Еве и јас да го споделам моето искуство, а воедно и да ве посоветувам....И јас правев свадба и косата ми се крена кога ми стигна од ЗАМП писмото.......Ама, се распрашав малку, и испратив писмо до Министерство за култура, односно барање за мислење по однос на фактурата што ја добив од ЗАМП дали е потребно јас да плаќам за авторски права. Од Министерството добив одговор дека не сум јас таа што треба да платам, туку ресторанот во кој сме правеле свадба, односно таму кај што се свирела музиката, според законот тие биле корисници на музиката која се свирела и тие треба да платат, а ние ништо. За тоа и цената се утврдува според бројот на гости, односно според бројот на порции. Е сега, во мислењето, исто така беше наведено дека ресторанот треба да плати, освен ако не е поинаку утврдено со договорот кој сме го потпишале за користење на ресторанот. Јас го имав примерокот и таму никаде немав клаузула каде изречно ме задолжуваат дека јас треба да си ги платам авторските права, со што автоматски бевме ослободени од трошокот за ЗАМП. Тоа и им го препратив на ЗАМП, и тие си замолчија. Инаку, од муабети со колешките на оваа тема, дознав дека ЗАМП ова го прави свесно, т.е. бара пари од лицата кои правеле свадба, во договор со рестораните, од каде и ги добиваат податоците, инаку од каде тие би знаеле на која адреса живеете, кога точно сте правеле свадба и каде, и што е најважно колку гости сте имале на свадбата. Е сега, кај упали, упали...Или ако ве зезнале во ресторанот со договорот вие да си платите, тоа е, ќе мора да си платите.....Пошто ретко кој во тоа лудило се замара да го прочита договорот со ресторанот и да го запази ова...Така да проверете во договорот и пратете мислење до Министерство за култура пошто тоа ви е и писмен доказ дека не сте должи вие да плаќате за авторски права, и тоа пред свадбата подобро, ама ако заборавите, не е на одмет и после тоа да барате мислење.... Се надевам ќе му помогнам на некој, позз
Музика за свадба Слушнав дека за музиката требало да се платат авторски права за песните што ги свират. Е сега викаат дека и ако не платиш некои газди на кафаните намерно ти ги викаат, не знам што од ова е вистина. Дали некој плаќал или ќе плаќа за авторски права, подобро би платила на време отколку да ми заебат расположение на свадба некои мочани инспектори.
Музика за свадба Ние не плативме, а и ги прашавме вработените од ресторанот, рекоа дека никогаш не ни дошле таму. Е сеа, ако сте малери
Музика за свадба не за доаѓање не доаѓаат туку газдите од ресторанот си пријавуваат дека има свадба и тебе после по пошта ти стига колку и како треба да си платиш или си идеш доброволно и си плаќаш. Пред се распрашај се и пази кога го потпишуваш договорот за свадба во ресторан и начинот на кој им е регулиран ЗАМП
Музика за свадба Мислам дека е 200 евра за до 250 гости. Во хотелите низ Скопје сигурно ќе те пријават, па мора да се плати, но кај рестораните се поминува и без тоа.
Музика за свадба Од газда на една кафана во Скопје разбрав дека пред околу 10 дена се одлучило да не се плаќа за авторски права на ЗАМП, да не знае некој за каква одлука се работи и на кое ниво е истата? Тоа со плаќањето е прав рекет, па треба да плаќа авторски надомест тој што профитира од тоа, кафаната или бендот. Не ми е јасно како пред неколку години можеле да ја укинат таа одлука како против законита и не легална, а се применува. И сите газди намерно ги викале од ЗАМП на свадбите, малку е чудно тоа, но јас мислам дека ако не платат свадбарите,ќе плаќа газдата, па затоа ги вика. Но ако од ЗАМП после свадба ви бараат да платите, а не сте им оставиле податоци, можете да го тужите газдата на кафаната за издавање на лични податоци. Според Законот за заштита на лични податоци, ресторантот не смее да ги издава вашите податоци. Дури и може да се побара писмено мислење од Министерство за култура за осваноста на барањето од ЗАМП. Да не е некој запознаен малку по детално?
До кога да го најдам мислењето кај ми е префрлено, помина времето за корекција Во нашиот договор стои дека ресторантот не го плаќа надоместокот, туку корисникот, им ебам све по список , а и ова не може да биде вака, луѓето се на некој начин изиграни. Значи сега јас треба да барам раскинување на договор (поради доведување во заблуда поради неинформираност) и склучување на нов, а ако направам така многу е веројатно дека организаторот може како сака да ми ја заебе свадбата. Не знам дали е попаметно да чекам после свадба да регулирам или да барам да се склучи анекс на договор, после мое прибавено мислење од Министерство за култура. Ако јас немам обврска да го плаќам тој надоместок, ќе имам писмено мислење од Министерство и ЗАМП ништо не ми можат. Како и да е, ако треба ресторантот да го плати надоместокот, тој тие пари пак ќе ти ги извади за нешто друго што демек треба да го платиш. Туку ме интересираше за тоа што било одлучено дека нема да се плаќа, што, како и кој одлучил, дали знае некој?
