И тоа се смета за ко-спиење, залепено креветче до спалната. Во Козле се хорор за тоа, не обрнуваат никакво внимание на врска мајка-дете, сакаат мали роботчиња да бидат и бебињата, сите по еден калап. Јас си спиев со мојата, ама не беше бебе веќе. Во тоа креветче не би ја оставила никогаш, дури и да не спиеше со мене, мрда многу, дете, ќе пропаднеше со двете нозе низ решетките, крајно небезбедни беа.
Абе тие може да се против ама не може да ми кажат како да правам со своето дете... бог да чува. Ваму кај што лежевме иако имавме креветче баш ми велеа спиј со него му треба сега..
Борби водевме цело време и за спиење и за сè друго. Само ме караа, зашто сум ја држела, зашто сум ја нишала, зашто вака, зашто онака. А на клиника се други пример, таму немаше никаков проблем и беа многу поразбрани.
Не ми се верува што читам. Ако не, остави го детето и оди си дома. Само нека лежи во креветче. Кога најмногу им треба љубов и утеха, тие ред ќе правеле
Кога немаш дете работите се многу различни. Јас бев од тие коа викав дека детето секогаш ке спие во креветче, нема шанси со нас.НО кога ке имаш дете е многу по друго . Син ми спиеше и уште спие во креветче НО сред нок си легнува до мене . Креветчето е споено до спалната ,се буди и си доага до мене Некогаш не ни го легнувам во креветче зошто ми е убаво да е до мене
Во козле ги поткреваат бебињата, спијат на 45 степени и мора цело време така да лежат. Затоа ваљда и форсираат да спијат во креветче. Ама можам и јас да легнам исправена и ќе си го легнам на мене. Или ќе наредам перници, дома креветите не ни се исправаат како таму, па така нели ги поткреваме ако треба. На клиника ова не е пракса.
Јас во Козле мислам дека научив да си го чувам детето. Тие неколку дена таму ми беа хорор. Бебе месец дена, јас уште незнам сама убаво се справам со него. Се породив во Систина, таму уживање. Звониш на телефон и одма сестри околу тебе. Дома кога дојдов, помош од сите страни, мајка, свекрва, маж. Леле кога не сместија првиот ден во Козле значи мислев ќе избегам од кожа. Носат сестрите маска и викаат ајде мајка да си го инхалираш бебето. И им кажувам дека јас сама неможам да го инхалирам, дека е мало уште да ми помогне некоја сестра да му ја држи маската барем. Не бре каква сестра, мајка си ќе се снајдеш и ќе треснат врата. Незнам колку дози пулмикорт ми се истурија така обидувајќи се да го инхалирам, бебе мрда, ја со една рака бебе со друга рака маска, хорор, колку правилно сум го инхалирала којзнае, а плус пулмикортот дефицитарен во државата па на крај не ни стигна па беше маж ми во Бугарија да бара, среќа најде. За докторките секоја чест, искусни, професионални и пред се човечни, али сестрите ужас. Моето дека беше само еден месец и дека таму креветчињата нели закосени, бебето мало и се лизгаше надолу цело време. И му донесоа едни како гаќи врзани за креветчето, дур го сместев и исповрзав бебе обавезно се будеше и пак јово на ново успивање. Штета што при такви искусни и стручни докторки, персоналот ти прави да имаш негативно искуство.
Јас првото го легнував во креветче. До годината си спиеше. После кога почна да станува на нозе преку креветче ќе се фрлеше во мојот кревет кој беше веднаш до неговиот. А и мене многу ми беше убаво да си спијам со него и така го баталивме креветчето. Сега со второто бидејќи сме на доење не можам да станувам да шетам по соби до кревет па така си спие до мене.