1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЗА/Против спиењето заедно во ист кревет со бебето?

Дискусија во 'Бебе' започната од gelkaa, 28 ноември 2013.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Па, токму тоа е работата, поголема е стапката на смртност од синдромот во креветче, отколку со спиење со родителите. Вака кога ќе кажат спиело со родителот и се случило нешто, ама не кажуваат во какви услови спиело тоа бебе најчесто. Спијат на кауч, ќе заспие несвесно со бебето на неа и се случуваат лоши работи. Затоа секогаш се потенцира да е во безбедни услови.
    Нормално дека сите се плашиме, јас и мм прво на рати спиевме, пазевме многу, ама сфативме дека не ни мрдаме. И во креветче да спие мислам па ич не би спиела, само би проверувала дали дише. Моево додека се чистеше се случуваше да не може да дише, до толку се затнуваше, се давеше, па јас во секунда ја исправав и тапкав зашто беше до мене. Да беше во креветче сигурно немаше толку брзо да изреагирам.

    Ама не значи дека заедничкото спиење одговара на секое семејство, сите си се индивидуални, секое треба да одлучи за себе. Најдобриот совет што сум го прочитала е дека треба да се прави така што сите искористуваат максимално сон и се чувствуваат најсигурно. :)
     
    На M&M и slobodka им се допаѓа ова.
  2. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.195
    Допаѓања:
    106.173
    Пол:
    Женски
    Јас веќе 5 години спијам без маж ми, од ко се роди големата сме сами со неа во спална, па дојде второто па и третото и таман ни е креветот за мене и тројцата кои се 5, 3 и 10 месеци. :inlove:
     
    На referentka и Cka им се допаѓа ова.
  3. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.108
    Допаѓања:
    40.311
    I toa e OK spored tebe? Vo krevet da ne spies so nekoj sto treba da spies. Da gubis na bliskot intima i sl... Se znae decata kade spijat.
    Mojot spie vo krevetce a sabajle go zimam vo krevet so nas.

    Izvini sto tebe te citiram ama tvoeto bese posledno.
     
    На bittersweet, Sky-butterfly и crimson им се допаѓа ова.
  4. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.446
    Пол:
    Женски
    Па поделени ми се мислењата. Сакам да спие до мене да ја гушнам и мириснам, а од друга страна сакам да биде самостојна да не се научи со нас и после да несака во креветче. Од прв ден ја ставивме во креветче, јас бев малку против ама мм му беше страв да не ја преклопиме и така и остана. Кога тој е во странство си ја ставам до мене и си спиеме заедно :)
     
  5. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Sin mi od sekogas spie vo krevetce.
    Mnogu retko se slucuvalo da go stavam so mene na spalna.
    Ne e deka sum se plasela tuku ete sakav taka da go naucam.
    Od skoro 3god spie sam vo soba so otvoreni vrati od detska i spalna.
    Nekogas se slucuva da dojde vo nokta i nasabajle da se razbudam so nego pokraj mene.
    Ne sum ni za ni pak protiv za spienje vo ist krevet so bebeto.
    Sekoj roditel kako saka i smeta deka e najdobro taka neka si postapuva.
     
    На Sky-butterfly, referentka, LadyC и 2 други им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Не е само спалната место за интимност. Како родители убаво е да бидеме креативни на тоа поле. Децата треба да спијат каде што се осеќаат најсигурни. Јас имав период како помала кога ме фати некоја анксиозност и сакав само со моите да спијам, инаку ми беше ужасно страв и бдеев цела ноќ.
    Сум им страшно благодарна што не ми покажаа каде ми е местото како дете да спијам, туку ми пружија сигурност и утеха. Па излегов од таа фаза, а они си продолжија заедно да спијат. Не треба премногу да се жртвува за децата, да, им требаат среќни родители, ама се надоместува неспиењето со секојдневна комуникација и секс кога се може, што во мојот случај е најчесто дење. Ама кога се сака се може сите да бидат среќни.
     
