Овесни снегулки, чисти овесни снегулки или со малина или чоколадо не ми се најомилени. Од друга рака мусли со банана и чоколадо ми е убедливо број 1, го јадам со јогурт и понекогаш знам да наросам овесни снегулки од чоколадо или малина, некогаш и обични, имам во мали кесички. Кога јадам чисто овесни снегулки, не мешани со било шо друго, обично ги јадам со млеко или мешани во павлака со некое овошје насечкано или блендирано внатре. А тие мали паковања од овесни снегулки шо ги нагласив се овие: ама место на една употреба јас по малце си турам во муслито зошто овесните снегулки ми се најнеомиленото за јадење @jacqueline.s за овесните шо рече со мед, паметно ќе ми биди така да пробам зошто не ми се највкусни, а кога ги јадам убедливо мн мн заситват.
Ништо, не се залажувајте од тие овесните што се со вкусови. Имаат триста глупости во нив. Само обични овесни снегулки, како тие погоре на слика со плаво на опаковката. А муслите кои ги сподели, многу се убави, ги имам дома, ама одбегнувам да ги јадам оти се многу покалорични од обичните мусли. Koгa јадам мусли јадам вакви: A за овесна каша со банана, мед и цимет, верувајте, нема да згрешите. Вака изгледа кога ќе ја подготвам:
Овесни снегулки обични, ама исклучиво со јогурт Не сум баш по благото па овие мешаниве со вкусови не ми се ич убави, не ги можам Еден период живеев 6 месеци само на житарки, колешките ме зафркаваа дека сум јадела храна за папагали
Кога сме кај житарици Виталија или натура? Секогаш се двоумам. И ве молам бидејќи голем е изборот препорачајте ми некои за со јогурт, некои за со млеко: ама да се вкуснии.. Еднаш купив пченични снегулки од виталија но без вкус. Пробав да ги јадам и со чај и со јогурт и со млеко. И секогаш одново и одново ми се згрозуваше животот. Одвратни беа!
Vitalija definitivno..Odsekogas sum kupuval takvi .. I takvi sum jadel.. preku 80 kg.. imam poracano dosega xD
Тие со банана и млеко со каков јогурт ги јадеш? Гледам по Youtube некои девојки ептен што се хранат здраво јадат некаков јогурт со житарици и овошје ама незнам каков..
Ги купувам класичните, на ќесичката пишува Oat flakes и дека се од цели зрна, секогаш барам да го пишува тоа. Ги ставам во Нутрибулет со банана, цимет, аронија и што и да најдам по дома од овошје што одговара. Брз и здрав појадок
Јас оние снегулки ситните што се за со јогурт ги купувам од Зегин. И стварно се најдобри, зошто сум зимал и од Тинекс и од Веро. Ама во Зегин се најубави.
Ги имам пробано само тие од чоколадо и убави се, мене лично сувата банана ми е грда со млеко и не би ги одбара тие со банана.
Па баш и нема некој солен вкус битолскиот баланс. Јас кога јадам палачинки/лепче со еурокрем секогаш пијам јогурт, а не млеко. А и со мусли е одличен. Бтв дајте некои мусли кои што ич немаат суво грозје во нив! Аман веќе, ги сакам многу овие погоре постираи од Виталија, ама не можам на секое да го бркам сувото грозје за да го извадам. Само во оние што се со јатки нема, ама некогаш сакам да сменам.
Муслите ми се совршен избор кога сум на диета. Даваат енергија, здрави се, не ме дебелеат. Обавезно имам еден оброк мусли во денот. Најчесто ги јадамсо јогурт, заради диетата макар што со млеко се повкусни. Скоро секогаш ги земам овие: Имаат многу овошје, што значи дека се поприлично благи и ми ја задоволуваат потребата за благо во денот. Плус, не се скапи
Јас јадам овесни снегулки за појадок со јогурт . Ги земам без додатоци . Исто земам и мусли некогаш за вечера а некогаш како ужина . Омилени ми се банана и чоколадо на виталија . Муслите ги земам со млеко најчесто со 0.9% млечна маст .
Вчера земав мусли на виталија едни земав со малина, банана и чоколадо. Со малина не ми се допаднаа баш пред да и ставам јогурт убаво мирисаа потоа не мирисаа на ништо. Уште овие ми останаа ќе видам подоцна дали ќе ми бидат убави.