Дали сте ги пробале следниве со јогурт? Јас ги купив ама си ги грицкам,малце се благи незнам како би оделе со јогурт И уште нешто-кажете ми ленено семе во житни снегулки-дали е доволно една лажичка насабајле,мелено или не? Вакво имам
Prvoto prasanje-super se so jogurt, jas samo so jogurt jadam zitarki I prevkusni mi se. Za lenenoto seme drug neka odgovori.
Доволно е лажичка. Ако немаш мелено, грицкај го и лененото семе додека ги јадеш житните снегулки, кога е цело зрно не се ослободуваат омега 3 масни киселини со кои лененото семе изобилува.
Мене не ми се нешто вкусни, и не ме заситуваат. Мусли класик сум пробала и од оние со сушена банана внатре. Ај егзотик ќе ги пробам, па може ќе ми се допаднат.
Овие сега ги користам,но се двоумам да си земам обични овесни снегулки од виталиа бидејки можам да правам повеќе комбинации Еве за овие правам муабет.Ги има некој пробано?
После толку добри критики прочитани за овие овесниве житарици ^^ (погоре) бидејки сум на диета сакам околу 2 кг да ослабнам (уште толку ми останаа) одлучив за појадок да ги јадам овие со баланс јогурт и незнам дали да ставам и микс од семиња бидејки сите викаат дека тие биле како енергетска бомба а што се и енергетски калорични тоа веќе друго ( во 100 грами околу 600 калории ) а инаку зборувам за микс од семиња од тиква, сончоглед, ленено семе и сусам мислам дека таа комбинација беше ако не грешам бидејки ги има на готово на виталија во тегличка па дали би било добро за појадок 2 супени лажици од овие овесниве житарици околу 250-300 мл баланс јогурт и една мала лажичка од тие семињата иако се плашам од нив како од ѓавол бидејќи се многу многу калорични за мала количина
Дали јадам? Ги обожавам.Корнфлекс незасладен со млекце,мх мх мх.Кога ми се јаде многу прво корнфлекс јадам па потоа нешто друго.Инаку имам правено и т.н бурек од корнфлекс.Од муслите омилени ми с еГранолата со мед и бадеми,но моментално имам од оние со јаболко до Виталиа.Кранчи.Исто така ги обожавам и овесните снегулки,со јогурт....Ме држат дооолго време сита,а и си немам проблеми со подуеност на стомакот кога ги јадам.Житните плочки-највкусна ужинка во комбинација со овошје.ПингВи,гранола јаболко и цимет,слим&бјути,оние со брусница,тропикал....Сите!
И мене исто.И не ми е подуен стомакот кога ги јадам,а ме држат сита долго.Моментално само овесните снегулки не ми се на Виталиа,баш овие ги имам...
Сите ги јадам, и тоа за појадок најчесто. Или овесни снегулки со јогурт или од виталиа тропикал муслите со млеко и мед си ги јадам(плус цимет) А иначе измеѓу ручек се случува и од тие гранолите да изедам сите ми се омилени , а и ме држат сита
Со еден збор да ви ги опишам -СОВРШЕНСТВО. Ако не сте ги пробале обавезно пробајте ги, многу се убави и вкусни, и држат ситост од неколку часа. 200 денари е едно пакување(1кг), и долго трае
Многу сакам мусли и редовно си купувам, најчесто земам од овие. Многу ми се убави, ги имам испробано сите си ги јадам со млекце.
Сите ги јадам ....но чоколадните ми се најубави... Ги јадам најчесто како доручек.. Чоколадните ги ајдам со млеко... А другите со јогурт...Ме најадуваат... Немам омилена фирма...
Денот не ми започнува без мусли за појадок. Ги обожавам. Ги имам пробано сите мусли на Виталија и најубави ми се овошните и секогаш ги јадам со млеко, не ми се убави со јогурт. Инаку омилени ми се Јадам и овесни снегулки, меѓутоа повеќе ги сакам со јогурт, не ми се свиѓаат со млеко. Но, во последно време, овесните снегулки ги јадам со пасирана банана и малку млеко, како кашичка го правам и многу ми е вкусно
Овие новите овесни каши на Виталиа немаат врска. Премногу се благи, буквално го чувствуваш шеќерот како ти крцка на јазик. Вкусот е никаков и кашата има и лоша текстура. Едноставно не ги бива. Ако сакате супер овошна каша, земете си најобични овесни снегулки како погоре постираниве, ги има во Кам за 40 ден. додадете 100-200 гр. ореви или бадеми, по желба и сомелете се` ситно во блендер. Направете си каша за мерак со некоја лажица од меленава смеса, малку сецкано овошје и млеко. Милина.