Јадам скоро секој ден. Доручек или вечера или меѓу оброк. Најубав ми е корнфлексот,чоколаден со млеко. Јадев и од тие овесните снегулки од Кам пред некое време. Убави се со јогурт ама открив и друг рецепт, со млеко, цимет и мед. Пред некој ден си купив мусли да пробам прв пат, вакви: и добри беа, ама корнфлекс си е корнфлекс. Чоколино обожавав како мала и се‘ уште се сеќавам на вкусот.
Јас искрено не јадам многу житарици.А и сум слушнала дека ако секој ден за појадок јадеме житарици за 1 година се здебелуваме 10 кила.
Ги пробав последните во редот - Wake up мусли. Си зјапав во кутиите, ептен ми се видоа убави пакувањата, и мислев дека се искрено на Виталиа. Доаѓам дома, читам од позади - Алкалоид. Да се разбереме, Алкалоид си го имаат Јанг Дерм, Бекутанче и Сатва. Не мешај прсти каде што не треба. Ужасни се. Едни од најлошите мусли коишто сум ги пробала досега. Плус, пакувањето е малечко, и многу скапо, 85 денари, за 250 грама. Јок. Не би купила ниту од другите. Тропикана на Виталиа и тие во Кам се измислени за овие. Суви се, во составот маваат најмногу на овес (што го имате дупло поевтин во поголемо пакување во Кам), некој сомнителен ситен корнфлекс и некое сушено овошје, зрнца тук-таму, не можеш да сконташ што се всушност. Од мене own:
Јас па ги земам оние од Кам жолти обични 500 гр. и и правам со јогурт,а додавам и суво грозје.Ем поефтино ми излегува ,ем има ист вкус со овие другите.
Си купив од Тропикал муслите на Виталија, 750гр. 130 ден. Првпат пробав сабајлево со млеко, со јогурт не ми одат. Ги засладив со една лажичка мед, ама не ми се допаднаа. Немаат никаков вкус, освен сувото грозје. Другото ми е се исто, блуткаво и невкусно. Ќе се вратам пак на корнфлексот, барем ми е вкусен и јадам по цела чинија така. Сабајлево пола ја фрлив.
Пред брзо време почнав да ги јадам муслите, многу ми се вкусни, ми даваат енергија и ме заситуваат. Најчесто ги користам овие: Сепек, оние од банана и чоколадо ми се далеку повкусни
оние овесните снегулки, житни.. дали се посни, зашто сакам сега додека постам да пробам со чај како ке одат.мислам би требало да се посни,дали имате пробано за време на постите со чај?
Жоколадните житарици од Свислион се преубави, ама со корнфлејкост направиле огромна утка Овие се тие: