Koga jas sin mi go zimav na spienje so mene,kako bebe mozev nasabajle slobodno da stanam,normalno ke go ogradev so pernici i mozev da si ja vrsam mojata rabota. Zolva mi ne mozese ni 1 min da go ostavi,ke go obgradi so se a toa se isturkalo ili prelazilo preku niv i na kraj se najde nekolku pati na zemja. Nekoj roditeli ne gi stavaat bebinjata megu niv ne za da ne gi povredat,ne znam kako moze roditel da si povrede dete koga togas duri instinktot na vnimanie ni e pogolem, tuku zatoa sto smetaat deka vo krevetce ke bidat poveke zastiteni. Iako vnuk mi pred godinka i od krevetce se ima prevrteno navecer, i raceto go ima skrseno Toa go mislev koga rekov deka site bebinja ne se isti.
Nie spieme zaedno. Maz mi e u dnevna oti e panicar. Nekolku oati probavme i on cela nok e na strek oti mrdnalo ili oti prdnalo bebeto. Mnogu mu e strav i zatoa e baska. Spie ko na igli. Jas zatoa pa neam problem da e do mene. Na pocetokot spiese u krevetce zalepeno do spalnata so izvadena stranica. Krevetceto e u ista visina so spalnata i mi bese taka pidobro. Em se drzevme za race em me slusase i ja slusav kako disi. Posle sfativ deka nema nikakvi sansi da se prevrtam vrz nea i deka polesno e za doenje ako e do mene i krevetceto go trgnav od spalnata. Sabajlevo me razbudi so toa sto mi brckase u nos i usta. Otvoram oci i se smee i otvara muce za jadenje Ako e u krevetce nema takvo bydenje. Ke mora da se rasplace za da ja slusnam. Vaka na malo mrdanje veke znam dali i e toplo ili ladno ili glad ili gotovo e so spienje. Jas kako bebe sum spiela so moite a posle spiev so brakata. Zaedno site na spalnata. Sega nemam problem da spijam i sama i so drug. Maz mi pak, isklucivo sam spiel ko bebe odvoen y krevetce i sega mu e tesko i so mene da spie. Na pocetok na vrska i ziveenje zaedno spievme odvoeni Posle godina dena nauci da spie so mene a so bebe kuznae koga. Plus mene mi e maka radi moja komocija da stavam bebe nastrana za da spijam ili da iam seks. Sekako nema seks dodeka e bebe u soba. Ke krcneme i odma ke se razbudi. A ne sme peperutki da sme bezshumni. Sama mojata spie denski. Spie kaj i da ja ostavam. Kauc krevetce kolicka spalna.... koga i se spie znae i dodeka setame u kengur da spie. Sreka ne se prevrtuva u spienje i e mirna ima miren son. Retko da se zavrti na strana. Spie na grbce so racete u vis. Vikaat taka spiele zadovolni bebinja. A ako ne sum jas do nea koga se budi nasabajle si pee 20 min sama i posle vika da ja zememe. Za SIDS ot i jas citav deka ima pogolemi shansi da se sluci ako e samo bebeto. So roditelite e rizicno ako e krevetot mnogu mek ili ako nekoj go pritisne. Ama otkako sum majka me budi sekoj zvuk i sekoe dvizenje na malata i spijam sovrseno zavitkana okolu nea. Zatoa ne veruvam deka majka moze da zaspie vrz dete. Mozda da ne doev da morav da stanuvam po mleko seedno ke bese za spienjeto ama vaka sme popovrxani. Se slagam deka e pregolem shok i grev dete koe 9 meseci zpielo vo mene naednas da go odvojam. Promenite treba da se so pomalku stres. Sekako nema do 15 godini da spie so mene Ke si spie vo svoj krevey pa vo svoja soba... brzo ke dojde vreme i koga ke spie sama pa i ke mi zaklucuva soba. Ne mozam da zamislam dete da mi place u krevetce a jas da spijam. Vaka do mene... ni sekunda ne place. Seks ako ne padneme u nesvest od premor iame denje oti noke sme preumorni od denot.
Ja ostavam vo krevetce da spie. Ako se razbudi i place za da ja zememe,togas ja zemame megju nas. Letovo nesakase so nas izgleda zesko i bese. Ne branam i ne sum protiv spienje so nas. Babite znaat da recat "ke ja naucite so Vas i tesko ke ja oducite",ama tie taka zborea i za drzenje vo race. Ako ima deteto T ic da ne zboram...obavezno so nas. Dete e...i da nema nikakva pricina ima potreba od roditelska toplina.
Ne e sekogas taka. Tocno deka instiktot nie e isostren kako roditeli posebno majki megutoa na pocetok tolku moze da e premorena majkata i premnogu cvrsto da se uspie. Sega skoro imase eden slucaj, na poznati moi ete taka od premor premnogu cvrsto zaspala zenata a mn malo bebe, na cicanje se ugusilo. Tragicno premnogu kojznae kako ke zivee zenata so sebe megutoa greota e i da se obvinuva. Toa mi e samo muabetot koga se prwmnogu mali prvotw 2,3 meseci treba mnogu da se pazi a togas se majkite najpremoreni i nenaspani. Retko se slucuva no ete sepak se slucuva za zal
И јас сум против...ама пак зависи од околностите...пример ќерка ми си спиеше од прв ден во нејзиниот кревет..на 7 месеци отидовме на гости кај моите..и ја разгаливме..откако се вративме беше 8 месеци и се будеше по 7-8 пати ноќе...јас не знаев што е ноќ што е ден...и пошто мажми работи а јас не..избегавме во другата соба сами...барем тој нека спие...и ете така сме веќе 5 месеци...сега сакам да ја одвикнам...но како?
