1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЗОШТО НЕКОИ МАЖИ ЛОШО И ГРУБО ЗБОРУВААТ ЗА НЕКОИ ЖЕНИ

Дискусија во 'Канта' започната од Gocaa, 24 јули 2013.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Девојки,
    амо може малку ПОМОШ?(АКО ВИ Е ДОСАДНО ДА ЈА ЧИТАТЕ ЦЕЛАТА STORY, одете на текстот од каде е означен со ** )

    ЗОШТО НЕКОИ МАЖИ ЛОШО И ГРУБО ЗБОРУВААТ ЗА НЕКОИ ЖЕНИ И ОПШТО ЗА НЕКОЈА ГРУПА НА ЖЕНИ?

    Не дека сум толку “мутава“ за ова што ке ве прашам,
    ама досега у живот немам сретнато тип со овакво понашање,
    ова прв пут ми се дешава па да се исконсултирам.

    Со типов нешто како пријатели сме, ама има некој вид на духовно мување ништо повеке досега.
    Го знам 3 години. Кога го запознав ич не ми остави некој впечаток, бевме
    на патување и така тој ми се “втурна“ во збор и почна да ми прави интервју и нешто службено
    разговаравме.

    После патување типов ми пушта е-маил(јас со сиот ум му дадов визит карта ако му треба некоја услуга да има контакт; јас по дефаулт ако разговарам за работа одма визит карти делам всушност така и ја сфатив комуникацијата со него а бидејки работам приватно мислам дека тоа не е некој повод, нели?)

    Во е-маилот ме потсети које е и чисто ми се јавува за адреса да имам негова.
    Јас не му вратив.И не ни помислив на него.
    После една година пак на патување и пак тој. Сега се потруди, сам да биде повеке во мое друштво,
    па едно 70% од времето фластер.

    После вракање 2-3 дена ми се јавува на тел и ме кани на кариоке шоу, таму и таму една од групата ке славела роденеден. Јас реков ако можам ке дојдам, од куртоазија, реновирав по дома и на крај памет не ми падна, ама и онака немав намера да се дружам со него.
    После 6-7 месеци, бев на едно место (социјален настан) сама, и типов оддалеку ме гледа и одма у акција, здраво, ова она, немав поима дека ке биде таму на крај памет. Ме праша дали сум со кола живее во мој правец, си реков е кој ке го носи, реков не, е јас сум со кола ми рече и ке те вратам;
    дење беше, не ми текна да излажам нешто а плус многу топло кој ке се мава по автобуси, ај си викам
    нема да ме изеде, а во такси се возам а со него и ке заштедам 150 денари .
    Ме врака, и осекам дека ми се стеснува обрачот, ке види кај живеам, после ми текна, и му реков ај пошто ме довезе да те частам една боза, а и комшиите кај мене реновираат галама е па да поседам надвор уште малку.

    Прифати и за чудо кога седнавме да разговараме многу интересен ми се виде. Имавме многу заеднички теми, интереси, познавања за исти работи, работиме во слична бранша. Еј си реков , види,... ми се допадна комуникацијата рака на срце. Ама типов фрапантен бе, ни пет ни шест , за две недели ке одел за Маврово и ме кани таму. јас не сум навикната на такви работи, ни го знам ни ништо,... глупо ми беше да речам дури и не, бидејки ситуацијата беше no comment. Алоооо, со кој ум ме кани он мене за Маврово. ме збуни, мислам дека поцрвенев, и со кисела насмевка реков е кога е 18 јули,... тој само се насмеа и почна друга тема. (ова се случи пред 1 година).
    Јас мислев дека се зафркаваше со тоа Маврово, ама после две недели ми се јавува и вели Гоца, во врска со Маврово што зборевме; аууууууууу, абе овој не е нормален си викам, му реков дека ми излегла работа за викенд и дека немам ни минутка време, што да му кажам? Ај да се јавеше во мегувреме за тие две недели , пак на кафе да отидевме, да се запознаеме подобро,...

    После пак неколку пати се видовме непредвидено, на еден социјален настан, и после тоа ме кани на пиво и тоа во една ај да речам кафана, која ич не ми се свигаше, не е место каде јас седнувам, и отворено му го кажав тоа,не трбаше, требаше да преминам преку тоа ама ете,... сега мислам дека нему тоа не му беше важно, важно му било да разговара со мене. Ама јас сум поинаков тип, ако местото не ми погодено не сум опуштена .

