1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Житијата на светите отци

Дискусија во 'Религија' започната од shushu, 19 февруари 2015.

  1. shushu

    shushu Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Зошто темава не заинтересирала некој да напише нешто? :^)
    Читам житија на светите отци и се доста инспиративни за мене. Сега, за жал, не сум во можност да споделам некое па само сакам да кажам дека се вредни за читање. :nod:
     
    На melnicanecot, КикиМаус, Bulgarian и 3 други им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако сакаш можам да ти дадам линк од каде што можеш да правиш копи-пејст на житија, ама џабе, па нема да ги читаат. Од искуството на други форуми, таквите блогерски теми се најдосадни, монотони и сувопарни, нема дискусија на нив, дури и се обесхрабрува дискусија, изнесување сопствено мислење за изнесениот текст (во случајов житие).
    Обично подржувачите на таа конкретна религија (на која се однесува блогерската тема) ако се онлјан ставаат лајк во првите 10 секунди на текст што е долг една страна, со што јасно покажуваат дека ни тие самите не го прочитале :)

    Башка, мислам дека многу поголем интерес би имало доколку се отвори тема за басните на Езоп или за житијата на ликовите од Илијадата и Одисејата. Мене барем ми се поинтересни, а и поучни исто така. Многу од тие житија исто така се поврзани со некои историски личности и настани од античка Грција.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Да дури многу и од легендите се покажале како точни и во голем процент археолошки и историски докажани.Дека не биле бабини деветини и не се створени со бајките на бабите кои ги заспивале внучињата во доцните часови.
     
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Само реков дека се ПОВРЗАНИ со некои историски личности и настани од античка Грција, слично како што и житијата на светите отци се ПОВРЗАНИ со некои историски личности и настани. Митски и историски недокажани елементи има и во двете групи на житија.
     
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Двоен ти е аршинот за докажаноста на библијата со докажаноста на житијата.Одма се поставува прашањето како па се докажала библијата?
     
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не ми е двоен. Библијата се докажала со историски докази, со пронајдени околу 5,800 рани ракописи на Новозаветните документи (евангелија, посланија) напишани на оригиналниот коине грчки јазик, потоа уште околу 10,000 преводи од латинската Вулгата и уште околу 9,300 други преводи на коптски, сиријски, старословенски, готски, арапски, ерменски итн. И покрај тоа што биле распространети на широчина од 3 континенти, според текстуалните критичари усогласеноста на овие ракописи е 99.5%. Нивното рано датирање е докажано со доволен број на преживеани ракописи од 2ри век, а исто така и со надворешни цитирања од ранохристијанските писатели од крајот на 1ви и 2ри век. Можам да ти кажам кој манускрипт точно од кога датира и во кој музеј се чува, па ако сакаш иди и провери.

    Можеш ли ти да ми дадеш листа од преживеани историски ракописи пронајдени од времето во кое живеел светиот отец па да ја провериме нивната веродостојност? Или еве да ми кажеш во кој музеј се чуваат? :)

    За Старозаветните книги ја имаш грчката Септуагинта, латинската Вулгата, еврејските Масоретски текстови, еврејските Кумрански списи, сите овие се движат по 4 независни линии на препишување, чија независност се потврдува со тоа што се на различни јазици, од различни времиња и места на користење, а сепак неверојатно усогласени што зборува за нивното чесно и веродостојно копирање од генерација во генерација. Или на пример Масоретите ги сметале есените (кои ги напишале Кумранските списи) за секта и отпадници од Јудеизмот и нормално дека не би си препишувале едни од други, туку секоја група засебно ќе си ги копира светите книги, а сепак неверојатно усогласени.
     
  8. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Можам,ги имаш во продажба книгите на Свети Јован Кронштански,Свети Серафим Саровски,Свети Јован Шангајски и Сан Франциски, имаш поуки на Отец Тадеј,поуките и житието на Романови итнМожеш да си ги земеш па споредувај и проучувај дали се во склад со библијата.Ако воопшто и знаеме која е поуката на библијата.

    Токму така значи она се што изнесуваш како за тебе доказ за библијата кај житијата на поновите светии од наше време имаш по опипливи докази,но и видливи.

    Имаш и видеа од нив да гледаш и како изгледале,и како живееле и дека воопшто постоеле.Имаш и опипливи докази и снимки од чуда од нивните икони,мошти итн.
     
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ајде објасни во која година се пишувани овие книги, колку се блиски до настаните кои ги опишуваат, кои житија ги опфаќаат... почни од некаде. Еве на пример можеме да ја разгледаме историчноста на следново житие:

    Преподобен Јован Пустиник
    Син на една христијанка Јулијана во Ерменија. Уште како момче ја остави мајка му и побегна во пустина. Сиот пламтеше од љубов кон Господ Христос. Во пустината најпрво се предаде на раководство на духовникот Фармутиј, којшто толку се беше удостоил кај Бога што ангел Божји секојдневно му носеше леб. По извесно време младиот Јован се оддалечи и се повлече во осаменост. Се спушти во еден сув бунар и внатре помина цели десет години во пост, молитва и бдеење. Св. Фармутиј му носеше од ангелскиот леб и му даваше да јаде. Бидејќи ангелот Божји не сакаше лично да му дава леб на младиот Јован, за да не се погордее, затоа леб му се даваше преку Старецот Фармутиј. По десет години тежок подвиг во бунарот, Свети Јован се престави кај Господ, а неговите мошти се покажаа чудотворни. Поживеа и се прослави во 4 век.
    (Извор: МПЦ)

    Ете во самото житие се вели дека е овој живеел во 4ти век. Дали имаш некакви изториски извори од 4ти, 5ти или 6ти век за оваа приказна за овој Јован кој ја оставил мајка му, отишол во пустина, се пикнал во бунар, бдеел во него 10 години и умрел?
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Не ми врти муабетот за далечните векови.Јас сите светии што ти ги набројав се од нашиот век.А намерно ти набројав од скорашните за да немаш аргумент да поврзуваш со митологија.

