ЗА/Против спиењето заедно во ист кревет со бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од gelkaa, 28 ноември 2013.

  1. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.488
    При крај сум со бременоста и постојано размислувам за тоа како ќе правиме со бебчето во првите 40 дена ..Дали веднаш ќе го клаваме да спие во креветче? Па нели тоа е толку мало што нема да може да си произведува само топлина? потребна му е блискоста од телото на мама..итн Што мислите вие мамички за оваа?
     
  2. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.835
    Кога почнавме да гледаме за креветче, сите ни викаа дека за почеток не ни требало, бебето требало да спие до мајката во спална. Мене ова ми беше малце глупаво и нелогично од причина што сите викаат како ќе си го научиш на почеток, така ќе си тера до крај. Ако го научам да спие со мене, после више спиење во сопствено креветче, амин. Според мене нема потреба од тоа, креветчето ќе му биде одма до мене и мислам дека нема врска тоа со топлината на мајката. Па и мене ми треба маж ми до мене и не сакам ни он да се чуствува запоставен и да спие во дневна. Можеби звучи себично, ама ако ми беше средена и детската соба, сигурно дека бебето од почеток таму ќе си спиеше.
     
    На okcenzi, captivating, Lovely93 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.651
    Допаѓања:
    127.689
    Моето спие во креветчето уште од првиот ден кога дојдовме дома.
    И во болница гледав да спие во креветчето.
    Иако он сака да спие до мама, сепак настојувам да е во креветчето.
    Страв ми е да е до мене, јас спијам доста немирно, а и кога заспива до мене јас вкочанета сум цела.
    Па затоа најдобро е уште од самиот почеток да си е во креветчето.
     
    На sunmoonstars му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    21.656
    Пол:
    Женски
    Против спиење заедно со бебе !
    Сите педијатри советуваат бебето да си спие во сопствено креветче , во вреќичка , со собна температура од 19° .
    Од повеќе причини сум против заедно спиење , како прво не би можела да спијам убаво ако знам дека до мене спие бебето , од страв да не случајно го преклопам , страв од претоплување .
    Си бара близина да , ама го имам цел ден да бидам до него . За спиење не мора .
    Планирам со новово бебе да го ставам кај нас во спална во креветчето од поголемото , од причина што планирам да дојам и за да не и пречиме на сестраму ..ке спие првите месеци кај нас , потоа правец детска соба :)
     
  5. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Protiv! Bebeto treba da se osamostojuva, a i koga kje porasne toa kje mu stane navika, i teshko kje go odviknete.. Ne e ubavo ni za bebeto ni za vas.
     
  6. gelkaa

    gelkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.488
  7. HEV

    HEV Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    631
    Мое искуство е дека подобро бебето е да спие само бидејки така тоа се осамостојува и повеке може да си најде положба во која може најубаво да спие.Јас син ми го ставав да спие со мене само 1 недела бидејки сум царски и навечер ми беше тешко да станувам потоа го ставав во креветче и супер беше.Сега пред 3 недели додека бевме бо болница спиеше со мене бидејки морав да го припазувам за инфузијата да не мрдне иако јас не спиев но сепак топлината си го ствара своето ко си дојдов имав голем проблем бидејки 10 дена бевме таму.Сега ко заспие веднаш го ставам во креветче но навечер бидејки е исплашен од инекциите кои му ги даваа во 4 часот поќнува да плака го ставам до мене се смирува и пак назад.Поубаво е за детето да си спие во креветче утре ко ке има своја соба нема да биде добро со родителите да спие туку само.Има случаи кои дури до 20 години спиат со родителите што не е нормално познавам такви и ствараат зависност во секоја ситуација детето неможе да функционира без родителите.
     
  8. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Ќе се вмешам малце и јас, како размислувам сега, не викам дека можеби нема да го сменам мислењето кога ќе станам мајка. Но, според мене најубава опција за сите е бебето да спие во сопствено креветче, во истата соба со родителите. Првите месеци во никој случај во својата соба, според мене. Не гледам никаква полза од тоа да спие во ист кревет со мајката и таткото, од ова гледам само негативни страни. Родителите ненаспани (од страв да не го повредат нели, а јас конкретно имам и немирен сон), бебето премногу приврзано за мајката, што тоа е воедно лошо и за него и за неа. Јас сметам дека децата кога ќе си створат навика уште од најмали, многу е тешко да се искорени. Затоа викаат теле се учи, а не вол (се извинувам на споредбава, ама така се вика). А кога ќе дојде второто, ако првото плаче и не сака да спие само, сите заедно ли ќе спијат?
    На бебето ништо нема да му недостасува, кога штом ќе заплаче веднаш ќе реагира мајката, бидејќи нели е веднаш до него во истата соба. А згора на тоа, не страда ни бракот, бидејќи можам да замислам колку лошо може да се осети таткото доколку е принуден да спие во друга соба (доколку нема комоција за тројцата на брачниот кревет).
    Пак ќе кажам, можеби ќе го сменам мислењето кога ќе доживеам мајчинство, но сега за сега моето мислење е дека вака е најдобро за бебето. Може ако има простор, на почетокот додека е ептен малечко и зависно од мене, да спие со нас, но стварање вакви навики мислам дека не е добро, како и спиење одделно за сопружниците. Нели дури рекле, колку и да се скараш во текот на денот, кога ќе легнеш во иста постела вечерта, нема шанси да заспиеш скаран. :)
     
