Секако дека не, пре благи се оние на Виталија, де со „тропски овошја„, па со чиа и чоколадни ролерли внатре - уште од сабајле да ти го качи шеќерот, па тие со јаболко и цимет и оние со малина, па банана и чоколадо, пре благи им се значи, неподносливо благи. Јас лично не обожавам толку благо, никако, поготово не па за доручек, а нели муслите само за доручек... Небитно... здрави се оние што се со корнфлејкс незасладен, овесните снегулки и јас сама си додавам сушено овошје кое не е дополнително засладено, брусница си ставам, ленено семе, свежо овошје, се што ќе ми се најде по дома, па дури , ставам и јајце од потполошка и варен интегрален ориз. Најчесто ги правам со јогурт, а поретко со кокосово, бадемово или соино млеко. Се тоа миксам во блендер и си имам одличен доручек, до ручек не ми се јаде воопшто. Со вистинско млеко не ги правам поради масленоста. Така да кога ќе ги собереш шеќерите од муслите+масленоста од млекцето јасно ти е коллку се здрави, а и препорачливи при режим на исхрана.
Ги обожавам оние чоколатцата на Биталиа со портокал и чоколадните со лешник. Дали некој знае како сама да си ги направам?
Со купечкиве житни чоколатца само се лажеме дека јадеме здраво.Не се баш нискокалорични и имаат шеќер.Поздрава и поефтина варијанта е да си направите сами.
Сите ми се убави, ги сакам со и без чоколода, мада поубави ми се со чоколадо, и некако посебни ми се оние пингви и оние како дехидрирано што се со орев!
Витанова не ги сакам, имаше едни, не знам како се викаа, со чокалодо беа, а имаше едни како ресани. Но не можам да се сетам на името, но многу ми беа убави.