Житијата на светите отци

Discussion in 'Религија' started by shushu, Feb 19, 2015.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Joined:
    Feb 25, 2017
    Messages:
    444
    Likes Received:
    1,967
    Житие: Светиот свештеномаченик Никон

    Роден е во Неапол од татко незнабожец и мајка христијанка. Беше римски офицер во Неапол. Не беше крстен, иако мајка му тајно од таткото го поучуваше на Христовата вера. Еднаш кога тргна со својата чета во бој, мајка му го посоветува ако западне во неволја да се прекрсти и да Го повика Христа на помош. И навистина, кога во битката Никоновата чета беше опколена и сосем близу до конечна погибел, Никон се прекрсти и во срцето повика кон Господ Исус. Во тој миг се исполни со необична сила, јурна на своите непријатели и едните ги уби, а другите ги натера во бегство. Враќајќи се дома непрестајно во чудо возвикнуваше: „Голем е христијанскиот Бог!“ Откако ја израдува мајка си со веста за победата со помош на крстот Христов, тајно отплови во Азија и таму епископот кизички Теодосиј го крсти. По Крштението се затвори во еден манастир, каде што се предаде на учење и подвиг. Но пред смртта епископот Теодосиј имаше видение во кое му беше заповедано за свој наследник да го ракоположи Никон. Старецот Теодосиј веднаш го повика Никон и го ракоположи за ѓакон, потоа за презвитер и накрајот за епископ. По Божја Промисла Никон наскоро дојде во Неапол, каде што ја затекна мајка си с ѐ уште жива. По нејзината смрт заедно со деветмина ученици, свои некогашни војнички другари, замина за Сицилија и таму го проповедаше Евангелието. А во тоа време имаше страшно гонење на христијаните. Кнезот Квинтијан го фати Никон со другарите и ги удри на големи маки. Сто и деведесет негови другари и ученици беа убиени. А мачителот го врзуваше Никон за опашките на коњите, го фрлаше во бездна од високи карпи, го тепаше, го стружеше, но Никон ги преживеа сите тие маки. Најпосле го убија со меч и се пресели со душата кај Господ. Неговото тело го оставија во полето за да го изедат птиците. Но едно демонизирано овчарче се сопна и падна врз мртвото тело на Христовиот маченик и веднаш се исцели. Разгласи за телото на Свети Никон, па дојдоа христијаните и го погребаа. Пострада за Христа во времето на царот Декиј.
     
    Orthophill and Rama like this.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,893
    Likes Received:
    81,133
    Gender:
    Female
    @Gosh читајќи го твојот коментар во СДК вчера, каде ги замолуваш тие што пишувале во темите за фетиши, и секако, не се невини, да не се правеле мега религиозни... ти препорачувам да го прочиташ погоре цитираното житие на Св.Марија Египетска. :)
     
    Таа Сум and melnicanecot like this.
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,663
    Likes Received:
    45,637
    @Bitter-Sweet ти пишав у ,, Специјален поздрав ,, оти не можам да ти пишам у лп. Ако си видела, си видела,го избришав. Ако не , пиши ми у лп. Ти посакувам се нај убаво.