1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЗА/Против спиењето заедно во ист кревет со бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од gelkaa, 28 ноември 2013.

  1. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Синко наш преку ден спие со мене на спална, а навечер во креветче ;)
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    Мојава најмногу сака во раце да спие :( , ама јас сум онаа која по дома вика по сите кои се осмелуваат да ја држат во раце додека спие и ја ствам во креветче... Често се случува да се разбуди за кратко време... ама и тоа кратко време е подобро отколку да ми спие во раце...
    Инаку би сакала и сметам дека за бебето е поубаво да спие во свое креветче, со своја постелнина а не да се стиска до родителите. Јас дури и собата ја променив за спиење бидејќи во спална немам место за креветче... Се со надеж дека ќе фати ред да си спие во креветчето а нe на спална со нас.
    Но едно е што сакаме и што сметаме дека е правилно а друго е тоа што бебето ни го наметнува. Откако станав мајка сватив дека не се се така одвива по план... Бебето не се одгледува по однапред замислен ред, туку тоа го диктира редот и ги ,,кажува,, правилата. Како родители треба да сме упорни за да успееме да стекне бебето некои навики (пример спиење во свое креветче), ама колку може тоа да се постигне кај новородено бебе-не знам.
    Засега ја ставам во креветчето да спие, и кратко ми спие... ама упорна сум, кога ќе заспие пак ја враќам во него... До кога вака не знам...
     
  3. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Kerka mi spiese cesto na spalna so mene koga se rodi. Ima veceri koga pak spie do mene. Bidejki nejzinoto krevetce e zalepeno do mojata strana od spalnata, sega jas spijam do nea. (Jas spijam na koso) glavata mi e na nejzinoto krevetce, a teloto na spalnata.mojata i nejzinata pernica ni se edna do druga. Uzivam vo mirisot na moeto bebe..
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Колку сакам да спијам со неа некогаш, неможам да ви објаснам. Ама џабе, неќе дете! :D Инает невиден, иста ко мајка и... :$ Една недела спиеше со нас, бидејќи јас две рани заработив, една од царскиот, и една што бев пукната долу, па не знаев каде повеќе ме боли. Како тоа чудо помина, ја ставив во креветче, и не сака да излезе од него ноќе, а дење на рамно во дневна, или во релаксатор/лулашка. Како и да е, само сама. Ако сум до неа кога и се спие, или ако ја чепкам, фучи како вепарче некое. Сама сака женската! :inlove:
     
  5. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Моето бебе уште од раѓање спие во креветче. Не за друго, туку ми е страв да не го натиснам :^)

    последните неколку месеци во раните утрински часови го зимам до мене бидејќи ми се смачува да станувам (се буди на саат и пол), па од кај 3 саат го зимам со мене за да можам да поспијам а он да цица кога ќе сака без јас да се разсонувам. Инаку го оставам до 3 во креветчето и станувам кога ќе заплаче за да не ја изгубиме навиката да спиеме сами.
     
  6. chokolatce

    chokolatce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    10
    Ovoj period ke go barame ponatamu vo zuvotot koga ke ni begaat decata i nema da ni dadat nitu da gi bacime nitu da gi guskame. Jas si sakav kerka mi do mene da si spie i od koga se rodi pa se so pred eden mesec spiese so mene. Setavme niz centar i samata izrazi zelba za svoja soba . Cel mesec pomina i nitu ednas nema dojdeno do nas vo krevet. A tie muabeti za tatkoto da ne custvuva zapostaven, toa spored mene se gluposti. Samo nenormalni tatkovci bi go napravile toj muabet koga stanuva zbor za potrebite na svoeto dete. Inaku kerka mi samo sto napolni 2 god . I za ovoj mesec mislam deka mene ona poveke mi nedostasuva otkolku jas na nea. Za nisto na svetot ne bi go zamenila custvoto koga ke gi otvoris ocite da si go vidis bebeto do tebe ili vo tekot na vecerta mazenjeto i guskanjeto.
     
    На pianogirl, sunmoonstars, guguence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.337
    Пол:
    Женски
    Милош уште од болница си спие во креветче па и кога дојдовме дома продолживме исто . Причината е што јас самата сум спиела со родителите и никако неможев сама да спијам . И како возрасна девојка спиев со сестра ми бидејќи сама неможев ни да замислам да спијам . Од таа причина некако ми беше глупаво Милош да не биде самостоен од бебенце . Секако дека повремено спие со мене кога има многу силни грчеви и сл но повеќе е во креветче . Несакам утре кога ќе порасне да неможе да спие сам како што неможев јас и да спие со мама и тато или со баба и дедо па и братче да има не бива две мушки во еден кревет :lol:
    А што се однесува на темното користиме мала столна ламба која не дава силна светлина а е доволна да се најдеме ноќе кога се будиме за јадење или преповивање :)
     
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    Посифурно ми е кога е во креветче ама креветчето е до мојот кревет и си ја мазам гушкам и за рака си се држиме,ми се случило да заспие на мене или до мене а потоа ја ставам во креветче оти имам сттав да не заспијам па се завартав и недај господ да бидне нешто.
    Ама кога сум будна и преку ден си спиеме гушнати една до друга,она знае да сака да споеме заедно ама и си го бара креветчето :D
     
  9. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.855
    Допаѓања:
    28.509
    Ова е битка во моја корист ]:)
    Правеше проблеми на пчетокот, поточно нејќаше ни во нашиот кревет а уште помалку во нејзиното креветче (facepalm) . За среќа ми се исплати упорноста и ете ја сега си спие во нејзиното креветче и преку ноќ и преку денот. Често се буди, ама и во раце да ми е пак се буди...што да и правам кога е лесна на сон.
    Воглавном не спие до нас па и тој малку сон што го имам ми е опуштено без да се плашам да не ја ,,смачкам,, ќерка ми :angel: .

    Можеби е полесно кога бебето е до тебе, ја вадиш градата и му даваш да цица, па и ти дремкаш додека тоа си цица. Или самото бебе спие поцврсто кога осеќа дека мамичка е до него...
    Но мислам дека подоцна е потешко да го научиш дека треба да спие сам во свој кревет, плус се загрозува интимноста помеѓу брачните партнери, а и не сум сигурна дека е безбедно за бебето да спие во креветото заедно со родителите.
     
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Јас бев најголем противник за спиење на бебчо на спална. НО пред да имам бебе. Сега гледам дека бебе што цица мора да спие на спална. ПРво си спие во своето креветче до 3-4 сабајле. Потоа се буди за цицање и нормално ја зимам до мене. И тука останува едно добри 2-3 часа. А некогаш и повеќе. Затоа што цица, заспива пак цица пак заспива. Не можам на секои 15 мин да ја ставам во креветче и пак да ја зимам. Ја враќам во свое креветче кога гледам дека спие цврсто. А кога ке осетам опасност од будење, ја оставам на спална за да можам и јас да се наспијам малку. Нормално на едниот крај јас и мм, а на другиот спие она.
     
  11. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2013
    Пораки:
    3.492
    Допаѓања:
    4.548
    Mnogu cesto spie so nas. Mm ke go izbutam na kraj, jas vo sredina i ke se spustam nadolu se slucuva i nozete da mi.visat, a.kerkami na drugata kraj. Zalepeno e krevetceto do spalnata i ima pernici i taka spieme. A mnogu cesto spieme dvete sami na spalnata kako na primer ova vecer. Mm si e vo.dr soba zalnio. Koga ke se razbudi malata doagja kaj mene i me budi. Me zakacuva me, grize, me baknuva :) ajddeee mamoo staniii, daj mi ciceee : D
     
  12. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    i jas mnogu bev protiv zaednicko spienje ama situacijata nalozuvase zaedno da spieme...preku letoto go stavav vo krevetce no se budese na sekoj pola saat i ni toj bese naspan ni jas, a koga spie so mene se budi samo za mleko...i taka uste spieme, a kako ke se odviknuvame ne znam
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.062
    Допаѓања:
    66.788
    Пол:
    Женски
    Јас сум за заедничко спиење, сите тројца спиеме на спална, доволно е голема.

    На почетокот кога ја оставав во креветче кенкаше цело време, па моравме да бдееме над неа и сите ненаспани. И си ја земавме со нас, одма помирно бебуле.
    Читав доста за заедничкото спиење, дали е безбедно, дали има негативни последици, ама повеќе поткрепувања има во полза на заедничкото спиење. Доколку се прави безбедно нема да има никаков проблем.

    Родителите да се свесни дека има бебе во креветот, да не е задимена просторијата, да нема некој алкохол пиено, да е заштитено бебето да не може да падне, пожелно е бебето да спие од страната на мајката бидејќи мајката е посвесна за бебето за разлика од таткото, ама мм нејќеше ни да чуе. Човекот не мрднува од место, бебето спие убутано во него и он само си се врти во место и секогаш погледнува каде е малата. Кога сака да цица доаѓа до мене и после си се врти пак кај татко и.
    Додека сум кај безбедноста, во Јапонија заедничкото спиење и доење одат рака под рака и е норма, а процентот на SIDS е најнизок во светот.

