1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забавен хороскоп

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Barca-Gril, 24 јануари 2014.

  1. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Како би изгледал еден ден ако сите хороскопски знаци живеат заедно?

    6:00 Девицата станува и пред туширањето го чисти тоалетот. По перењето на заби, четката ја става во стерилна кесичка и ја остава на посебно место подалеку од сите останати.

    6:15 Јарецот станува и го исклучува бојлерот. Истече терминот за евтина струја.

    6:20 Водолијата оди на утринско трчање.

    6:30 Вагата и лавот се пред огледалото и се во расправија за хидратантната крема и гелот за коса.

    6:40 Бикот појадува Нутела со супена лажица.

    6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

    7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.

    7:05 Скорпијата ја крши вратата од тоалетот - Вагата излегува смртно навредена со несесерот во рака.

    7:10 Овенот станува и ја вклучува стоперката.

    7: 11 и 45 секунди Овенот е истуширан, облечен и мавта од скалите. Ја исклучува стоперката.

    7:15 Бикот со лажицата уште шкрипи по теглата. Нема веќе Нутела.

    7:20 Вагата и Лавот повторно имаат расправија пред огледалото, последна пред да го напуштат домот.

    7:30 Водолијата се тушира со ладна вода, Јарецот повторно го исклучил бојлерот.

    7:40 Сите излегуваат.

    7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот.

    8:00 Рибите се будат и сфаќаат дека се заклучени во станот.
     
    На Bitter-Sweet, angelche16, babyblond и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Која Дизниева принцеза сте според хороскопскиот знак

    Во анимираните приказни на Дизни сме сретнале многу принцези и главни јунакињи кои нè воодушевувале и од кои сме се инспирирале како мали, а нови возбудливи карактери се појавуваат и ден-денес. Оваа астрологија нема цел да „ви го пробие“ карактерот ниту пак да ви ја предвиди иднината, туку само да ве забавува. Според карактеристиките на секој хороскопски знак, ова се принцезите на Дизни кои ги претставуваат 12-те знаци во зодијакот.

    Овен – Мерида (Храбра)
    Исто како Мерида, овните се независни, динамични, избувливи и по малку авторитарни. Сигурно и вие повеќе би сакале да ви дува ветер во косата додека стрелате кон зајдисонцето, отколку да стапите во брак со некој кого не го познавате.

    Бик – Снежана (Снежана и седумте џуџиња)
    Биковите се стрпливи, практични и поверени личности. И би морале да бидат доколку треба да се грижат за седум мали џуџиња како Снежана. Мистерија е како тоа ѝ успева на нејзина возраст. Таа има само 14 години.

    Близнаци – Ариел (Малата сирена)
    Ариел, сирената која толку многу посакуваше да постане човек, има многу слични карактеристики со близнаците, како на пример, со нивната неуморна, итра и љубопитна природа. За жал нејзиното однесување предизвика таа скоро да биде проголтана од ајкула, затоа, пазете се.

    Рак – Џасмин (Аладин)
    Раковите се истрајни и интуитивни, знаат да сочувствуваат и имаат променливо расположение, исто како своеглавата хероина од Аладин – принцезата Џасмин.

    Лав – Аурора (Заспаната убавица)
    Лавовите се познати по својата достоинствена, романтична и дарежлива природа, исто како префинетата и нежна Аурора, која го сретна својот принц додека беше во длабок сон.

    Девица – Пепелашка (Пепелашка)
    Пепелашка, девојката која работеше како слугинка во многу сурово семејство, е токму како девиците – нежни, одмерени, искрени и личности на кои можете да се потпрете. Сепак, ќе беше добро да беше малку поотворена и остра во моментите кога добиваше ужасен третман од нејзината маќеа.

    Вага – Бела (Убавицата и ѕверот)
    Бела е внимателна, кооперативна и логична, исто како оригиналната Бела. Дури и кога ја полудува нејзиниот ужасен додворувач Гастон, таа останува доследна на својот карактер.