    Е добро имаше можност да прошетаме околу 1 час наоколу (денски беше), ме испрати до кола на крај.
    После пак некој е-маил за некои настани. По 2 месеци имав една прослава и го поканив, бидејки сметав дека се вклопува со останатите гости и дека не е лошо да го збогати амбиентот со своето присуство.
    Дојде , се разбира, точно навреме. Вечерта беше ок, и добро се вклопи.

    На крај додека го пишувам се ова се прашувам што се мачам со него !?
    Поентата е тоа што во мегувреме само контакти по е-маил, социјални настани, а му испратам смс
    одма се јавува на телефон; пред едем несец се договоривме да одиме на еден настан , по негова иницијатива, тој да ме вози, прифатив , си реков ај да видам што ке биде, резервирано, или ке ставам крај или незнам ај,... а да кога ке сме шетале некаде секогаш кога ке сретне пријатели не испушта прилика да ме претстави. И одиме таму, завршува настанот, псоле на коктел, срекава познат специјално ме запознава, домакинката ни направи чест седна со нас, моја познаничка.

    **И се си одеше добро, кога одеднаш на типот пу текна почна да ми збори за една “негова пријателка“ како во некоја ситуација постапила несоодветно, како сакал да и помогне, ама не била ок, целата одлепена и како “ја спукале“. Е си реков или со мене нешто не е во ред, или на типов сите овци не му се на број! И други пати ја има споменувано(истата на роденден на кариоке што ме канеше да одам) ама сега ептен ја претера, според мене не беше ни место ни време, да збориме за неа. Ептен ја одлепи!

    Ме изнервира , може нема да ме сфатите, но битна е енергијата која се создаде во тој момент, констатирав дека намерно го кажа тоа , со цел, инетлигентен е тој, не е мутав , многу ме повреди.
    Јас реагирав, се зезнав, ама не се воздржав; да типов знае што прави, дефинитвно, во момент кога бев најопуштена, ме нападна! Неверојатно!
    Ок, се вракаме назад, јас се созедов во меѓувреме, и искористив две прилики “успат“ да му споменам еден негов другар, и уште нешто, го погледнав под око (тој возеше) и видов дека ја стегна вилицата и направи еден тик со устата. Ништо, ме врати, и се поздравивме како пријатели најнормално.
    Во тек на следната недела, прака е-маил, и ми вели дека книгата што му ја дадов нема време даја прочита до викенд ама ако јас сакам може на кафе да се видиме. Го откачив , разбира се. После пак следна недела ја прочитал книгата, пак е-маил ( не се јавува по тел) ја прочитал и да се видиме да ми ја даде. Пак го откачив. После трета седмица пак е-маил ако не сме се виделе оваа недела, за викенд ке одел надвор од МК па тек после тоа. Ај попуштив, ок како сакаш, јави се му реков, ама ако немаш време остави ја таму и таму(на едно заедничко место кај познати) ке поминам да си ја земам, не е проблем. А не бива така, се јави утрето по тел, демек да договори точно време.

    Утрето јас одам во трговски, гледам наочари и таму да ја земам книгата и ај создравје; не типов сака да седнеме да части. Ај да не се правам. седиме павиме муабет, и општи работи и типов пак тресна една работа што од такт ме извади; многу ги оговараше една гурпа женски, па една позната женска фаца в оградов, и така; Феминки незнам за вас, ама јас не поднесувам кога некој збори лошо за жените/женските, па која и каква да е. Одвратмо ми е такво зборување и секогаш се ставам во одбрана без оглед каква е жената
    Што му е гајле нему која каква е ? И пак му успеа да ме извади од такт. Абе намерно го прави ова!
    ВИЕ ШТО КЕ КАЖЕТЕ? Намерно ви објаснив некои работи надолго и нашироко за да добиете претстава за неговиот профил.
    Овакво нешто прв пат у живот гледам! Мене до сега не ми се случило некој маж во мое друштво толку вулгарно да зборува за жените!
    После виде дека ме изнервира, па ај пак ке ме испрака до дома, јас реков сакам малку да се прошетам и не мроа да ми прави друштво, и додедка се шетавме се обиде со некои опуштени теми да ме омекне.
    Неверојатно!
    Ме интересира што мислите зошто некои мажи така лошо зборуваат за жените?
     
