Ги обожавам, бидејќи сама си ги правам, омилена фирма би била мојата. На работа како ужина одлично ми доаѓаа и на мене и на сопругот, снаа ми му става на внук ми за на училиште да си носи а и јас го заучувам и малиот да јаде. Не се калорични мада и немам некоја потреба да водам сметка за тоа, заситуваат а и се здрави бидејќи точно знам што сум ставила во нив. Правам по две дози наеднаш еднаш неделно, излегуваат околу 60 парчиња а веќе при крај на неделата нема веќе.
О да... не зборам на памет. Се влегува во граници на толерантност, а се здраво е во минимум прифатливи колку да добијат за право да го напишат. Ви текнува цаката со чаевите? Купувате Ацерола,а тоа уствари не е Ацерола, уку има јаболко,хибискус и некој минимум ацерола (не сум сигурна,мислам дека беше 10 проценти,значи не е ниту 50), на Гуд нејчр може сте забележале. Епа истото,ама скроз истото е буквално со се,ама буквално. И како соковите 100 проценти природно кои се всушност тиква со ароми дел природни, дел засилувачи на вкус и неприродни ароми. Само со другите производи е многу полесно зошто има триста додатоци, не верувам дека некој во детал ги гледа процентите,а и да ги гледа, дали навистина е така. Тоа е прост начин на функционирање на ова потрошувачко општество, инаку се би било скапо и се би било дефицитарно. Ако сакаш да си сигурен дека е навистина она тоа кое ти викаат дека го јадеш, најубаво е да си го приготвиш сам. Затоа еднаш пишував, за среќа, живееме во држава (барем до сега, не знам како ќе биде од утре со влегување на ГМО) каде што има многу свежи производи и избор од храна која дозволува нејзино здраво комбинирање. Житниве чоколатца имаат преголема калориска вредност (пишав нели, по правилник, се што има повеќе од 100 калории на 100 грама припаѓа во калорична храна) и премногу се обработени, содржат премногу шеќери за инстант енергија, остатокот кој нема да се искористи веднаш се таложи. Многу добра комерцијална ствар се бидејќи прави да се чувствуваш добро дека преземаш нешто во врска со своето здравје,а уствари...не е баш така. Но сепак, вкусни се. А Стевијата не е здрава затоа што се користат комплицирани процеси на дехидрација, па преработка кои вклучуваат метанол, етанол. А во повеќе земји и не е дозволена да се користи никако,никаде, ниту да се продава, веројатно имаат доволно добра причина. За дијабетичари без избор е сосема во ред, ама за здрави луѓе не е препорачливо да се исфрли во целост шеќерот и да се премине во целост на стевија. Имаше пред некој месец истажување дека стевијата предизвикува неплодност кај мажите... Маџунот е секако здрав, ама ако сами по дома си приготвувате вакви чоколатца и не се многу убави на вкус како купените, морам да ви признаам... Моите купуваат уште едно не знам како се викаше, од некои чудни кајсии, исто е супер алтернатива. Ќе видам и ќе ви пишам. И то и така...
Јас не консумирам житни чоколатца, секако со причина . Жолтиот шеќер е ист како белиот шеќер. нездравоста им е иста и штетата за организмот е иста, заблуда е дека е жолтиот поздрав. http://karas4training.com/mk/nutrition/ ... r-saharoza Стевијата е ок, не знам од каде Лилит црпи информации но да имаше проблем со плодноста јас прв немаше да ја користам (освен две стари студии кои не се потврдија нема друг пример). Стевијата може да се купи како речиси необработен зелен прашок (помалку слади) или како екстракт (повеќе е обработен и доста посладок) и е секако 100 пати поздрава од секаков облик на сахароза (бел или жолт шеќер). Ова важи за чиста стевија, ако е преработена како засладувач со некоја додавка (така најчесто ја продаваат поголемите брендови) треба да се провери каква е другата состојка, најчесто еритритол или изомалт или нешто трето.