    Скорпија – Рапанзел (Заплеткано)
    Скорпиите се страсни, снаодливи и одлучни, исто како Рапанзел, која мораше да истрае 18 години во кулата пред да излезе надвор во вистинскиот свет.

    Стрелец – Ана (Замрзнато)
    Дарежлива, пријателски настроена, полна со ентузијазам и со смелост, Ана, која ја сака сестра си повеќе од сè, мора да е стрелец во хороскоп.

    Јарец – Тијана (Принцезата и жабецот)
    Амбициозната келнерка Тијана која сонува за свој ресторан, има многу квалитети како јарците – таа е посветена, одговорна, сериозна, доверлива и вредна.


    Водолија – Мулан (Мулан)
    Водолиите се независни, карактерни и непредвидливи. Баш како Мулан. Треба да бидеш многу цврст и решителен карактер за да ризикуваш сè и да го заземеш местото на твојот татко во војската.


    Риби – Покахонтас (Покахонтас)
    Чувствителни, сочувствени, интуитивни и имагинативни, па и по малку таинствени, рибите се како Покахонтас, чии дух, страст и љубов ја спасија шумата и животите на нејзините пријатели.


    Јас си сум Џасмин :inlove:

    Вие која принцеза сте
    Извор:Кафе пауза :hai:
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    Како би изгледал еден ден ако сите хороскопски знаци живеат

    7:00 Ракот прави сендвичи-Јас сендвич парвам аа?
    П.С. малце има за ракот
    Иначе како ти текна бе Barca-Gril :clap: Me насмеаа :lol:
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.589
    Пол:
    Женски
    7:00 Ракот прави сендвичи, Девицата цеди свежи сокови, а Близнакот е во кревет со мобилниот телефон.
    7:50 Близнаците се враќаат, го заборавиле паричникот. :rofl:

    Близнаци – Ариел (Малата сирена)
    Ариел, сирената која толку многу посакуваше да постане човек, има многу слични карактеристики со близнаците, како на пример, со нивната неуморна, итра и љубопитна природа. За жал нејзиното однесување предизвика таа скоро да биде проголтана од ајкула, затоа, пазете се.

    Aaxax 8)
     
    На sweet-star, Twinkles и littleflower им се допаѓа ова.
  5. Flower27

    Flower27 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    4.179
    Пол:
    Женски
    :lol:

     
    На angelche16 и Barca-Gril им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Точно,точно,точно,точноооооо :D :D :D .
    Најмногу за тоа ‘‘смртно навредена со несесерот во рака‘‘ хаха :lol:
     
    На Barca-Gril и Flower27 им се допаѓа ова.
  7. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139
    6:45 Стрелецот станува и го вклучува бојлерот.

    Стрелец – Ана (Замрзнато)
    Дарежлива, пријателски настроена, полна со ентузијазам и со смелост, Ана, која ја сака сестра си повеќе од сè, мора да е стрелец во хороскоп.

    ох ох ох абе најточноо :rofl: 8)
     
  8. Blue.Ribbon

    Blue.Ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    78
    7:00 Ракот прави сендвичи

    Пааа.. ко ќе станам наутро само на јадење мисла
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Па јас сум просто поласкана. :D Отсекогаш сакав да бидам Аурора како мала(уште сакам :lol: ), омилена ми е. :geek:


    А ова со огледалото постојано ми се случува со еден другар(да, машко е :rofl: ), обавезно се туркаме пред огледало ако сме некаде собрани, па на излегување не ни бега тоа.. да си го провериме изгледот де. Ај јас разбирам, женско сум, ама тој? :^) :lol:
     
  10. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Утре сабајле да правам сендвичи... имам сестра, таа прави сендвичи. :lol:
    :$ Јас сум Џасмин? :lol:
     
  11. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Најпривлечните и најодбивните особини кај хороскопските знаци

    Овен

    Привлечна: Една од најпосакуваните особини на овните е нивниот љубопитен, детски и ентузијастичен поглед кон сите работи во животот.

    Одбивна: Овенот премногу се возбудува за сè нешто, па затоа честопати има тенденција да ги претвора малите конфликти во големи кавги.

