Колку сте љубител на овие житни чоколатца од Виталија, Витанова, Бонжита и други странски фирми? Омилено? Омилени вкусови? Прекриени со чоколадо или не? Не ви се допаѓаат итн Јас ептен ги сакам, баш сите да не речам. Омилени ми се со брусница, новите од Виталија во црно паковче кои не ги најдов на интернет и се прекриени со бело чоколадо од портокал и јагода. А има и едно германски поголемо пакување кои се преееееееееееубави!
Јас цела школска година од сендвичарата што ни е одма до школо строго само од Витанова јадев од јагода, на секој мал одмор тоа ни беше десерт, ама сите ги јадевме цела училница мирисаше на сладолед од јагода Убаво ми е и едно друго од чоколадо и одоздола има бела чоколада незнам како се вика ама ептен ми е слатко.
ДАААА ...... И јас ги обожавам, ги обожавам сите, највише ги сакам со мед и ораси, или тие со јаболка, од било кој производител, стварно многу сакам да ги јадам, а па кога ќе се сетам дека се и здрави мммммм. Најубаво нешто !!!
Ми се допаѓаат тие со овошје, во основно многу јадев такви, сега чоколадата ми е на прво место. Тие беа со суво грозје, баш се вкусни. ^^
Како можете овие да ги јадете, јас еднаш пробав едно залче Бонжита и за малку ќе повратев. Такви се лепливи и смрдат. Спојлер Добро, верувам дека не се веројатно баш сите вакви, ама јас имам таква замисла за нив и не доаѓа во предвид некогаш пак да допрам вакво чоколатце, а не па да го пробам
Ако јадам чоколадо тоа сигурно би било витанова скоро секој ден јадам најповеќе таа што е со праска многу ми е убава а и наче не сум јас по благото па затоа ова врши работа
Роси веќе ги постирала моите омилени. Првите две од Виталиа, малку се потврди и имаат по две плочки во пакувањето, ама вкусот е... ммм. Бонжита на времето ги јадев многу, сега не ми се толку убави. Некои ми се пластични, ама овие последниве на Виталиа се полн погодок. И овие не се лоши. Здрави се за јадење, ама дека не се калорични, мало сутра.
Во секој маркет Иначе не ми се допаѓа она од Виталиа Chocolate Bar тоа ми е најнеубаво. А не сум го пробала а ветувам веќе идната недела оноа со јаболко и цимет плочките. Не сум ги ни видела до пред некој ден кога другарка видов како го јаде
Мх мх мх ... Нешто најубаво благо парче, што јас, зависник од слатки би го заменила дури и со чоколадна торта. Граниола барот на Виталија, оној со јаткасто овошје, значи прекрасен ми е омилен и хит од кога излегоа во продажба. Предходно ми беше брусница исто на Виталија, малку киселка, абе мераци. Овие новиве имаат интересен вкус, ама не ми се допаѓа што се прелиени со чоколадо. Спојлер
ммм ги обожавам сите видови, секогаш кога имам потреба од шеќери некакви јадам од овие житни десерти. Нај ги обожавам тие со овошје, од виталија ги сакам тие со чреша што се, макар што не дека не ги јадам сите останати. Сакам и со јаткасти плодови внатре, сакам и такви прелиени со чоколадо
Ми се допаѓаат, често ги јадам, најмногу Виталија и Витанова. Најмногу ги сакам оние од брусница и јагода, ама скоро сите сум ги пробала и убави се. Ми се допаѓа и тоа што не се многу калорични.
Јас овие ги јадам само за време на пост, Овие само, со чоколадо не, имаат трагови од млеко. Тогаш ми се највуксни, ама вака не ги јадам, при толкав избор овие не ми доаѓаат на ред
Леле како ми ја погоди темава :up: Житниве чоколатца за мене се благо и ги обожавам ама не можам сите да ги јадам. Омилени ми се од витанова од јагода и пченка тоа црвеното не можам слика да најдам Од нестле сите исто и ова е многу убаво со чоколада Тие на виталиа убави се, ама многу ми се суви (многу имаат ореви веројатно ) и помалку ги јадам, а тие погоре што ги постирав ми се обавезно на мени во замена за благо