1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЗАМП

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 19 мај 2011.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Тоа е друга приказна и е нешто што подложно на избор и договор, така?
    Ако не ми е ОК цената која ми ја даваат, ќе си барам нова музика и чао џаци, ама барем нема да се тресам дека ќе ми тропне извршител на врата ако не ја платам фактурата на ЗАМП. Тоа нека си го мислат изведувачите :)
     
  2. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Ресторантот а не музиката.Они по закон си се должни должни да плаќаат.Бар така вика Министерство за култура на сајтот. А можете ова и на писмено ова да им го барате како мислење.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Според Министерството за култура, и музиката спаѓа во терминот „корисник“
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Македонија и се е можно.
    По секоја логика на сите права и закони порзани со изведба на туѓи авторски дела, надоместок плаќа оној кој ги изведува. Значи музичарите, групата, или кој и да го ангаџирате за свада, што мајка има ресторанот или пак гостите да го плаќаат тоа.
    Нормално дека све че то народ позлатити, ама не ми е јасно како може вас дома да ви стига да плаќање пари, кога вие не сте ги корисители туѓите авторски права,туку пеачите.
     
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    ^ Затоа што кафич/кафана/ресторан може да пушта македонска музика во својот објект без да има „жива“ група, затоа и тие (демек) плаќаат за авторските права
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.418
    Пол:
    Женски
    Да, да читав нешто за тоа пред некое време што сакаа и на бурекџилици од метар на метар да има наплаќаат за користење на авторски права....
    Мене ми нема никава логика, ама никаква, кога мислам дека секако радиостаниците и телевизиите ја плаќаат таа такса, испаѓа два пати за едно исто се наплаќа, мене барем ова така ми личи. Т.е мене ова на друго ми личи ама не коментирам на што, удрија по оваа за нас навистина не позната територија да земаат пари.
    Професориве што дреамат и молчат мене ми е чудно, нека се јават и нека ја расчитат оваа небулоза.
     
    На Bezopasna2002 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    А пред изведувач што пишува? Конкретно за свадба ЗАМП пресметува према број на гости.Колку повеќе гости толку повеќе надоместок.Што значи бројот на гости игра битна улога во одредување на надоместокот а од бројот на гости единствено кој профитира е ресторанот.Колку повеќе гости толку поголем профит.Според ова угостителот е тој што треба да си се раздужи спрема ЗАМП.Не за џабе угостителите нудат договори кај што товарот за плаќање незаконски сакаат да го префрлат на младенците.
     
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Дали може изведувачот/групата да му плати на ЗАМП врз основ на договорот што ќе го потпишат со младенците за изведување музика на свадба?

     
  9. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Се плаќа и наплаќа врз основа на Закон за авторски права и сродни права а не врз основа на договор.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Во писмото што го добивме од ЗАМП пишуваше дека до 150 гости цената за плаќање надоместок е 100 евра. Ние на свадбата имавме 50 гости. Како може да биде исто 50 и 150 гости? И како може да плаќаме за српски песни? :^)
     
  11. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Најдобро да си поднесеш претставка до Министерство за култура со прашање кој треба да го плати надоместокот а потоа со одговорот да ги прашаш од ЗАМП како тоа спротивно на закон за авторски и сродни права смеат да пуштаат побарувања за авторски надоместок наместо од правите корисници.Еве го линкот од Министерство за култура и што пишува таму
    http://www.femina.mk/out/?id=62e0e6fc7b ... temid%3D14
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Свадбата ни беше пред 2 години. А писмото од ЗАМП ни стигна после 8 месеци. Ги плативме тие 100 евра. Се изнервирав што бараат авторски права, а немаат причина за тоа. Тие од таму не ги направиле песните за ние да им плаќаме такса? Па уште и бараат пари за странски песни. Само да се перело пари. Безобразни едни. :@
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.651
    Допаѓања:
    95.740
    Пол:
    Женски
    Жени ви текнува колку се бунтував дека не плаќам ЗАМП? Не платив, а нема ни да платам, си го истерав своето, а сега само нека се осудат една година после свадба да ни пратат фактура, ќе видат они убаво, ќе им одговорам дека во меѓувреме сум се разела и не планирам да плаќам :tmi: Абе они мене најдоа ;)
    Инаку прашавме во ресторанот и ни кажаа дека никој досега не платил тоа па ни ние, дека самиот ресторан не дава никому информација колку и како се правеле свадби, дека тоа е нормално противзаконско, они потпишуваат заштита на податоци и нема потреба да се плашиме :)
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ние ја правевме свадбата во Континентал и во самиот договор пишува дека таксата за ЗАМП ќе ја платиме ние. Кога стигна писмото се мсилевме да не ја плаќаме, ама после тоа се премисливме. Не сакавме да се влечеме по судови.
     
