Не, не ги сакам јас ги обожавам. Зависник! Секој ден по најмалку едно, а три ми се таман. Убави ми се сите, освен оние по две што се паковани, е тие ми се многу тврди.
Покрај на Витанова, станав и голем зависник на мусли барс од Виталиа. Оние со чоколадо и банана не ми се баш по терк, ама оние од јаткасти плодови и јаболко и цимет ми се перверзии. Доволно да ме заситат баш во оние моменти кога ме фаќаат кризи за јадење
Сите ми се убави и сите ги јадам, ама Витанова ми се нај! Особено од јагода со бело чоколадо и тоа во зеленото поковање што е, од кајсија или праска не знам, без чоколадо.
ГИ ОБОЖАВАМ!!! Почнав со Бонжита а па сега пошто неможам да ги најдам во последно време продолжив со витанова и све остало мнооооогу ми се убави и сите вкусови ми се супер!!! Порано од тие на бонжита тоа со суво грозје не ми беше по кеф ама сите други ми се супер!!!
Ооо дефинитивно јас од овие чоколатца зависам!! Поготово од оние што се од Виталиа со чоколадо и портокал тоа се вика љубов на прв поглед
Сите ги јадам освен оние со цимет. Не го поднесувам зачинот и во секунда ми се лоши кога ќе ми дојде тој мирис до нос. Тие чоколадираните ми се онака, не дека не ги јадам ама не ми се најомилени. Врвот ми се овие А гледам и многу од од овде ги сакаат, па може да си земете и од овие што се јадат со млеко и јогурт, ист вкус имаат плус се осеќа и некоја жичка на мед.
Ги сакам и тоа многу. Најмногу ги сакам Бонжита од ананас и онаа со суво грозје...ама некако во последно време како да ги снемува, ретко каде и може да се најдат... исто така добри се и Витанова. За време на постот се идеални, ем не се високо калорични, ем ќе ја задоволиш желбата за нешто слатко.
Многу ми се убави.Највеќе ги јадам оние со овошје од виталиа.Понекогаш знам и да си купам корни чоколадно!!
Само Витанова имам пробано и само нив ги јадам. Најчесто ако немам ништо јадено, а и неможам во моментот да јадам нешто зимам вакво чоколатце и ме држи додека не земам нешто да јадам. А некогаш и онака си купувам ако ми се пријаде малку благо, а сепак и здраво да е. Омилени:
Буквало ги сакам сите чоколади од Виталиа, најубави ми се и доста ме заситуваат. Јадам понекогаш и Витанова, но тоа со грозје што е не ми се допаѓа.
Ги јадам тие од Виталиа, ама и од Витанова се многу вкусни (сега прв пат ги пробав), а речиси дупло се поефтини.