    Бик

    Привлечна: Милите бикови ги облеваат луѓето коишто ги сакаат со различни постапки, кои ја изразуваат нивната љубов и дарежливост.

    Одбивна: Кога се чувствуваат малку лошо или болежливо, биковите ќе ги откажат сите планови, ќе го изгасат телефонот, ќе се јават на работа дека не доаѓаат и ќе се однесуваат како да е крај на светот.

    Близнаци

    Привлечна: Близнаците секогаш вербално ги изразуваат нивните чувства. Доколку ве сакаат, вие постојано ќе слушате за тоа и ќе се чувствувате како да имате огромен обожавател.

    Одбивна: Близнаците имаат тенденција да се однесуваат како да знаат премногу на темата на којашто зборувате, дури и кога реално немаат поим.

    Рак

    Привлечна: Ракот постојано сака да го поминува времето со луѓето што ги сака, особено со членовите на семејството. Како некое лојално кученце, ракот ќе ве следи низ куќата, молејќи ве за поминување квалитетно време со вас, во нежности и гушкање.

    Одбивна: Треба да сте среќни доколку помине еден ден, без да излезат на површина проблемите околу несигурноста на ракот. Нему му е потребна постојана утеха и поддршка.

    Лав

    Привлечна: Секој лав поседува енергична, весела и позитивна енергија која не може никој да ја придуши. Напротив неговиот весел дух е тотално заразен.

    Одбивна: Лавовите се најголемите плачковци. Доколку работите не се одвиваат според нивните планови, доколку не се чувствуваат ценето или ако се чувствуваат барем малку уморно, нема да престанат да зборуваат за тоа.

    Девица

    Привлечна: доколку сте блиски со девица, тогаш знаете дека една од нејзините најслатки особини, е тоа што таа секогаш ги формира своите ставови врз основа на различни мислења, увиди и интуиција.

    Одбивнa: Девицата е непрекинато загрижена за сè и прави малите нешта да изгледаат премногу комплицирано.

    Вага

    Привлечна: Вагата толку многу ги цени луѓето околу неа, што ќе направи сè за тие да уживаат во моментот, да им е комотно и да бидат спокојни.

    Одбивна: Вагите секогаш ќе ви го кажат она што сакате да го чуете и постојано ќе ги користат нивните манипулативни вештини, за да го добијат она што го сакаат.

    Скорпија

    Привлечна: Доколку на некоја нивна сакана личност некој ѝ згреши нешто, скорпијата ќе направи сѐ, ама буквално сѐ, за да ги врати работите на свое место.

    Одбивна: Стануваат напнати и премногу сериозни за ситници, правејќи ги малите одлуки во животот, како да станува збор за живот или смрт.

    Стрелец

    Привлечна: Стрелците имаат вроден оптимистички поглед, кој им овозможува да го гледаат светот како место полно со надеж и оптимизам.

    Одбивна: Тие се големи перфекционисти и сакаат да ги контролираат работите. Доколку не ги правите работите по нивно, тогаш ги правите погрешно.

    Јарец

    Привлечна: Јарците зрачат со топлина и се многу грижливи луѓе. Кога ќе бидете во нивна близина секогаш ќе чувствувате поддршка и грижа.

    Одбивна: Доколку немате конкретен план по кој треба да се придржувате, јарецот знае да не издржи и да збесне.

    Водолија

    Привлечна: Водолијата е секогаш спремна да ви помогне, без разлика на она што моментално се случува во нивниот живот.

    Одбивна: Водолиите веруваат дека тие секогаш ја имаат логичната перспектива на работите и не знаат кога да замолчат и да послушаат туѓ совет.

    Риби

    Привлечна: Рибите по природа се нежни, отворени и ранливи личности, поради што може да бидат отфрлени од општеството полно со лицемери, но тие не можат против тоа, а тоа е слатко.

