Јас оваа храна милувам да си ја викам "Храна за болни" Не ми е меѓу омилените од причина што не сум многу љубител на благо (поголем дел се засладени), но знам повремено да си направам ваков појадок. Обично ги конзумирам со јогурт или со кисело млеко, зошто со обично млеко некако ми се губат и ми се блуткави. Омилени ми се тие од КАМ, со суво грозје и "лешници". Spoiler
Од мусли убави ми се само тие од Виталиа, со малини и капини. Тоа овошниот вкус ме залажува, инаку ми се блуткави и не ми се допаѓаат. А,од Нестле не одбивам,најмногу ги сакам тие со цимет,и чоколадните.. ма сите: И едни крукчиња со мед,не знам точно од која фирма беа,ми се на прво место:
Не ги обичам баш, ама тоа не значи дека не ги јадам. Со муслите претпочитам млеко, нормално, со овошен вкус и не би идел јогурт. Корнфлексот и снегулките ги јадам со јогурт, некогаш и кисело млеко, зависи. Како и да е, кога не се има идеја за нешто друго, фини се.
Да... имам пробано многу ама овие дефинитивно ми се фаворит. Ги јадам со млеко, а некогаш и така само си ги грицкам. Е сега, и мене ме чуди луѓе ако со јогурт бе? Имам пробано и многу е Покрај овие со јаболко и лешници ги сакам и тие со малина (на Виталија исто), а и на Нестле едни коцкички со цимет (ги има на слика во првиот пост на Росоњерка). Не ги јадам често, онака кога ќе ми текне, најчесто ми се меѓуоброк.
Најубави ми се овие, особено дома кога имам банани па си сецкам една во чинијата со нив мх, мх Другите фини ми се за јадење, но не ми се нешто превкусни.
Jас сум мањак за вакви работи Значи основно јадење ми е корнфлексот (и некои други житарици). Патем, сакам се што е со житарки (muesli bars..). Со млеко ги јадам ако сакам благичко да ми е, а со јогурт ако сакам нешто солено! Сега постам и оваа комбинација многу ми фали во исхраната (за поручек или вечера). Најубав корнфлекс дефинитивно Од Виталиа +сите можни muesli bars Исто овие, но многу се скапи, на 3 пати се јадат :/ Чоколадните од Агроплод се супер за цената
Ги сакам, секојдневие ми се. Најчесто јадам обични житарки, чисти, без било какви додатоци, а такви му давам и на син ми, бидејќи по ново според педијатрите, се препорачува барем два пати дневно житарките да бидат на менито на малите деца. Така се навикнав и јас да ги јадам. Најчесто со млеко или јогурт ги мешам, а за син ми и со свежо цеден овошен сок. Понекогаш земам и од мешаните мусли со овошје и слични додатоци, ама тие имаат премногу шеќер, и се трудам да ги избегнувам. Инаку, житарките чуда прават за столицата
Обожавам житарки, посебно оние на Виталиа. Омилени ми се чоколадните, а неретко знам да сменам со некои од овошните, ама некако не ги поднесувам баш. Ме ежат овошките внатре, немам појма како и зошто, ама тоа е - фрик невиден сум. Ми се допаѓаат било какви чоколадизирани, првенствено затоа што ми го обојуваат млекото дополнително и му даваат поблаг вкус - не можам да го пијам обично бело, а кога ставам од Несквик правот се обојува да, ама не ми е доволно слатко. Затоа кога нема од оние обичните класични чоколадни купувам чоколадо+банана. А комбинацијата од бананата во врело млеко и како ми крцка потоа - прајслес. Пред извесно време, мајка ми "случајно" сакаше да ми подметне овошни и купила од овие. Не беа лоши, ама чоколадо си е чоколадо. Плус, морав да ставам мал тон шеќер и Несквик за да уживам во муслите. Од корнфлексот најомилени ми се топчињата со зајачето, од мала ги јадам и се сеќавам дека ги отекував моите да ми купат, ама само такво пакување во кое имаше нешто плус гратис - печатче, лењир, тефтерчиња. Уште си ги чувам печатчињата-вртимушки. Единствена мана им е тоа што се солени на цена, а мене одвај ми стигаат за 2, ајде и 3 порции преку сила.
