1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жичара - Водно

Дискусија во 'Слободно време' започната од Anely, 23 јуни 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    За да се искачите од средно водно до милениумскиот крст сега имате два начина, да одите пеш, да планинарите и да уживате во природата или доколку не сте во кондиција може да ја искористите скопската жичарница.

    Со брзина на движење од 6 метри во секунда овие 500 метри висинска разлика ќе ги поминете за само 6 минути. Должината во еден правец изнесува 1750 метри или вкупно едножичаниот систем изнесува 3640 метри. Жичарницата е со капацитет од 1250 патници на час, и истата ќе работи 24 часа седум дена во неделата.

    Па кое е вашето мислење за новата жичара, сте биле ли?
    Коментари?
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Жичарата не работи во понеделник и мислам дека работи само до 20.00 или отприлика тоа време, навечер не работи.
    Не сум била а сакам наскоро да идам барем за нагоре да се извозам, а после може и да испешачам.
     
  3. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Цената е ниска,достапна за секој.
    Јас бев претходната недела на Водно,али до средно отидов со автобус а до крстот пешачев.Оваа недела повторно ќе одам.Ќе пешачам до средно и ќе ја испробам жичарата.
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Не сум била на жичарата и нема ни да одам :D од причина што имам страв од височини :worried: и не би отишла ни да ми платат :D знам дека е безбедно, но сепак не, подобро да не одам, што си е сигурно,сигурно си е :D :worried:
     
  5. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Утре планирам да одам со автобус до средно, па до крстот со жичара.
    Обично пешачам ама сега е пекол, башка сакам да ја испробам жичарата 8)
    Сега сакам да прашам од колку до колку работи жичарата за сигурно и колку се плаќа по човек?
     
  6. mona-li

    mona-li Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    9
    Работи до 20 часот, а цената е 50 денари по човек (за двата правци), а мислам дека од 1ви јули ќе е 100 денари
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Сметам дека е многу добра инвестиција за самиот град Скопје. :up:
    Оние што сакаат да пешачат, а да не ја користат полесната варијанта, пак можат да го прават тоа. Јас сепак би ја одбрала полеснта варијанта, ама на есен, кога ќе се вратам Скопје.
    И цените се супер, и денот убаво би се искористил - наместо да давам пари за кафе, еве добра студентска инвестиција :lol:
     
  8. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Се возев пред 2-3 недели кога ја отвараа, ама само за назад. Убаво е се тоа, само ме нервира малку што цело Скопје е сега на крстот и сите со сликите на фејсбук. Порано кога ќе отидеш на крстот, мир за душа горе, сега ко во град да си згужвано. Во секој случај добра инвестиција, не е на одмет.
     
  9. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Многу сакам да идам,се надевам ќе биде во брзо време.До сега само 2 пати сум била на крстот еднаш со кола и еднаш пешки од средноо па се до горе, :$ ама затоа од сега со жичара пфф :D
     
  10. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    840
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Вчера попладне, три принцези од три различни генерации, спортски дотерани, со шеширчиња на глава и наочари на очи решија да одат на Водно до Милениумскиот крст, бидејќи најмалата принцеза не била. Стигнаа до местото на настанот и оп СТОП :o , трудни мајки јок :lol: . Разочарување до даска :( , но најстарата принцеза ја зема најмалата и отидоа, а средната уживкаше под сенките на дрвјата.
     
  11. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.189
    Пол:
    Женски
    Интересна туристичка инвестиција, но искрено, мислев дека ќе биде скапа картата (нешто слично како жичарите на ски-терените) а и се надевав, за со тоа да се спречи масовното парадирање на шмизли во штикли на врвот од Водно. :envy:

    Редовно се качувам рекреативно на Водно, од долу па се до врв но изгледа од сега натаму, мене ќе ме има помалце. На врв ќе се случува истото што се случува на средно за 1ви мај...ѓубре насекаде, галама, исподотерани кокони и фраеришта со брендирани маици и патики кои од далеку се приметува дека ни капка пот не потрошиле за да се качат. И после ќе речат:-еј сум бил на крстот!- А пола од нив закржлавени татини и мамини ќерки и синови, жените со 100 кила целулит а мажите со стомаците до заби, како трудни жени. Ете од ова се плашев и се гадев, дека нема повеќе да можам да го осетам местото како место за релаксација, туку за напнување. Ќе нема место на клупите горе да си приседнеш, ништо ни од чајчето во планинарски после добро потење (нема да можеш да дојдеш на ред). Секогаш сум го прескокнувала средно Водно баш поради овие причини и сум продолжувала до горе за во вистински смисол да ја осетам планината. Но изгледа ништо ни од ова.

    Не сум отишла сеуште откако ја пуштија во промет, но се плашам од тој калабалак од луѓе. Сакам и јас да ја пробам еднаш жичарата, чисто ради чувството, па тогаш ќе видам дали добро сум проценила какво ќе биде на врвот. А искрено за да дојдам до врвот, не ми треба ни кола, ни автобус, ниту пак жичара. За мое добро, не фала.
     