    Одбивнa: Често ги фаќа мрза, па неретко им е потребно трипати повеќе време за разлика од друг човек, за да завршат некоја работа.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.068
    Допаѓања:
    44.095
    Пол:
    Женски
    Овен

    Привлечна: Една од најпосакуваните особини на овните е нивниот љубопитен, детски и ентузијастичен поглед кон сите работи во животот.

    Одбивна: Овенот премногу се возбудува за сè нешто, па затоа честопати има тенденција да ги претвора малите конфликти во големи кавги.

    :@ :@ :@ за жал,така е. :@
     
  13. bemmy

    bemmy Активен член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    7
    Хахахаха, се пресмејав! :lol: Алал да ти е за темава.
    Абе, ние близнаците од секогаш сме биле посебни. :inlove:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Душата на која змија ја носиш според твојотхороскопски знак?

    Жена Овен – Огнен Питон

    Силна, дрска, со неконтролирани настапи на гнев. Дури и најсамоуверениот маж може да се повлече после битката со неа. Но има и друга страна – оваа змија игра отворено, без лукавство. Ако те нападне најпрво ќе го видиш нејзиниот агресивен поглед. Не е од оние кои се прават добри, а кога ќе се свртиш со грб да те нападнат.
    [​IMG]
    Жена Бик – Змија Поскок

    Убава, со голема самодоверба, нарцисоидна. Напаѓа само ако ја предизвикаш, но забите и се опасни. Сака многу, сака најдобро и не прави компромиси со своите претенции. Таа секогаш се поставува себе си на прво место. Дури и да е вљубена до уши, нема да трпи долго некој да и се качува на глава.
    [​IMG]
    Жена Близнаци – Црна Мамба

    Многу опасна змија особено за мажите. Привлекува со убавото лице и ветува љубов, а потоа умее да те избрише без да и трепне око и без милост. Подвижна, брза, лукава, понекогаш цинична. Таа те гледа и знае што мислиш. Брзо го заборава лошото, но додека и е во главата ќе најде начин жестоко да те понижи.
    [​IMG]
    Жена Рак – Заспана Кобра

    Таа си стои на страна, не се чепка со никој, не е многу комуникативна, имаш чувство дека си живее во свој свет, но вистината е дека внимателно набљудува. Само чека некој да ја настапне. Тогаш напаѓа опасно, обично кога најмалку очекуваш. Ништо чудно и зад грб! Понекогаш дури и ќе измисли повод за да нападне, ако и е досадно.
    [​IMG]
    Жена Лав – Кралска Боа

    Таа е типична кралица – суетна, сака да ја хипнотизира публиката, да и се поклонуваат, да ја обожуваат. Сака да живее убаво, а останатите да ја гледаат со респект. И покрај тоа што сака да биде во центарот на вниманието, таа е лоша актерка. Кога е тажна и се обидува тоа да го скрие под лажната насмевка, очите ја издаваат.
    [​IMG]

    Жена Девица – Опасна звечарка

    Таа е опасна само за оние кои ќе и се приближат. Затоа од неа страдаат најчесто најблиските луѓе. За останатите е внимателна и грижлива, но дома е кисела, ситничарка и постојано ги забележува маните кај другите. Мрмори за се што и пречи, бара многу, а е спремна да даде само половина од она што го бара.
    [​IMG]
    Жена Вага – Анаконда

    Провокативна и непредвидлива змија. Лицето и е како на Мона лиза. Не можеш да разбереш што всушност мислиш. Таа е многу убава и умее да магепсува. Ако реши да те освои, рано или касно ќе го направи тоа. Но најопасно е тоа што никогаш не можеш да предвидиш кога ќе те нападне. Таа може да изгледа сосема смирено, а само за секунди да ти го покаже своето друго лице.
    [​IMG]
    Жена Скорпија – Демон змија

    Апсолутна комбинација на страст и зло. Змија манипулаторка, змија што секако ќе ти се освети еден ден. Врската со неа секогаш остава фатални последици. За да не те погуби, треба да ја заобиколуваш од далеку и да чекориш тивко. Ќе те ослободи само тогаш кога веќе нема да и требаш.
    [​IMG]
    Жена Стрелец – Змија Осојница