Ахам си најдов нови мусли. Инаку омилени кажав и во првиот пост Егзотикот. Ама 80 денари, 300 грама за 4 пати едвај имаш. Се троши ко лудо. И денес случајно гледајки ги во Веро муслите гледам големо 750 грамско пакување со тропско овошје и без шеќер. И тоа 120 денари. И си купив и може да кажав дека 95% е исто со Егзотикот. А цената и тоа како се разликува. Егзотикот 750 грама ќе ти дојдат над 200 денари. Кога јадеш секојдневно мусли мора да внимаваш на сиромаштијава и во цената Додека овој вид тропикал не го сакам бидејки има кафејав шеќер и се преблаги за мој вкус. Следни мора да ги пробам Slimline серијата Ги пробал некој?
Снегулки такви работи ич ги нејќам. Само житните од витанова/бонжитка тој стил, и муслите од тропско овошје, со малини од виталија во јогурт што се ставаат. друго ништо не јадам
има ли некој искуство со Slimline серијата дали има посебни ефекти или само давање пари се??? http://fotografija.com.mk/images/ZKHC4.jpg
^ каков ефект oчекуваш ти? Овие 30% помалку калории од другите житарки содржат. Не содржат шеќери и имаат диетални влакна. А јадењето мусли наутро и другите оброци да ти се помали со здрава исхрана мислам дека е одлична диета. А ако сакаш да јадеш од овие и да си јадеш друга исхрана разновидна понезадрава и да очекуваш слабеење од ведро небо, тоа не. Муслите се супер оброк за оние кои сакаат да ослабнат, но слабеење со еден производ е речиси невозможно. Имаат виталија и други диетални производи како Slimline чоколадо, алва, пудинг, крем, мед, џем, компоти... се е тоа производи кои се само помалку калорични. http://www.vitalia.com.mk/dijabetika.nspx
^ Каде ги има овие на виталиа производите? Низ маркетите само овие муслите, соиното млеко, таквите ги имам сретнато...имаат специјална продавница?
Health food store на Виталиа на ул. 50-та Дивизија кај Клинички центар и на ул. 516 во населба Керамидница (кај Топлана Исток) А ги има сите видови низ Веро, Тинекс, Рамстор, СП во големите супермаркети речиси се има. Додека во овие 2 официјални Виталија продавници и производите се поефтни. Да речеме муслите од Веро 80 денари овде се 60 и нешто. А за поголеми суми и поголема е разликата. Ако купуваш повеќе производи разликата во сумите ќе е поочигледна.
Јадам мусли,како додаток во исхраната ми се,ги јадам со благо млеко и ги засладувам со мед,топ ми се така.
Ма, можам да се давам во мусли, корнфлекс... Веќе година дена сум навлечена на овие - 128 денари се (каде како), ама вредат. И со јогурт се прекрасни, како и со млеко. Имам приметено дека со јогурт повеќе најадуват. Порано често купував и од оние Брајт што ги стави: Ефтини се (околу 55ден.), а добри се. Исто така како помала ги обожавав: Тоа е тоа, ако ми текне на уште некои, или пак ако пробам некои нови, ќе пишам.
rossonerka ако обичните ти се гледале неекономични, слимлајн се бетер. Поскапи се и со помала грамажа, ако лаже кутијата со големината Кога ги отворив се разочарав од количината. Тие розевите ги имам пробано, многу се вкусни, преубаво мирисаат и помеки се од тие другите. Со јогурт ги јадам и ме потсеќа вкусот на некој убав овошен јогурт. Инаку јадам само овошни мусли, или со јаткасти плодови, затоа што млеко не пијам, па само со јогурт ми се убави. Го обожавам тој слатко-кисел вкус. Чоколадните си ги грицкам онака, со јогурт имам пробано и не ми текна пак. А тие најобичните овесни снегулки може да поминат ако се помеки и помешани со некои други житарици, пошто инаку се осеќам ко да јадам иверица