1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЗНАЦИТЕ И ЉУБОВТА

Дискусија во 'Канта' започната од rici.aaaaa, 19 февруари 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    (Прочитајте)
    Овенот е исполент со романтика и витешки идеали, но не сака трпеливо да чека, ниту да размислува дали партнерот е соодветен за него. Машкото се гледа себеси како витез во сјаен оклоп, кој ја спасува неговата дама од змаеви, а женското е ловец и сама си го одбира сопругот. Овенот е идеален партнер за сите на кои им треба силна рака и огнена физичка врска.

    Машкото Овен издава наредби по дома, и бара од децата да не ја поминат „црвената линија“. Секогаш е зафатен со нешто. Жената Овен е способна да води кариера, домаќинство и градинка, да ја поправа колата, да ги организира децата и секогаш некаде брза. И ручекот се јаде набрзина во домот на Овенот, а лежалки никогаш не се употребуваат.

    Биковите се бавни во искажување на нивните чувства, кои се долготрајни и длабоки. Знаат да создадат долготрајни пријателства и љубовни врски, и нерадо ја напуштаат врската, дури и кога е неуспешна. Не сакаат да бидат сами. Подароците ги ценат како физички израз на љубовта.

    Посета на домот на Бикот е пријатно чувство: атмосферата е лежерна, декорот е пријатен, храната извонредна, а биковското уживање во едноставните нешта е заразно. Машкото Бик сака имот на село, а жената Бик го сфаќа мајчинството како природно исполнување. Но, треба да бидете подготвени да слушате за деталите поврзани со децата или за ценкањето на пазар.
    Со Близнаците повеќе владее главата отколку срцето, и сметаат дека е природно да имаат врски со различни луѓе во исто време. Понекогаш се нестабилни во чувствата, но сепак се во потрага по „другата половина“ и заеднички живот. Пријателството со нив е забавно, и подговтени се да им помагаат на другите.

    Подгответе се на изненадување при посета на овие луѓе. Мебелот може да биде насекаде, и можно е секогаш да ги начекате при ново декорирање на домот. Ќе ги дознаете од нив најновите информации за заедничките познаници, за најпродаваната книга, за најгледаниот филм. Близнаците не ги оставаат своите пријатели да си заминат брзо, па сигурно до доцна ќе муабетите. Жената Близнаци ќе ви ги покаже најновите кујнски апарати, иако не е талентирана готвачка, а машкото Близнаци ќе ви објасни како да стигнете дома по најкраткиот пат. Близнаците родители се спријателуваат со своите деца, и секогаш ќе се трудат да им го оозможат најдоброто образование.

    Ракот има потреба да создава блиски и взаемно зависни врски. Овие луѓе се срамежливи при искажување на чувствата, затоа често се штитат себеси со резервирано однесување, иако се лесни на солзи. Се дружат со луѓе за кои знаат дека ги сакаат. Во љубовта, поважна им е романтиката отколку сексот. Идеални партнери се за оние кои сакаат партнер со мајчински инстинкти.
    Домот на Ракот е конвенционален и традиционален. Ако сте поканети да останете, ќе ви биде послужен појадок во кревет, и секако ќе ви биде покажан семејниот албум. Домот на Ракот може да е пренатрупан со предмети кои се собирани со години, или пак се оставнина. Раковите ништо не фрлаат, затоа што сентиментално се врзуваат не само со луѓето, туку и со предметите. Жената Рак со задоволство ги извршува домашните обврски. Машкото Рак се гордее со сигурноста што ја обезбедил, но постојано се потсетува на времето кога живеел со мајка му. Децата за нив се голема радост, но може да се разгалени.

    Лавовите имаат тенденција околу себе да привлекуваат додворувачи, а нивната прекумерна доверба создава ситуации во кои Лавовите се повредени или предадени. Всушност, лесно е да се повреди гордоста на Лавот, дури и со ситница, затоа што тешко си признава самиот на себе неуспех. Во љубовта се верни и дарежливи, а љубоморни се само доколку се почувствуваат загрозени од соперник.

    Кога ќе стигнете во домот на Лавот, ќе бидете срдечно пречекани, а вашите домаќини ќе се обидуваат да ви угодат и да ве забавуваат. Домот на Лавовите најчесто е украсен со уметнички слики или луксузен мебел. Машкото Лав ужива во улогата на главен на масата, а жената Лав никогаш нема да ве пречека во домашна облека. Домашните животни се чести во домот на Лавовите, па од вас ќе се очекува да им се восхитувате. На заминување ќе ве испратат со подарок. Лавовите се гордеат со своите деца.

    Девиците бараат стабилен партнер, кој може да им понуди сигурност. Тешко им е да ги покажат чувствата, и потребно им е постојано вербално убедување дека се сакани. Многу пребираат, и никако не поднесуваат вулгарности. Името на знакот означува чистота, односно целибат, но Девиците не тежнеат кон тоа, иако најлесно ќе го поднесат од сите други знаци.

