Секој ден појадувам житарки исклучиво со јогурт! Мајка ми ми купува од некоја си продавница за здрава храна од зелен пазар ( не сум сигурна не ме држете за збор ) корнфлекс, овесни снегулки, мелени ленено семе, мелени семки од тиква и од сончоглед,цимет и кокос. Ова се заедно + јогурт = совршенствоо Башка имам залиха за околу 2 месеца
Јас купувам мусли од Кам. Околу 160 денари се, обично ги јадам за доручек со јогурт. Внатре има ’ржени, пченкарни, пченични и овесни снегулки, ленено семе, кокос, по некој бадем, лешник, семки од тиква, кикирики и сончоглед. А има и суво грозје, ама јас обично го вадам зошто не ми оди со јогуртот.
На Vitalia мусли и тоа овие ми се најдобри , со јогурт ми се поубави одкако со млеко, можеби заради кислекастиот вкус на капината и малината.
За овие нешта сметам дека се најголемата (или една од најголемите) измама на прехранбената индустрија, ги форсираат како здрава храна а се така преработени, деформирани да речами преполни со шекери и како и секое зло, нивната татковина е УСА. Имено, житарки ДА, ама да речеме, сварена пченица, пченка, просо...како што ги дал Господ и подготвени спрема кулинарските рецепти, сами или како прилози, итм. Експандиран ориз, експандирана квиноа...страшно.
Деновиве, доручек, ручек и вечера. Spoiler + Корнфлекс исто кафеав на Виталиа, лажичка кокосово масло и чоколино, во комбинација со стоплено млеко. Тоа е таа бомба која ќе ме умре кај и да е. Честа ужинка меѓу два главни оброка ми се гранули мали на Виталиа и 4те семиња (сончоглед, лен, тиква и сусам) со јогурт.
Мусли и житни снегулки не јадам и никогаш не би јадела. Погрдо нешто незнам дали воопшто постои барем според мене,толку ми е чуден вкусот што не можам да си го опишам... Имам пробано еднаш и никогаш повеќе. А корнфлејксот го обожавам Ама морам да признаам дека повкусен ми е така да си го грицкам отколку со млекце
Јас можам само вакви да јадам цел ден,многу се убави и уопште не се скапи и плус имаш парчиња суво грозје,праска..
Муслите не можам да ги смислам. Житни снегулки досега немам пробано, но затоа обожавам корнфлејкс. Одамна немам јадено, па утре ќе си купам.
Мусли јадам, уживам кога се со благо млеко па некогаш им додавам и од тие 4 вида семиња од Виталиа. Корнфлејкс исто така, иако ми се случувало да си краднам од кесата и како чипс да ги грицкам сирови и крцкави Ама! Овесни снегулки Не не не... Еве овие Ги пробав со јогурт, па мислев густ ми е јогуртот па додадов уште малце вода, повеќе ко попара го направив...па пак немаше вкус, па додадов сол...зошто стварно немаше никаков вкус...го дојадов едваааај тоа чинивчето што го спремив (зошто незнаев кај да го истурам а греота ми беше во тоалет) и еве така ми стои цела кеса отворена и неизедена. Јас неможам Сака некој?! По пошта му го праќам... не не, по такси побрзо сериозно Или ќе го ставам на лимот на балкон да го изедат птициве...стварно ко храна за птици е (не дека сум пробала хахаха )
^^ Или уште нешто како можеш да ги искористиш, што јас правам со некои мусли кога не ми се по вкус. Во блендер една банана, ако имаш малку капини, малини или аронија, ако не, само банана, ставиш 4 супени лажици од овесните, малку мед и 250 мл (отприлика) јогурт. По желба може да додадеш малку од омилените мусли, некои чоколадирани, или со лешници, бадеми. Се изматиш и добиеш здрав напиток, одличен за почетокот на денот.
Јас овесните ги јадам со Ајран. Со обичен јогурт кога ги правам ми се онака бљуткави без никаков вкус али ајде колку да се рече едвај ги јадам. Друг начин ми е да ги варам со вода, убаво се растопуваат и омекнуваат па ако додадете и цимет исто ко сутлијаш да јадете.