    Конфликтна, брзо го менува расположението, се одрекува од своите принципи, само со цел таа да биде во право во секој разговор. Ако некој ја обвини, ќе ги подигне веѓите во знак на изненадување и ќе каже: Кој, јас? Постојано им прави скандали на мажите за ништо. Но совеста и е секогаш чиста како солза.
    [​IMG]
    Жена Јарец – Рогата Отровница

    На прв поглед си мислиш дека нема да те касне, дури и ако ја настапиш. Грешка! Макар пасивна надворешно, таа постојано е сомничава и демне да ја направиш првата грешка. Но сепак таа претпочита да биде сама. Не сака да се меша со обичните смртници и не дава лесно некој да и го украде срцето.
    [​IMG]
    Жена Водолија – Водна змија

    Таа секогаш изненадува, да не кажеме шокира. Дури те залажува дека прави нешто друго, а всушност во исто време размислува како да ти се замота околу вратот. Полошо е тоа што тајно се радува на туѓата несреќа, особено за оние кои некогаш во животот нешто и згрешиле. Сака екстраваганција и сака да се разликува од другите. И е мошне искусен предатор.
    [​IMG]
    Жена Риби – Сива водна змија

    И покрај тоа што поради бојата не е толку екстравагантна и впечатлива, кога подобро ќе зе загледаш нема да можеш да го отргнеш погледот од неа. Толку е грациозна и женствена. Таа е добра актерка, може да те натера да и ги довериш сите тајни. Но зад сето тоа се крие многу ранлива жена која се плаши од самотијата.
    [​IMG]
     
    На Bitter-Sweet и buba4e89 им се допаѓа ова.
  15. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Душата на која змија ја носиш според твојотхороскопски знак?

    True 8)
     
  16. nikiiii

    nikiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    1.370
    Допаѓања:
    942
    Душата на која змија ја носиш според твојотхороскопски знак?

    Жена Стрелец – Змија Осојница

    Конфликтна, брзо го менува расположението, се одрекува од своите принципи, само со цел таа да биде во право во секој разговор. Ако некој ја обвини, ќе ги подигне веѓите во знак на изненадување и ќе каже: Кој, јас? Постојано им прави скандали на мажите за ништо. Но совеста и е секогаш чиста како солза.
    true :lol:
     
  17. Heartbeat

    Heartbeat Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2013
    Пораки:
    382
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Душата на која змија ја носиш според твојотхороскопски знак?

    Жена Бик – Змија Поскок

    Убава, со голема самодоверба, нарцисоидна. Напаѓа само ако ја предизвикаш, но забите и се опасни. Сака многу, сака најдобро и не прави компромиси со своите претенции. Таа секогаш се поставува себе си на прво место. Дури и да е вљубена до уши, нема да трпи долго некој да и се качува на глава.
     
  18. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Жена Рак – Заспана Кобра

    Таа си стои на страна, не се чепка со никој, не е многу комуникативна, имаш чувство дека си живее во свој свет, но вистината е дека внимателно набљудува. Само чека некој да ја настапне. Тогаш напаѓа опасно, обично кога најмалку очекуваш. Ништо чудно и зад грб! Понекогаш дури и ќе измисли повод за да нападне, ако и е досадно.

    Ауууу иако имам фобија од змииве, сепак се ми е погодено 8)
     
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Е не, ќе се питаме. :rock:
     
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Жена Вага – Анаконда

    Провокативна и непредвидлива змија. Лицето и е како на Мона лиза. Не можеш да разбереш што всушност мислиш. Таа е многу убава и умее да магепсува. Ако реши да те освои, рано или касно ќе го направи тоа. Но најопасно е тоа што никогаш не можеш да предвидиш кога ќе те нападне. Таа може да изгледа сосема смирено, а само за секунди да ти го покаже своето друго лице.

    Стварно? Срцка јас не покажувам нервоза. Барем не често :)
     
    На Olimpija17 му/ѝ се допаѓа ова.