Го обожавам сите на Витанова и Виталиа.. посебно со брусница и јаболко со цимет.. додека учев во читална (т.е. поминував по 8-9 саат таму) .. јадев по неколку вакви на ден.
Ммммм мојата омилена тема,јас без житаркиве не можам да поминам ни еден ден,најубаво ми е ова второто, Сакам и едни други мм не знам како се викаат ама знам дека на тоа пишува енерџи бар,бонжита порано ги јадев многу ама сега дека има поголем избор не сум ги купила одамна,инаку сите ги сакам никогаш не би одбила вакво нешто
Не бев ги пробала житните чоколатца но пред некој ден ја читав темата и ме фати мерак да ги пробам! Денес земав од виталиа чоколадно и ми се допадна па тркнав и си купив уште едно! Мислам дека ќе се навлечам на овие житни чоколатца!
Јас од скоро го открив,покрај другарка ми додека беше на диета.За сега ги имам пробано само на витанова и убави ми се, посебно затоа што се со мед секое одење во продавница си земам од нив и гледам секаде ги има,интересни се за промена
Виталиа чоколадните и од Витанова кога одам до продавница си купувам по едно за да ми се исплати одењето. Сите ги јадам и за тие не правам проблем. И од Кам маркетите има исто вакви житни чоколатца 13 денари се. Доле се се чоколадо и многу се вкусни.
Во последно време од благо најчесто ги јадам овие чоколадца. Ги имам пробано скоро сите вкусови од сите фирми. Најмногу ги сакам на витанова од јагода и на виталиа од брусница
Житни чоколатца ги обожавам... Најмногу ги сакам на виталиа- брусница и јагода и витанова. Иако ги имам пробано скоро сите вкусови и сите се добри.
^ Исто и јас ги открив пред некое време, на прв залак ми беа одвратни... Претврди, невкусни, блуткави. А сега, о Боже, сега можам цела кутија да изедам од нив. Посебно тие со ореви и лешници, леле колку се преубави. Само што вечерав таква житарица, една за утре си оставив. Мњам... ЛАП!
Во последно време на Витанова им давам предност пред виталија. Повкусни ми се. Па и повеќето се со метче, па така убав вкус ми дава мх мх, си се потсмевнувам од задоволство кога јадам
Ги обожавам портокаловите, со ореви, бадеми и лешници, омилени ми се. Обично купуваме поголемо пакување, односно 5+1 гратис, затоа што повеќе се исплати, а какви сме и по дома ненаситни говеда.. Инаку, ми се допаѓаат и Тропикот од Виталиа, а исто така и од Витанова тоа со вкус на јагода. Ги утепав од јадење кога бев во школо, па сега одмарам малку.