    Токму тоа е тоа што ти викам дека доказите кои ти ги наброја се помалку издржани и бидејќи библијата е од пред 2000 години има повеќе можност за сомнеж за поврзување со митологијата,него ли доказите што јас ти ги набројав за житијата на скорашните светии од наше време .Каде има опипливи докази и снимки дека навистина се случиле житијата на овие светии,а митологијата е 100 % исклучена.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
     
    На melnicanecot му/ѝ се допаѓа ова.
  12. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Не ми е јасно зошто некој се фаќа да спори за житија на светиите кога нивното читање не е дел од неговото религиозно искуство.
     
    На melnicanecot и Bulgarian им се допаѓа ова.
  13. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    На melnicanecot, Bulgarian и Orthophill им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Митските елементи, поточно лагите со кои се шминкаат или целосно менуваат настаните немаат врска со векот. Напротив, денес луѓето се многу пософистицирани во лажењето и режирањето „чуда“. Па ние само пред неколку недели бевме сведоци и го дискутиравме тука лажното „чудо“ за мистериозното слепо дете од Струмица кое наводно прогледало а Струмичани поима немаат за такво дете :) Значи ако можат пред наши очи во една толку мала државичка да се сценираат вакви лажни „чуда“, што останува пак за некаде подалеку.
    Ја оставил мајка му, отишол во пустина, се пикнал во бунар, бдеел во него 10 години каде што и нормално вршел нужда и умрел :) Понекогаш и самата содржина на житието ни открива бесмисленост, без да имаме потреба надворешно да го истражуваме.
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Добро, сфативме дека тебе не само житијата, туку и православието ти е бесмислено, нема потреба да не замараш повеќе. :) Нема потреба да си го пикаш носот каде не му е место, во теми за православието каде по се плукаш. Гледај си го твоето.
     
    На melnicanecot и Bulgarian им се допаѓа ова.
  16. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки

    Според таа твоја логика на размислување ако можело демек сега пред наши очи така да лажирале колку можело порано ,а си се запрашал ли па колку можело уште порано пред 2000 години кога настанува христијанството?Или за тоа време не сакаш да размислуваш по таа логика?Двоен аршин имаш на размислување.

    Или еве добар аргумент против лажната реформација.Ако реформацијата е измислена и претставува отфрлање на се останато во црквата што се случувало после настанувањето на библијата, бидејќи се смета дека отпосле со тек на време се подлежувало под митологија и бабини измислици,колку повеќе она уште постарото настанато односно пишувањето на библијата би требало да го сметаме по таа логика уште по умешано со митското и бабините измислици.
     
    Последна измена: 17 јануари 2017
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не те замарам бе девојче, само си дискутирам на форум, исто како што и ти дискутираш и изнесуваш мислења на пример дека паричката не се вртела за Бадник, туку за Василица т.е. дека твојата традиција била правилната, а не таа на другите членови од форумот. Затоа сме овде, да си размениме мислења и да дискутираме, не мора се лично и емотивно да сфаќаш :)
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Па истото и јас ти го велам бре човек, не мора да ме повторуваш :) Митските елементи, поточно лагите со кои се шминкаат или целосно менуваат настаните немаат врска со векот. Затоа јас кога велам дека библиските книги се веродостојни изнесувам историски факти, ги ставам на ригорозен библиографски тест кој нема милост како за секуларни, така и за религиски текстови. Изнесувам факти, аргументи, логика, разум, причини за разумна вера во евангелијата и целата Библија.
    Најлесно е човек да запели некое митско житие овде и да рече амин. Ама веќе дискутиравме за ова дека тоа е класична слепа вера.
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.048
    Допаѓања:
    76.040
    Пол:
    Женски
    Не, не сфаќам јас се лично. Ама јас не коментирам во теми каде само сакам да плукам по нешто со кое не се согласувам. Форум е и баш затоа што е форум дискутирај за она што те засега а не да мрчиш за она со кое не се согласуваш, во секоја можна тема тоа го правиш. А како што гледам не си ми ја ни сфатил поентата во темата за паричката. Оди и прочитај што пишав. Ако не најдеш ќе ти цитирам.
     
    Последна измена: 17 јануари 2017
    На Bulgarian му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    747
    Пол:
    Машки
    Она кое ти го изложи како факти за библијата ,јас изложив исти по поуверени факти ,опипливи,видливи и можат да се истражат и посетат од секој, за житијата од нашиот и претходниот век.
    Не ми е поентата дека не и верувам на библијата но јас разумно се пуштам да размислувам како за житијата така и за се друго.За разлика од тебе кој имаш двојно и селективно размислување.
    Иако за верата воопшто не е тој начинот на докажување на кои ние се пуштивме тука да размислуваме.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.