1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Жолтица кај бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од december, 3 јули 2018.

  1. december

    december Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2018
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,нова сум на форумот и гледам дека ја нема оваа тема а мене баш таа тема ми треба :) моето синче е еден месец и сеуште имаме жолтица,родено е 38+6,3450 супер,фати жолтица на третиот ден и не задржаа во болница го сончаа,5 дена беше на фото па му спадна билирубинот....му беше 365 па 310 па 250 и си дојдовме дома...ама сеуште е жолто....цица и + го дохранувам а инаку супер си напредува и не е поспан си спие нормално си стои и буден гуга веќе се смее ме загрижува што сеуште му трае жолтилото...матичниот лекар ни даде упат да го провериме пак билирубинот да видиме како се движи...дали сте имале слично искуство и колку ви траела жолтицата...ви благодарам
     
  2. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Со двете деца поминавме појака жолтица. Кај поголемата ќерка исто така жолтицата траеше еден месец па и повеќе, додека скроз да се исчисти. Кај помалата се среди за помалку од месец иако во болница повеќе ме задржаа и ќе ме држеа уште да не потпишев сама да си одам. Сега со втората ќерка нѐ испуштија од болница со билирубин 216, па правевме контрола (били чек) кога имаше 20 дена, не ја боцкавме.

    Со првото дете никој не ме советуваше да појдам на контрола за билирубини, само цицање и изложување на сонце. Со второто побрзо се исчисти веројатно зашто порано почнавме да излегуваме на прошетки (кога имаше само 10 дена).

    Освен многу цицање те советиваа ли изложување на сонце? Најубаво е рано сабајле околу 8 (бидејќи веќе е пекол) да прошетувате бар по пола саат. Во болница ми кажаа дека можам да давам и декстроза/глукоза еднаш дневно.
    Жолтицата се повлекува од долу нагоре, значи ако приметиш дека ноџињата се бели, потоа ќе се избели стомачето и градите, дури на крај лицето и очите.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.729
    Допаѓања:
    145.108
    @december може да помине и месец дена додека се исчисти.
    Скоро секое новороденче добив физиолошка жолтица и не е ништо страшно.
    Кај моето пожолте само главчето и белките на очињата.
    Не меревме билирубин оти не беше алармантно. За некој три недели целосно се исчисти.
    Колку повеќе цица и мочка толку побрзо ќе се среди.

    Вади го секое утро на сонце. Преку ден можеш на прозор ако не ве пече јако.

    Се чисти од долу на горе. На крај ќе се исчисти главчето. Буди го ако често спие на 2 часа за да цица.
     
  4. CurlyBlossomGirl

    CurlyBlossomGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2018
    Пораки:
    560
    Допаѓања:
    3.918
    Пол:
    Женски
    Ќерка ми почна да се чисти после месец и пол. И не жолта, портокалова беше дури. И не држеа една недела во болница и џабе. Не е страшно, сонце, цицање и ќе биде. Без паника.
     
    На tambelina му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Билирубин 230, колку дена треба сончање за да намали вредноста? Знае ли некој? Многу ми е мака, не задржаа во болница, едвај чекам домче да одам.:hug:
     
  6. Leo-nora

    Leo-nora Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    1.949
    Допаѓања:
    1.263
    Пол:
    Женски
    Uste vo bolnica 2ra den fati zoltica.nez kolku bese. Ne pustija so 241.posle nedela vreme bese pak 241. Ja soncaa vo bolnica skoro 2 saati so piskanje placenje zajde deteto od prevezot so go stavaat na oci. Sega sme skoro 7 nedeli pred nedele bevme ima uste 171 e..
     
  7. Happyinlove

    Happyinlove Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски

    Подобро што сте во болница,за ден два како ново ке биде. Ние само што си дојдовме дома па ја фати. Верувај 2 месеци ја мкнеше,а 20 дена беше успан и жолт жолт... :worried: а вака со сунчање побрзо ке ја исфрли
     
    На Flower123123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Flower123123

    Flower123123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2016
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    624
    Пол:
    Женски
    Ден ипол цело време е на сончање, нон стоп, само го земаат за хранење и малку кај мене за цицање. Се надевам ќе не пуштат и ќе се намали вредноста.
     
    На Happyinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Стефанни27

    Стефанни27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2019
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Ние 1 недела бевме со малиот во болница,после тоа не пуштија. Но целосно се исчисти на 2 месеци и доби убава боја на кожата. Не се секирај треба време,ќе помине!:l:
    Гушкајте се и ужувајте❣
     
  10. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Леле кога ќе прочитам дека по повеќе од недела можам да лежам во болница со жолтицава, депресија ме фаќа.
    Еве веќе 4та ден не сме пуштени дома. Па и ретко ми го носат за да го дојам , страшно ми фали па ;( а и млекото не ми е надојдено, само едвај колострум истиснувам.
     