    На azelea, LadyC, pandelka и 4 други им се допаѓа ова.
  7. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    324.644
    Пол:
    Женски
    Iako spie do nas toa voopsto ne vlijae nas kako par a uste pomalce nasata intimnost.Mm nikogas ne pokazal interes da ja napusti spalnata i da spie vo sosednata soba

    A seks nemora pa i samo na spalna
    I onaka e dosadno se tamu ;)
     
    На referentka, Nikita7, mami blue и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. izmislena

    izmislena Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    1.657
    Допаѓања:
    2.327
    Пол:
    Женски
    Од прва би рекла - не. Прво - ќе ми биде страв да не го смачкам. Второ - и јас исто имав некаков немир и страв ноќе, па стално спиев со моите, некаде до 9-10 години. Резултатот? И сега ми е страв да спијам сама.
    Кога маж ми е на работа ноќе, јас роварам низ станот.
    Верувам дека ова е поврзано со детството.

    Меѓутоа, од друга страна, спиењето на бебето со мајката го синхронизира неговото дишење со она на мајката и ова значително ги намалува ризиците од ненадејна смрт кај новороденчето.
    Така што мене ова ми се чини дека е меч со две острици и не би можела да одлучам сега.
    Ќе видиме кога ќе се роди :D
     
  9. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    И моево спие со нас од втор месец до сега, една година. Не се буди воопшто преку ноќ уште од тогаш. Само што спие од мојата страна, а до него е креветчето. А за интимноста не ни трпела до сега, посебно од ко живееме сами.
     
  10. Sunshine_1979

    Sunshine_1979 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2015
    Пораки:
    1.351
    Допаѓања:
    11.929
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е најдобро бебе да си спие во креветче, ама бебето не мисли така :)
    Се обидував кога беше ептен мала и повеќе од саат- два не додржуваше во креветче а сега се бори да излезе и да дојде до мене ...и веќе не се обидувам, си гушкам бебе и уживам, ...и мм си е со нас во креветот
    И не е до родителите, до бебето е дали ќе спие само или не, пр. големата ќерка немаше шанси да заспие на спална, од раѓање спие во свој кревет ама малата е друга приказна...маза до даска ;)
     
  11. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    Ниту бебето ќе спие на раат, ниту родителите.
    Стравот да не падне, да не го натиснеш во сон влијае врз квалитетот на сонот кој ионака е краток.
     
  12. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    received_10210762138786619.jpeg
    Sekoja najdobro si znae za svoeto dete i maz i toa go pravi so najdobri nameri.
     
    На referentka, Dust, MilaP и 2 други им се допаѓа ова.
  13. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.274
    Допаѓања:
    21.995
    Пол:
    Женски
    Малото спие меѓу нас, така беше и со поголемата, дур не си отиде во нејзин кревет,едноставно не сакаше, и тоа е тоа, со сила неможев да ја натерам
    И воопшто не ни смета што е меѓу нас, имам голем брачен кревет така да комотно е
    од следна година план ми е да си спијат во детската соба,имаат убав и голем кревет па двете тамо
    па ќе видиме
    И се сложувам со Џој дека секс не мора да е само у спална:)
     
    На referentka и mariz им се допаѓа ова.
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    За бебето е веќе докажано дека најраат си спие кога е до мајката. Ете, набројав и во претходниот пост според истражувањата колку му е подобро на бебето. А и логично е некако, девет месеци живеело во мајката, го слушало нејзиното срце, нејзиниот ритам и одеднаш е тргнато настрана, само, без контакт и топлина.

    Инаку, ова спиењево на бебињата одделно не е практика од секогаш, туку некаде од 19тиот век, поради повеќе причини, еве една интересна статија зошто и како дошло до бебињата да спијат одделно, за периодот кога Др. Холт, кој од многумина е сметан за татко на педијатријата сметал и им порачувал на родителите дека бебињата не смеат да се допираат, не смее да се игра со нив, и да се предаде родителот на нивните потреби бидејќи може да ги разгали. Фала Богу денеска овие работи веќе исчезнале, ама ете, бебето да си спие одделно останало како концепт, а и тоа detach parenting е се уште останато.