    На прв поглед, домот на Девицата изгледа како да е страница од некое списание, неизвалкан, нерастурен, со едноставни линии. Не заборавајте да ги избришете чевлите пред да влезете. Жената Девица е способна во исто време да ги гледа своите деца, да помага во локалното училиште и да го води домаќинството како што треба. Ќе ве угости со заборавените вкусови на домашен леб, печени костени и варено вино. Машкото Девица има свое хоби, можеби работилница каде што прави корисни предмети за по дома. Навечер во домот се игра шах, или се читаат книги. Девиците родители се секогаш загрижени за здравјето на своите деца, но секогаш подготвени да ги ислушаат и да ги охрабрат во нивниот развој.

    Вагите не сакаат физички активности, освен можеби танцувањето, што им обезбедува можност за додворување, а жените Ваги слободното време го трошат на шопинг и дотерување.

    Во домот на Вагите сте добредојдени во било кое време, но таму каде што ќе сакате да седнете, натрупано е со предмети. Ако сте сами, вашиот домаќин Вага ќе покани некој од спротивниот пол да ви прави друштво. Од вас не се очекува да се оддолжите на нивната гостољубивост, но ќе треба да покажете дека ви е пријатно. Домот е навистина пријатен, и веројатно повеќето нешта се купени на кредит, затоа што Вагите немаат трпеливост да чекаат. Немојте да се зачудите ако вашиот домаќин Вага си дремне додека сте на гости кај него. Домот на Вагите е секогаш отворен за другарчињата на нивните деца.

    Скорпијата е срамежлива и ги крие своите чувства. Одбира да остане сама, побрзо отколку да биде одбиена. Но, кога еднаш ќе биде вовлечена во врска, постојана е и како љубовник и како пријател и како непријател. Скорпиите поседуваат личен магнетизам и се привлечни за спротивниот пол, но можат да чекаат со години додека да го најдат вистинскиот партнер за себе. Екстремно се љубоморни, а скандалите ги сфаќаат како можност за раздвижување на врската.

    Почестени сте ако сте поканети во домот на Скорпијата, затоа што тоа е приватна територија во која смеат да влезат само одбраните. Жената Скорпија ќе се занимава со средување по дома, а машкото Скорпија ќе го начекате како се занимава со поправка на некакви апарати, и сите делови ќе бидат на подот. Се разбира дека вие како гостин ќе бидете оставени сами да се забавувате, па можете да прочитате некоја книга од нивната домашна библиотека со детективска содржина. Вашите домаќини не си легнуваат рано, но од разговор ќе слушате само за болести или за нечија смрт, или сите заедно ќе се загледате во филмот на телевизија. Скорпиите родители се многу горди на своите деца, и ги поддржуваат во сите младешки глупости.

    Стрелците се интересираат за луѓето и лесно им оди од рака да создаваат нови пријателства. Во љубовта се плашат од врзување, и бараат партнер кој ќе им биде пријател кој не поставува посесивни барања, и кој ќе им ја дозволи слободата што им е потребна.

    Домот на Стрелците е едноставно место, иако од надвор може да е простран, со скалила и широки тераси. Собите се светли украсени со предмети донесени од патувањата. Било кога да се појавите кај нив на гости, Стрелците седенката ќе ја претворат во вистинска забава. Храната е на самопослужување, а вино се точи постојано. Стрелците родители на своите деца им обезбедуваат соба преполна со опрема за забава. Од кај нив ќе си заминете исцрпени, но инспирирани да ги проширите своите активности.

    Јарец: Не е лесно да се спријателите со Јарец, кој своите чувства ги крие зад студена ограда. Јарецот нема да ве прифати за пријател пред да ве изанализира. Во брак е одговорен и грижлив, и очекува од партнерот да ја цени неговата вредност. Жената Јарец лесно се откажува од кариерата, доколку се омажи во богато семејство.

    Во домот на Јарците нема да бидете поканети случајно. Таму може да влезете само во специјална прилика, годишнина, роденден или некаква домашна прослава. Јарците се прекрасни домаќини, а дружењето тече како подмачкано. Јарците родители својата улога ја сфаќаат сериозно. Сè ќе направат за да ги заштитат своите деца и да им обезбедат добра иднина.

    Водолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.

    Кога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.

    Рибите лесно создаваат пријателства без дискриминации. Сакаат да им бидат сè на сите луѓе, секогаш се љубезни, знаат да простуваат и да се прилагодат на туѓите потреби. Во љубовта, партнерот го гледаат низ „розови очила“, па затоа имаат разочарувања. Им треба стабилен партнер кој може да им биде котва и кој може да излезе на крај со нивното променливо расположение или прекумерните реакции.

    Домот на Рибите може да биде скромен, но вратата обично не е заклучена, па пријателите може да влезат во било кое време. Може и да се послужите сами, ако дома нема никој. Купатилото и кујната се секогаш преполни со алишта и садови, а ситните предмети се расфрлени насекаде. Рибите родители се другари во игрите на своите деца, и секогаш наоѓаат време за нив.
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.216
    Пол:
    Женски
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.