    Бенефитите се многу. Природно е бебето да спие до мајката, така било од праисторијата. Бебињата спијат многу помирно, имаат постабилна температура, пократки паузи во дишењето (кои се чести во првите месеци, а дишењето на мајката го потсетува бебето да земе воздух), не се преплашуваат ноќе, речиси да не плачат. Ова можам да го потврдам бидејќи бебушот го осеќам веднаш штом се размрдува и му давам да цица, нема време да заплаче, а потоа си продолжува да спие. Бебињата што спијат безбедно заедно со родителите имаат намален ризик од SIDS дури за четири пати. За психолошките бенефити е докажано дека бебињата понатаму имаат повисока самодоверба, не се анксиозни, имаат подобро однесување во училиште и стануваат независни побрзо (спротивно од верувањата дека се зависни подолго).
    http://www.askdrsears.com/topics/health-concerns/sleep-problems/scientific-benefits-co-sleeping
    http://www.askdrsears.com/topics/health-concerns/sleep-problems/co-sleeping-yes-no-sometimes
    http://www.naturalchild.org/jan_hunt/familybed.html

    Прво сакав да спие во креветче, ама подоцна сфатив дека вака е многу подобро за сите. Не планирам наскоро да ја ставам во креветче, не додека дојам барем, едноставно ми се свиѓа вака како што е. Ќе видам и на неа како ќе и биде, додека не се осеќа сигурно да спие сама ќе спие со нас. Не планирам никогаш да почнувам со некаков си метод за тренинг за спиење, ќе се буди додека и треба утеха или сака да цица, јас не спијам цела ноќ, па не ми е реално да го очекувам тоа од бебе. Не сакам да плаче пред спиење, да се стресува и да и се покачува хормонот на стрес, си ја сакам оваа врска што си ја имаме и со ништо не ризикувам да се уништи.
    Единствено е тешко некогаш со мм што не можеме да се гушкаме како порано, ама кога ќе има криза се преместувам до него и ќе се погушкаме.:lol:
     
    На warrior, pianogirl, krEM4Eto и 17 други им се допаѓа ова.
  14. M&M

    M&M Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2015
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    147.271
    Пол:
    Женски
    Jas nemam protiv spienje so bebe/dete zaedno i sin mi spie so mene uste, malovo prvo e vo krevetce pa vo tekot na nokta si ja pr3frlam do mene. Ama i dvajcata na pocetokotn zboram prvite nekolku meseci gledav sto poveke vo krevetce da bidat bas od bezbednosni pricini. Tocno deka nie majkite sme na strek i apieme lesno ama pak se premnogu mali i nekoe nezgodno vrtenje i potcuknuvanje moze da znaci mnogu kaj niv. So vtorovo i posebno pazev zosto brat i e so mene na spalna i on e dete voopsto nemoze da smetam na toa deka ke pazi vo son i pokraj toa sto ne ja stavam do nego. Neodamna i tazbrav za edna mnogu nemila slucka i toa tuka kaj nas taka da i posebno posle ova smetam deka na pocetok treba da se vo krevetce tuka blisku do spalnata, pa i preku ograda da go pogalis sniris i normalno da go zemes da go prezaspies so guskanje. Sepak isto prvite meseci majkite se premoreni i moze da se sluci od premor da ne osetis nesto.
    A sekako malku podocna.koga se veke i dovolno silni i da si se izbutkaat za.mesto vo krevet da zosto da ne. Duri nekogas koga sin mi spie so tatko mu mi fali mnogu
     
  15. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    I mojata spie do mene seuste.Neka pomine zimoto i ke se premesti kaj sestra i vo soba zdravje.Seuste cica i mn polesno i za dvete e sto spieme edna do druga.A i mi nema nisto poubavo od toa koga nautro ke se razbudi do mene i pocnuva da me gali za da me razbudi :inlove:
     
    На referentka, Dust, Rabbit и 6 други им се допаѓа ова.
  16. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Potpishuvam pod postot na @Rainbow.Se isto.Samo shto mm spie vo druga soba.E toa nemozam da go prebolam.(of topik e znam)
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Zosto spie tamu?
    Nema mesto za site ili toj nesaka?
     
  18. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    јас и бебѕш спиеме заедно бидејќи мм не е тука е сега ќе биде проблем едн0 20дена како ли ќе го одвикнам да спие само во креветче...и за мене е полесно и за бебуш вака а полне да кенка цице е тука веднаш
     
  19. muchacha_a

    muchacha_a Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    1.236
    Допаѓања:
    14.580
    Пол:
    Женски
    И ние со син ми си спиеме на спална сите заедно,доста е голема и тој си спие меѓу нас се гушкаме сите и ни е топло,не се згмечуваме,, а додека беше бебе и цицаше си спиеше во лулка но од ко престана 4 месеци имаше тогаш и се научи на цуцла и ад млеко мислам од тогаш се живо се поремети,се будеше на пола саат бара цуцла плаче и почна да спие со нас.Како и да е ке помине се периоди се тоа.
     
  20. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Ima mesto ama ne saka.Maliot stanuva cesto za cicanje i placi mada i so prvoto bebe taka se povlece....