Има некои периоди ептен им се џиткам на муслите и житните снегулки. Одличен појадок, нискокалоричен, здрав, многу диетални влакна, налокај се 2-3 чаши вода после тоа и си сит минимум 5 часа без проблем. Значи дефинитивно не сум фан на оние малите пакувања од 250-300 гр. Се согласувам со Росонерка, кај е логиката, па малку економичност бре, ќе излезе малтене месо купуваш. Цената им е прескапа, реално. Фан сум на егзотик муслите, не им треба воопшто додавање на шеќер. Само млекце, да отстојат едно 10-15 минути, за да набабрат и - оброкот е готов. Овие ми се супер кога патам за нешто чоколадно наутро. Ако е корнфлекс, нека е чоколаден. Што мајка ми е потребен обичен? Сега има и слични во Кам маркет, уште поевтини, не можам само да најдам слика, цената им е 45 денари. Вкусот е идентичен. Овесните житарки ги јадам исклучиво со јогурт. Ми одат некако во солена комбинација, во блага никако. Најпосле, едно од моите најомилени, само 3-4 лажици за оброк. Додадете ладно млеко да ги покрие, малку мед и оревче ако ви се наоѓа или цимет. Кралски оброк. Потестува на Чоколино, само многу подобро. Трици, кој би рекол.
Не ми почнува денот без мусли Тропикал со јогурт А од барчињата ги обожавам Виталиа од јагода и брусница, како и на Виталиа тие што се со две парчиња во паковање П.С. Еве го составот на Тропикал за оние што ги интересира колку калотии содржат http://www.vitalia.com.mk/30281147-410a-46d9-a6c4-7433b8c40a58-ns_article-tropikal-musli-en.nspx Spoiler на крај на табелата пишува дека е за диета со 2000 калории дневно
Од денес нов производ “V for Vitality” - здрави производи кои го следат енергичниот и модерен животен стил. “V for Vitality” – В за твоја Виталност Фино ми изгледаат, ќе ги пробам штом ги видам низ маркетите. Имаат овошки гледам и кокос, интересно. Посебно барчињава мх мх
ЕЕЕЕЕ овие се преубави! Јас мн си ги сакам зелените, превкусни се, а и незнам дали од помислата или стварно, забележувам од нив намалување на мешето. А моментално јадам овесни снегулки и јогуртче со 1% мм и му додавам свежо овошје... МИЛИНА
Ooo rossonerka фала за информацијата Изгледаат вкусно и здраво Иначе да, во Кам има за 45 денари од благите житарки, и супер се за цената. Еднаш ме фати мерак и зедов од Нестле од чоколадните (имаше намаление 550 г за 195 денари) и искрено не се нешто вааау во споредба од другите. Не се мамам друг пат. п.с. Баш ме интересира, немам проверено - Виталиа е македонска фирма? (не знам дали зборов фирма ми е соодветен, но ме сфаќате)
Јас си јадам само чоколадни, тие другите не ми се убави. А од чоколатцињата морам да кажам дека витанова се најубави.
Нели е исто житни снегулки и корнфлејкс? Јас порано кога студирав повеќе ги јадев- сега некако слабо, освен ако сум излезена и ептен ми се јаде, па си купувам едно житно чоколадце да ме врати во живот , инаку вака одамна не сум си купила големо пакување за дома. А ги сакав тие Гранола, со јаткасти плодови, ми беа омилени. Ме инспириравте пак да си купам
Јадам кога имам потреба за благо. Како оброк, некако не ме заситуваат. Ги обожавам тие на Нестле и на Виталиа. Строго со млеко
Виталиа е македонски бренд и фирма 100%. Во последно време хит ми се едни житарки со мед од Кам, незнам како се викаат, германски производ, и чисти и во млеко, одличен мирис и вкус. Незаменливи ми се на Витанова житните барови од јагода со ред бело чоколадо и од брусница со ред темно чоколадо. Од виталиа ги сакам чоколадните, а и едни нови од скоро, Пингвин се викаат, бело-кафеаво чоколадо, одлична замена на благо.
Се имам изјаснето дека на корнфлекс можам да живеам, поготово на чоколадниот. Убави ми се скоро сите од македонско производство, на Витаминка пример, се супер. Мислам дека минимум два пати во неделата ми е доручек голема чинија корнфлекс со млеко. Мусли, исто по можност со чоколадо, затоа што со овошје ми се гаднички. Овие на Виталиа со банана и чоколадо се превкусни. Сакам да ги пробам овие Руби што ги спомнала од Кам, со мед
Понекогаш за појадок,но почесто за вечера. Ги сакам тие од Несле корнфлекс,а мусли од Виталиа.Сите можни видови и подвидови !
Секој ден ги јадам за појадок со јогурт или млеко со помала масленост. Мислам дека веќе од уши ќе почне да ми тече обичен овес во жолта паковка од „Кам“.
Jaдам многу, секое утро. И тоа искучиво овие подолу на сликава и ниедни други. Само тие ми се вкусни и не можам без нив. Едно големо пакување за 3 дена го снемува. Јас не можам без нив, пробајте ги.
Од ваквите производи најмногу сакам да јадам житни плочки. Не поминува ни ден без да каснам од моите омилени од Виталија, особено сега кога сум ставена на диета од здравствени проблеми, па морам да јадам многу житарици. Омилени ми се чоколадните мусли, гранола барс и новите red fruit bar со црвени овошја прелиени со јогурт Мусли и корнфлекс со млеко никогаш не јадам. Единствено со млеко јадам Чоколино. Го обожавам уште од мала и до ден денес го јадам иако е бебешка храна.
Девојки не ги сакам многу многу муслите ама ете ги јадам за појадок ама ај ве молам кажете ми кои се најубави за со јогурт? Јас овие што ги купив мислам дека нема да ми идат со јогурт некако мн ми се благи
За со јогурт е најубав оној обичниот корнфлекс. Мислам дека знаеш на кој мислам, жолтиот, без вкусови, без чоколадо и сл. Е ваков барем мене, со јогурт ова ми е топ. Муслите, било какви да се, ми се некако зашеќерени и не ми одат со јогурт
не практикувам да јадам, не пијам млеко, а со јогурт многу чкљ вкус ми имаат. Мусли знам да си купам, ми се сфиѓаат новите од Виталиа и оние со овошје (не јадам чоколадо), вкусни се и далеку подобро од било кое чоколатце едно време се давев во овие