  2. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Абе луѓе, вие навистина во бизниси се плеткате, на деловни патувања одите? |(
     
  3. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Не беше деловно патување, туристичка тура беше, не сум била јасна.
    И, не сум во брак а и тој не е. Мислам дека е норамлно да седнеш на кафе со некој со кој
    си во иста категорија нели?
     
  4. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Сеедно.
     
  5. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    Е како сеедно? не те разборам што сакаш да кажеш се плеткате, нормално е да
    има луѓе на патување, јас бев со другарки тој со другар, што има тука лошо?
    А и никаде не реков дека соработуваме или сме соработувале деловно, реков слични бранши,
    и имавме многу зеднички други теми.
    Како и да е, зошто употребуваш збор плеткање, објасни ми ако не ти е тешко?
    Се си беше јасно и транспарентно!u] И нормално е слободни луѓе од различен пол
    да покажат меѓусебен интерес
    [/u] :)нели? да седнат да се напијат кафе, да искомуницираат,
    да се запознаат меѓу себе, јас не му се пуштав, тој си се јави во улога на “ловец“, нормално за машка особа,...
    Ова ли ти личи на плеткање?
     
  6. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Се зачлени на:
    2 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    37
    Ништо не си разбрала од она што го кажав, moreover, си го извртела, а мислам дека литературните норми на изразување ги задоволив. Сеедно, повторувам.
     
  7. Gocaa

    Gocaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2013
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    90
    ок не сум разбрала, може ли да ми објасниш што не сум разбрала?
    јас се јавив и побарав мислења, со ова сеедно хм... не разбирам навистина,..
    затоа почувствував дека треба да дообјаснам некои работи.
    Ако бидеш љубезна да објасниш што не сум разбрала, впрочем затоа е форумов нели?
     
  8. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Gocaa,

    многу интересна strory, навистина.
    Абе 3 години ова како што велиш “духовно мување“ (денес младите под мување колку што можам да видам на форумов нешто друго подразбираат :D , ама ти си од постара гнерација очигледно)
    Многу интересно, барем за мене.
    Можно е. У ствари како што сватив последнава година сте ги интензивирале контактите.
    Претходно ти не си му обракала некое посебно внимание.
    Се си е нормално, како што велиш ти, и од моја гледна точка легитимно
    за комуникација меѓу личности од спротивен пол :).

    Но комплицирано ми изгледа некако, да знаеш. Типов као ти се пушта, ама при критични
    моменти како да се губи, хм :tmi: . Мислам дека не е баш најсигурен во себе во однос на тебе;
    не како личност, ти подобро си го запознала, но мислам дека има нешто што
    го прави да треба да се докажува пред тебе, обиди се да се преслушаш да не случајно
    правиш нешто или кажуваш што го обесхрабрило, па се збунил и ај ке збори за други женски
    ке те нервира,... инаку од се кажаново не гледам причина за такво однесување;
    гледаш не му е страв да те покани, да се наметне, да ти пријде, не воопшто не е срамежлив или повлечен или да му недостасува храброст , не би рекла. Напротив, упорен е! Те запознава со пријателите, не те крие.Тоа е голем плус. Мислам дека многу те цени, но најверојатно,
    најверојатно, ти несакајки кажуваш нешто што му смета или го погодува, и затоа зборува а теми
    со кои те погодува, и најверојатно добро те анализирал и знае каде да “удри“,
    бидејки како што кажа ти многу добро сте се разбирале, сте имале теми, дека е very clever,
    никако не е случаен вокабуларот и тие за тебе непријатни коментари .

    Според мене: прашање е што е тоа што го погодува момчето а ти несакајки го правиш.
    (од твојот есеј заклучив (не мора да сум во право) дека не си личност која намерно ми направила нешто
    освен ако нема причина).

    Размислувај Гоцаа , се разбира ако ти значи нешто момчево, ако не
    немој да се мачиш многу и да му ја мислиш зошто така зборувал за некои женски.
    Секакви не има.
     
  9. vice27

    vice27 Активен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2012
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    32
    пак нова тема од нов корисник, секоја недела неколку нови теми од нови членови и секогаш со ист стил на пишување, насловот на темата нема никаква врска со текстот од бесконечно зборови, како го опиша сето тоа не ми е јасно, една недела една година после еден месец усте еден и кога ке собереш ти губиш 5 години од твојот скапоцен живот, јас незнам зошто барате внимание на вакви места, форумов е тука за проблеми и помош а не за романи, се извинувам ако навредив некој
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.