Не знам, X Man, си ја знаеш работата, ама не би тврдела нешто ако не ми било поткрепено со факти. За среќа или не, ете имам неколку луѓе околу мене кои по професија се хемичари, фармацевти и слично, што работат по лабаратории, аптеки и институти за испитување... па барем за вакви ствари, колку што ми се добредојдени информациите, толку и не ми се. Се ми е шубе да го купам,а па ако сум со нив...одма очи ми превртуваат и ми викаат - леле не знаеш што се не има у тоа. Дали за храна или за козметика, сеедно... имам од се по нешто,ама најсериозно. Стварно ништо не е толку здраво и стварно се е чист маркетинг и човечката глупост или лудост... Ако е за така нели, ко што би рекол сигурно некој, па ај да не дишеме, што е точно,ама претпазливо треба да се бира се и да не се подлегнува на трендови и убедувања на најслабата точка - здравје и убавина...
Не дека не се вкусни, убави и одлични коа си у брзање и немаш време за нормален оброк као човек, па вадиш од некаде некоја Витанова, туку навистина се и штетни, полни со шеќери, апсолутно не онакви какви што најповеќето мислат дека се - здрави за јадење, па си мцнуваат на ден по 5,6 плочки. Небулоза е дека сите од овој тип се погодни за здрава исхрана, овие житниве содржат тооолкава количина на штетни шеќери, и кога веќе се решавате за нешто благо и здраво(добро, сеа ова здраво е каде каде релaтивен поим), посегнете по црна чоколада со голем процент на какао. Општо познато е дека ред до два црна чоколада во денот, е корисно за организмот.
Лилит, нема штета од информации, барем за сопственото здравје треба да си максимално информирана а тука спаѓа и да знаеш што внесуваш во организмот (макар биле и отрови). Не сум поборник на ставови дека е подобро да не знаеш за да имаш лежерен и безгрижен живот зашто секако можеме и треба да се учиме и покрај проблемите и неубавите работи пак да имаме безгрижен, лежерен и среќен живот (колку е можно). Која храна е навистина здрава знаеме сите само се поретко ја има а ова што ни го продаваат по рафтовите во супермаркетите едно добри 90% е ѓубре. Често гледам полни колички пред мене на каса и во нив од сѐ по нешто ама храна најмалку . Повеќе видови кекси, куп бел шеќер, газирани пијалоци, многу млеко, бели тестенини, катастрофа, ретко кој од нив над четириесетата ќе биде здрав а на 50 ќе бидат веќе стари (и болни). Ужасно се хранат луѓево. Ме заинтересира за стевијата, засега освен поединечни интернет муабети не најдов потврда но ќе побарам повеќе информации па ако дознаам нешто конкретно ќе пишам, во секој случај треба да сме информирани и за секој нов производ со кој немаме искуство да сме претпазливи.
Многу убави житни плочки купив во Биокулт,ептен ми беше опадната енергијата ,а не сакав да купам некое чоколатце. Содржат урми,семки од тиква,овес,малтекст. Житко се викаат. Ептен се вкусни и здрави се. Ама се многу малечки и едно е 50 денари.
Стварно ли се диетални Братучед ми дење-ноќе ги јаде, демек диетални биле, тој е на диета Јас ги обожавам, ама пошто прочитав погоре дека биле штетни, изгледа ќе треба да намалам малку
си купив пакуванје од 400 грама оние на виталиа за само 65 денари ама се скршени некои пола некои четвртинки ама за домашна употреба се супер
Откако прочитав сето ова за овие чуда, луѓе последните денови ми доваѓа да повратам кога помислам на нив. Посебно на оние на виталија со мед и бадеми, чиа и кикиритки... Не можам да ги смислам веќе. И сега си барам друга алтернатива за здрави грицки. Освен од оние што се мусли кранбери на виталија и тие слим нешто што беа на виталија и оние прелиените со чоколадо и вкус на портокал ете од тие врсти можеби нема целосно да се откажам. Благодарам за отварањето на очите
Јадам житни чоколатца омилени вкусови.. новите на Виталија оние во црно паковање и најчесто од лешник.. мјам
Моите омилени исто така.Ги пробав и тие со мед но неможам да ги јадам прејаки ми се,ама пак затоа овие ми се сон
AquaBlue-Не се диетални,во никој случај.Се е само адвертајсинг и ништо друго.Дека се вкусни,да,многу ми се вкусни,ги јадам и јас.Но,и дома да ги правам пак ги правам од мусли,а и во муслите има шекери.И се сложувам со XMan,за кафеавиот и белиот шекер.Стевијата е океј,ама во житните претежно има кафеав шеќер. Инаку,ако житните барови не се здрави,ме интересира дали муслите се здрави,според вас?