креветчето стави го до вашиот кревет и такс пробај. јас така направив со син ми кретчето до спалната и сега си спие сам.
Имам пробано во повеќе наврати.ама таа ќе се мрдне во спиење ќе осети дека не сум до неа...и одма вришти...мислиш некој ја коли на парчиња..тоа сега за сега не ни успева
Неколку ноќи не сум спиена, ама со нас не ја ставам. Прво зошто нема да и е удобно, имам гарнитура и на средина е поделена. Второ, нема потреба да ја учам, тесно неа тесно нас, а и немаме друга соба. Башка ко што пливаме по кревет може само да ја повредиме. Се мачиме, двајцата, ама сме упорни, во креветче ја тапкаме по газе и продолжува. Освен сега со грчевиве.
Спијам со малиот. Порано спиеше во креветче но откако почна да разбира почна да бара со мене. Прво во 5 сабајле ќе побараше па потоа почна на сред ноќ и на крај скроз се префрли со мене. Немам проблем со тоа. Едно време сакаше во креветче да спие и сам си заспа во него и јас си го префрлив до мене од што ми беше чудно без него. Мислам дека јас ќе имам проблем со одвикнување а не тој..
Јас ја научив до мене да спие, ама сега имаме проблем. Многу се врти додека спие. Со маж ми стуткани спиеме а она цела спална зафаќа. Секое сабајле укочена се будам. Полесно ми е да е до мене оти ноќеска станува да цица, ама вака до мене има ноќи кога ич не сум отспана.
Како бебе спиеше и во креветче и до нас. Секогаш се водев по тоа каде ѝ е неа поубаво. Е да, бевме укочени, она како пропелерче се врткаше во кревет, ама според мене тоа е краток период и се издржува. Особено кога беше болна или вадеше заби, тогаш најмногу ѝ требаше утеха и блискост со нас, па ги стававме нејзините потреби на прво место. Сега на три и пол години спие во нејзина соба, ама ако сака да спие со нас понекогаш, си ја земаме. Јас немам став дека е правилно или не е правилно спиењето во ист кревет, затоа што ќе пораснат и секако ќе сакаат сами да спијат.
и ние спиеме заедно, имаме скоро 4 месеци. не знам понатаму како ќе биде, ама засега многу ми се допаѓа, посебно затоа што како што имаше некој пишано бебето спие цврсто, задоволно, на сабајле се буди и не плаче туку така си разгледува и си гугука или мљацка можеби и тие што одделно спијат така прават, ама дење кога ја оставам во спална а јас во друга соба сепак по плачот само сеќавам кога се разбудила. и веднаш да отидам пак ми е жал а пошто првото ноќно спиење и е веќе долго вечерта најчесто ја ставам прво во креветчето (до нашиот кревет е залепено), и после накај 3 фактички ја земам со нас. Многу ми е мило што не послушав кога беше мала кога ми викаа стави ја на креветче да спие, нека си поплаче ништо не и е итн., а се будеше во секундата или по пет минути, и така првите два месеци беше или во слинг или во раце дури и навечер полуседната ја држев зошто не знаев лежејќи да ја дојам, ама мислам па затоа сега има сигурност да спие сама и долго и цврсто, и навечер а по малку веќе и денски.
Сите во иста соба спиеме ама секој во свој кревет. Е ама кога тато е дежурен трите заедно нанкаме и се гушкаме
Kako bebe spiese vo krevetce negovo zalepeno do nashata spalna kako rasteshe znaese Sam da se prefrli na spalnata zatoa sto bese se zalepeno I spoeno posle 3-4 godini zatoa sto veke bese golem a i mi smetashe krevetceto spie na sredina na spalna so nas. Seto toa e poradi nemanje iskreno na uslovi da spie sam ili Sam vo soba taka da Sega za Sega bar i uste nekoja godinka ke bide so nas. Vo iscekuvanje na noviot clen krevetceto ke bide isto postaveno e Sega ako nesto e ne izdrzlivo zeshko ili neznam sto tato ke mora da spie vo dnevna za zal
До кај 4-5 години спиеше со мене. Мажот ми го експедитирав во дневна. Искрено и мене ми беше поубаво, пошто мојов 'рчи ко за инает.
Сите 5 си спиеме во иста соба два каучи се споени како огромна спална , фактички на еден кауч спијат синковци поголемки а третото синче со нас на другиот кауч од моја лева страна и мажот од моја десна страна и никој не е згмечен има комоција ехее супер , а за посебни соби или кревети простор во куќава јок здравје во блиска иднина можеби ќе дојде поубаво време сега за сега здравјето и среќата се по битни најбитно не сме без кров над глава
Ние кога си дојдовме од болница после пораѓај, бебе по цели ноќи плачеше и многу тешко заспиваше. Таман ќе го успијам ќе го ставам во креветче и за 2 минути се будеше. И така се мачевме два три дена, па видовме не бива и го ставивме на спална и чудо бебе спие без проблем. Така теравме еден месец, маж ми, па јас, па бебе, па креветчето залепено до спалната. Откако завршивме во Козле, таму строг режим и за спиење и за хранење, никако не даваа бебето да спие во кревет со мајката. И таму се научивме да спие во креветче. Еве веќе 2,5 месеца од тогаш, нон стоп си спие во креветче, креветчето залепено за спална, решетката спуштена.
Зошто не даваат да спијат заедно? У систина има соби за заедно спиење и за одвоено според навиките, жално е болно дете да е само... можеа има некоја причина, баш ме интересира која