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.651
    Допаѓања:
    95.740
    Пол:
    Женски
    Не знам колку се сеќавате, наназад погледнете јас бев многу огорчен противник на ЗАМП, токму тоа и ми беше првото прашање во Лешок, на кое добивме одговор, такво нешто не се плаќа, затоа и не се потресувам дека ќе морам да платам ;) Во сите закони, ЗАМП плаќа ресторанот или музичката група ;)
     
  16. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.526
    Ми стигна фактура дома на 6000 мочани денари за ЗАМП!!! Па дали се бре тие нормални???
     
  17. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Еве што носат новите измени на Законот за авторски и сродни права.Посебно интересни за темава се измените кои се предвидуваат кај членот 137 наведени на стр.8, кај што е стои дека :

    " (3) Како краен корисник на услугите на корисниците од ставот (1) на овој член, во смисла на овој закон, е физичко или правно лице, кое како потрошувач за непосредна сопствена потрошувачка за цели што не се наменети за вршење на негово занимање или за други деловни дејности, користи услуги во кои се содржани авторски дела односно предмети на сродни права.
    (4) Организацијата нема право да бара наплата на надоместоци од лица кои се крајни корисници од ставот (3) на овој член. Договорите од членот 139 став (1) точки 1) и 2) склучени спротивно на овој закон се ништовни. "


    На страна 22 дадено е следново објаснение на оваа законска измена:

    Со измената на членот 137 се појаснува поимот “корисник“ и се допрецизираат неговите обврски за плаќање надоместок. Посебно се утврдува поимот “краен корисник“ како физичко или правно лице што како потрошувач користи услуги во кои се содржани авторски дела односно предмети на сродните права за непосредна сопствена потрошувачка за цели што не се наменети за вршење на негово занимање или други деловни дејности.
    Следствено на ова е и одредбата согласно која организациите немаат право да бараат наплата на надоместоци од лица кои што не се корисници, согласно овој закон, а договорите склучени меѓу организациите за колективно управување и физички и правни лица кои не се корисници во смисла на Законот, се сметаат за ништовни.
    Се цени дека со овие измени се ќе придонесе кон доследна примена на Законот и ќе се надмине практиката во одделни случаи на користење на авторски дела и предмети на сродни права (како на пример свадби и слични приватни веселби) наплатата на надоместоците за користење да се врши од субјекти кои се потрошувачи на услуги кои ги даваат корисниците (хотели, угостителски објекти, менаџери, изведувачи и сл).

    Еве го и линкот од Собрание на Република Македонија каде ова може да го прочитате http://www.sobranie.mk/ext/exporteddocu ... 92a9&t=pdf
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    И јас викав дали се нормални кога ни стигна фактурата. Колку само се перат пари со тоа.
     
  19. Espadrila

    Espadrila Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 април 2013
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    20.736
    Тоа не е перење пари. За перење пари постојат други дефиниции и примери. А берење-да.

    Ама овие ЗАМП ...за никаде.
    1. Јас сум за заштита на авторските и др. сродни права. Но секако не за таа наплата да ја прави некое си Здружение на граѓани... По мене, не може нешто со големина на авторско право да биде вреднувано и наплаќано од извесно здружение на граѓани. Направете тоа да биде некоја нова државна институција, или во склоп на некоја веќе постоечка- така би имала поголема верба, авторитет, и легитимитет кај странките во остварувањето и реализацијата на авторските права.
    2. Колкава е веројатноста дека тие како здружение, ќе извршат соодветна исплата на авторите на песните свирени на вашите сваби, во вашите ресторани, хотели....
    3. Колкава е веројатноста дека ЗАМП, кој наплатува и свирење во живо и слушање сериозна, класична музика од редот на Моцарт, Бетовен и други големци, ќе ги исплати авторските права на соодветните правни наследници на тие големци?Оти каде би завршиле тие средства за авторски права инаку???!!!!!!!

    Мислам дека ми ја разбравте поентата.

    + ЗАМП се очајни. Познавам најмалку 5 случаја, каде праќаа опомени, па тужби, па се согласуваа на спогодби и за долг најпрво фактуриран од нив на износ од пр. 50.000 денари, да се сведат и согласат на 10.000.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. feminka33

    feminka33 Активен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    0
    Инаку денеска на дневен ред за гласање во Собранието на РМ, се измените за Законот на авторски права :)