Епа малку да ве разочарам..Во Хрватска биле забранети житарките поради начинот на кој биле правени постои можност за рак ама незнам на што беше..Пред некој ден даваа на телевизија..И чоколатцата се од житарки направени па..Јас редовно јадев житарки сега да ги дотрошам и не купувам веќе..
аа оваа година у школо им немаше замена,витанова од јагода мњаммм сега некако подзаборавени ми се,ама ќе ги почнам пак
ВитаНова станаа светски хит,а јас неможам да ги сварам Ги сакам новите на Виталиа и оние на Нестле. Од житариците овесот ми е најомразен дел,и избегнувам производи со лешници Сакам чоколадооо и експандиран ориз
Ги јадам од 1998 па наваму . Почнав со Бонжита ,пробав од сите останати и пак се вратив на Бонжита ,најубави ми се . Особено зелените ,со вкус на кајсија ! Оххх ,душа давам за нив ! Спојлер Дај честете една ?
Повели MarchelineAmaru Вчера прв пат ги пробав овие, ги немав начекано и ептен се мх мх. Инаку омилени што знам, сите зависи од тоа што ми се јаде во моментот. Брусница и јаболко и цимет сепак за нијанса ги издвојувам
Аххх ги обожавам. Навистина ми се многу вкусни. Посебно Витанова и тоа од брусница. Ми се пријаде сега. Витанова рулз.
Зошто, ама зошто ми ги ставивте Витанова, да ги гледам и да ми шкрипи мешето? Откако ги пробав Витанова речиси и да се откажав од Виталија со исклучок на тоа со јаболко и цимет за промена кое знам да го земам. Витанова се повкусни, плус имаат мед и таков убав вкус му дава на чоколатцето, уживам во нив, сите ми се убави, сите, мњам мњам
Јас многу ги јадев на виталија, особено со чолокадо и лешници, тоа ми беше врв. Ама ми се здосадија зошто претерав - на работа секогаш имав, и ако огладнам или ако ми се пријаде благо - си земав по едно. Сега не можам во уста да ги ставам.
Tака и мене ми е случи со од виталија Aнтиоксидант бар и Чоко лешник,ги прејадов.A ми се јадеше благо вакви земав.E,сега правам вака - кога ќе ми се здосадат земам витанова,бонжита,Kорни..инаку да,убави се овие витанова,ама ми се чини некако вештачки се и не се така здрави како на виталија.
Број еден ми се антиоксидант Виталија Чоколешник, ахххх само тоа би јадела, ама и витановата се мммм... Само многу ми се благи, многу многу.... Исто многу ми се допаѓаа оние во Кам маркет што ги имаше со брусница мх мх какви беа...