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.998
    Допаѓања:
    134.919
    Пол:
    Женски
    Синко од раѓање спиеше во своето креветче, ама сега спие со нас, да не речам, ни го окупира целиот брачен кревет. За среќа, голем е, па нè собира сите тројца. Сè уште не можеме да го оставиме сам во соба бидејќи не му е спремна, а како второ, уште се буди ноќе со плачење. Имаше периоди кога супер си спиеше по цела ноќ во креветче и размислувавме да го префрлиме во неговата соба, ама почна често да се буди со многу силен плач, па решивме уште некое време да биде со нас во соба. А догодина здравје, на лето, планирам да ја спремиме неговата соба и таму да го преселам целосно.
    Колку и да сум за тоа детето да спие само во креветче, без оглед на тоа дали е во иста или во различна соба, сепак, понекогаш детето диктира како ќе се одвиваат некои работи.
     
    На anule88 и cecilia им се допаѓа ова.
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.268
    Допаѓања:
    14.955
    Пол:
    Женски
    ПРОТИВ, ќе се трудам од прва вечер да го ставам во креветче.
    Па како ќе оди, и дали ќе успеам ќе видиме.
     
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    458
    Мм вика дека ова ми е фобија. :lol:
    Милиони пати сум му кажала дека бебето нема шанси да спие со нас.
    Бебето се осамостојува полесно, полесно се создаваат навики за спиење, а и не се создаваат лоши навики кои после тоа ќе треба да ги менувам.
    Исто така од безбедосни причини нема да го ставам во кревет со нас. Јас се превртувам премногу, нема око да склопам мислејки каде е да не го налегнам.
    Не, не. Бебето во свое креветче. Брачниот кревет за мама и тато, мислам дека доволно беше што во текот на бременоста јас спиев во дневна повеќе пати. Како што рече Srekicka и мене ми треба маж ми до мене и не сакам ни он да се чуствува запоставен.
    А ова од Нестле, јас лично не ја почитувам ова компанија и се што е од нив јас го примам со скептицизам, иако оргинален извор за тоа им е Рингераја :^)
    Ти посекако воспоставуваш врска со бебето, кога го доиш, кога го бањаш, кога го гушкаш, кога го држиш во раце. Мајчинскиот инстинкт ти секако си го имаш, ништо не може да го намали или зголеми.
    Бебето посекако се навикнува на нова околина. До денес беше во меше,утре не. Па во вашиот кревет или во креветче секако нема да биде она на што е навикнато.
     
    На Nova му/ѝ се допаѓа ова.
  12. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.326
    Допаѓања:
    1.154
    Ќерка ми од прв ден спиеше сама во креветче.
    Нема поголем поборник за одделно спење од мене ама.....
    Фати зима и дојдоа настинките, затнато носе и кашлица.
    На секое кашлање се буди.
    Носот ако не е крената одма и се затнува. Да ми каснат од газот докторите што викаат ако направиш наклон на душекот демек ќе се слевало, ма нема шанси.
    Прво она ќе се лизне по душекот и ќе се свитка како кифла а после ќе се затне целата и така цела ноќ.
    И јас си ја земав со мене во кревет и врз мене спиеше. Проблемот е што настинките се редат една по друга и дур се оправила пак се затнала и тоа е.
    Сума сумарум и кај мене детето диктира кај ќе спие.
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ana.tinkerbell

    ana.tinkerbell Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    344
    Допаѓања:
    234
    Ние направивме комбинација :D Го поврзавме креветчето скрос до креветот наш ја извадовме едната ограда за да дојде како помошно креветче залепено до нашето, така излага дека и си спие во своето креветче и пак сум до него кога ке се разбуди за доење :)
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sabatini

