1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забава од дома

Дискусија во 'Слободно време' започната од poi, 20 јули 2020.

  1. poi

    poi Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    2.390
    Пол:
    Женски
    Епа вака девојки, решив да споделам некои идеи како да ви биде интересно дома. Нема да пишувам за оние стандардните работи како "читај книга". :D

    • Гледајте филм со друштвото, секој од својот дом - ова функционира така што секој ќе си спушти Zoom (може и преку телефон и преку компјутер), еден од вас го пушта филмот и прави screen share. Во позадина ги оставате микрофоните уклучени и може да дискутирате за филмот, а исто така може и камерите да ги пуштите. :inlove: Мене ова ми е многу интересно, како "кино" од дома. Бесплатната верзија на Zoom дозволува 40мин. средба (за двајца приклучени неограничено), па по 40мин. кога ќе ви се згаси влегувате пак со истиот код и продолжувате со филмот каде што застанавте.
    • Играјте каладонт преку телефон - сите знаеме што е каладонт (кажуваш збор на последните две букви и не смее да завршува на -ка). Побарајте некој познат и едноставно менвете си зборчиња, а може и преку чат.
    • 10 прашања преку телефон - ова е игра изменета од англиската 20 прашања. Јас играм така што еден (тим) смислува збор и другиот (тим) поставува 10 да-не прашања (почнуваат со ДАЛИ) и во однос на тоа има 3 можности да го погоди зборот. Играта интересна со средна тежина зборови, што може да се погодат со малку труд и мислење. Да не се прелесни, но да не се ни нерешливи.
    • Board Game Arena (BGA) - апликација за друштвени игри, достапна и на компјутер и на телефон (не мора да се спушта). Имате на располагање многу бесплатни игри, а има и членство за некои premium игри. Може да играте со рандом луѓе од светот или со вашето друштво. Игрите каде е потребен јазик се на англиски, но многу од нив се со карти или слично.
    • 5-минутна активност - најдете template на интернет и може а играте преку чет. Секој од вас во 5 минути во својот чат нека ги пополнува темите, а потоа само испратете screenshot и видете кој има повеќе зборови, т.е. поени. Играта се состои тоа што има различни теми (пр. зборови што почнуваат на ма-, раси кучиња, работи во кујна, црвено овошје и сл.) и вие пишувате по 3 зборови во секоја тема.
    • Бинго - изберете си неколку броеви (по договор) од 1-99 и зашишете ги во приватен чат кај вас, па во групен чат некој нека кажува рандом бројки. Првиот кој ги има сите погодени е победник, а како доказ дека не лаже се бројките и времето во својот чат.
    • Taboo - спуштете некоја игра од play store (воглавно се на англиски, ја има македонската АСОЦИЈАЦИЈА како слична верзија). Отворете се на Zoom со друштвото и играјте по правилата. Едниот тим го објаснува зборот, а другиот го погаѓа. Целта е повеќе погодени зборови во 1 или 2 минути (по договор).
    Во моментов не ми текнува друго, но секако ќе додадам. Воглавно може секоја игра што ја знате да ја играте преку Zoom, Skype или слична апликација.
    Секој што има дополнителни идеи нека ги пише тука.
    Се надевам дека ќе издржиме уште некое време по дома. :inlove: Да намалиме на јавните собирања, журки и да се молиме побрзо да се среди ситуацијата.

    Stay safe! (fingers):l:
     
    На Milobebence, edna_malecka и Stephen Amell им се допаѓа ова.
  2. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Колку јака тема.
    Штета што ние фемински не можеме да се збереме, и да се журкаме.