирант за кредит,арно ама после плус неколку години на нас ни доаѓа писмо ,дека тој и тој не го плака кредито,па жиранто т.е татко ми е дужен да го плака и така почнаа да му кратат од платата за кредитот,а најстрашно е тоа шо се насобрале многу многу пари во текот на годините од камати сеа ние треба да го плакаме тој кредит можда 10 год .Па сакам да прашам дали некој има искуство со вакви работи,дали може некако да се направи да не го плакаме ние кредитот...барам било каков совет,некој со искуство ве молам мн ми е тешко и мене и на моите ве молам ХЕЛП.п.с баравме совет од адвокат ни кажа и да го тужиме најверојатно нема да добиеме пошто татко ми се согласил да потпише по своја волја ...позз
     
  2. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Истото ова му се случи на другар ми, само стануваше збор за потошувачки кредит. Да го тужите тој, обавезно. Другар ми го тужеше и го доби случајот. Банката парите од другарми си ги наплати со кратење од плата како кај татко ти, НО затоа што го доби на суд, на дотичниот преку извршител од трансакциска сметка почна другар ми да си наплаќа. Е сега се случи дотичниот во меѓу време да остане без работа и нема во моментот приливи на трансакциската,а нема ни на свое има ништо, па извршителот неможе да повлече ништо од трансакциската, ама па таа му е блокирана и било кога( и по неколку години да е) штом дојде прилив ќе му наплатат.
    Така да го тужите.
     
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Да ја тужите и банката, која била должна да Ве извести за нередовите плаќања, а не да чека години да Ве извести (мислам дека во договорот стои дека по две не платени рати се активира наплата од жирантот). Не ме чуди да станува збор за Комерцијална банка. Чудо колку се нефункционални.

    едит: не верувам дека на Суд ќе излезете на крај со Банка, ама барем кај нив некоја жалба да поднесете.

    П.С. Во денешно време посигурно е да бидеш кредитобарател одколку жирант.
     
  4. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Колку јас што знам не ни стигна ништо дека тој не платил рата или рати дури после неколку години ни стигна дека тој не плакал скоро ништо само 2-3 рати и дека ние сме должни за тоа и дека ке дојдат извршители... :(
     
  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.179
    Моите вака заглавија пред околу 15 години. Тие не се решија да тужат, во тоа време судиите беа ептен многу корумпирани, па немаше поента. На татко ми му ја блокираа сметката и целата плата му одеше таму сигурно 3-4 години.

    Многу лош период беше тоа. Живеевме само со платата на мајка ми со која едвај успевавме да ги покриеме основните трошоци. По некое време среќа што јас почнав да работам, па им помогнав да го надминеме периодот. Всушност, тоа и ми беше мотивација да почнам да работам. Решив да побарам работа еден ден кога немав 20 денари за автобус, врнеше, а чадорот ми беше скршен. Помизерно не сум се чувствувала.

    Затоа сега никому не би му била жирант, освен на брат-сестра. Полесно ми е некому да позајмам пари, отколку да бидам жирант. Кога давам на заем знам дека ги имам тие пари и го прифаќам ризикот дека можеби нема да ми бидат вратени. Ама ако сум жирант може да заглавам со пари што ги немам, па да не знам каде да се свртам.
     
  6. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ариел и за брат или сестра човек два пати да размисли. Пријатели наши братот на мажот ги закрпи. На прашањето зошто тој им велеше -немам брат немам- и овие цел кредит си го исплатија.
    Јас не би била жирант на никого. Бар во денешно време има опции кредитот да е без жиранти и стварно нема потреба човек да ризикува.
     
  7. Antolinaa

    Antolinaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2012
    Пораки:
    2.789
    Допаѓања:
    17.755
    И моите добија писмо за тоа, но го побараа човекот и со триста натегања си го плати долгот.
    Пробајте да стапите во контакт со човекот, па да го известите и ако е во можност да си плати.

    Зашто многумина после згаснувањето на Македонска Банка мислеа дека неисплатените кредити пропаднаа, ама колку време има поминато од кога ја затворија, дури сега си ги бараат парите назад.

    На банка никогаш должен нема да останеш, макар и за денарче да се работи.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Абе го тражевме човекот ама се крие,треба цел ден пред врата да му седи татко ми.А тој иначе бил некој си мал криминалец на многу луѓе пари и дужел,ќе немаме друго решение ќе мора да го плакаме кредитот :( само шо кај нас се многу пари и многу години ние 5-6 год ќе треба да го плаќаме кредитот,ние за нас немаме толку пари потрошени,сега треба на друг треба да плакаме ;( душата да те заболи,а и за после тоа не е сигурно дали ке си ги добиеме парите.Само господ нека помага да застанеме некако на нозе ...А дали има некаква можност да не го плакаме ние кредитот била каква минамална можност ПОМОШ :worried:
     
  9. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Исто и мене нешто ме интересира околу оваа тема :)

    Братучетка ми сака да земе станбен кредеит (на 35 години), за станот веќе е даден капар и аај и да е треба да се преселат. Но со кредиотот испадна проблем, односно мажот и работи само 4 месеци и за да може да биде жирант треба да работи најмалку 6 месеци, е сега е муабетот: те молам ти потпиши за жирант па после ако може нејзиниот сопруг ќе се префрли на твое место. Се јавив во банка викаат дека жирантот не може да се смени.

    Сега ме интересира бидејќи тие викаат дека станот ќе го стават под хипотека, дали одкако ќе го купат станот и ќе го стават под хипотека, ако во текот на годините немаат можности да го испаќаат станот, а станот е под хипотека, ќе имам ли јас некоја обврска како жирант? Не знам како идат тие работи со хипотеката :) Се јавив и во банка да прашам, ама некако девојката не се сфативме со девојката :)

    Сепак 35 години ми се гледа како мноооооооогу долг период, никогаш не се знае што може да се случи.
     