    sabatini Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    428
    Пол:
    Женски
    I jas si zamisluvav deka ke si spie vo krevetce sama ama so zamisluvanjeto si ostanav..
    Koga se rodi vo bolnica mnogu placese i sestrata mi rece da ja stavam na gradi kaj mene da spie na mese i navistina ne placese , ama cucata se navikna taka .
    Istoto toa prodolzi i doma taka da spie placese mnogu od grcevi iili spiese na mene kaj mene ili vo race i od koga ke zaspiese cvrsto ja ostavav do menena krevetot da spie .I ne nikogas ne ja udriv pretisnav ili bilo sto dr.
    Potoa sto li ne probuvavme za da spie sama vo krevetceto taman sum jas zaspala vo race ke ja stavam i ko ke pocne da vrišti :) i pak ke ja dignam do mene na spalna i si spie.
    I ostana vo navika i den denes spie do mene pa i mm koga si doaga vikendot ne se oseka zapostaveno si legnu a i tolku.
    Ne deka e toa ubavo sto spie do mene ne deka nesakam da se optegnam ko covek i da si go ljubam mm ama dal gospod i dr kreveti :)
    Ne deka mene ne mi e ubavo sto spie kerka mi do mene i taka i taka sme sami po cela nedela :)
    Kako i da e dobro rekoa nekoi feminki deteto diktira se :*
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.156
    Допаѓања:
    4.933
    да и ние исто споени сме како што објаснуваш и кога се буди за цицање само си го зимам нема потреба од станување па зимање од креветче, а сепак си е во сопствен кревет со сопствена постелнина. е сега искрено има ноки кога гледам дека е раздразлив или од сабајле па некогш си го зимам до мене на наш кревет, иако гледам да е ретко. и јас сум против спиењето заедно на ист кревет, сепак затоа служат креветчињата, и пред се како растеме уште малку и ке го ставаме 4 дел :P затоа што синко се врти и ни бега на спална :lol: :lol: :lol:
     
    На ana.tinkerbell му/ѝ се допаѓа ова.
  16. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    972
    Допаѓања:
    750
    Пол:
    Женски
    е ова колкав проблем ќе ви биди кога ќе ви пораснат децата!
    јас сум голем противник за спиење заедно со бебето, дури беше син ми помал се беше во ред. ќе си го заспиев и ќе си го клаев во креветче, ама сега господинот сам си се префрлува на спална (и нас ни се залепени спалната со креветчето)
    сега дури и перницата ќе си ја фрли до мојата и се префрлува до мене!
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    13.698
    Допаѓања:
    74.470
    Пол:
    Женски
    Мојата од првиот ден дома спиеше во нејзиното креветче, и така се до 11 месец кога се разболе и ја ставив кај нас во кревет :tmi: и так спиеше неколку месеца со нас , мене грбот ме болеше катастрофа...потоа некаде на 1,5 год си викам будала креветчет нејзино си стои во нејзината соба што не го донесам кај нас во спална и така го ставив во нашата соба и ја преместив пак кај нејзе за среќа не правеше проблеми, и така се до денес 2 год и 8 месеца спие во креветчето ама па мора да и купиме поголем кревет ова веќе не ја собира :D
     
  18. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    149
    Јас немам услови за креветче во спална и додека креветцето бесе во дневна спиеше во него, а јас се кичмев на гарнитурата потоа почна многу да се буди ја ставив наспалнаи конечно се наспавме тројцата
     
  19. Happy.Mama

    Happy.Mama Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    121
    Против !
    Си има своја соба на еден чекор до нашата, ама мало е и се плашам да го оставам само :?: Сега планираме да го преместиме креветчето одма до нас, нека спие тука еден месец па после ќе го преместиме во неговата соба :$ Сепак, не да спие заедно со нас, туку во посебно креветче :D
     
  20. stefeli

    stefeli Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    34
    пред и во текот на бременоста бев против, со сите се расправав за тоа дека бебето си има свое крветче и соба и таму мора да спие. (планирав од месец дена да ја ставам во нејзина соба) кога се породив спиеше неколку вечери во креветче во нашата спална соба, но бидејки се будеше на 1ч за цицање почнав да ја ставам до мене (не цицаше секогаш, некогаш само се залепеше за градата и немаше пуштање, плачеше силно кога ке ја тргнам) и малата си се научи со нас а и јас со неа. кога ке ја ставев во креветче ми беше криво,како да ја отфрламе од нас - јас и мм ке се гушкаме а таа е сама во креветче :( :( и си ја земав пак до мене. и стварно не сум наспана, преморена сум но сега мислам дека барем додека цица детето треба да е до мајката и додека спие бидејќи ја гледам фацичката :( кога ме нема до неа кога стане од спиење и најмилото :D кога сум до неа. а за тато.... и за него има време како што вели сабатини има и др кревети - на спална сега за сега само гушкање :$ :$ :$
    п.с. кај нас малата ми диктира се уште од сега, голема лутка е ..... душата на мама
     
    На sabatini му/ѝ се допаѓа ова.