Последниве денови се давам во мусли, моментално ги имам тие Егзотик, ги јадам со млеко тетрапак. Но, во нив ставам и кругчиња банана, оти тие во нив не ми се вкусни и тврди се, и плус кајсија. Мм преубаво е. Сестра ми купува чоколаден корнфлејкс или обичен понекогаш и само таков го јаде, без млеко. Убави се и така. За доручек мусли или корнфејкс се за мерак.
Засега сум пробала само корнфлекс. Јас така си го викам-корнфлекс. Онака ми е малце вештачко. Најчесто овие: Spoiler Најубави ми се. Се давам во нив. Не сум пробала од овие другиве, (житни снегулки, мусли) затоа што не сум сакала да ризикувам. Секогаш си викам: Ај да не се зафркнам, подобро овака испробано. A да, ги имам пробано овие: Spoiler Со млеко. Таква беше диетата. Па уште насецкав јаболко. Живот ми се згади.
Житни снегулки фуј,гадни ми се.Да и во муслите има житни снегулки али поубави се. Јас јадам мусли на Мистер Крумбле.
јас неможам такви работи да јадам,воопшто не ми се убави,но сепак,кога имам тренинзи и натпревари морам,дека се лесни,најадуваат,и многу време те држат најаден. а вака налето кога немам тренинзи,си бутам кремови хахах поздрави и бакнежи до сите вас
јас веке пола година доручкувам исклучиво житарки во сите можни варијанти..одлични ми се енргија и старт на денот,не се разградуваат во организмот како печивата од бело брашно,се исфрлаат брзо а телото си ги задржува само растителните влакна,витамините и минералите во нив...не дека имам раскинато со бурекот ама онака на пауза сме..бар до зимата
Ги јадам скоро секој ден,најчесто за доручек и само со млеко зошто не пијам многу јогурт... Најчесто ги јадам несквик,сега во последно време почнав да ги јадам овие на плазма(ги вадам зрната суво грозје),а мајка ми и татко ми ги јадат хаферфлокен највеќе...оние германскине...
Да, ги обожавам, бидејки сум на диета и тие не здебелуваат, абе убавина. Инаку ги јадам тие вторите што се во сино опаковка, и тие мусли, бидејки имаат суво овошје во нив.
До пред некоја година житарициве, корнфексот не можев да си смислам, ама сега...уф малку е да речам дека ги сакам. Ги обожавам. За појадок обавезно јадам мусли, а некогаш и за вечера. Т.е некогаш цел ден сум на мусли. И многу ми е убаво. Последен пат најдов едни у Лидл абе преубави се. Се смеам задоволна кога ги јадам.
Обожавам корнфлекс и жолтиот и црниот. НО најмногу ги сакам чокомакс,нестле,лино. (овие ги пробав на одмор и од сега не ги менувам за ништо!) Направете ме луда - ама обожавам и бебешки - плазма,чоколино.... Иначе конзумирам редовно,насабајле и навечер - се што ми се најде дома од овие.
За појадок секој ден јадам корнфлекс од нестле. го јадам како чипс не го мешам со ништо туку пијам јогурт од чаша. Ако го измешам не ми е убаво како повратено ми изгледа и не можам да го јадам.