  10. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    apple12 моето мислење е следно. Значи размисли многу добро. Прво и основно кога ти си жирант на некој твојата кредитна способност е намалена. Значи добро пресметајсе дали тебе во наредните 35 години ќе ти треба кредит да подигнеш, затоа што нема да можеш или ќе можеш многу мал. А 35 години се мноооогу долг приод. Второ кога кредитот е хипотекарен (станот е ставен под хипотека и во случај на неплаќање банката ќе си го зема) мислам дека тебе те места да бидеш кокредитор, а не жирант. Тоа значи дека висината на платата на братучеткати не е доволно голема па треба уште едно лице тоа се вика кокредитор. Јас мислам дека е така еве некоја друга феминка нека појасни.
     
    На eliesaab, fighter и Dvolicen им се допаѓа ова.
  11. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Да, да јас ќе бидам како кокредитор, бидејќи сум пријавена на минимална плата, јас и уште еден ќе бидеме кокредиторти.

    Сакам да знам дали ако нема можности во иднина да го исплаќа кредитот, банката го земе станот зошто е под хипотека, дали јас како кокредитор ќе имам некоја обврска, според некоја логика не би требало, зашто банката си го зема станот за да го покрие кредитот.

    Многу се мислам, не можам да и речам не, ама пак и 35 години не се малку.
     
  12. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    apple12 земањето на станот е последна мерка која ќе ја превземе банката, претходно ќе се обиде да си ги наплати средствата на поедноставните начини, а кокредиторот не е за украс. Прв на удар е кредиторот, а следни кокредиторите (јас сум кокредитор на станбен кредит, а кредитор е мојот партнер). Но еве и да размислуваме дека се ќе биде во ред и луѓето уредно ќе си плаќаат. НО :!: во случајов страшен е периодов 35 години. Не зезам, ако сега се врзеш ти до твои 60 години (гледам имаш 25 ) нема да бидеш кредито способна. Незнаеш што носи животот, во иднина за свои деца нема да можеш да земеш кредит ако сега потпишеш. А недај боже за болести несакам ни да размислувам.
    Јас искрено не би се нафатила. Мислам да беше докај 10 години ок, ама 35 страшно долг периот. Мојот кредит е на 10. Ние за нас самите па не се осмеливме на толкав период.
    Кажии на батучеткати да почека уште 2 месеци, маж и ќе може да си биде кокредитор, продавачот на станот или инвеститорот ќе ги почека, па не се 2 месеци долг период и мирна глава. Вака сите ве заглавува. И нема љутење во вакви ситуации, убаво ќе и објасниш се.
     
    На Elen4e_sonce и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски
    Ирена фала ти многу за тоа што ми ги разјасни овие работи :)
    Се согласувам со тебе, и искрено ќе разговрам со неа, се надевам дека ке ме сфати. Сепак 35 години не се малку :) Поздрав :)
     
  14. lollipop93

    lollipop93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    252
    Допаѓања:
    88
    Значи од моето искуство од нашиот кредит ти кажувам дека ние сме должни да му го плакаме на ,,тој,, кредитот бидејки тој нема никакви примања ниту пак нешто на негово име и ради тоа татко ми е должен да плака,затоа штом станот е ставен под хипотека тебе ништо не ти можат,прво ги разгледуваат сите примања и се друго на оној кој го подигнал кредитот,е веќе ако он нема ништо со што би го покрил кредитот тогаш одат кај жирантот.позз
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Od mob.pisuvam se izvinuvam što ne e na kirilica.
    Apple što napravi so bratucetkati,što i kaza?
    Lolupop ne e baš taka, ne e tocno ,deka Stom kreditot e hipotekaren nisto ne i mozat.prvo taa ne treba da bude zirant kako tatkoti tuku kokreditor, ne e isto.a vtoro bankata ke si go zeme stanot vo slučaj na ne plakanje,no prvo ke gi iscrpi site kožni izvori na sredstva ,a toa se kokreditorite.
     
    На lollipop93 и confused им се допаѓа ова.
  16. apple12

    apple12 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    3.291
    Пол:
    Женски

    Во право си Ирена, јас ги имам ги имам истите обврски како и братучетка ми.

    Ништо виде дека сум ладна и некако не заинтересирана (зашто и викав па не знам, па што знам, прво да разговарам со моите) ми кажа дека размислила и не сакала да ме стави во безизлезна состојба, зашто не знаме што ќе се случи понатака и што ни носи животот. Многу ми олесна :)
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.873
    Допаѓања:
    11.269
    Пол:
    Женски
    Јаболко добра одлука , кокредитор за 35 години е премногу , од каде знаеш што носи идината може на твоите деца ќе треба да помогнеш како кокредитор :D
    Не се обврзувајте на вакви работи ,платата ќе ти биде врзана нема да можеш да подигнеш кредит доколку ти притреба.
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ти за 35 години ќе бидеш кредидтно не способна, и можеби тебе ќе ти треба голем кредит во иднина ама нема да ти го одобрат зошто си кокредитобарател.
    А кај најдоа банка што дава кредити до 35 години отплата?
    јас знам максимум дека 30 години со 2 кокредитобаратели!
     
    На irena.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. femina91

    femina91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    17
    Дали може да се пиши за жирант некој кој веќе и самиот има земено кредит?
     
  20. coconaut

    coconaut Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.562
    Пол:
    Женски
    Прв жирант сум на два кредита(потрошувачки), побарано е од мене на бидам втор жирант на друг кредит. Какво влијание би можело да има доколку јас понатаму сакам да земам станбен кредит, да не имам проблеми. Ве молам за одговор.