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    7.540
    Пол:
    Женски
    Душо колострумот треба да го пие бебето, побарај од дома да ти донесат чаеви во гранула за лактација хип, хумана или некој друг.
    Не е финтата да ве пуштат дома па од дома назад да се враќате во болница, јас и мојата ќерка пред три години кога се роди по првичното отпуштање од болница се враќавме уште два пати по 7-10 дена во болница. Е тоа е хорор, со бебе што никако не сака во инкубатор, со држење во раце и нишкање во инкубатор, со прво заспивање па тек после тоа во инкубатор да го ставиш на сончање, трчање контроли по клинка во Скопје дека ние не сме од Скопје, со сирупи, капки и триста чуда до четвртиот месец. Седети си мирни и без аздисување, подобро ден два плус по породување отколку после тоа пак назад. Да напоменам мојата фати жолтица на 3ти ден од раѓање а не пуштија на шеста ден дома, па за два дена пак назад, па пак не пуштија па пак уште една тура назад.
    Толку ми е мака што ова ни беше прво дете а не му се израдувавме како шѕо е редот, од старт болнички ходници, чекање, па што ќе биде како.... Но за среќа се помина одлично фала му на Господ
     
  12. Ice&Fire

    Ice&Fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2015
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    88
    Ги знае ли некоја референтните вредности на билирубин за новороденче?
     
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.654
    Допаѓања:
    18.254
    Пол:
    Женски
    Зависи од бебето и одлуката на педијатарот. Мислам дека до кај 200 250 пуштаат без сончање, со тоа што на бебето треба да му се дава да циц на 2 часа.
     
    На NNik и Ice&Fire им се допаѓа ова.
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.903
    Допаѓања:
    123.137
    Нас не испишаа со билирубин 180. Една вечер ја сончаа цела и толку.
    Рекоа во ред е. Поспана е доста, цица по 5-10 мин . убаво влече ама страв ми е да не случајно и е малку па плус се одмолзувам и и давам.
    Беше патронажна и ми кажа да ја сончам надвор директ на сонце 3-5 мин свртена со грпчето накај сонцето.
    Во систина пак ми рекоа со главчето накај сонцето може и на прозор , с патронажната рече никако на прозор.
    Како правилно се сонча,
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.159
    Допаѓања:
    111.349
    Пол:
    Женски
    @eli25 патронажната е во право. Рано наутро (околу 7) со грбчето кон сонцето лиценцето кон тебе, за тебе кафенце и уживајте :inlove:
    После 18 часот истово пак.
     
    На tambelina и eli25 им се допаѓа ова.
  16. Трепетлика

    Трепетлика Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2015
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    268
    Пол:
    Женски
    ^ И јас така знам, дека преку прозор нема ефект, треба да биде директно и свртена со грпчето.
    Следи дали избледува (ќе почне од нозете па нагоре, кога нема да е жолто лицето и белките во очите, значи поминала). Ако ѝ се жолти и стопалцата тогаш подобро да ја однесеш на фототерапија (сончање).
     
    На eli25 и fana им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.903
    Допаѓања:
    123.137
    Денес бевме на контрола, докторката рече какво сончање нема ефект тоа .Патронажната и неонатологија сестрите ни рекоа да сончаме. Битно почнала да се губи, на нозе веќе нема, рачињата и се бели, има по грпче и лице. За месец два рече се очекува да ја снема само нека вица повеќе .
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.225
    Допаѓања:
    13.195
    Пол:
    Женски
    :^) :^)
    Моето во болница додека бевме еднаш само го исончаа таму под апарат. За натаму не ми дадоа апсолутно никаков совет ниту таму, ниту матичен. Ама битно му помина, само од себе ваљда.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    4.549
    Ние имавме нешто ко вас билирубин на искачање, во декември. И да сакав не можев да ја сончам. Првата недела отидов во систина на дежурен од што не можев да ја разбудам. Докторката само со прст ја пипна рече еве почнало да се повлекува, за 2-3 недели мислам се исчисти само цицаше повеќе, надвор не искачавме. Испод 200ка не е страшно. Ете почнало и да се повлекува, од доле нагоре.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.903
    Допаѓања:
    123.137
    Да еднаш ја сончаа наводно цел ноќ било тоа.
    Штом доктор одобри ќе се опуштам малку, страв ми беше на сонцето. А и добро напредува, би требало да е ок:)
    Нас ни рече секој ден шетање :)
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.