    На veronikaveronika и Izaabella им се допаѓа ова.
  12. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    ^^ Па секој има право да си отиде...не ваљда ако си дебел и имаш стомак до заби ќе те вратат чуварите хахаххаахаххаххаахаха...и тоа не е нешто тешка работа девојките ако сакаат средени да идат нека идат....

    Инаку јас бев и интересно беше..
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.832
    Пол:
    Женски
    Сум била и доста интересно иако возењето е премногу кратко. Додека да се свртиш да го видиш Скопје од високо ти веќе си стигнал :D
    Се согласувам со претходни коментари дека на крстот веќе нема да биде исто
    Јас кога бев имаше еден куп дотерани девојки како за ноќно излегување во фустани, штикли и се правеше масовна фотосесија на Водно |(
     
  14. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Бев денес и се согласувам дека е многу кратко возењето.
    Мене ми е бесплатно 8)
    А на враќање ни бутнаа еден човек, неможевме на раат да си збориме |(
    И глупо е тоа што купуваш карта (50денари) која е повратна, а не можеш да купиш само за во еден правец :?:
    Ама па ја го најдов денов - пензионери еден куп :^)
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    не сум била .. сигурно е интересно чим толку се фалат :rofl: :rofl:
    п.с сега не била 50 сега била по 100 ден.
     
  16. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.481
    Пол:
    Женски
    Леле стварно од пензионерите човек не може на ред да дојде. Па уште се кара ти вика кај најде денес да дојдеш. И така ми беше малку страв нагоре кога се качував па уште тие во кабината . ВО секој момент очекуваш да изгасат внатре. Ако се рекло бесплатно е не мора да одат вторник и петок или и за градски пари не им се дава . Кај бесплтно им е па се караат . Замисли да дојде некој странски турист жив нема да излезе од бабиве наши. Господ здравје да му даде на тој што работеше горе, па за надолу не пушти 3 девојчиња сами без дедовци :) а имаше 30 стари луге после нас.

    Инаку ми се допадна жичарата многу. Баш јас сум од тие со мрзлив газ што тешко ќе се искачам до горе а вака барем отидов на крстот и се сликав (ама не за на ФБ) :D :D :D
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е нема гужва откако го поскапеа, сега е за 100 денари, а за деца по 50 денари :)

    Него јас отидов, у најубавиот ден, во наводници. Врнеше истураше цела недела, ако ви текнува како беше прошлиот викенд, и одеднаш како во бајка се разведри.

    На екс превкусниот сладолед од Палма и бозата, упаливме колата и сосема спонтано отидовме приквечер на жичара, и да ви кажам - не знам дали е проблемот во мене што толку се воодушевувам на тривијалности, или едноставно сум преемотивна кога се работи за мојот град Скупи, ама преубаво си поминавме.
    Сами си окупиравме една кабина. Дечките јао услужни, видоа две цури па ајде. Јас по пат истресов двосмислен коментар, којзнае што се одвиваше во главата на дечкото кога реков дека сакаме да сме на само со другарката :D
    Ама искрено? Ми е гајле. После грозниот почеток на денот, зајдисонцето беше волшебно. Поглед на околината за во енциклопедија, планини насекаде, градот на дланка, кабините чисти, културни да не речам европски - јао човече, мислим па ово нема ни у Београду :emo:
    Си направивме муабет со планинари. Се изналелекавме колку е убаво мислиш тргнале теткици да играат Бинго, се изнасликавме, изнауживавме а јас и запалив за атер на чистиот воздух едно цигарче галејќи го градот под мене.

    Навистина прекрасно девојки. Одете ако сакате и гледајте да одите во најнеобичниот момент и спонтано, тогаш доживувањето е поголемо ;)
     
    На srcekrsacka, Bibko, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да бев убаво е треба уште да се доуреди му фалат уште некој финеси.Во иднина ке биде поголема атракција и ке привлечеме повеке туристи.Се сложувам со вас кратко е возењето а и 100денари не се многу.
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Бев пред два - три месеци, скоро беше отворена жичарата. Времето беше топло и убаво, имаше народ, па супер си поминавме. Добра инвестиција е и ќе биде уште поубаво кога ќе се донаправи. Треба да се отворат тие четирите, да ги наречам трафики, на средно Водно. Ќе има едно тобако, една сендвичара, една ќе биде за сувенири и последната не знам што ќе биде. Под жичарата треба да поминува ски стаза, а на средно Водно во план е да градат базен со поглед кон Скопје :lol:
    Колку ќе се направи од ова не знам, ама како и да е имаат добра замисла. :)
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    јас искрено сум изненадена, колку е убаво средено, наместено. бараво браво и само браво за ова што го доби Скопје
    Бев 3 пати во првите 2 месеци од кога беше пуштена и навистина си поминав прекрасно, а инаку имаше мноооогу народ