    И приметувам дека луѓето се полни со осуди кон оние кои одлучиле да спијат со бебињата. Иако кај нас ретко кој свесно одлучува, туку ете, се приметува дека на бебето му треба и така остануваат работите. Како што беше и со мене случајот.

    Но, навремено да ги прочитав сите овие работи и свесно би си одлучила да спие со мене. За мене е прекрасно искуството, ноќе кога ја осеќам дека се бутка во мене ако лежам подалеку, ме бара со рачето и веднаш се смирува кога ќе ме допре, кога ќе се вознемири, а јас лежам до неа и почнувам да дишам смирено и подлабоко и она веднаш го прифаќа мојот начин и си дише посмирено и заспива подлабоко. :inlove:
     
    На pianogirl, Antebellum, kristina.k и 2 други им се допаѓа ова.
  15. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    ^Кога е цицалче е во ред, но штом подраснува и знае дека мама е секогаш овде, тогаш е подобро да спие само во свое креветче во иста соба. Кај нас креветот е многу висок и спиењето во свое креветче е најбезбедна опција.
    Плус ноќта е време за спиење. Ако детето е гушкано и сакано во текот на денот, нема потреба од ноќни гушкања. Тогаш си спие задоволно и мирно преку целата ноќ. Обично незадоволствата проживеани во текот на денот ги манифестираат не ретко во сонот.
     
    Последна измена: 20 ноември 2016
    На wannaBeMomma му/ѝ се допаѓа ова.
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    Па, ние за бебе зборуваме, темава е во категорија Бебе, а и насловот си кажува, не за пораснати деца. :)
    Инаку, има и граничници кои се ставаат за да биде безбедно од паѓање.
     
  17. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.770
    Пол:
    Женски
    ^Бебе е и на 9 месеци, а тогаш некои проодуваат и трчаат.
     
  18. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.732
    Допаѓања:
    172.761
    Пол:
    Женски
    Граничници и...
    Би додала нешто..не сум мајка ама на внука ми и купив слична на "перницава" и само сакав да ви пренесам нејзино мислење, дека е презадоволна а и го штити бебко ..
    Нормално, ако немаш осет и спиеш како заклан, се е џабе, ама како што кажа она-кога се превртува во кревет има осет од каде почнува "зоната" на малото :)
    Па еве како марсовец ви се убацив во темава за да го кажам само тоа, ве молам не ми земајте за зло..
    [​IMG]
     
    На Sunshine_1979 и mariz им се допаѓа ова.
  19. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Da ne zaboravime deka sekoe bebe ne e isto.
    Dodeka sin mi na 9 meseci samo lezese vo krevetce i ne se ni vrtese,na zolva mi bebeto od 6m se ispravase i lazese.Vo relaksator ne smeese da go ostavi bez nekoj da ne e do nego posle 3 mesec..
    Sekoj roditel pravi kako sto smeta deka e podobro i za nego i za bebeto.
    Nema greska i da spie bebeto so majkata ili pak odvoeno.
     
    На Rabbit, Dust и mariz им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.061
    Допаѓања:
    66.787
    Пол:
    Женски
    А цицалче ако е до три години?
    Да не се разбереме погрешно, јас никој за ништо не убедувам. Сакам само да се разбие концепцијата колку е погрешно спиењето со родителите, кога всушност позитивните работи се многу на број. :)
    Ова не знам на што се однесува, моето на три месеци се превртуваше на грб, активно е исто.:wasntme:
    А за перниците во безбедно делење на креветот спаѓа и тоа дека не треба бебето да се става меѓу перници за случајно да не се пикне со главчето во нив. Иако ова погоре не делува лошо, ама одма ќе го порасне. :)
     
    На TutiFuti му/ѝ се допаѓа ова.