Вчера купив, утрово јадев ... мислев ќе . Толку се силни и на моменти ми се лигават, откако каснав неколку лажици стомаков одма се побуни. Не за мусливе, прејаки се. Се враќам на стариот добар и проверен корнфлекс од Нестле.
Јас имам пробани едни и можев да ги јадам ама ни малку вкусни не ми беа,се мислам за Нестле да пробам па кажете ми дали се убави и какви да си земам?
Неизоставен дел секој ден ,најчесто мусли наутро за појадок а корнфлејкс за вечера . омилени ми се чоколаден корнфлејкс најчесто го купувам овој подоле ,а од муслите овие два вкуса на Виталиа
Лелеле... сега ме потсетивте што ми се јаде хехее А како што нема моменатлно дома ништо слично, можам само да си плачам. Ххахах ови ми се оммммммммммилени
Јадам само чоколаден корнфлејкс, сум пробала и мусли, но сепак најубави ми се чоколадниве. Омилени ми се овие: Но исто и овие и сличните вакви, што имаат слично пакување (од Витаминка), (плус поефтини се од Несквикот) Овие ми се во план да ги пробам Oд житниве поубави ми се житните плочки на Виталија одколку овие. (ама сепак ќе ги пробам тие чоколадните ) И најубави ми се за доручек или вечера .
само овие, на почетокот малку ми беа блјак ама сеа им се навикнав и еве 1 година како ги јадам.. најдобри се
Не спаѓа во житни снегулки, ни мусли, ни корнфлејкс ама верувам дека е во блиско сродство со нив. Моето најново откритие. Кога ги јадам, јас мирисам на колаче, млекото мириса на колаче и колачето мириса на колаче. 10ка. + тук таму можеш да пронајдеш и по некое смајли.
Толку ги рекламираат дека се здрави, но дали навистина се? Колку од тие житарици внатре се генетски модифицирани со триста додатоци. И дали некогаш после јадењето сте осетиле подуеност, тежина во стомакот, како да сте јаделе некоја тешка, обилна храна? Тоа е така, бидејќи интересно но житариците е најлошо да се мешаат со млеко/јогурт, не се компактибилни.
Bo Tинекс 2 вакви овошни +1 гратис, таа другата не знам со што вкус е, значи 3 големи кутии 130 денари, се исплати бе, за тие што сакаат вакви, до 30 ноември ви е акцијата
и фит и фан, цео дан, сваки дан а што читам погоре не било убаво со млеко или јогурт?? а со што е убаво да ги јадеме? И да се надоврзам на темава да си кажам за себе, јас секоа ден јадам од чоколаните корнфлекс со чоколадно млеко и се давам во нив многу ми се убави, а инаку не ги заборавам ни овошните мусли. и да можам би живеела само од вакви работи, превкусни ми се посебно овие горе на сликава што ги ставила лудото
^Па еднаш и се пробува. Јадам, ама не многу често. Порано стандард вечерав зки, ова беше моето име за зрнца односно чоколаден корнфлекс. Сега ептен ако ми се јаде нешто, немам ништо друго или ме мрзи да спремам, тогаш се одлучувам на оваа варијанта. Моментално ги дегустирам сите вкусови на Good morning, good nature.
Ги јадам многу Порано мојте многу ни купваја за на сабајле пошто ништо друго не јадевме со брат ми Не знам дали се сеќавате едни шо беа со патки на сликата во црно паковање , ич не ми текнуват како се викаја Ама сепак мислам дека стандардните на Несквик не можи ништо да ги замени Инаку сакам да ги пробам овожните и чоколадните мусли на Виталиа.
Денот ми започнува многу рано накај 6:30 и морам да јадам штом станам од спиење, така да муслите и другите житарки ми се најпогодно и најубаво нешто за почнување на денот. Најмногу ги сакам муслите на Виталија посебно овие два вкуса, ги имам пробано сите, меѓутоа се задржувам само на овие две како најомилени. Секогаш си купувам и сушено овошје па си го додавам во муслите, исто така и 4те мелени семиња на Виталија кои ги јадам наутро измешани во чаша јогурт или ги додавам во посиромашните мусли Додавам и ленено семе или го пијам помешано во јогурт, многу ми помага со тегобите во стомакот.