1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жичара - Водно

Дискусија во 'Слободно време' започната од Anely, 23 јуни 2011.

  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    ^^^ Исто, истотооо. :rofl:
    Кога го видов автобусот на Рекорд, шлог ме удри. :D Па кога почнаа да викаат: - Сите стари доооле. Сите стари дооле. Или така некако. :^)
    А си рековме... да чекаме уште 40 минути, за да стоиме, за исто да ни се фати... си отидовме до Железничка, си го фативме џадето за друго место. :D
     
  2. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Бев еднаш бедејќи не сум од СК нема прилика да одам често и слободно можам да кажам дека најубавото кафе што сум го испила е таму толку убава глетка мераци следна прилика пак би отишла.
     
  3. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    За колку отприлика се стига пешки до Средно Водно, одамна не сум одела?
     
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Бев минатата година , и морам да признаам погледот и местото ми беше феноменален, колку е здрав и чист воздухот таму најгоре , абе мераци.. само не ми се допадна што нема многу некој избор на кафани , нешто ресторани , да си седнеш како човек ...е сега да се навратам на жичарата , не дека несум се возела со жичара , ама не ми беа некако сигурни тие кабините , се плашевме со другарките кога се качувавме , се ребревме :D а за слегување ништо не осетивме , во секој случај би отишла пак 8)
     
    На ForeverYoung му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Ти си се качувал по стрмни патчиња, во тренерки/хеланки, со ранче на грб, репче и на крај стигнуваш до крстот и гледаш наоколу луѓе средени ко на Ленинова да идат. (facepalm)

    Инаку имам страв од висина и првиот пат кога се качив на жичарата буквално пребледев, а сега ми е смешно кога ќе ми текне. :D
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  6. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    За колку време се стигнува пешки од средно водно до горе до крстот?
     
  7. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.143
    Допаѓања:
    4.115
    Зависи по која патека одиш и со каква брзина. По асфалтот трае најдолго - околу 2 часа, но можеш на некои места малце да кратиш одејќи делумно низ шумските патеки. По Димитар-Цветкова патека (но е најстрма и поради тоа најнапорна) која почнува кај паркингот на средно, околу 45-60 минути. По пензионерската околу 90 минути. Обавезно имај со себе вода за пиење и нешто благо во случај да се исцрпиш.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. wanderlust

    wanderlust Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    2.383
    фала на инфо. :)
     
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.143
    Допаѓања:
    76.542
    Пол:
    Женски
    Сум се возела два пати. Еднаш од Средно Водно до горе и назад со сестра ми, а со дечко ми кога бев одевме пешки до врвот, а се вративме со жичарницата бидејќи имаше снег горе, што не го очекувавме. И тоа не плативме за назад, ме разочара тоа што нема никаква контрола и така без пари можат да се возат луѓе.
     
  10. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Смее со куче на жичарата?
     
  11. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    не смее
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.639
    Допаѓања:
    251.378
    Пол:
    Женски
    ∆Може во кафез, пред некој ден видов имаше сликиче.
     
    На КикиМаус и Скопјетесакам им се допаѓа ова.
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Дали има услови сега за качување пешки до врв,поради снегов? асфалтираниот пат е скроз до врв или треба по козји патеки?
     
  14. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Има услови секако по асвалтираниот пат,а за козјите патеки незнам да ти одговорам.
     
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Асфалтираниот пат е скроз до врв, така? бидејќи ми имаат спомнато дека до некаде бил асфалтиран,а натаму е козји патеки за до врв :?:
     
  16. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Од кочо рацин па се до крстот е асвалт,имаш и козји патеки тие не се асвалтирани.
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Стариот пат до Водно пред изградбата на жичарата што беше уште стои и може да се качи до врвот, не е по ново асфалтиран.
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Мене многу ме интересира: жичница или жичара е? :?::rofl:
    Сегде е различно.... :^)
    Кое е правилно?
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  19. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    369
    Пол:
    Женски
    Жичарата ми е супер и така до врв со кола е тешко проодно ама со автобус до горе до средно нема шанси да одам кај што го преполнуваат па уште по тие кривините мислам во секој момент ќе се преврти :)
     
  20. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски
    Дали картата уште е 100 денари?