Можеш да земеш кредит во иднина, но доколку оние на кои си им жирант (посебно прв) НЕ плаќаат, тогаш ќе мора ти да им го враќаш кредитот. Ќе ти стигне административна забрана за плата и се додека не се исплати кредитот нема да ти биде одблокирана сметката.
Од септември излегоа нови правила.Ако си жирант некому (НЕ Е битно прв или втор) , банката може и да не ти даде кредит со образложение дека 1/3 од платата веќе ти е ,,резервирана,,
Ви благодарам на одговорите, може ли да ми кажете каде ги има новите правила или нешто слично каде може да прочитам за оваа проблематика.
Нормално, самата банка се штити на таков начин. Не знаев дека има измени, сепак убаво е да се знае кога веќе станува збор за ваква тема.
Влијае, и те како. Ние земавме кредит пред околу дев години ова важеше и тогаш, така да не се баш нови правила на банките. Значи ти можеш да земеш кредит дур си жирант. Меѓутоа твојата кредитна способност е намалена колку ратата на кредитот каде што си веќе жирант.
Здраво. Една молба. деновиве ми дојде решение од нотар. Пред извршување. За жирант на MasterCard Standard картички од Тутунска Банка од пред10 - 12 години. негде 2003 - 2004. Тутунска банка не ми го дава и како змија ноги го крие договорот на барателот на картичка и изјавите за жирант. Би молел доколку некој имал ваква картичка и има ваков договор од тоа време. прекријте ги вашите лични податоци, искенирајте, ми треба како банката правно ги врзува жирантите за главниот корисник и кое им е оправдувањето за не информирање на жирантите,. десет години банката да го толерира долгот да билда камата и сега јас треба да платам. МИ треба за да знам какви правни цекори да преземам сега. Благодарам.
Треба да ти биде јасно што значи жирант, ако барателот на картичката не го подмирува долгот на време тогаш жирантот плаќа наместо него. Може 10 год главниот корисник да плаќа редовно но 11 год да не плаќа и во тој случај се брка жирантот (зависи на колку год. бил потпишан договорот). Инаку 10 год банката не толерира долг (таа не толерира доцнење ни 10 дена а не пак години). Банката уредно те сега информирала дека главниот корисник не го платил догот и сега го брка жирантот. Овие информации стојат и во документот-Изјавата што си ја потпишал. На тој што си потпишал со него ќе се разбереш т.е замолиш да го плати долгот за да не те бркаат тебе. Правни чекори не можеш баш никакви да преземеш затоа што самоволно си потпишал Изјава дека ако главниот корисник не го подмири долгот ќе го подмириш ти (жирант). Секогаш велам да се чита тоа што се потпишува.
А ме интересира во случај кога жирантот го плаќа кредитот на тој што го земал затоа што не бил во можност да го плаќа, на пример ја изгубил работата, нема ништо на негово име, и жирантот плаќа некое време, но во меѓувреме тој што го земал кредитот пак е во можност да плаќа, ако се вработи и има можност за забрана од 1/3 од плата. Дали автоматски ја блокираат сметката на тој чиј што е кредитот или наплатата продолжува од жирантот?
Јас искрено незнам зошто некој луѓе се нафаќаат да бидат жиранти а после се жалат не го плаќа кредитот ,неможам да земам плата ова она ,па вие свесно сте си потпишале за жирант никој не ви е крив ,затоа памет во глава и пред да се направи нешто размислете за последиците што би/ќе ве снашле ..
Дали може да биде жирант некој што веке бил некому жирант и си има свој кредит за плакање ? И дали кога жирантот ке оди во банката треба да донесе некакви документи колку плата зема ,потврди од работа и било што ?
Здраво, сакам да прашам дали ако на некој си жирант кога ке сакаш ти да подигнеш кредит банката дали ке одобри или не?
Па може и да не, зашто веќе гарантираш за друг, а во случај да носителот на кредитетот не го исплаќа на време, се активира гарантот и ќе се наплати од него, со што се намалува неговата кредитна способност.
KE VE MOLAM IMAM RATA OD KREDIT NO NE STIGNUVAM DA JA NAPLAKAM NATRUPAN SUM I BRZI... KADE STO GO ZEDIV KREDITOT IMAM TRAEN NALOG NO PLATATA JA PREFRLIV VO DRUGA BANKA KOJ SE POSLEDICITE?? NA MOE IME NEMAM NISTO ZIVEAM SO RODITELI... Од друга страна имам жирант
Прво ќе те контактираат повеќе пати. Ако не ја платиш ратата ќе вклучат извршител. Тој ќе ти ги блокира сметките во сите банки, со што ќе неможеш да си подигнеш плата. Се додека не го платиш долгот или не се договориш со извршителот ќе бидеш блокиран. Совет: Не требало да ја префрлаш платата туку да побараш од банката каде ти е подигнат кредитот да ти ја намалат ратата и да го продолжат рокот на доспевање на кредитот. Пр. ако си го земал кредитот на 5 години, да се продолжи на 10 и слично.
Да за одблокирање ама јас да сум на твое место не би дозволила да стигне до таму работата. Зошто рачунај освен сумата за кредитот ќе му должиш и на извршителот за поведената постапка. А тоа ти се плус пари. Види горе што ти допишав и договори се со банката од каде си го земал кредитот.
Примања 18 000 давачки 18 и 700 кредитна кредит и три брзи кредити веќе не стигнувам и имав ради домашни проблеми итност од пари и една рата две не платив 11616 ми е рата уште 5 години две сум платил редовно...
Pisan sum zirant na kredit kreditobaratelot t.e toj sto gi zede parite ne go plaka kredito baraat pari odmene e sega tie pari sto gi baraat odmene za nego dali moram da gi plakam i dali ako gi plakam mesto nego imam pravo na tuzba pa toj da mi nadomesti so sum plakal za nego godini ?