Штом си цица и мочка и не е успана, ич да не се секираш верувај. Ева имаше опасна жолтица срц. Значи спиеше додека ја капевме буквално очи не отвараше. Другарка ти фана па упорна беше ќе дои Тоа не се опули од вода па ќе влечело од града ебати ненормалната жена На 2 недели паднато на килажа од исписна. Препорака веднаш ад. За една недела имав ново бебе со опулени очиња бело како снег
И она е бааги поспана. Ама ја будиме. сега рече нема потреба да ја будиме. Јас еднаш и давам да цица еднаш измолзено зошто од левата нејќе да фати, денес прв пат фати па ќе видиме….
Син ми 2 месеци беше жолт. Белките на очи последни се чистат. Ништо страшно. Првиот месец да нема повеќе од 3 часа пауза меѓу подои и ноќе. Така ми кажаа.
Има ли некоја мајка што потпишала да си оди заради жолтица? Денес е 5ти ден и веќе не можам да издржам,психички сум 0. Ми рекоа дека може да потпишам и да си одам. Од друга страна ми е страв да не се искомплицира нешто. Ама вака може и да ја сончаат уште една недела... Од нервоза и млеково ќе го зезнам... се изнаплакав Кажете ми чаре и совет...
Моето фати дома и имаше до 2 месеци, не го сончаа таму оти немаше ко не испуштија 4 ден од пораѓај (царски), цицаше и напредуваше супер ама ме нервираше дека многу долго му остана, поубо поседи таму бар да се куртулите побрзо.
Наводно утре ќе не пуштат,само што стигнаа резултатите билирупинот и е ок. Ќе издржам уште еден ден со надеж дека утре ќе си одиме. Фала ти,богами вака успана како што беше претходниве денови што ќе и правев дома... Ама ова седењево тука една недела,психички попуштив...
Zdravo majki.....dali ima nekoja iskustvo so bebusot da e na fototerapija poradi zoltica celi 24 casa.....uste sme vo bolnica rodeno so carski i denes go naredija na fototerapija do utre sabajle sto me zagrizi malju bidejki nemam nikakvo prethodno iskustvo
Нас не задржаа во болница плус 2 дена. Тие два дена ми даваа пумпа да се измолзувам за да пие мое млекце зошто цело време беше на сончање. Дали саат два го видов, интезивно го сончаа за да не пуштат дома. Третиот ден резултатите му беа во ред и не пуштија.
Мила како и кога ја забележа жолтицата? Се опседнав со бебе 2 дена го студирам и се жолт ми личи па дури и белките дека не му се чисто бели скренав од ум веќе утре треба да му вадат крв па ако е ок да си одиме во 12 ама први знаци дали позна ти или педијатрите?
Баш вечерта пред да не пуштат ме однесоа да видам како го бањаат и белките на очите ептен му беа жолти. Тие секако земат секој ден крв и гледаат по билирубините во крвта, но се гледаше и по очите. Прво сестрата ме убедуваше дека било малку, но резултатите покажаа високи билирубини и така останавме. Битно е бебето да се хидрира(да пие млеко) и само ќе се исчисти. Потоа и дома му беа жолти очите сигурно уште недела-две.
Едното близначе ми беше исто многу жолто кога си дојдовме дома. Белките жолти исто и кожата. А билирубинот беше под 10, околу 0,5 повеќе отколку другото бебе. Ми рекоа дека над 15 ги сончаат и така не пуштија. Си пиеше и качуваше килажа исто ко и братчето и полека се исчисти. Ама првите 2 недели ептен се гледаше жолтилото.
Иста мака само што никој ништо не забележува освен јас и кожичето и очите почетно жолтки, ја прашав сестрата вика може ќе треба малце да се стави (па зошто не денес веднаш)? И кога ја прашав а крв не вадите секој ден? Не не прв и последен ден тоа. А ги отеков педијатрите дали е ок дали е ок? И денес е успан...некако на града го форсирав да цица барем малце да капне од мене а млеко ми испи 10мл се надевам кај нив испи повеќе за да мочка..утре сабајле ќе дознаеме дали ќе не задржат сепак
Сега забележав баш со тебе сме коментирале во другата тема породување во приватна болница. Прави притисок колку можеш да го сончаат. Но сепак и да ве остават... тоа е. Битно не се секирај поминува и не е опасно. Сега парите не се малку, но нека се збие на нив
Конечно ме послушаа го ставија пред 1ч бебе не јадеше цел ден и спиеше само очиња лимон, сигурно била иста сестра што не игнорирала. Се надевам утре бар малце да отвори оченца и да сака да поцица и пие млекце...
Колку време ве сончаа? И ние пристигнавме пред два дена, од вчера им зборам цело време дека е жолтко, не ме послушаа дури денес го ставија на сончање
Мила вчера ноќта го сончаа не ми кажаа точно време ама веќе сабајле во 6.30 го донесоа со ококорени очиња плаче влече града, чекаме сопругот да дојде ќе не пуштат денес ќе го сончаат сигурно подолго и ќе биде добар. Моето ти викам вчера беше заспан цел ден ни јадеше ни реагираше на штипкање денес и лабораторијата му е добра праќам сила мајка
Ти благодарам, и моето се поспа од синоќа затоа и навалив да проверат крвна слика, малку покачени билирубини, да ме послушаа вчера ќе беше подобро.