Овесни снегулки варени, најчесто без ништо, а ако ми се јаде благичко, додавам какао. Корнфлекс класика, само тој и ладно млеко. Земам и некој интегрален од БиоКулт, али некако картонски вкус ми има. Кога повеќе ќе се инспирирам земам од се' по едно ќесе, чист корнфлекс, пченични снегулки, снегулки од 'рж, мелено ленено семе, понекад 4-рини мелени семиња, па си комбинирам, шака од ова, шака од она. Со млеко, не ми оди со јогурт. Еднаш-два пати во годината ќе ме фукне желба за чокопопс, па си викам фак ит, ќе изедам чинија.
порано ги имав редовно за појадок секој ден ...сега повеќе земам од пекара . Обично ги јадев тие на виталиа со брусница . Ќе ги вратам на мени оваа недела
Јас јадам овес речиси секое утро. Си ги правам од вечер, им додавам и чиа и сончоглед и го ставам во фрижидер. Наутро само овошје им додавам, а ако е замрзнато овошјето, го додавам и него вечерта, да се одмрзне. Со години ова го јадам и не ми е здосадено. Spoiler: Овес
Како мала многу ги јадев овие, памтам мајка ми ги купуваше: А сега не јадам мусли многу често, но ако јадам најчесто се овие или пак варени овесни:
Најчесто доручекот ми е составен од најразлични мусли или корнфлекс во комбинација со бадеми, кикиритки без зачини,ореви, овошје. Конзумирам и со млеко и со јогурт. Обично со млеко чоколаден корнфлекс или овес во комбинација со ореви мед и млеко. Често ги користам во смути јогурт банана бадеми и сл. Понекогаш само овесна каша со јогурт. Омилени ми се производите на виталија.
Микс од 4 видови на семиња и неколку видови на снегулки, ленено семе и по желба може да се додаде семе од сончоглед или тиква, се’ ова во комбинација со јогурт или кисело млеко на Здравје Радово.
За на работа си го носам следниов оброк: activia natural или ќефир, помешан со овес, чиа, непечени индиски ореви, портокал, шумско овошје или само малини. Го подготвувам навечер пред легнување и наутро “овошниот јогурт„ е спремен за јадење. Во моментов тоа ми е опсесијата. Толку е вкусно што дури едвај чекам да отидам на работа за да го јадам.
Јадам мусли но само ако немаат овошја внатре. Некогаш само крупен овес со млеко и какао. А понекогаш и инстант овесни каши од Виталиа
Сакам да ве прашам на кој начин ги приготвувате муслите? моментално користам од виталиа микс (со суво грозје). Јас ги правам со јогурт. Вие на кој начин ги правите и колку време ги оставате да стојат со млекото ставено во муслите ?
Ништо од ова не јадам, не ми се вкусни и не ме заситуваат воопшто. Ги сакам само перничињата полнети со чоколадо, повеќе како десерт а не главен оброк.