Од мусли се трпат тие чоколадните или овие повеќе овошје што имаат, тоа им дава некој вкус, другите се.. Често си јадам овесна каша од чоколадо таа од малина не ми чини ич + многу ефтин оброк е, 18 ден. една кесичка е. За корнфлекс да не зборувам. најмногу го обожавам
Не знам дали знаете бидејќи ретко кој знае повеќето се држат до упатството што го пишува на кесичката.Овесна каша од овие кесички не се спрема така,туку ставете млеко како и обично и тањирчето во микробранова Одвреме навреме мешајте тоа се погусто ќе стане,само пазете брзо расте да не ви претече Многу е повкусно па и овошје ако си ставите мх мх
Сега јадев од овие за вечера, баш се вкусни. Периодов ќе јадам корнфлекс и мусли за доручек и вечера. Во средно така си одржував килажа, ама веќе ми беа смачени. Еве пак идам по старо и знам дека за 1 месец ќе има резултат.
Денес купив од овие: И ги јадев со јогурт.Мислев дека ќе ми биде малку 100мл јогурт па ставив повеќе и не можев да ги изедам, поукнав.Овие се многу убави чоколадниве и овошните инаку обичнине се
На работа појадувам 2-3 пати неделно од муслите на Виталиа "Breakfast muesli" во комбинација со оризово млеко со вкус на ванила. Си ги подготвувам од дома во термос чаша, ставам пола чаша мусли, една супена лажица прав од оризово млеко и до горе ги потопувам со топла вода (како за чај). Така ми отстојуваат сигурно саат време, нараснуваат и после тоа имам совршенство за јадење. Превкусно е и најсрдечно препорачувам.
Овие две гледам да ги имам редовно дома: Мусли од Виталиа со вкус на малина/капина - ги јадам најчесто со овошен јогурт, така ми е многу повкусно. Освен овие други немам навика да земам, на пр тие со чоколадо, банана, брусница... не ми се допаѓаат многу. И овесните снегулки, ги варам со млеко и откако ќе се сварат ставам мед и така ми се преубави...
Околу 5 до 10 минути максимум, да го впијат малце млекото, да омекнат и да набабрат, со тоа што цело време мешам и кога ќе забележам дека смесата почнала да се згуснува тргам од оган...
Здраво друштво, сакам да споделам еден многу битен факт со вас , значи овие мусливе и зитаркиве претежно се ГМО , а сите знаеме дека генетцки модифицираниве работи многу ни штетат на нашето здравје а исто така и допринесуваат за развивање на многу болести, па затоа барајте во продавнците органски мусли и житарки, затоа што обичните мусли не се многу здрави за конзумирање , а исто така многу имаат шекери и вештачки бои . Еве ви во прилог несто вкусно и здраво ! Начин на подготовка: 1/2 чаша овес да се вари со 1 чаша вода или ако сакате блага варијанта може да се вари со 1 чаша растителен напиток замена за млеко(од ориз, пченица, соја) За повкусен оброк овесната каша (варен овес или потопени овесни снегулки) може да се комбинира со суво овошје, јаткасти плодови, цимет, сусам, мед, малтекс, какао, со свеж зеленчук, свежо овошје и други намирници по желба и да се подготви вкусен и здрав појадок или ужина. органскиве намирници ги купив од БИОКУЛТ!
Ееее скоро сите ги јадам речиси секојдневно. Најчесто ги јадам за поручек и ако ми се пријаде после вечерата. Омилени ми се тие што имаат и овошје малина, банана и сл.
Сум пробала од сите нив, но Муслите продолжив да ги јадам и до ден денес само нив ги купувам. Најчесто чоколадни.
мусли и oвесни снегулки Ги јaдете? Кoи ви се нaјубaви? Требa дa oдaм дa купaм сегa пa не знaм oд кoи дa земaм.И aкo знaете кaжете ми кoи се нaјубaви кoгa се јaдaт сo млекo.Фaлa oднaпред
Јадев порано корнфлекс (чоколаден) а сега јадам Мусли. Најубави ми се, секако, чоколадните, потоа тие со мед, како и оние со јаболко и лешник. Еве сега купив овошни со малина и капина, но сеуште ги немам пробано.
Овесни снегулки, ама приготвени како овесна каша. Малку подварени во млеко или вода, после додавам малку мед, сецкам банана и на крај наросувам цимет. Број еден доручек. Ем вкусно, ем здраво, а глад ќе осетиш дури по саати. Муслите, зависи кои. Има некои што имаат додатни непотребни шеќери. Виталија се добри, има неколку врсти.