Ова ми е чест доручек кога сум на диета.А и вкусни се(добро,има некои вкусни) и можам да јадам и онака,кога не сум на диета
Ги конзумирам житните снегулки многу често, најмалку два пати неделно. А и чоколадните на виталиа ми се превскусни.
Житаркиве,корнфлексот,муслите за подобар метаболизам се јадат на утро.Па така секое утро кога сум во можност ги јадам.Многу ми се вкусни... Снеглуките ги јадам со обична вода или јогурт,имам пробано и со минерална вода, а бе будала работа,само за да ги имам нив за појадок и со чај,со сок ги имам јадено... Ги обожавам,додека сестра ми не може да ги смисли..
Јас последниот пат кога бев во тинекс бев набрзинка и незнаев кои да одберам се мислев али набрзинка и ги земав овие Не жалам бидејќи се покажаа многу добри,мало пакување за 100 и нешто денари,но ако нека иде,друг пат памет у глаа Има чоколадоо што е најважноо
Секогаш купувам мусли од Виталие од банана и чоколадо..преубави ми се, се давам во нив. Незнам што ми текна денеска зедов од тие на Алкалоид Good natue. Life Energy Mix, со вишна, црешка незнам што. Блјаааак катастрофа се, мака ми е за парите што си ги дадов Ги јадев со млеко но никакви се. Дај кажете со што да ги правам да бидат повкусни. Башка пишувало дека без шекер се. Што да правам,к што да чинам, да бидат вкусни
Деновиве ќе си купам такви, баш ме интересира какви се Можеш да им ставиш банана, мед, бадеми или цимет.
Житни снегулки, мусли, корнфлејкс... Ги обожавам сите!!! И тоа потопени во јогурт (мразам млеко). Понекогаш додавам и сецкано овошје (свежо или суво). Мммм........... многу ми се вкусни!!!
Стави лажица мед и ќе бидат повкусни И јас сакам снегулките, ама во последно време си правиме овесните (чисти), со млеко, малку мед и банана. Овие овесни се поздрави од другите процесирани житарки, башка дават чувство на ситост, додека другите (пример ги сакам тие Нестле со цимет) после 20 минути сум погладна отколку што бев.
Дали овие се убави? гледам пишува на нив без шекер, што значи дека со јогурт подбро одат? И дали тиа на Витали Тропикана се убави, ги немам пробано ни овие ни Тропикана....
Убави се овие, каде се продаваат,колку им е цената...и дали се за со јогурт заш кога јадам со јогурт житарки сум повеке најадена
Дали овие се убави? гледам пишува на нив без шекер, што значи дека со јогурт подбро одат? И дали тиа на Витали Тропикана се убави, ги немам пробано ни овие ни Тропикана....
од Виталиа прв избор ми се тропикал, не знам така се навикнав на нив а и некако повеќе се исплаќаат од другиве, иначе за вкус мене сите ми се ок, само оние fitactive enegy ги неам пробано некако не ми изгледаат вкусни. Моментално ги јадам овие и стварно се убави. Мирисаат на малина
Лео-нора, јас во последно време само и користам тие овесни и мусли тропикал. Овесни ги проварим со млекото, ставам малку мед и банана (или јаболко и цимет), а овие мусли тропикал се супер, и јас ги јадам повеќе со јогурт. Можат и со млеко, не се лоши ни така, ама лично со јогурт повеќе ги сакам.
Најчесто јадам чоколадни корнфлекс, али ако сакам да ме држи повеќе време сита ги јадам тие обичните житарици на Heleny, им ставам лажица мед и ако имам некое овошје што одговара со млеко, пр. банани, јагоди... инаку, не ги варам, туку чекам 15тина мин. да омекнат, таман дур се расонам, дур си го испијам кафето...
Од виталиа муслите најдобри ми се оние со чоколадо и банана + чоколада. Повеќе јадам корнфлекс,веќе некое време јадам само од дардо некои,не се скапи и ми се погодени,не се премногу благи.
Искуства со конзумирање на мусли Здраво феминки, би сакала да ве прашам што искуство имате со муслите на Виталија, оние кои што се засладени со кафеав шеќер, суво овошје. Мене многу ми се допаѓаат и сакам да ги јадам со млеко, меѓутоа ми е многу страв да не се здебелам од нив, бидејќи кога ги јадам ми се многу благи, па не ми се верува да се толку диетални колку што ние си мислиме. Што мислење имате вие? Дали сте имале искуство да се здебелеете од нив?
Јас имам јадено и не сум се здебелила Мене сите ми се вкусни. Без разлика кои. Секое утро ме чекаат на маса