Нас ништо не ни стигна по пошта, а правевме пред година свадба. Ако праќаат кај сите, ке стигнело нешто до сега
и јас се соочив со проблемов вцера дојде писмо од замп за мајками и во договорот има член Ресторанот се оградува од организирање насвадбикој теретот за замп пага на терет на втората договорна страна тс ние како ке го толкувате ова? има ли некој досеа платено вакво нешто болни луге бреееее после две години од свадбата
Нас ни кажаа од ресторанот уште при склучување на договорот дека обврските за ЗАМП паѓаат на наш терет, и плативме два дена пред свадбата. Од сите трошоци најглупавиот, но не можеше да се избегне.
дефинитивно немам коментар, катастрофа невидена е ова, бруки. Уште нешто ќе им текне ли да измислат, боже мој
На другарка му од ЗАМП и дојде дома писмо да платат 250 евра мислам,не сум многу сигурна за авторски права.Доколку не ги платеа во рок од еден месец им следуваше тужба.По која основа тие наплаќаат и како не ми е јасно.Можеби е една фиксна цена за сите.Јас мислам дека треба да постои тоа и е убава идеа,но ако одат парите на вистинското место.
Таман се помирив со идеата за плаќање на ЗАМП, излегоа и овие ММИ. Колку што следев по медиуми вториве не се само преименувани ЗАМП, а сосема засебно здружение. Е, тука почнува забуната - се плаќаат такси паралелно и на двете организации? Се плаќа само ЗАМП или само ММИ? Има некој што скоро правел свадба или скоро ќе прави а е подобро информиран околу прашањево?
Чекај, чекај, ова озбилно? Па нема да слушам македонска музика на свадба бе, кој ги врти, нека дојдат они нека видат дали слушам или не. Живи глупости, ова е катастрофа невидена, кај плаќаш огромна сума пари за музика па уште и ова, ајде среќа најдов беспари музика, и сеа што, треба да плаќам на овие? Ма не плаќам бе ич не ми е гајле, нека не се свири на мојата свадба македонска музика и готово, не плаќам и точка
Angel таксите не се само за македонска музика. Кој има нерви еве неколку линкови. Првиот линк е интервју со Бодан Арсовски (ММИ): http://faktor.mk/archives/11839 http://faktor.mk/archives/22633 http://faktor.mk/archives/23907 Ако ја разгледате архивата на сајтот неколку месеци наназад, има уште неколку поврзани статии. Ама колку повеќе Читам се позбунуваЧко станува. Па затоа сакав од прва рака некој да каже како оди тоа, зашто сакам да избегнам ситуација по свадба со тужби и судови да се расправам. А ова е линк од ФБ профилот на ММИ http://www.facebook.com/pages/MMI-Maked ... 9722600037 Пари и за странска музика Цитат: Според Арсовски со оваа давачка не се обрзуваат само тие кои ќе емитуваат македонска музика, туку сите кои емитуваат било кава музика. Тие веќе имаат склучени договори со светските музички продукции како на пр Сони и сл, па ќе наплаќаат и ако ја емитувате Мадона, Стинг, Френк Синатра и други.
До-ре-ми мислев дека си групава што ми дадоа картичка од ресторан, исто се вика групата Сеедно, јас не плаќам, нека дојде да ми каже некој зошто, едноставно и јасно, јас и плаќам на музиката, не е битно што и како, битно и плаќам, а сега треба да платам и на ЗАМП така? Е нема. Инаку според мене овие пари кои веќе се плаќаат на ЗАМП треба да одам за авторите и изведувачите на песните, оние кои ги имаат правата, епа замислете ви дојде Елена Ристевска на свадба да ви пее, она ви пее нејзина песна, си добива пари за тоа и плус овие ЗАМП ќе и исплатат за тоа, ја богати, кај ја има оваа економија? Може не сум во право, но никој не смее да ми каже дека мора да се плати Според некоја моја логика, директен конзумент на музикава сме ние, но што ако јас решам да немам музика на свадбата, пак ќе ми наплатат или ако си пуштам музика од разглас, и за тоа ќе ми наплатат? Што ако свири ете татко ми, не е регистриран музичар, свири негови лични мелодии, или неговите другари, што тогаш. Знам дека сум цепидлака и дека сега сум се заинаетила, ама ако видам договор со кој се обврзувам ЗАМП да го платам не го потпишувам и точка. И што сега, ЗАМП, ММИ, некој друг ќе излезе? Срамови живи, ова нема врска со разумот веќе
Angel не сум никаква група, само идна невеста. И не знаев дека имало и таква група. Верувај ми во старт и јас се имав заинаетено да не се плаќа ни ЗАМП, а излегоа и овие вториве рекетари. Ресторанот кој го одбравме уште во старт рекоа дека ги пријавуваат свадбите во ЗАМП без исклуЧок. Свадбата нас ни е одвај со 120 гости, соодветно бројот на рестораните што ни беа на избор-ограниЧен. Се пребројавмне на крај и си рековме кај толку пари одат, нека бидат и стотина евра за ЗАМП, ама кога излегоа и ММИ ми пукна филм. И сега 4 месеци пред свадба, уште немам претстава како стојат работите околу ова прашање. Па затоа решив тука да се рапрашам.